You are on page 1of 2

Браќата Манаки

Само десет години по раѓањето на филмот во


светските културни центри, браќата Јанаки и
Милтон Манаки ги снимија првите филмски кадри
на Балканот.
Нивното појавување во Битола не е случајно и
нивните белези токму овде се повеќе мисија и
хронологија на еден позначаен и посеопфатен потег
на историјата.
Тие не се само кинематографери, фотографи,
прикажвачи на филмови, тие се своевидни
исориски архивисти, собирачи на сите бескрајни
пројави на животот.
Покрај со фотографската дејност во Битола и
околината, браќата Манаки се занимаваат и со
снимателска активност и оставаат траен спомен од
поголем број свадби и верски обреди.
Во 1908 година ги снимаат и фотографираат
настаните поврзани со Младотурската револуција.
Фотографирани биле востаници и разни чети кои
биле вклучени во манифестациите.
Најзначајна година за филмскиот опус на браќа
Манаки е 1911 кога создале три видеорепортажи:
посетата на султанот Мехмед V Решад на Солун и на
Битола, посетата на романската делегација на
Битола и погребот на гревенскиот митрополит
Емилијанос.
Во 1912 година за време на Балканските војни го
фотографирале влегувањето на Српската војска во
Битола на чело со престолонаследникот Александар
Караѓорѓевиќ.
Набрзо потоа започнува Првата светска војна и во
1915 година фотографираат бројни пози на кои се
прикажани стравични сцени од воените дејствија во
текот на Првата светска војна.
Браќата Манаки во еден период се занимавале и со
киноприкажувачка дејност во нивното кино
„Манаки„ кое работело од 1921 до 1939 година.

You might also like