You are on page 1of 2

ПОЛУГОДИШНИ ИСКАЗИ ЗА ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Македонски јазик: Ги идентификува елементите на прозен текст (раскажувач,


ликови, содржина, тема, време, место и идеја) преку анализа на текстот. Раскажува
настан од сопствено доживување. Креира текстови со едноставни композициски
структури на слободна или зададена тема, почитувајќ и го правилото за воведен,
главен и завршен дел од текстот и следејќ и ги правописните и граматичките
правила. Ги препознава формите од показни и прашални заменки во пишан текст и
правилно ги користи истите во усно и писмено изразување. Ги објаснува
предностите и недостатоците на социјалните медиуми. Идентификува прилози за
време/ место/ начин/ количество во пишан текст преку поставување соодветно
прашање-Кога?/ Каде? / Како? /Колку?

Математика: Препознава кои прави се сечат, кои се нормални прави и кои се


паралелни прави во 2Д - форми, на цртежи и во околината. Опишува триаголници
според должините на страните (рамнокрак, рамностран и разностран триаголник).
Опишува триаголници според големините на аглите (остроаголен, правоаголен и
тапоаголен). Ги именува координатните оски и квадранти во координатниот систем.
Чита, внесува и црта форми според дадени координати во првиот и вториот
квадрант. Предвидува каде ќ е биде многуаголникот после осна симетрија. Ја
објаснува транслацијата како движење по права линија. Определува ред на ротација
на правилен многуаголник. Чита и поставува негативни броеви на температурна
скала или на бројна права и одредува цел број помеѓу два негативни броја.
Определува делови од форми и од број. Споредува и подредува дропки со еднаков и
различен именител, користејќ и ги знаците „> “, „<“ и „=“. Препознава, правичлно чита
и запишува децимални броеви со една или две децимали во секојдневни ситуации.
Претвара и споредува дропка во децимален број и обратно. Решава проблемски
ситуации.

Историја и општество: Објаснува, преку пример, дека основните човекови права


произлегуваат од потребите на луѓето за опстанок, развој и напредок во
општеството. Ги поврзува правата со одговорностите. Препознава ситуации на
повреда на сопствените права и на правата на другите. Наведува кога и каде е
донесена Универзалната декларација за човекови права и објаснува зошто.
Ликовно образование: Препознава видик и видикова линија во природата и
ги користи во цртањето. Разликува разни мотиви (мртва природа, пејсаж,
портрет, композиција) и ги именува. Воочува и слика внатрешен и
надворешен простор со најразлични материјали за сликање. Дизајнира
предмети со користење различни елементи и материјали. Прави оригами
според демонстрирано упатство.

Музичко образование: Разликува карактеристични народни песни и народни


игри/ора од етничките заедници во Македонија. Го опишува карактерот на
слушаното дело и го поврзува со музички изразни средства преку кои е
постигнат. Пее песни за деца или популарни песни по слух со правилна вокална
техника.

Физичко и здравствено образование: Применува правилна техника на


гимнастичко одење, детски потскок, вртење, свеќ а, мост и челна вага. Изведува
правилна техника на колут напред и колут назад. Изведува поврзани ритмички
координирани движења со рацете и нозете во одење и трчање и естетско движење
на телото со тактирање. Изведува традиционално народно оро и детски танци по
избор, со музика.

Слободен изборен предмет-Образование за животни вештини- Се истакнува.

You might also like