You are on page 1of 21

Темата на мојата проектна задача

Улогата на општеството во справување со коронавирус кризата


Вовед

• Повеќе од една година SARS-CoV-2 или уште попознат како КОВИД-19 преставува еден од најголемите
предизвици со кој светот се соочил веќе подолго време. Коронавирусна болест (КОВИД-19) е заразна болест
предизвикана од новооткриен коронавирус. Вирусот за прв пат е потврден од страна на Светската
здравствена организација (СЗО) во градот Вухан, Кина Во март 2020 година, генералниот секретар на СЗО
прогласи пандемија на КОВИД-19.

• Пандемијата на КОВИД-19 има и се очекува да има значително краткорочно и среднорочно влијание врз
однесувањето на граѓаните, развојот на економијата, системот на образование и обука како и врз останатите
сегменти на општеството како во Република Северна Македонија така и во светот.
Проблем на истражување

• Секое општество воспоставува свој вредносен систем. Систем кој би требало да обезбеди поголема
благосостојба и сигурност на човекот. Иако во голема мера залагањата на државите ширум светот се
насочени кон градење на стабилни општества, сепак човекот помалку или повеќе се соочува со
предизвиците на времето. Во овој поглед, сега се соочува токму со КОВИД-19 пандемијата.

• Оваа пандемија со општествено негативен предзнак наоѓа сигурно место за ширење и развој ширум светот.
Истата влијае на сите сегменти на македонската и светската популација.

• Зголемување на нееднаквоста, социјалната исклученост или ексклузија како и невработеноста на краток и


среден рок може многу лесно да се предвидат, особено за членовите на најранливите групи – луѓето кои
живеат во сиромаштија, постарите лица, младите, жените, ромите или лицата со попреченост.
Примери од добри и лоши практики во светот и земјата

• Во процесот со справување,елиминирање и ставање во контрола на ковид пандемијата владите во светот па


и во нашата земја спроведуваат некои добри и лоши практики :
• Како примери за добри практики можеме да ги наведеме

 Следење на упатствата и советите од националните и локалните органи и СЗО;

 Основање на кризни тимови за справување со пандемијата;

 Запирање на сообраќајот и ставање на цели градови во карантин;

 Осигурување на државите дека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот;

 Едукација на граѓаните за постапките што треба да се превземат за заштита од корона вирусот и други.
Примери од добри и лоши практики во светот и земјата

• Но за жал освен добри практики се применуваат и некои лоши практики како


 Непочитување на препораките од СЗО;

 Задоцнето донесување на мерки од страна на државните и локалните власти;

 Непочитување на мерките од страна на граѓаните;

 Недоволна едукација на граѓаните во процесот на корона вирусот:

 Недоволна контрола врз спроведувањето на мерките од страна на институциите и други


Стејкхолдери

• Во секое општество има голем број на засегнатите страни (Стејкхолдери) како :


 Министерството за здравство;

 Министерството за внатрешни работи;

 Училиштата, универзитетите и другите образовни институции;

 Ресторани,хотели,туристички агенции и други ентитети од угостителскиот сектор;

 Здравствени работници од јавното/приватното здравство;

 Лица заразени со Ковид-19 во болниците и нивните семејства и роднини;

 Лицата во центрите за карантин/изолација и нивните семејства и роднини;

 Невладини органзациии и други.


Состојбата во Република Македонија

• Корона пандемијата преставува една од најголемите пандемии во последниве 100 години. Од нејзиното
инициално откривање во Кинескиот град Вухан истата за кратко време се прошири во голем број на земји.
Па така на 26 февруари 2020 година во нашата земја е потврден првиот случај на корона вирус SARS-CoV
2. Се работеше за македонска државјанка која се врати болна од Италија- епицентарот на коронавирусот во
Европа.

• Бројот на заразени започнал интензивно да се искачува од почетокот на март.

• Во првите денови најголемиот број на заразени беа регистрирани во Дебар и Центар Жупа,па затоа на 13
март во овие две општини е прогласена кризна состојба . Тие практично беа ставени под карантин.
Состојбата во Република Македонија

• На 18-ти март за првпат во историјата на нашата земја е воведена вонредна состојба на целата територија на
државата.. При воведувањето на мерката имаше само 35 заболени од коронавирусот.

• Првата жртва на вирусот беше 56-годишна жена од Куманово која почина на 22 март.

• Додека од 23 март започна секојдневен полициски час на територијата на целата држава во периодот од 21
часот навечер до 6 наутро заради справување со пандемијата. Со ова е забрането движењето на населението
секаде во земјата во овие часови.

•Носењето маска,држењето растојание,држењето зачестена хигиена стана новото нормално за општеството.


Состојбата во Република Македонија

• Корона кризата за тоа време создаде и голем број на економски и општествени проблеми. Голем број на
индустрии го намалија производството,а беа загубени и голем број на работни места.

• Владата го воведе првиот и вториот пакет економски мерки кој  имаа намена да го амортизираат првиот
удар од економската криза предизвикана од коронавирусот. После истите следеа уште два пакети економски
мерки ,а во моментов е подготовка и на петтиот пакет мерки.
Најголеми проблеми

•Корона вирусот предизвика проблеми за целото општество.Како најпогодени области се економијата


,здравството ,образованието и др. Па како едни од најголемите проблеми во овие области можеме да ги
наведиме следниве :

 Зголемување на бројот на невработени лица;

 Затворање на мали бизниси;

 Зголемување на сиромаштијата;

 Неповолно влијание врз психичкото здравје;

 Недостиг на здравствен персонал;

 Недостиг на здравствени капацитети и други;


Предлози и решенија

• Врз основа на проблемите што ги наведов претходно ова се моите предлози и решенија за надминување на
истите :
 Во врска со првиот проблем зголемувањето на бројот на невработени лица сметам дека државата треба на
работодавачите да им обезбеди финансиска помош за плаќање на платите на вработените во овој период..

 Во врска со вториот проблем затворањето на малите бизниси сметам дека државата во соработка со
локалните банки треба на сопствениците на мали бизниси да им обезбеди ниско каматни кредити.

 Во врска со третиот проблем зголемување на сиромаштијата мој предлог е државата преку финансиска
помош ,пакети со храна ,можност за сиромашните да се лекуваат бесплатно накратко би се подобрила
состојбата ,но за значително намалување на сиромаштијата би требало да се превземат други мерки за кој
сметам дека не се можни во момемтов.
Предлози и решенија

 Во врска со четвртиот проблем неповолно влијание на ковид пандемијата врз психичкото здравје сметам
дека државата би можела да отвори е- амбуланти во која што граѓаните би зборувале со психијатар.

 Во врска со петтиот проблем недостигот на здравствен персонал особено персонал од областите кој се
однесуваат на лечење на заразни болести може да се реши преку вработување на големиот број на
доктори,специјалисти и медицински сестри кој бараат работа во агенцијата за вработување.Исто така можи
да реши преку повторно ангажирање на пензионираните доктори,специјалисти и медицински сестри .

 Во врска со шестиот и последен проблем недостигот на здравствени капацитети сметам дека можи да се
надмини со поставување на модуларни болници и пренаменување на објекти кои се погодни за таа намена .
Добиени резултати од истражување

• Пол? • Возраст?
• Место на живеење? • Највисок завршен степен на образование?
• Работен статус? • Дали имате слушнато за SARS-CoV-2(Ковид-
19)?
• Дали сте или сте биле заразени со • Дали знаете луѓе во вашето непосредно
коронавирус?  социјално опкружување кои се или биле
заразени со коронавирус?
• Дали ги следите мерките на властите за • Дали општеството успешно се справува со
спречување на ширењето на корона вирусот? корона вирусот?
• Која институција ја има главната одговорност во • Дали сметате дека мерките превземени досега
справувањето со пандемијата на коронавирусот? за справување со корона вирусот се доволни?
• Дали ќе се вакцинирате против корона вирусот?
Заклучок

•SARS-CoV-2 (корона вирусот) преставува еден од најголемите предизвици со кој светот се соочил. Самата
големина на пандемијата со КОВИД-19, нејзините економски и политички последици, значи дека нема земја
која може едноставно да прибегне кон вообичаениот режим на парцијално и технократско управување со
кризи.

•Со цел справување ,елиминирање и ставање во контрола на ковид пандемијата владите во светот па и во
нашата земја треба да спроведуваат практики : следење на упатствата и советите на светската здравствена
организација СЗО,основање на кризни тимови,едукација на граѓаните за постапките што треба да се превземат
за заштита од корона вирусот и др.
Заклучок

•Во секое општество има голем број на засегнатите страни (Стејкхолдери) кои се дефинираат како поединци,
групи или други ентитети кои се под влијание или веројатно ќе бидат под директно или индиректно, позитивно
или негативно влијание од страна на корона вирусот.

•Корона пандемијата влијае и на сите сегменти на нашата земја. Зголемување на бројот на невработени
лица,затворање на мали бизниси,зголемување на сиромаштијата,зголемување на нееднаквостите се дел од
проблемите предизвикани од истата.

•Од целото општество зависи како ќе се справиме со пандемијата и колку време ќе траат последиците .

You might also like