You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА


ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ -ПРИЛЕП

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


МEЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ НА ТЕМА:

Странски директни инвестиции:


карактеристики,трендови и импликации

Ментор:Д-р Драгица Оџаклиеска Изработи: Кире Илиески

Крушево 2021
Содржина:
1. Вовед...................................................................................................................................3
2. Поим и дефиниција на
СДИ...............................................................................................4
3. Кратка историја на СДИ....................................................................................................6
4. Теоретски основи на
СДИ..................................................................................................7
5. Мотиви за влез на
СДИ....................................................................................................10
6. Видови на
СДИ.................................................................................................................11
7. Влијанието на СДИ врз земјата
извозник.......................................................................14
8. Влијанието на СДИ врз земјата
увозник........................................................................15
9. Трендови на СДИ.............................................................................................................16
10. Заклучок…………………………………………………………………………………18
11. Користена литература......................................................................................................19

2
Вовед

3
Поим и дефинирање на СДИ

Странските директни инвестиции имаат доста важна и растечка улога во глобалниот


бизнис. Се појавуваат кога компанијата инвестира средства во продажба и/или
производство на некој производ во друга земја. Кога компанијата врши капитални
инвестиции, ги вложува тековните ресурси за да го зголеми производството и да оствари
иден поголем профит. Покрај ова главна карактеристика што СДИ ја содржат во себе е и
усвојувањето на контролата1.
Постојат многу дефиниции од страна на многу автори и меѓународни организации кои ги
дефинираат истите .
Странските директни инвестиции може да се дефинираат како вложувања на капитал од
претпријатијата од странски земји или мултинационални компании во капацитети, во вид
на претпријатија или филијали во земјата-домаќин. Според тоа, со странските директни
инвестиции се стекнува сопственичка контрола2.
Според Меѓународниот монетарен фонд - ММФ (International Monetary Fund), странските
директни инвестиции претставуваат инвестиции направени со цел здобивање трајни,
долгорочни интереси во претпријатијата што работат надвор од економијата на земјата на
инвеститорот3.
Согласно со препораките на петтото издание на Прирачникот за билансот на плаќање на
ММФ, странските директни инвестиции се дефинираат како вложувања со кои
инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари
право на управување со правното лице во кое инвестира4.
1
R.Krugman Paul, Obsfeld Maurice, “International economics”, Theory and Policy, 8 edition Addison - Wasley, Boston, 2009,
p.169;
2
Несторовски, проф. д-р Методија, „Економија на инвестиции“, Економски факултет, Скопје, 2002, стр. 138;
3
www.imf.org
4
IMF, Balance of Payments Manual, Fifth edition, Concept and Characteristics, 1993

4
Според Светската банка, СДИ се инвестициони нето приливи направени за да се постигне
траен интерес и управување (10% или со поголем процент на гласачко право) во фирма
којашто соработува со земја различна од земјата на инвеститорот. Инвестицискиот прилив
во себе го опфаќа сопственичкиот капитал, реинвестираната добивка, друг долгорочен
капитал и краткорочен капитал сите прикажани во платниот биланс5.
Според UNCTAD, Странските директни инвестиции се дефинираат како инвестиција
којашто вклучува долгорочен однос и воспоставува траен интерес и контрола од фирма
резидент на една земја (матична земја) во фирма која е резидент на друга земја (земја
домаќин). СДИ подразбира инвеститорот да остварува значајно влијание на управување со
фирма којашто е резидент на друга земја. Оваа инвестиција гивклучува покрај првичната,
иницијативната трансакција помеѓу двете фирми и сите наредни трансакции6.
Во Република Македонија согласно Законот за девизно работење“ странските директни
инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна
економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или
другото правно лице во кое инвестира7.
Сите овие дефинции, иако различни помеѓу себе имаат одредени заеднички
карактеристики:
 Една инвестиција за да биде СДИ мора да биде направена во друга земја различна
од таа од којашто потекнува инвеститорот.
 СДИ имаат долгорочен карактер и градат траен интерес помеѓу фирмата
инвеститор и фирмата примач на инвестицијата.
 Постои согласност за најмалку 10% или повеќе имовинска сопственост со што, на
инвеститорот му обезбедува право на управување и контрола со фирмата.
Сите овие карактеристики нè водат до една дефиниција (Ковач 1994) којашто ги содржи
сите наведени карактеристики. Имено, директни инвестиции во странство претставуваат
секој облик на вложување во одредна фирма со што се стекнува сопственичка контрола
над неа. Сопственикот на капитал ја задржува целосната контрола над вложените средства
што му овозможува да одлучува каде ќе вложи капитал, како ќе го организира

5
The World Bank, World Development Indicators 2004, The International Bank for Reconstruction and Development/ The
World Bank, Washington. USA, 2004, str.329
6
UNCTAD, World Investment Report,2004 UN, New York аnd Geneva str.345
7
Закон за девизно работење (Сл.весник на РМ 34/01,49/01,103/01,51/03 и 81/08)

5
производството и ќе се грижи за резултатите од работењето. Профитот не е познат
однапред и зависи од начинот и успешноста при вложување на средствата. Затоа
сопственикот на капиталот носи одлука за вложување на капиталот и го презема целиот
ризик за успешноста на инвестицијата.

Кратка историја на СДИ

Првично странските диретни инвестиции се сметале за инвестиции со кои се купува


зграда, објект, хала во друга земја. Но со натамошниот развој на трговијата и се
поголемата глобализација оваа дефиниција се проширува. Имено, во минатото поради
фактот дека повеќето компании произведувале физички производи со ниска технолошка
интезивност странските директни инвестиции биле ориентирани кон инвестирање во
машини, опрема, хали итн. но со развојот на технологијата се јавуваат и мали компании
главно помогнати од универзитети, кои имаат мал број вработени и речиси нула физички
капитал и чиј главен производ е повеќе плод на интелектуална дејност одошто на масивен
физички капитал.
Во овие компании не е потребно типичното инвестирање туку едноставен прилив на
паричен капитал за да може фирмата да продолжи да се развива. Поради се поголемиот
број на вакви фирими во последната декада драстично се зголеми и сумата на странски
директни инвестиции насочени кон нив. Но она што е навистина интересно е фактот дека
и покрај големиот интерес кој го предизвикуваат овие мали компании и нивните
производи, сепак компаниите кои инвестираат во нив односно самите странски
инвеститори секогаш се повнимателни за разлика од вложувањето во производни
компании со трудоинтезивни производи. Ова е така поради тоа што тие произведуваат
високо технолошки зависен производ кој во процесот на создавање е навистина долг и
многу често и не завршува како што е предвидено. Се случува постојано менување и кога
се случува пласирање на пазарот може да биде нешто сосема поразлично од она кое
требало да биде.
Истото не е случај кај инвестициите во производни компании со трудо-интезивни
производи кај нив производот е познат пазарот или има потреба од истиот или нема. Еден
од главните виновници за ваквите бранувања во сферата на странските директни

6
инвестиции на глобално ниво без двоумење може да се каже за се поизразената
присутност на побрз и посериозен развој на технологијата.

Теоретски основи на СДИ

Зголеменото значење на странските директни инвестиции , околу седумдесетите години


на 20-от век, придонесе во литературата да се зголеми интересот за причините и
последиците на странските директни инвестиции и поинтензивен развој на теориите за
странските директни инвестиции. Во литературата постојат голем број на теории кои се
обидуваат да одговорат на битните прашања: зошто фирмата инвестира во странство,
зошто се определила за директна инвестиција наместо за извоз, како ја одредува земјата во
која ќе инвестира, како фирмата успева да им конкурира на локалните фирми. При тоа,
секој обид да се теоретиризаат странските директни инвестиции круцијално зависи од
типот на прашањата на кои сака да се одговори. Авторите на теориите може да се
разликуваат по изборот на варијабилите кои ги анализираат, односно дали ги опсервираат
микро факторите, макро факторите или стратегиските фактори.
Основната поделба на теориите за СДИ е на две категории:
 микрофинансиски теории (или пристапи во рамките на општата теорија за
индустриската организација)
 макрофинансиски теории (уште познати и како теории на трошоците на капиталот)8
Микроекономските теории во литературата се со постар датум и “се фокусираат на
несовршениоста на пазарите и на желбата на мултинационалните компании да ја
прошират нивната моќ”9, односно “Микро теориите на ниво на претпријатие, т.е. на микро
ниво, овозможуваат согледување на основните причини за одлучување во врска со
странските директни инвестиции. Секоe странско директно вложување примарно се
решава во рамките на прептријатието, така да во овој случај се применуваат пристапи
8
Груевски Н. “Кон излезот: странските директни нвестиции,економскиот развој и вработеноста” Кочани, 2007
9
Caves,Richard E. “International Corporations: The Industrial Economics of Foreing Investment” 1971

7
како: теории на различни стапки на поврат на вложениот капитал, портфолио теории и
теории на животен циклус на производот”10.
Макроекономските теории, се со понов датум во теоретската литература за странските
директни инвестиции. Имено, академскиот интерес првично беше насочен кон
објаснување на мотивите на фирмите за проширување во странство, но со порастот на
СДИ и првите истражувања на нивните ефекти врз економскиот раст, вработеноста,
платниот биланс и сл. се јавија макроекомските анализи за СДИ, при што не се
истражуваат само макроекономските импликации во земјта домаќин на СДИ, туку и на
ефектите во матичната земја, од каде потекнува странскиот инвеститор.
Според Moosa теориите за странските директни инвестиции можат да се класифицираат
според следните наслови11:
Теории што претпоставуваат совршени пазари
Во Теории што претпоставуваат совршени пазари се опфатени: теоријата за
диференцијалните стапки на принос; теоријата за портфолио диверзификација и теоријата
за големината на пазарот.
Теории што претпоставуваат несовршени пазари
Теориите што претпоставуваат несовршени пазари ги опфаќаат: теоријата за индустриска
организација, теоријата за животен циклус на производот, теоријата за локација, теоријата
за олигополистичка реакција, еклектичка теорија и теоријата за интернализација.
Други теории за странските директни инвестиции
Од другите теории за странските директни инвестиции може да ги издвоиме: теоријата за
внатрешно финансирање, теоријата за валутните области и ефектот од девизниот курс и
торијата на Којима.
Од големиот број на теории како некои од позначајните можеме да ги наведеме:
Теоријата за животен циклус на производот ја развил Vernon со цел да ја објасни
експанзијата на американските мултинационални компании по Втората светска војна, но
оваа теорија најде своја примена и во објаснувањето на СДИ. Според Vernon “истите
фирми кои први се пробиле со некој производ на своите домашни пазари, преземаат СДИ
за да произведат производ на странските пазари 12”. При тоа, “ Претпоставка е дека тоа

10
Agarwal J.,Gubitz A.,Nunnenkamp P., “Foreign Direct Investment in Developing Countries, The Case of Germany, Kiel, 1991
11
Moosa A.I. “Foreign Direct Investment”Theory, evidence and practice, Palgrave, New York, 2002
12
Hill I.W.C, “International business”,University Washington,2008

8
најчесто се компании што потекнуваат од напредните замји и што имаат пристап до
научните сознанија, односно капацитетите за генерирање на нови производи. Но
пристапот до научните сознанија не е еднаков во сите земји13”
Според оваа теорија иновациите и производството на олигополот минуваат низ три фази:
 фаза на воведување или иницијализација (фаза на нов производ)- кога постои
значителна неизвесност за судбината на производот, производството се одвива во
домашната земја во близина на домашните купувачи, главно заради ефикасна
координација меѓу истражувачко-развојните и производните единици и
побарувачката е од домашните потрошувачи;
 фаза на раст (фаза на зрел производ)- постои голема побарувачка на домашниот
пазар и производот се извезува во развиените земји, односно по заситувањето на
домашниот пазар МНК се одлучува за извоз на странските пазари, а подоцна кога
посилно ќе се почувствуваат придобивките од економијата на обем и
специјализацијата во производниот процес, фирмата се одлучува да инвестира во
странство, главно во развиените земји каде е поголемо нивото на доход и
куповната моќ;
 фаза на опаѓање (фаза на стандардизиран производ) – е фаза на комплетна
стандардизација на производот и процесот на производство не е повеќе
ексклузивитет на иновациската фирма, која започнува да се соочува со
конкурентски притисоци, односно со појава на блиски супститути на нејзиниот
производ. Во оваа фаза иновациската фирма инвестира во земјите во развој,
барајќи предност во однос на пониските трошоци.
 Теоријата за локација помага да се објасни насоката на СДИ. Според оваа
теорија, СДИ се јавуваат како резултат на меѓународната немобилност на одделни
фактори за производство, како на пр.трудот и природните ресурси. Како клучни
детерминанти на СДИ согласно оваа теорија, се расположивоста и цената на
факторите за производство, можноста да се избегнат трговските (најчесто
царинските) бариери и сл. Најчесто посочувани фактори за СДИ се пониските
трошоци за работна сила, пониските даноци, подобра инфраструктура,
политичката и макроекономската стабилност на земјата и .

13
UNCTAD, “Theory of transnational corporations”,UN , London and New York,1993

9
 Теоријата за олигополистичка реакција ја развил Knickerbocker кој го
потенцирал односот меѓу СДИ и ривалството во олигополистичката индурстија.
Оваа теорија се заснова на идејата дека во олигополистички амбиент СДИ од една
доминантна фирма во одделна индустрија, ќе предизвика слична реакција од
страна на водечките фирми во истата индустрија за да го задржат местото на
пазарот. Структурата на олигополистичката конкуренција е таква што движењето
на одделна фирма кон воспоставување на производствени капацитети во
странство, со цел оствраување на конкурентска предност може да доведе до
нарушување на олигополската рамнотежа. “Рамнотежа во олигополскиот пазар
постои само кога постои сатбилност во пазарното учество, во однос на ривалските
фирми14”. Иако оваа теорија помага во објаснувањето на СДИ во олигополска
ситуација, не ги идентификува факторите што ја предизвикуваат почетната
инвестиција кај фирмата.
 Теоријата на Kojima, странските директни инвестиции ги дефинира како
обезбедување на средства од трансфер на капитал, технологија и менаџерски
вештини од земјата на инвеститорот во земјата домаќин. Според него “СДИ
потекнуваат од земјите што не поседуваат компаративни предности, кои
инвестираат во земји што поседуваат компаративни предности 15”. СДИ, тој ги
класифицира во два вида: трговско-ориентирани СДИ и антитрговско-ориентирани
СДИ. Трговско ориентираните СДИ генерираат вишок на побарувачка за увоз и
вишок понуда за извоз, во оригинални услови на трговија и водат кон подобрување
на благосостојбата во двете земји. Вториот вид имаат спротивен ефект, односно
имаат негативен ефект врз трговијата и промовираат неповолно реструктуирање на
двете земји.

14
Несторовски М., “ Економија на инвестициите” Економски факултет Скопје, 1999
15
UNCTAD, “Theory of International corporation”,UN, London and New York,1993

10
Мотиви за влез на СДИ
Мотивите за влез на странските директни инвестиции во земјата-домаќин можат да се
поврзан со основните карактеристики на СДИ. Тие се следниве:
 СДИ како извор на инвестиции кој не предизвикува задолжување на земјата;
 СДИ како начин за пристап до нови пазари и за зголемување на извозот – начин за
спроведување на концентрацијата за извозна ориентација на стопанството;
 СДИ како начин за зголемување на вработеноста;
 СДИ како начин за внесување нови технологии, знаење, современи форми на
организација и менаџмент на претпријатијата. Преку нив се олеснува процесот на
технолошка и организациона модернизација на домашните претпријатија;
 СДИ како начин на активирање на домашните ресурси кои, инаку, би останале
долго време неискористени поради недостигот на домашен капитал;
 СДИ како начин за влез на странски инвеститори во процесите на сопственичка
трансформација со цел да се обезбеди поголема сигурност за изведување на
сопственичката пеобразба, но, паралелно со тоа, и за промена на управувањето, на
организацијата, а оттаму, поголема ефикасност на приватизираните претпријатија.

11
Видови на СДИ
Поделбата на странските директни инвестиции може да се изврши според разни
критериуми. Како основни облици на странски директни инвестиции се сметаат:
Greenfield инвестиции
Под овој облик на иснвестиции се подразбира основање на фирма и создавање на нови
производни и други капацитети од страна на инвеститорот во која ќе имаат 100%
сопственост. Притоа инвеститорите прецизно одбираат во која земја ќе го инвестираат
својот капитал, обрнувајќи внимание на сигурноста и долгорочноста на своите
инвестирања кои можат да ги остварат во одереден регион.
Браунфилд инвестиции (Brownfield investments)
Браунфилд инвестиции“ (Brownfield investments), кои претставуваат закуп или купување
на постојните производствени капацитети на некоја фирма за реализирање на некоја нова
друга производствена операција или, пак, за да се продолжи процесот на нејзината
приватизација (на пример, ако претходно фирмата се занимавала со т.н. „нечиста“ дејност,
ископување челик или нафта, новиот инвеститор го купува производствениот објект и го
користи за друга „почиста“ намена, преработувајќи ги нафтата или челикот за да се
користи натаму. И истите се спротивни на Greenfield инвестициите.
Превземања(Acquisitions)
Аквизиции (Acquisitions), или преземање на фирма, се посебна форма на странски
директни инвестиции, т.е. тоа е случај кога капиталот се употребува за купување постојна
фирма. Во овој случај, домашната фирма може да продолжи да егзистира под исто, ново
или проширено име, но сопственоста е во рацете на странскиот инвеститор. Преземањето
може да биде мал дел, кога странската фирма презема од 10% до 49% од акциите, поголем

12
удел на преземање има кога се преземаат од 50% до 99% од сопственоста на фирмата и
100% преземање или целосна сопственост од страна на странскиот инвеститор.
Спојувања(Mergers)
Мерџерс (Mergers), или спојувања, се третата форма на странски директни вложувања и
претставуваат спојување на две или повеќе компании во еден нов ентитет.
Заедничко вложување (joint venture)
Заеднички вложувања настануваат кога две или повеќе независни фирми заедно
инвестираат и заедно основаат трета фирма. Причина за настанување на ваква инвестиција
е желбата за влез на некоја компанија на нов пазар преку формирање нова фирма со
партнер од земјата домаќин. Учеството на капиталот е со еднаков удел, но не мора да биде
правило. Интересот од заедничкото вложување е за двете страни. Странскиот инвеститор
го користи знаењето на локалниот партнер за конкретните услови во земјата домаќин,
нејзината култура, јазик, традиција и деловните обичаи. Домашната фирма очекува од
странската фирма да ја пренесе својата палета производи, технологија и знаење.
Домашниот партнер е задолжен за конкурентноста на пазарот преку своја маркетинг
стратегија.
Заедничко вложување (joint ventrure) настанува и кога две или повеќе правни лица заедно
формираат приватно партнерство за извршување определен специфичен проект за којшто
најчесто се бара странска технолошка експертиза.

Се јаува и една друга поделба на СДИ : хоризонтални и вертикални странски директни


инвестиции.
Хоризонтални странски директни инвестиции се случуваат кога фирмата инвеститор
изнесува идентичена или слична бизнис операција во друга земја.
Вертикални странски директни инвстиции. Овие инвестиции се дефинираат како
прилив со која транснационалната компанија се здобива со дел од акциите во странска
фирма и таа произведува влез за потребите на транснационалната корморација или пак
користи излезен капацитет од транснационалната компанија.
Кај оваа поделба на инвестициите треба да се напомене дека постојат и конглометарни
инвестиции и платформи

13
Kонглометарни инвестиции-тие претставуваат вложување во сосема трета дејност од
онаа што ја извршува фирмата во сопствената држава, во дејност што не е дел од
единствениот систем на снабдување.
Платформа – кога бизнис се шири во странска земја, но резултатот од странското
работење се извезува во трета земја. Ова се нарекува и СДИ со платформа за извоз. 

Во зависност од мотивите кои се јавуваат кај инвеститорите ,се јавуваат и различни


облици на инвестиции кои можат различно да се класифицираат и дефинираат. Така што,
тука спаѓаат оние инвестиции кои се јавуваат како16:
 Инвестиции во потрага по ресурси во кои се пронаоѓаат природни руди,
суровини или производи кои се карактеризираат со нивната реткост, или пак кои се
сврзани со ниски трошоци и ефтина работна рака;
 Инвестиции во потрага по пазари во која инвеститорите се обидуваат да дојдат
до пазари каде одредени производи имаат потреба од зголемен увоз, со што ги
пратат потребите и побарувачката И од страна на потрошувачите и им го следат
нивниот вкус и тренд со што набавуваат локални доставувачи за да ги задоволат
нивните потреби;
 Инвестиции во потрага по зголемување на продуктивноста на производството,
подразбира рационализација на производството или поврзување на производните
операции со други фирми со цел да се смалат трошоците или пак фирмата да се
насочи кој специјализирано производство;
 Инвестиции во инвестиции во потрага на стратегиски добра тие се насочени
пред сè кон приватизација и аквизиција, затоа што со купување на постоечки
фирми ја задружваат производната програма и постоечкиот пазар.

Се јавуваат три категории на странски директни инвестиции:


 Equity капитал кој претставува вредност на инвестицијата во акции на
претпријатие во странство. Сопственичкиот влог од 10% или повеќе обични акции
со право на глас во акционерско друштво или соодветен еквивалент во

16
Dunning J., “Multinationl Enterprises ond the Global Economy”,Harlow Addison Wesley,1993

14
неакционерско друштво, вообичаено се смета како граница за контрола на
активата..
 Реинвестирана добивка (профит) се приходите на афилијациите кои не се
распределени во дивиденда и не се вратени назад во матичната компанија и се
претпоставува дека задржаниот профит се реинвестира во афилијациите.
 Останат капитал е категорија која се однесува на краткорочни и долгорочни
позајмици и заеми помеѓу матичната фирма и афилијациите. Останатиот капитал ги
вклучува краткорочните и долгорочните заеми, трговските кредити, финансискиот
лизинг и сл.

Уште една поделба на странските директни инвестиции може да се направи доколку ги


поделиме инвестициите на они кои се насочени и внатре во една земја и надвор од неа.
Странски директни инвестиции насочени кон надвор во англиската терминологија
познати како “Оutward FDIs“ е облик кога домашна фирма го шири своето производство и
освојува нови пазари надвор од земјата.
Странски директни инвестиции насочени внатре кон државата во англиската
терминологија познати како “Inward FDIs“ се инвестиции насочени кон државата односно
настануваат во услови кога домашна фирма прима странски капитал.

15
16
17

You might also like