You are on page 1of 2

1.

Дефинирање на тероризмот

Тероризмот денес е еден од најкомплексните безбедносни предизвици за општествата


низ светот. Иако е релативно нов термин кој за првпат почнал да се користи за време
на Јакобинската диктатура во Франција како „владеење на теророт“, тоа не е нова
појава за да се принуди противникот да се покори преку страв. 1

Концепт на остварување на политички цели преку застрашување е стар колку и самата


војна и политика. Главната причина поради која тероризмот тешко може да се
дефинира е неговата субјективност, сведена на перцепција на различни гледачи во
различен период од историјата . Меѓународната заедница го дискредитира тероризмот
како нелегитимна доктрина бидејќи нема морални граници. Поради ова, државите
имаат тенденција да ги идентификуваат сите насилни недржавни актери како
терористи. Тоа е најсигурен начин да се делегитимира нивната кауза и да се поткопаат
евентуалните симпатии кај населението, а во исто време државата да стекне право да
употреби вооружено насилство против нив.2

Сепак, низ дефинициите за тероризмот постои шаблон кој се повторува во повеќето од


нив: терористот не е борец туку криминалец, ги употребува сите форми на насилство
неселективно, со единствена цел преку предизвикување страв да добие внимание,
заради наметнување политичка или идеолошка агенда врз владите.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Резолуцијата 51/210 го дефинира


тероризмот како „сите оние кривични дела кои се наменети или предвидени заради
политички цели да предизвикаат состојба на терор меѓу јавноста, на група или
одредени лица, а кои под никакви околности не се оправдани, без оглед на причините
од политичка, филозофска, идеолошка, расна, етничка, верска или каква било друга
природа на која може да се повикаат за да ги оправдаат“ .

1
Durschmied, Erik. (2002). Blood of Revolution: From the Reign of Terror to the Rise of Khomeini. Vol.1964.
Arcade Publishing.
2
Cronin, Audrey Kurth. (2009). How terrorism ends: Understanding the decline and demise of terrorist
campaigns. Princeton University Press,
Советот за безбедност на ОН го дефинира тероризмот како „криминални акти,
вклучувајќи ги и оние против цивили, кои се вршат со намера да се предизвика смрт
или сериозна телесна повреда, или земање заложници, со цел да се предизвика состојба
на терор меѓу јавноста, на група или одредени лица, заплашување на населението или
принудување на некоја влада или меѓународна организација да направи или да се
воздржи од правење на одреден чин, а кои претставуваат кривични дела во рамките на,
и како што е дефинирано со меѓународните конвенции и протоколи, во врска со
тероризмот и под никакви околности не се оправдани со политичка, филозофска,
идеолошка, расна, етничка, верска или друга слична природа“ . 3

Северноатлантската алијанса (НАТО) го дефинира тероризмот како „незаконско


користење или закана од употреба на сила или насилство против лица или имот, во
обид да се принудат или заплашат влади или општества заради остварување на
политички, религиозни или идеолошки цели" . Дефиницијата на Европската унија за
тероризмот е „намерно дејство кое може сериозно да ѝ наштети на држава или
меѓународна организација, а кое е извршено со цел: сериозно да се заплаши
населението; или прекумерен притисок врз влада или меѓународна организација да
изврши или да се воздржи од извршување на одреден чин; или предизвикува сериозна
дестабилизација или уништување на основните политички, уставни, економски или
социјални структури на една земја или меѓународна организација“4 .

3
The United Nations (UN) General Assembly Resolution, A/RES/51/210 (17 December 1996).
4
Decision, has adopted this framework. (2002). Council Framework Decision of 13 June 2002 on combating
terrorism (Official Journal L 164), 3.

You might also like