Professional Documents
Culture Documents
2 OdgovoreniАГРОПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ 2018 2019
2 OdgovoreniАГРОПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ 2018 2019
ISO 9001 води сметка за начинот на кој организацијата ги извршува своите работи и заради тоа
овие стандарди: не се стандарди за производите и услугите туку се стандарди за процесите.
2. ISO TC-Technical Committee 34 (технички комитет бр.34) е задолжен за стандардизација од:
областа на храната
3. Во каков облик и на кој тип медиум може да биде документацијата во стандардот ISO 9001?
- Може да биде во било каков облик или на било каков тип на медиум
4. Во кои организации можат да бидат применети барањата од меѓународниот стандард ISO 9001 и
што ако не е возможна примена поради природата на организацијата?
- Сите барања од овој меѓународен стандард се генерички и предвидено е да бидат применливи за
сите организации без оглед на нивниот тип, големина и производи кои ги испорачуваат. Ако било кои
барања од овај меѓународен стандард не можат да бидат применети поради природата на
организацијата, тогаш може да се разгледа нивото на изоставување.
5. Во кој термин се опфатени опремата, зградите како и услугите за поддршка кои се дел од
стандардот ISO 9000? Во терминот инфраструктура
6. Во меѓународниот стандард ISO 9001 под терминот “документирана процедура”, се подразбира
дека: процедурата е докажана, документирана, дека се применува и одржува.
7. Во однос на системскиот приод кон производството, кој е на почетокот и на крајот на ваквиот
систем? На почетокот се барањата на клиентите а на крајот нивното задоволство.
8. Дали правилникот за квалитет е задолжителен за секоја организација? Ако сметаш дека
одговорот е не, објасни зошто.
- Сите барања на овај меѓународен стандард се генерички и предвидено е да бидат применливи
за сите организации, без оглед на нивниот тип, големина и производи кои ги испорачуваат. Ако
било кој од овие барања на овај меѓународен стандард не можат да бидат применети поради
природата на организацијата, тогаш може да се разгледа нивното изоставување.
9. Доколку организацијата добие позитивен резултат при процесот на регистрација (сертификација)
на стандардот тогаш таа влегува во т.н.: ISO директориум
10. За да биде постојано во согласност со барањата, системот мора да се: евалвира и надоградува
11. Каде е лоцирана ISO организацијата и кога е основана?
- Лоцирана во Женева, Швајцарија, а основана е во 1947
12. Какво значење му даде воведувањето на стандардот ISO 9000 на менаџментот со квалитетот?
- Континуирано подобрување на процесот кој е дизајниран да ги задоволи или да ги надмине
очекувањата на купувачите и барањата на прописите. Така стандардот ISO 9000 стана синоним за
квалитет.
13. Како треба да се постапи со неусогласените производи?
- Преземање мерки за отстранување на утврдените несогласености
- Одобрување за негово користење, пуштање или прифаќање на основа на накнадна дозвола за
отстапување од релевантниот оган а понекогаш и од самиот корисник и преземање на мерки за
спречување на неговата оргинална планирана употреба или примена.
14. Кога е донесен првиот ISO стандард и кој е тој? Во 1987 – ISO 9000
15. Кои барања треба да ги дефинира документираната процедура за корективните мерки?
- Преиспитување на несигурноста, утврдување на причините за несогласеноста, преземање на
мерки со кои ќе се овозможи да не дојди до повторна појава на несогласеностите, дефинирање и
примена на неопходни мерки, запишување на резултатите од преземените мерки, преиспитување
на преземените корективни мерки.
16. Кои барања треба да ги исполнат излезните елементи за проектирање и развој кај стандардот
ISO 9001?
- Да ги исполнат влезните барања за проектирање и развој, да обезбедат одговарачки и
информации за набавување, производство и овозможување на услуги, содржат или се повикуваат
на критериум за прифаќање на производот, специфицираат карактеристики за производот, важни
за негово безбедно и правилно користење.
17. Кои документи треба да ги содржи QMS?
- Документирани изјави за политиката на квалитетот и целите на квалитетот, правилник за
квалитетот, документирани процедури кои ги бара овој меѓународен стандард, документи кои се
потребни за организацијата да осигура ефикасно планирање и изведување на своите процеси и
управување со истите и записи за квалитетот кои ги бара меѓународниот стандард.
18. Кои информации треба да ги обезбеди анализата на податоците?
- Задоволување на корисниците, усогласеност со барањата на корисниците, карактеристиките и
трендовите на процесот и производот вклучувајќи ја и можноста за превентивни мерки и испорака.
19. Кој ја врши изработката на меѓународните стандарди во ISO? ISO техничките комитети
20. Која е предноста од користењето на процесниот пристап во ISO 9000 – во сталното унапредување
21. Која е целта на ISO?
- Да го промовира развојот на стандардизацијата и поврзаните светски активности од областа на
интернационалната размена на добра и во сферата на интелектуалната, научната, технолошката и
економската активност.
22. Колкав процент,од вкупниот број на членки на IS треба да се произнесат позитивно во просецот
на гласање, за одреден меѓународен стандард да биде усвоен? Најмалку 75% од вкупниот бр
членки
23. На кои барања се однесуваат влезните елементи кај ISO 9000 стандардот? ISO 22000:2005
24. На што точно се однесуваат барањата од ISO 9001 стандардот?
- Овозможува барања за тоа што треба да се направи за да се менаџираат процесите кои влијаат
на квалитетот на производите и услугите
25. Наброј најмалку 5 од осумте принципи на TQM.
- фокусираност кон клиентите, водство, еменципација, ориентација кон производството, системски
преод,континуирано подобрување, одлуки засновани на факти, взаемно бенефитни односи со
добавувачите
26. Од колку национални тела (институти за стандардизација) се состои ISO? – Од 154 земји
27. Политиката на квалитетот, која треба највисокото раководство да ја обезбеди, на кои задачи
треба да одговори кај ISO 9000 стандардите?
- Одговара на карактерот на организацијата, содржи определеност врз исполнувањето на барањата
и сталното определување на ефикасноста на QMS, дава за цел за утврдување и преиспитување на
целите на квалитетот, да биде соопштена и објасната на сите во организацијата, да биде
преиспитана со што би била стално адекватна.
28. Што значи кратенката PDCA и каде може да се примени оваа методологија?
- Планирајте-направете-проверете-делувајте. Може да се примени на сите процеси
29. Што се подразбира под кратенката ISO?
- Светска федерација на национални тела за стандардизација, а официјалното име на
организацијата доаѓа од француската фраза Organization internationale de normalistion
30. Што опфаќа терминот инфраструктурата кај стандардот ISO 9000?
- Згради, работен простор и опрема, просечна опрема, услуги за поддршка, како што се
транспортни или комуникациски услуги
31. Во информациите за набавување, покрај описот на производот, кои други барања треба да бидат
исполнети?
- Барања за одобрување на производот, постапката, процесите и опремата
- Барања за квалификација на персоналот и барања за QMS
32. Што се подразбира под поимот процес на сертификација?
- Се подразбира ревизија на имплементираниот стандард ISO 22000:2005 во самата организација и
тоа од страна на независни, акредитирани т.е овластени за таа функција
33. Што претставува GFSI и која била основната цел при нејзиното формирање?
- Во 2005 основана е како непрофитна организација. Целта и беше да ги хермонизира
меѓународните стандарди за безбедност на храна и да ја редуцира потребата од повеќекратните
адути на иволвираните.
34. Кои стандарди се референти во однос на GFSI? За безбедност на храната
35. Со цел елиминирање на потрошеното време за сметка на дуплирањето на ревизиите GFSI развил
референтен процес за различните системи за управување со безбедноста на храната и
постигнувањето на заеднички прифатливо признати стандарди кој го нарекол:
- еднаш сертифицирани, прифатени на секаде (ISO 22000:2005, IFS, холандски HACCP, SQF)
36. Кои се разликите помеѓу традиционалниот-класичен систем за контролирање на безбедноста на
храната во однос на современиот превентивен систем ?
- Традиционалниот класичен систем е многу скап, не е потполно сигурен, ефикасноста е
незадоволителна, изгубена доверба кај потрошувачите, создавав печаток на лажна сигурност,
додека современиот превентивен систем е сигурен, ги идентификува, проценува и контролира
ризиците значајни за безбедноста на храната.
37. Ако целта е FSSC 22000 регистрација што треба да имплементира организацијата и кои
организации треба да го применуваат овој стандард?
- Ќе ги имплементираат и ISO 22000 системот и PAS 220 програмите. Овај стандард треба да го
применуваат организации кои произведуваат храна.
38. Во колку групи се поделени контролните мерки кај стандардот ISO 22 00: 2005 и кои се тие?
- Три групи: условни програми (PRP’s), операциони условни програми (Operational PRP’s) и НАССР
план
39. Во поглед на барањата кои се однесуваат на информациите кои барања треба да се задоволат
кај стандардот ISO 22 000: 2005?
- Орагнизацијата мора да развие ефикасен систем, кој ќе биде во согласност со барањата на
стандардот ISO 22000:2005 и истиот ќе биде документиран, имплементиран и одржуван. Системот
мора да биде еваулиран и постојано подобруван како би останал тековен.
40. Дали НАССР системот може да се имплементира како одделен и едноставен менаџмент систем
или мора да се вклучи кон некој друг стандард? Да
41. За да се дизајнира стандардот ISO 22 000: 2005 кои чекори треба да се превземат?
- Позиционирање во синџирот со храна, тек на материјали, барања кои се однесуваат на
информациите.
42. Каде може да се имплементира стандардот ISO 22 000: 2005?
- Може да се имплементира од страна на секоја организација вклучена директно или индиректно
во синџирот со храна.
43. Какви треба да бидат условните програми?
- Соодветни за потребите на организацијата, соодветни за големината и типот на производниот
процес и природата на производот, имплементација низ целиот производен систем, одобрени од
ISO 22000:2005 тимот
44. Како е дефиниран терминот безбедна храна според FDA (асоцијација за храна и лекови)?
- Храна во која причинителите на болести (бактери, хемиски материи и др) се наоѓаат во
прифатливи и дозволени граници
45. Кое значење му го даде стандардот ISO 22 000:2005 на поимот менаџмент со безбедност на
храната?
- Континуирано подобрување на процесот, кој е дизајниран да врши превенција или елиминација
на ризиците од присуството на причинители на болести, а ако не може целосно да се елиминираат
барем истите ризици да се доведат во рамките на прифатливи граници.
46. Кои организации можат да бидат корисници на стандардот ISO 22 000: 2005
- Може да се користи од страна на секоја организација директно или индиректно вклучена во
синџирот на храна
47. Кои постапки треба да се применат во процесот на верификација кај ISO 22 000: 2005 стандардот?
- Верификација дека условните програми се имплементирани, верификација дека анализата на
ризикот е подобрена и тековна, верификација дека поставените критички лимити се прифатени,
вер. Дека оперативните уловни програми се имплементирани и ефикасни, вер. Дека НАССР планот
е имплементиран и ефикасен и вер. Дека сите процедури се имплементирани и ефикасни
48. Кои ризици ги контролираат условните програми?
- Веројатните ризици од работната средина, биолошка, хемиска и физичка контаминација и
вкрстена контаминација помеѓу производите и нивото на ризици во производот и производната
средина.
49. Кои се двата видови на интерактивна комуникација кај стандардот ISO 22 00: 2005?
- Екстерна (надворешна) и интерна (внатрешна)
50. Кои се придобивките од екстерната комуникација за организацијата?
- Обезбедување на информации за безбедност на производите, дознавање на барањата, кои ги
наметнуваат конзуматорите и законодавните тела, посочување на стручен кадар и влез на
информации за системот за подобрување и преглед на менаџментот.
51. Кои услови треба да бидат задоволени со цел да имаме производство на безбедни производи
кај ISO 22 000: 2005 стандардот?
- Организацијата мора да направи план на сите процеси при производство на производот, со цел да
се осигура производството на безбеден производ, воспоставување и документација на системот.
52. Кои услови треба да ги задоволува менаџментот на организацијата кај ISO 22 000: 2005
стандардот?
- Менаџерот мора да биде вклучен во и поврзан со менаџмент системот за безбедна храна.
Менаџмент тимот ги составува принципите за безбедност на храната и е одговорен за нивно
соопштување интерно во организацијата и нивна имплементација. Врвниот менаџер мора да биде
вклучен во дизајнирањето и имплементацијата на FSMS. Доделени му се многу обврски и голема
одговорност со цел да се обезбеди неговиот влог и учество. После имплементацијата, менаџментот
ќе изврши ревизија на својата работа со цел да се осигура континуирана ефикасност на системот.
53. Кои услови треба да ги задоволуваат ресурсите кај ISO 22 000: 2005 стандардот?
- FSMS мора да разјасни кои човечки и физички ресурси се потребни за производство на безбеден
производ, за време на развојот на системот мора да се детерминира како ќе се обезбеди
компетентен персонал, мора да се идентификува тренингот, кој е потребно да се издаде и кој мора
да се идентификува неопходната инфраструктура и работната средина.
54. Кој вид на условни програми е тесно поврзан со добрите производни пракси?
- Инфраструктурни условни програми и условни програми за одржување
55. Кој е првиот чекор за имплементација на стандардот ISO 22 000: 2005?
- Утврдување на тим за менаџмент со безбедност на храна
56. Која е разликата помеѓу FSMS (ISO 22000) и FSSC 22000 и што треба дополнително да содржи FSSC
22000?
- ISO 22000:2005 претставува во основа PSMS – менаџмент систем за безбедност на храна чија
цел е да се обезбеди интернационален признат стандард за безбедност на храна кој ќе се
примени во сите синџири со храна. FSSC – сертификација за безбедна храна која ги користи ISO
22000 и РАЅ 220. ISO бара PRP’s, a PAS 220 ги дефинира деталите за PRP’s во производство.
57. Која е целта од воведувањето на стандардот ISO 22 000: 2005 во организацијата?
- Способност за идентификување и откривање на историјата, локацијата и примената на
производите и материјалите, кои се во тесна врска со сточната храна и во храна за исхрана на
човекот. Генерални принципи и основни услови за дизајнот на системот и неговата
имплементација.
58. Менаџмент тимот за безбедност на храната потребно е да биде составен од:
- составување на менаџмент тим за безбедност на храната кој мора да биде мултидисциплинарен
т.е да вклулува персонал со различна специјализација, производство, санитација, осигурување на
квалитет, инжинери, лаборанти, инспектори за храна и тн.
59. На кои принципи и на која основа се темели стандардот ISO 22 000: 2005?
- генерални принципи и услови за дизајнот на системот и неговата имплементација се: способност
за откривање на историјата, локацијата и примената на производите и материјалите, кои се во
тесна врска со сточната храна и во храната за исхрана на човекот.
60. На што се става акцент кога се работи за интерната комуникација кај ISO 22 000: 2005 стандардот
во организацијата?
- Стандардот специфицира барања за менаџмент системите за безбедност на храната во синџирот
со храна каде организацијата: сака да ја демонстирира својата способност за контрола за ризиците
по безбедноста на храната, со цел константно да обезбедува производство на безбедни
производи, кои ги задоволуваат барањата на потрошувачите и на соодветните законски прописи за
безбедност на храната и цели за зголемување на задоволството на потрошувачите преку ефикасна
контрола на ризиците по безбедноста на храната, со вклучени постапки за постојано подобрување
на системот.