You are on page 1of 2

По прогонувањето на последниот римски крал во Рим била прогласена република.

На чело на
државата стоеле двајца избрани конзули кои се менувале секоја година. Народното собрание и
сенатот и понатаму биле задржани. КОнзулитер ја имале највисоката власт и биле команданти во
војна. Надвор од Рим конзулот имал неограничена власт вклучувајчи го прашањето на животот и
смртта на римските граѓани. Во 366 година патрициите почнале да бираат и претор кој бил
заменик на конзулите и се гржел за редот во градот. Застапници на плебејците биле трибуните.
Најпрвин се бирани двајца а потоа десет трибуни. Главната функција на народните трибуни била
заштитата на интересите на плебејците, Народните трибуни имале право на вето на сите одлуки
на конзулите, народното собрание и Сенатот. Куќата на трибунот била секогаш отворена и оној
плебеец кој сметал дека е невин за некое кривично дело можел таму да се скрие и никој немал
право да го уапси. Власта на трибуните престанувала надвор од градските ѕидини. Подоцна
трибуните добиле право и да влезат во Сенатот, да учествуваат во дискусијата и дури да свикуваат
сенатски седници.

За својот подем Рим многу и должел на својата војска. Во најстаро време римската војска се
делела по родови и племиња.

Откако ја покоrиле Италија чие освојување траело 200 години Римјаните на почетокот на 3 век
пред новата ера започнале војни за превласт на Средоземното море. Во тоа време најсилна
западна држава била Картагина која сед наоѓала на Африканскиот брег на Средоземното море во
денешаната држава Тунис. Римјаните воделе три војни со Картагинците кои биле наречени Пунски
војни. Во првата пунска војна која траела од 262-241 и се водела главно на Островот Сицилија.
Римјаните имале само еден тежок пораз но сепак на крајот ги принудиле картагинците да склучат
мир и да ја напуштат Сицилија. Во втората пунска војна која траела од 218 до 201 кратагинците
успеале под водство на војсководецот ханибал преку алпите да се префрлат во Италија. По
неколку победи над Римјаните ханибал се упатил кон Рим. Тоа предизвикало паника кај
Римјаните. Зборовите ханибал пред портите со време станала позната поговорка. Ханибал него
освоил Рим но ја опустошил неговата околина. Ријаните успеале да се реорганизираат и го
оставиле Ханибал во италија но се упатиле во Африка каде опасно се приближиле до Картагина.
Картагинските власти го повикале Ханибал да се врати од Италија. Последната битка од оваа војна
се случила во Африка во близина на градот Зама во 202 година каде Ханибал го доживеал првиот
пораз. Третата пунска војна започнала 50 години подоцна во 147 година пне. Кога Римјаните
решиле да ја освојат картагина. Тоа се случило во 146 година под водство на римскиот генерал
Публиј Скипион Корнелиј Емилијан. Скипион сакал да го сочува градот но на барање на римскиот
сенат Картагина била запалена и разурната.

Што се однесува до Балканот Рим исто така водел три војни со македонија. Првата т.н македонска
војна започнала токму кога Ханибал бил во Италија и тоа сакал да го искорисити македонскиот
крал Филип 5 па нападнал прв. Римјаните поради зафатеноста со Картагинците биле принудени да
му дадат некои територијални отстапки на Филип во Илирија. Оваа војна траела од 215 до 205.
Втората македонска војна траела од 200 до 197 година пне. Главната битка се одиграла кај
киноскефалос во Тесалија во 197 година кога римјаните под водство на Тит Квинтиј Фламинин ги
поразиле македонските војски предводени од Филип 5. Третата македонска војна траела од 171-
168 година. кОнечната битка се одиграла кај Пидна во 168 година кога римјаните ги поразиле
македонците под водство на кралот Персеј. По оваа битка македонија станал Римска провинција.

You might also like