You are on page 1of 6

ПИТАГОРА И ПИТАГОРЕЈЦИТЕ

Со името на Питагора хеленската филозофија се врзува за почвата на Италија. Тука се


зачнува т.н. италска струја која ја доживуваме како противтежа на јонската. И додека
Јонија и раната Милетска школа не биле склони во целост да ја земат религијата
сериозно, жителите на островите го примиле орфизмот, како мистично учење за
задгробниот живот. Така, под влијание на раните питагорејци, старата олимписка религија
била отфрлена и место неа се развило ново религиозно сфаќање.
Школата на Питагора опстојува со векови, а својот врв го има во V век кога ја водел
Филолај. Денес многу повеќе знаеме за резултатите кои ги остварила оваа школа, отколку
изворното учење на нејзиниот основоположник.

1. Животот на Питагора ( ок.580 – 500 пред н.е.)


- Роден е на островот Самос, во близина на Милет и најверојатно учел
кај милетските филозофи. Се верува дека патувал во Египет и Вавилонија.
- Родниот остров го напушта во 530 година поради самоволијата на
тогашниот властодржец Поликрат и основа братство во Кротон, на југот на
Италија.
- Во братството се живеело строго и аскетски. Но и во она време, кога
жените биле затворани дома, тие имале пристап до братството. Во Кротон се
здобил со најголемо научно и филозофско име. Открил едно од најпознатите
математички правила, наречено според него Питагорина теорема. Го
напишал и уставот на градот. Во Кротон живеел дваесет години, до 510 пред
н.е.
- Имаме сведоштво за едно востание на некојси Килон, кој ги побунил
граѓаните против Питагора и питагорејците, некаде на преминот од VI во V
век. Тогаш се убиени многу следбеници на Питагора, а тој самиот избегал во
Метапонт каде и умрел. Причината за таквата реакција може да бил
ултраконзерватизмот на питагорејците кои негувале аристократија на духот.
Но, сосема е можно своја улога да одиграла и политиката.
- Питагора и неговите сомисленици се занимавале со филозофија,
математика, астрономија и со музика. Самиот Питагора подучувал усно, не
пишувал. Затоа е тешко да се одреди што е од Питагора, а што од неговите
следбеници.
- Самиот Питагора се придавал себеси полубожествен карактер, одел
во долга бела облека, имал долга коса со златни ленти во неа. Било кажувано:
Постојат луѓе, и богови, и суштества како Питагора.
2. Суштината на природата е бројот!

Таканаречените питагорејци први се зафатија со математиката и ја


унапредија, па образовани во неа помислија дека нејзините начела се
начела на сите нешта. Бидејќи броевите меѓу (математичките начела) се
први, се чини дека во броевите тие гледаа многу сличности со нештата кои
суштествуваат и настануваат и тоа повеќе одошто во огнот, земјата или
водата... Откако им се стори дека и другите нешта според својата целосна
природа соодветствуваат на броевите, а броевите се први во сето она што ѝ
припаѓа на природата, претпоставија дека основите на броевите се основи
на сите нешта и дека небото во целина е хармонија и број.
Аристотел: Метафизика

Питагорејците не го барале архе во сетилниот, материјален свет, затоа што


материјалните нешта се менливи и трошни, настануваат и исчезнуваат.
Вечното и неминливото питагорејците го согледале во бројот. Бројот е
суштина на сé што постои.

Сите нешта што можат да се сознаат имаат број, без него ништо не
можеме да замислиме и сознаеме . (Филолај)

3. Нумеричка теорија за создавањето на светот од броевите

1) Раѓање на броевите од ограниченото и неограниченото, од парно и


непарно.
2) Раѓање на геометриски фигури од броевите.
3) Настанување на физички објекти од геометриските фигури.
НЕПАРНО ПАРНО
ЧЕТИРИАГОЛНИК ПРАВОАГОЛНИК
ОГРАНИЧЕНО НЕОГРАНИЧЕНО
ЕДНО МНОЖЕСТВО
ДЕСНО ЛЕВО
МАШКО ЖЕНСКО
СВЕТЛО ТЕМНО
ДОБРО ЗЛО
СМИРЕНО РАЗДВИЖЕНО
ПРАВО ИЗВИЕНО

1 2 3 4

точка линија површина тело

- Бројот 1 се излева во 2, 2 во 3 и 3 во 4 со што се добива телесна смисла.


- Бројот 4 е преод од апстрактното во конкретно, материјалниот свет.
- Кога ќе се соберат 1+2+3+4 се добива 10, кој е свет број и симбол на
космосот. 10 небесни тела: Земја, Месечина, Сонце, Млечен пат,
Венера, Марс, Меркур, Сатурн, Јупитер, Антипод. Секое небесно тело
испушта музика на сферите (хармонија на сферите), која можат да ја
чујат само оние што се упатени во питагорејското учење.
- 4 и 9 се броеви на праведноста (2x2 и 3x3).
- 2 е машки број (прв парен), а 3 е женски број (прв непарен).
- 5 е број на брак (2+3=5).
- 6 е број на раѓање, оживување.
- 7 е број на здравјето и.т.н.
- Според Бертранд Расел, оваа нумеричка теорија Питагора ја извел од
музиката. Тие тука откриле односи меѓу броевите – помеѓу должината
на жицата и висината на тонот. Акордите во музиката: кварта, квинта и
октава ги поврзувале со хармоничната пропорција 12:8:6, каде што
средниот број е за една третина помал од првиот, а за една третина
поголем од крајниот – хармонија. И космосот е хармонија.

4. Учењето за селење на душите (метемпсихоза)


За Питагора (Ксенофан) го кажува следново: Еднаш, кога на минување
видел како маваат некое кученце, велат дека се сожалил и ова го рекол:
Престани и не тепај го, оти тоа е душата на мојот пријател; ја препознав по
гласот нејзин.
Диоген Лаерќанецот: Животот и мислењата на истакнатите филозофи, кн.8

Питагорејците учеле дека душата се сели после смртта во друго тело (од
животно до човек). Ова селење ќе трае во зависнот од однесувањето во
претходните животи и во сегашниот.
Душата на човекот е бесмртна. Таа е затворена во телото. Според
питагорејците, смислата на живеењето е таа да се ослободи од телото преку
морално усовршување и прочистување и така да постигне совршенство (ова
се одгласи од индиските учења; за Питагора се вели дека стигнал дури до
Индија).
5. Етиката на питагорејците
Питагора е автор на античката етичка поема Златни стихови, која дава
мудри етички совети:

Размисли пред да почнеш, за да не направиш глупост –


на човекот му е својствено да работи и зборува лудо.
Прави го она што подоцна нама да те мачи!
Телесното здравје не треба да го запоставуваш –
но во јадењето, пиењето и во вежбањето биди умерен.
Мера го нарекувам она што нема да ти создаде мака.
Навикни се да живееш чист, кроток и доблесен живот!
Не прави го она што во човекот алчлноста ја буди!
Немој без потреба да трошиш,
ниту, пак, скржав биди – во сé мерата е најдобра.
...Не дозволувај сонот врз твоите нежни да се спушти очи –
пред да направиш разиме на денот што изминал:
Каде згрешив? Што направив? Што пропуштив?
Почни од почеток и потоа по ред тргни –
ако си направил зло, прекори се; ако си направил добро, радувај се!

6.Значењето на питагорејската школа


- ја поттикнала научната, особено математичката традиција. Всушност,
математичарите се вистинските наследници на питагорејското учење.
Овој елемент на питагорејското учење останал неизопачен од
мистичниот елемент кој потекнува од орфичкото учење за задгробниот
живот. Науката не станува религиозна дури и кога стремежот кон
научен начин на живеење е проникнат со религиозно значење.
- Питагорејското учење за математиката подоцна го поттикнало она што
ќе го среќаваме како учење за идеите (кај Платон) или како учење за
универзалиите (кај схоластичарите). Интелегибилното ( умственото,
идејата) е единствено стварно, совршено и вечно, додека, пак,
сетилното е привидно, несовршено и минливо. Ова се директните
последици од питагорејското учење што доминирале во филозофската
мисла, како и во теологијата, оттогаш до денес.

You might also like