You are on page 1of 8

Сократ (470 пр.н.е. — 399 пр.н.е.

) Сократ бил филозоф – идеалист кој ја зацврстува вербата во


знаењето, вистината и доблестите. Во центарот на своите филозофски и педагошки размислувања
го поставувал човекот, сметајќи го за морално суштество. Сократ сметал дека знаењето е добро, а
незнањето е зло. Постојат некои клучни принципи за овој вид настава: -Наставникот и ученикот
мора да се согласат на темата на предавањето. -Ученикот мора да се согласи да се обиде да
одговори на прашањата на наставникот. -Наставникот и ученикот мора да бидат подготвени да го
прифатат кој и да било разумен одговор.
-Прашањата на наставникот мора да се изложуваат на грешки во размислувањето или верувањата
од страна на учениците. Со други зборови, наставникот мора да мисли побрзо и попрецизно од
учениците, да ги открива грешките во размислувањето на ученикот, а потоа да формулира
прашања коишто учениците не можат да одговорат, ако не ги исполнуваат условите на
мисловниот процес. Од Сократ потекнуваат повеќе школи: мегарската, киничката и киренската.

Платон (427 – 347 г.пр.н.е.) Платон е старогрчки филозоф, математичар, ученик на Сократ, автор
на филозофски дијалози, основач на Академијата во Атина, првата институција за високо
образование во Западниот свет. Заедно со својот учител Сократ и неговиот ученик, Аристотел,
Платон е заслужен за поставување на темелите на Западната филозофија и наука. Смета дека
пристапот на воспитание треба да биде индивидуален, според она што во иднина ќе работи
воспитаникот. Воедно, учењето во училиштето треба да се состои од: пишувањечитање, вежбање,
сметање, геометрија (во детството), астрономија, граматика и други науки (после дваесеттата
година) и на крај дијалектика (после триесеттата година). Значи, човекот треба да учи до својата
триесетта година, после тоа, 5 години да се учи дијалектика, 15 години да се собира искуство, да
се занимаваат со трговија и активности, да искусат војна, а после педесеттата година да преземат
државнички обврски и да се занимаваат со филозофија.

Аристотел (384 — 322 г.пр.н.е.) Аристотел е уште еден од значајните грчки филозофи, кој како
ученик на Платон, формира посебна гимназија во која предава околу 355 година пр.н.е. Негови
размислувања за воспитанието ги наоѓаме во делата „Политика“ и „За воспитанието“ кои не се
целосно зачувани. По неговото сфаќање, за воспитанието треба да се грижи државата Сметал дека
девојчињата не треба да посетуваат училиште, бидејќи тие се разликуваат од момчињата и дека
образованието нема многу да им користи. Бидејќи сметал дека државата е таа што треба да се
грижи за воспитанието, тој предлага воведување закони со кои тоа ќе биде регулирано. Ова се
однесува на тоа што тој предлага, воспитанието да биде заедничко за сите и дека мора да се
регулира неговата суштина и неговите воспитни методи.

Марк Фабије Квинтилијан како најзначаен римски педагошки теоретичар. Неговите педагошки
погледи се содржани во неговото дело: „За воспитанието на говорникот“ кое се состои од 12
книги. Во него тој наведува: целта на воспитанието е воспитание на идеал говорник, а прв и
најважен услов за тоа е човекот мора да биде чесен Се залагал за јавно образование и го отфрла
приватното подучување. Во предучилишното воспитание, според него, треба да се обраќа повеќе
внимание на мајчиниот јазик,а јазичната култура треба да се развива со помош на читање,
граматичка настава и анализа на големите книжевни дела. Зборува дека наставата не треба да
биде присилна, туку детето треба да се радува во училиштето и бил против физичкото казнување
на децата.

3.2. Педагошките мисли во средовековна педагогија ( од 5 до 16 век)

Образованието, просеветата и педагогијата во овој период, може да се подели на три периоди:


1.Ран Среден век – од распаѓањето на Римското Царство во 5 век, па до 12 век; 2.Сколастика – 12 и
13 век 3.Хуманизам и ренесанса – од 14 до крајот на 16 век.

Хуманизам и ренесанса

Ренесансата означува ново раѓање – препород. Гудјонс смета дека воспитанието во овој период
конечно се сфаќа како посебен феномен. Со појавата на ренесансата, културата почнува да го губи
верското определување. Се чувствувало вртење кон светот (nature) и човекот (home). Човекот
доаѓа во средината на случувањата и станува мерило на сите вредности. Тоа води до
хуманистички индивидуализам. Може да се каже дека теоријата на воспитанието сега го
започнува својот развој. Хуманистите (под влијание на антиката) како воспитна цел го истакнуваат
вкупниот развој на човекот, хармониски развој на душата и телото со почитување на личноста на
детето. Се нагласува индивидуалноста како и индивидуален пристап кон воспитаникот во
зависност од личниот темперамент и разликата во природните способности кај воспитаниците. Ја
истакнуваат важноста за образование на мајчин јазик, важноста на реалните предмети, а не само
класична литература и хуманистички содржини. Религијата не се исклучува, но се става во втор
план. Во хуманистичката педагогија почнува да се сфаќа вредноста на детската личност во
развојот и воспитанието. Се осудува насилството – со насилство никогаш нема да се постигне она
што може да се постигне со разумот и вештините.

*Vittorino da Feltre - Виторина да Фелтре (1378 – 1477), го нарекуваат татко на хуманоста и учител
од нов тип. Училиштето го сместува во дворец надвор од градот Мантова и со тоа прв ја остварува
идејата за училиште во природа. Училиштето го нарекува „куќа на радоста“. Овде воспоставува
радосна воспитна средина, ги отфрла телесните казни, воспоставува самопослужување, голема
важност придава на телесниот развој на децата. Тежнеел да ги запознае индивидуалните
особености на секое дете во училиштето, за да може воспитанието да го прилагоди на детските
способности. Воведува нови методи во наставата, метод на набљудување и демонстрирање. Ги
проширува образовните содржини со: алгебра, астрономија, елементи на природата.

Tommaso Campanella – Томазо Кампанела (1568 – 1639), како еден од првите социјал – утописти
има голема помош во оставрувањето на педагошката теорија. Тој во своето дело „Градот на
сонцето“ изнел многу напредни идеи за воспитанието. Тој истакнува дека сите треба да се
воспитуваат заедно за сите умеења. Со тоа ја истакнува идејата за демократско воспитување.
Големо внимание посветува на природните науки, а целокупното учење го засновал на
нагледноста.
Франсоа Рабле (1494 – 1553) е претставник на француската хуманистичка педагогија. Најпознато
негово дело е романот „Гаргантуа и Пантагруел“, во кое го исмева феудалниот поредок и го
истакнува култот за нов човек ослободен од феудалното угнетување. Опишувајќи го воспитанието
на таткото Гаргантуа и синот Пантагруел, тој изнесува битни карактеристики помеѓу старото и
новото воспитание

*Michel de Montaigne – Мишел Монтењ (1533 – 1592) е вториот заслужен франсуски хуманист кој е
заслужен за осамостојувањето на педагошката теорија. Во своето дело „Обиди“ или „Есеи“, го
дава своето мислење за воспитанието, критикувајќи ги схоластичките методи на учење, како
површни и празни или „магаре натоварено со книги“. Неговиот идеал е човек кој мисли критички.
Според него, најважно е да се разбуди кај децата љубовта кон учењето.
Тој нагласува повеќе нови педагошки принципи, кои се карактеристични за ренесансата, како што
се: физичко воспитание, блага дисциплина, самостојна работа на учениците и др.

Еразмо Ротердамски (1467 – 1536), од Холандија, е најголемиот хуманист во северните земји на


Европа. Тој во своето дело „Пофалба на лудоста“, на саркастичен начин ги критикува кралевите,
папата, кардиналите, свештениците, правниците, филозофите, со еден збор – сè што било во
државата. Ја критизира схоластичката школа и средовековниот живот. Сметал дека учителот треба
да има широко образование и јазична култура, треба да биде доблесен, љубезен и чувствителен
човек.

Thomas More – Томас Мор (1478 – 1535) ги напишал делата „Златната книга за најдоброто
општествено уредување“ и „За новиот остров Утопија“.Томас Мор, преку своите мисли, влијае на
развојот на социајлистички идеи во воспитанието. Го уважил принципот за рамноправност во
образованието, тежнеел науката да ја направи општо добро за сите, укажувал на штетноста од
раздвојување на умствената и телесната работа; се борел против схоластичката настава, ја
истакнувал важноста на реалистичките знаења. *

*Ludovikus Vives - Лудвиг Вивиен (1492 – 1540), шпански хуманист се занимавал со практичната
воспитна работа, особено со воспитанието на жените. Се залагал за реформа во воспитанието во
насока на верско – морална обнова на животот. Нјазначајно негово дело е „De disciplinis“.

Нововековна педагогија (средина на 16 до средина на 19 век)

*Jan Amos Komenský - Јан Амос Коменски (1592-1670) – воспитанието како вештина на поучување
во склад со природата Наречен „учител на народот“, роден како Janos Szeges на 28 март 1592 г.,
во Чешка,
Коменски ги објавил и првите сликовници за деца, ги напишал пансофиските принципи за
образованието кои му ја носат најголемата слава, тие принципи ги нарекол „Didactica мagna“ или
„Голема дидактика“. Неговото врвно дело „Didactica magna“,кое го завршува во 1632 година,
истражува како луѓето учат и како можат да бидат поучувани од најраните години па сè до
универзитет и понатаму. Во неговата книга е опишан еден сериозен и нов воспитнообразовен
систем, ја излага својата општа теорија за воспитанието и ги објаснува дидактичките принципи.
Неговиот придонес во теоријата за воспитанието (образованието) е во следново: 1.Воспитанието
(образованието) го одредува како мисловен обид на општеството (воспитувачите, учителите) да
се постигне ментален, морален и верски развој и формирање на децата и младите. Неговата цел е
да развие наставни вештини кои ќе го поместат учењето од схоластичките училишта
(меморирање, „бубање“, казнување). Истакнува сеопфатна програма за воспитување и
образование, која накратко гласи: „Научете ги сите темелно (на секој начин) - (omnes omnia
omnio).“ Тој предупредува дека вештината како да се поучува и како да се учи, не била позната во
изминатите векови, а учењето и училиштата биле полни со досада, заблуди итн. Тој предлага нова
дидактика за да се учи веродостојно и успешно, без досада и заблуди, казни. Тој се залага за
училиште на радост и среќа, а не за „бубање“ и тортура, за да се постигне „вистинско знаење,
вистинска добрина и љубов кон Бога“. 2. Поставува три клучни цели и фази на подготовка за
живот. Првата е да се спознае себе си, втората е да се контролира себе си и третата е да развие
побожност. Овде е важна неговата теза дека „микробите“ за остварување на ова тројство секому
му се дадени од природата. Со оваа теза, Коменски започнува нова концепција на образованието
- концепција (теорија) на природно образование или образование во согласност со природата. 3.
Коменски развива верба во образованието и неговата неопходност: човек треба да се образува
ако сака да стане маж. Веќе овде силно се развива вербата во можноста за образование и
неопходноста од образованието како посебна појава во процесот на станување човек.

Џон Лок (1632 - 1704) – Воспитанието како обука за способностите и карактерот Џон Лок ја
обележува следната фаза на развојот на педагошката наука. Тој ја развива педагогијата на „здрав
разум“, „самоконтрола“ и „практично знаење“, Во своето дело „Мисли за воспитанието“ обрнува
внимание на физичкото, интелектуалното и моралното воспитание. Тој мисли дека сите доблести
се индивидуални или социјални. Ја нагласува улогата на воспитувањето во способноста да се
контролира, а тоа првенствено се постигнува во семејството, а не во државните училишта. Затоа
Лок е претставник на индивидуалистичката концепција на воспитанието. Тој тврди дека во
разумот не постојат вродени принципи, некои основни поими природно вродени. Тврди дека
идеите потекнуваат од искуството, сензибилитетот или од размислувањето, па поради ова се
смета за претставник на теоријата на емпиризмот т.е теорија по која развојот и формирањето на
личноста зависи од искуството.
Моделот на искуствено учење станува основа на педагогијата на новото време. Надворешното
набљудување на предметот на сознавање се реализира преку нашите сетила, а внатрешното
набљудување, на така добиениот когнитивен материјал, Лок го нарекува рефлексија. Лок

. Развој на просветителската педагогија и педагошките мисли

До почетокот на 19 век. најважен е периодот на просветителството, а најважни претставници на


патот кон просветителството се Јан Амос Комениус (Комениус) и Џон Лок. По нив доаѓа периодот
на просветителството и просветителската педагогија, а најважни се Ж.Ж. Русо, Е. Кант и Ј.Х.
Песталоци. * Jean-Jacques Rousseau – Жан Жак Русо (1712 – 1778) – педагогија на природно
воспитание - воспитание како обука за функциите на природните сили Тој е женевски филозоф,
писател и композитор од периодот на францускиот романтизам. Русо, во согласност со
владејачкиот дух на просветителството, верувал во моќта на човечкиот разум, како дар што го
добиваме од природата и верувал дека човештвото мора да се врати на природата. Тој бил меѓу
првите кои ја истакнале важноста на детството, како природна состојба на невиност, и ја истакнал
важноста на доброто воспитување – клучен елемент во развојот на човекот.
јот. Русо истакнува три вида на воспитување, кои се исто така услов за здрав раст на детето: –
образование под влијание на самата природа, кое ги развива човечките способности; –
образование што го насочува човекот, учејќи го детето да ги користи своите природни дарови; –
образование што се реализира преку влијание на нештата од детската средина; детето на тој
начин стекнува непосредно искуство.

1.стадиум (до втората година) - возраст на физичка грижа и сензорни впечатоци, 2.стадиум
(2-12 години) - возраст на заспаниот ум, пред сè возраст на развој на сетила - сензација и сетилно
искуство, 3.стадиум (12-15 години) - будење на разумот; возраст на ментално образование,
4.стадиум (15-18 години) – развој на чувства; период на морално образование. Секоја возраст
претставува посебен ентитет и функција на развој. Се воспоставува природна хармонија помеѓу
желбите и способноста за да се реализираат во секоја фаза од човековиот развоj.

Имануел Кант (1724 - 1804) - Образованието како „форсирачка“ слобода. Германски филозоф од
Прусија, еден од највлијателните европски мислители и последниот голем филозоф на
просветителството. Кантовото разбирање за воспитанието е поврзано со неговото разбирање на
етиката и моралните постапки на луѓето. Најлесно е да се разбере неговото разбирање за
воспитанието, ако го споредиме неговото и Аристотеловото разбирање за моралот и моралното
дејствување на луѓето. Кант се залага за деонтолошки пристап (деонтологија - наука за
должностите) кон етиката, додека Аристотел се залага за доблесен пристап. Кант моралното
дејствување го заснова на концепцијата на моралните правила кои се засноваат на еден
категоричен императив како заповед на самиот ум, кој диктира самооднесување. Тоа е
постапување од должност, а не според должност.

Јохан Хајнрих Песталоци (1746 – 1827) Швајцарскиот педагог и реформатор, духовен творец на
современото основно училиште. Тој со својата работа и делата „Лиенхард и Гертруда“, „Како
Гертруда ги учи своите деца“, „Лебедова песна“, „Книга за мајките“, Нагледна обука за односите
со броевите“ и други, ги збогатил сознанијата на подрачјето на интелектуалното, моралното и
работното воспитание. Песталоци, го почитува целосниот развој на поединецот, односно збирот
на интелектуалното, моралното и за физичкото воспитание. (Матијевиќ, 2001). Потпирајќи се на
разбирањето на Русо за воспитанието, пред сè го вреднува воспитанието во духот на слободата и
природата, без социјално ограничување. Затоа, целта на воспитанието, според Песталоци, е да ги
развие сите природни потенцијали на учениците. Тој мислел дека наставата мора да се базира на
дијалог меѓу наставникот и ученикот и да се организира преку личен ангажман на учениците и
активно учење на содржините, кои се во согласност со нивните интереси и корисни за
секојдневниот живот.

Јохан Хајнрих Песталоци (1746 – 1827) Швајцарскиот педагог и реформатор, духовен творец на
современото основно училиште. Тој со својата работа и делата „Лиенхард и Гертруда“, „Како
Гертруда ги учи своите деца“, „Лебедова песна“, „Книга за мајките“, Нагледна обука за односите
со броевите“ и други, ги збогатил сознанијата на подрачјето на интелектуалното, моралното и
работното воспитание. Песталоци, го почитува целосниот развој на поединецот, односно збирот
на интелектуалното, моралното и за физичкото воспитание. (Матијевиќ, 2001). Потпирајќи се на
разбирањето на Русо за воспитанието, пред сè го вреднува воспитанието во духот на слободата и
природата, без социјално ограничување. Затоа, целта на воспитанието, според Песталоци, е да ги
развие сите природни потенцијали на учениците. Тој мислел дека наставата мора да се базира на
дијалог меѓу наставникот и ученикот и да се организира преку личен ангажман на учениците и
активно учење на содржините, кои се во согласност со нивните интереси и корисни за
секојдневниот живот.

Friedrich Adolph Wilhelm Diesterweg – Адолф Дистервег (1790 – 1866) Како почитувач на идеите на
Песталоци, Дистервег застанал против реакционерските пруски закони за школството и против
формализмот во училиштата. Тој најмногу се занимавал со проблемите во образованието на
наставниците. За нив има напишано повеќе учебници и прирачници. Тој особено ја нагласува
личноста на наставникот во воспитанието на учениците. Бил директор на учителската школа во
Марсељ, каде ги спроведува педагошките принципите на Песталоци, а во 1827 година го издава
списанието „Рајнски листови за воспитание и настава“. Неговото учителско училиште набрзо
станало центар на песталоцизмот во Германија и во исто време пример како да се подготват нови
учители. Од 1832-1847 година, бил директор на Учителската школа во Берлин, каде што ја
продолжил пропагандата на песталоцизмот и истата година основал педагошко друштво.

Фридрих Хербарт - Johann Friedrich Herbart (1776 – 1841) - Воспитанието како обликување на
духот. Тој изградил оригинален педагошки систем. По завршувањето на своите студии, тој
интензивно се занимава со педагошките прашања, бил куќен учител во Берн, каде што го пишува
првиот ракопис „Педагошки извештај до Штајгер“ во кој покажува интерес за педагогијата и
психологијата. Во Швајцарија се запознава со Песталоци и ги пишува делата „Азбука на
набљудувањата“ и „Како Гертруда ги учи своите деца“. Познати негови дела се и: „Идеи за
педагошки план за средното образование“, „Општа педагогија изведена од целите на
воспитанието“,„Преглед на педагошки предавања “, „Писма за примена на психологијата во
педагогијата“, а од помалите ракописи за педагогијата, познати се: „Прво предавање од
педагогија“, „ За современото оценување на наставните методи на Песталоци“, „За темната
страна на педагогијата“, „Предавања по педагогија“ итн.

Константи́н Дми́триевич Уши́нский (1824 – 1870) – руски педагог


Искажува интерес за низа педагошки прашања: методологија на научната работа во педагогијата,
усогласување на оедагошката теорија и пракса, реформа на школскиот систем, градење на
единствено јавно педагошко мислење, организација на внатрешниот живот во училиштата,
методи на моралното воспитание, сфаќање на наставничкиот и воспитувачкиот позив,
дидактиката, учебниците итн. Познати негови дела се: „ Човекот како предмет на воспитанието“
том 1 и 2, „За користа на педагошката литература“, „Три елементи на училиштето“, „ За
националноста во јавното образование“ и др. Живеел во време кога социјалното движење го
поттикнува прашањето за жената, па и самиот Ушински го крева прашањето за положбата на
жената, односно воспитанието и образованието на женските деца, а практичната реализација на
оваа идеја ја започнува во Институтот во Смолни за благородни девојки.

Прагматистичка педагогија

Потекнува од латинскиот збор pragmatismus, односно од грчките зборови prăgma prăgmatos -


работа, дејствување. Ова е правец во педагогијата кој никнува во Америка на преминот од 19 во
20 век. Овој правец е врзан со педагогот Џон Дјуи. Прагматистичката педагогија со своите идејни и
практични решенија за организацијата на работата на училиштата, претставува радикална
реформа на традиционалните школи. Прогресивноста на овие нови училишта се гледа во
приближувањето на училиштето кон животот, користење на природни активности во
воспитанието, почитување на детските интереси и потреби.

*John Dewey – Џон Дјуи (1859-1952) - Воспитанието како активна реконструкција на искуството Со
своето прво педагошко дело „Моето педагошко кредо“ (1897), го најавува револуционерниот
пресврт во положбата на ученикот во наставата, и концептот на „новото“ училиште што ќе изврши
огромно влијание врз воспитно-образовната теорија и практика во Америка и повеќе земји во
Европа и светот. (Миовска – Спасева С, УДК:371.3 Ј. Dewey) Други позначајни дела му се: „Како да
мислиме“, „Демократијата и воспитувањето“, „Училиштето и општеството“, „Училиштето и
ученикот“, „Училиште за иднина“ и др.

Георг Кершенштајнер (1854 – 1932) – работна школа и „татко“ на стручните училишта.


Кершенштајнер е претставник на работната школа. Тој своето „ново“ училиште го подредува на
потребите на германската држава. Неговото делување можеме да го поделиме на две фази: 1
фаза – се залагал за воведување на рачната работа и работилници во училиштата и за
реорганизација на истите и 2 фаза – е од почетокот на неговата работа на Универзитетот во
Минхен до неговата смрт, позната како аксиолошко – теориска фаза. Во првата фаза,
револуционерните барања биле да се одвои црквата од училиштето, воведување на општо,
задолжително и безплатно образование, снабдување на сиромашните деца со облека, обувки,
храна и училиштен прибор и отворање на училишта во работничките населби.
На наставата по цртање ѝ придавал голема важност, го проучувал детскиот ликовен развој и
заклучил дека има четири степени во детскиот ликовен израз: 1.Шема – децата цртаат луѓе, дрвја,
животни 2.Чувство за линија и облик 3.Степен на обликување кој одговара на појавите и
предметите 4.Степен на точен облик – ги обликува просторните взаемни односи со помош на
светло и сенка

You might also like