You are on page 1of 8

Trichomonas vaginalis

• Спаѓа во групата на флагелати.


• Постои само во вегетативна форма.
• Има форма на круша. По должината на телото
минува еден цврст аксостил(кл.органела која
настанува од основите на флагелите и служи
за движење и за потпора).
• Има централно, поголемо, јајчесто, меуресто
јадро и 4 флагели. Петтата флагела е припоена
кон телото со помош на една мембрана.
• Трихомонас е чест комензал во женските
гениталии, а може и да се наоѓа во уретрата
на мажот. Доколку многу се размножи
предизвикува заболување-трихомонијаза.
• Предизвикува дегенерација и десквамација
на вагиналниот епител, со зелено-жолт
секрет, со непријатен мирис. Често се јавува
и бактериска суперинфекција.
• Бидејќи постои само во вегетативна форма, се
пренесува со директен контакт(полов пат) со
заболено лице или асимптоматски носител.
• Дијагнозата се поставува со докажување на
причинителот во вагиналниот секрет на
жената и во уретралниот секрет на мажот и
жената. Се подготвува нативен препарат кој
веднаш по земањето на примерокот, се
микроскопира.
• Се лекува со метронидазол, задолжително
двата партнери.

You might also like