Professional Documents
Culture Documents
Пиреј
Пиреј
Андреевски
Апсурдот на војната и положбата на Македонецот за време на Првата
Светска војна
Војната го дели народот... Народот којшто има едно исто потекло. Јон укажува
на тоа дека сите народи во старите времиња биле еден народ. Но, тој народ со
текот на времето бил разделен на повеќе народи... Народи кои почнале да
војуваат едни против други. Војната уништувала се, па дури и предизвикувала
брат да војува против брат (Јон и Мирче). Се делат на МОИ и ТВОИ. Дури и
Велика напоменува дека додека има војна и децата си играат и се преправаат
како војници. Забележуваме само еден момент кога војната прекинува, а тоа е
на именденот на Илија. На празник не војувале, а непријателите само тој ден
склучувале примирје и заедно пиеле и се веселеле. По завршувањето на
денот, тие повторно се поделиле и четите се вратиле секоја на своја страна, а
војната продолжила. Оваа војна е претставена со грозни, па дури и морничави
слики, пискотници, викања и машки лелеци. Распарчените тела на загинатите
војници врз кои била фрлена бомба, раскинатите раце и нозе по коишто газел
Јон, ужасната смрдеа од земјата нацицана со крв... „Постојано ми иде мислата
дека човекот смрди на земја, ќе смрди и во земјата. И за неа да загинеш, пак од
неа ќе засмрдиш.“ Овие слики, всушност, ги гледаме преку очите на Јон кој
бегал од фронтот најмногу поради страв за сопствениеот живот. Па, овде дури
е претставена и сликата на полумртвиот војник којшто барал вода и мртвата,
гола девојка којашто била силувана од страна на некои војници.
Ваква грозна слика имаме и во битолската болница (Сива Вода). Описот на
оваа болница е даден откако Јон поради неговата загноена нога бил однесен
таму со цел да му ја пресечат од коленото надолу, но тој не дозволил, па
докторите му го пресекле само палецот. И овде се слуша плач и лелекање на
пациентите. Целата болница мирисала на јод и на ракија. Пациентите
постојано се менувале затоа што имало многу смртни случаи. На некои
пациенти им ја лупеле главата и повторно им ја шиеле, но поради големото
количество изгубена крв пациентот умирал, па на неговиот кревет донесувале
друг. На некои пациенти им ги отварале раните, им ваделе цели парчиња
железо, па повторно ги зашивале. На други, пак, им ги сечеле рацете и нозете
со пили. Но, и покрај тоа што Јон ги жалел овие луѓе затоа што ги остава во таа
болница, тие сепак биле среќни затоа што се таму, а не на фронтот. Биле
среќни затоа што во болницата животот им бил посигурен.
Сите овие слики, всушност, укажуваат на несреќата што ја носи војната. Таа го
менува човекот, животните, природата...