You are on page 1of 2

Кристијан Антевски IV 3

Писмена работа по македонски јазик и литература


Работена на 21.12.2020

Тема: Трагичната судбина на Андреј Соколов е само една во низата


на слични или исти човечки судбини предизвикани од пустошот што го остава зад
себе војната.

Војна. Најлошото нешто што може да му се случи на светот, на една


држава, нација, народ па и на семејствата. За никого таа не е потполно успешна,
затоа што кога се води војна, има губитоци на двете страни, а најважно од се
згаснуваат многу животи, но постојат и многу измачувања. Ете толку е сурова
војната. Токму тоа е опишано во расказот на Шолохов - ,,Судбината на човекот’’.
Во овој расказ се раскажани сите маки низ кои поминал Андреј за
време на војната, но и какви биле последиците од истата. Ликот на Андреј е
претставен како типичен руски војник, скромен човек, по потекло од сиромашно
семејство. Имал среќа да ја запознае Илинка, која била негова жена и со која имал
три деца. Прекрасно семејство. Војната го донела своето. Тој морал да се раздели
од нив и бил испратен да превезува оружје за војниците на фронтот. До тогаш
мислел дека војната ќе заврши брзо и без последици, но тој набргу е заробен и
однесен во германски логор, во кој биле измачувани сите противнички војски.
Таму се случува првата валкана работа во неговиот живот, одземањето на туѓ
живот, и тоа на свој сонародник. Иако тоа се случило за да не го предаде својот
претпоставен, сепак станал свесен дека направил злосторство. Тој долги години
бил во тој логор, па подоцна прераспределен да го превезува новопоставениот
генерал во германските редови. Тој со помош на неговата итрина и мудрост
успева да избега од германскиот фронт и да се спаси од заробеништвото. Тој е
среќен поради неговата слобода, но... За него допрва доаѓаат најлошите моменти
од војната, а тоа е губитокот на своето семејство. Имено, додека е лекуван од
медицинските сестри, тој испраќа писмо до неговата жена Илинка, но без никаков
одговор. За подоцна да дознае дека фабриката која се наоѓала одма до нивната
куќа, била бомбардирана, а со тоа и нивната куќа била срушена. Тоа било многу
трогателна вест за Андреј. За кого не би била ? Загубил се што имал, среќата,
љубовта, семејството. Сепак неговиот најстар син учествувал во војната и бил на
фронтот. Па таа татковска љубов е незаприлива. Тој сакал што побрзо да го види
својот син, кој пак на последниот ден од војната, кога се извојувала победа врз
фашистите, бил убиен. Тоа било крајот за Андреј. Тој се враќа во својот град,
забележува дека ништо не останало. За подоцна да запознае дете кое останало
без своите родители на кое ќе му се претстави како негов татко. Тој го носи кај
своите пријатели и го претставува како негов син. Таа лага многу боли, но
подоцна престанува затоа што станува вистина со која се соживуваат и двајцата.
И за крај. Можеме да кажеме дека нема војна која е добра за некоја
страна. И на двете страни има жртви, мачења, многу згаснати животи, и изгубени
фамилии!!! Андреј проживеал многу. Овој живот за него ќе продолжи, но со голема
доза горчина во него.

You might also like