You are on page 1of 64

ПОРТА

Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО
319
AВГУСТ 2022

Како земјотресот го промени Скопје: модерната и


постземјотресните импликации врз урбаното
А РХ И Т Е К Т УР А Што е Индустрија 5.0, и кои радикални промени ќе ги донесе?
Е КО ЛО Г И Ј А
Современа вила на Велешко Езеро

90 ДЕНАРИ
ПОРТА
СОДРЖИНА
12 18
ИНФО 6
НИКОЈ НЕ ВЕРУВА ДЕКА „ТРЕСКА“
„САМО“ СЕ РАСЧИСТУВА

РЕГИОНИ 8
ИН МЕМОРИАМ 10
ПЕТАР МУЛИЧКОВСКИ (1929 – 2022)

СТАВ 12
КАКО ЗЕМЈОТРЕСОТ ГО ПРОМЕНИ СКОПЈЕ:
МОДЕРНАТА И ПОСТЗЕМЈОТРЕСНИТЕ
ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ УРБАНОТО
34
СТАВ 18
УБАВИНА (ВО АРХИТЕКТУРАТА) - НЕ, НЕ
Е ЛУКСУЗ, ТУКУ НЕОПХОДНОСТ!

АРХИТЕКТУРА 24
СОВРЕМЕНА ВИЛА НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО.
ЧИСТИНА ВО ИЗРАЗОТ

АРХИТЕКТУРА 30
ЃЕРДАН ОД ДОМОВИ

АРХИТЕКТУРА 34
ВО ЈАПОНИЈА ПОСТОИ МУЗЕЈ КОЈ Е
ПОСВЕТЕН НА АРХИТЕКТОНСКИ МАКЕТИ
38 54
АРХИТЕКТУРА 38
КАМПАНОПОЛИС: НЕОФИЦИЈАЛНАТА
ПРЕСТОЛНИНА НА ОДРЖЛИВАТА
АРХИТЕКТУРА БЕЗ АРХИТЕКТИ

УРБАНИЗАМ 42
СОЦИЈАЛНИ ФЕНОМЕНИ КАКО
РЕЗУЛТАТ НА НЕСООДВЕТНИ
УРБАНИ ПРАКТИКИ

ЕНТЕРИЕР 46
ЛЕСЕН И ПРОЅИРЕН ЕНТЕРИЕР СО
СОВРЕМЕНИ ДИЗАЈНЕРСКИ ПАРЧИЊА
46
ТЕХНОЛОГИИ 50
ШТО Е ИНДУСТРИЈА 5.0, И КОИ
РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ ЌЕ ГИ ДОНЕСЕ?

РЕПОРТАЖА 54
ГАЛИЧНИК - НАЈБЛИСКУ
ДО НЕБОТО И ДО ОБЛАЦИТЕИ

ХОРТИКУЛТУРА 58
КАКО НАГРАДА НОСИ МИР НА УМОТ

ПОРТА 25 јули 2014


БРОЈ 319 ПЕТОК 31.08.2022 ГОДИНА XVII
Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,
главен и одговорен уредник:
Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ
Уште едно жешко лето и уште еден нов број на на архитектонскиот јазик на домување во
спиНајавуваме дека „Порта 3“ во иднина ќе излегува повеќестанбените објекти во центарот на Љубљана. соработници:
Ангел СИТНОВСКИ
на период од два месеци, наместо досегашната Во Јапонија постои музеј посветен на Ангела СТЕФАНОВСКА
динамика како месечник. Дел од рубриките и обемот архитектонските макети, со цел да се зачуваат и Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ
ќе доживеат промени, а ќе имаме и нови соработници. архивираат минијатурните прототипови на градби. Бојана ПАЛИФРОВСКА
Бошко ВИДОЕСКИ
Истовремено, Редакцијата ќе посвети поголемо Јапонските архитекти се стремат да постигнат Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија)
внимание на дигиталното издание и ќе го задржи и похуманистичка просторна презентација. Тие Даниела МЛАДЕНОВСКА
надгради нивото на содржините. Целта е со помош користат архитектонски макети и како алатка за Душанка ШУЛОВИЌ
Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)
на нашите компании пријатели и поддржувачи, да дизајн вкоренети во сетилното размислување. Јулија ВЕЛКОВСКА (САД)
го одржиме печатеното издание во овие навистина Нашиот редовен соработник пишува за Koсто ГРАОРКОСКИ
непредвидливи времиња и да опстои и понатаму. Кампанополис, Аргентина, село од бајките и визиите Натка ЌОСЕВА
Невена ГЕОРГИЕВСКА
Oвој пат рубриките Став и Архитектура се на Кампана, одржлива архитектура без архитекти. Никола ЃОРЃИЕВСКИ (Данска)
со повеќе текстови од вообичаеното, поради Колку и да е невообичаено, дало свој придонес Огнен АРСОВ (Словенија)
зголемениот интерес на нашите соработници да за зачувување на елементите на градителското графички уредник:
ги изнесат своите размислувања и анализи. наследство и пример како преку повторна Гоце ЦВЕТАНОСКИ
Започнуваме со информација за расчистување употреба на градежните материјали може да се
фоторепортер:
на локацијата фабрика „Треска“ и недореченостите придонесе кон заштита на животната средина. Kиро ПОПОВ
и сомнежите што ги оставаат актуелните случувања. Тенденцијата на иницирање промени во
лектор:
Со жалење информираме дека почина урбаните ткива може да ги намали нееднаквостите Дијана РИСТОВА
еден од најзначајните македонски архитекти преку создавање и одржување на изграденото
Издавачки совет:
Петар Муличковски, кој остави видливи опкружување кое ќе биде погодно за физичка Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА,
траги во архитектонското проектирање. активност се вели во рубриката Урбанизам. дипл.инж.арх. - претседател
Нашиот соработник ги изнесе своите Во овој број може да се прошетате низ ентериер Александра ПЕТРОВСКА
дипл.инж.арх.
размислувања за релацијата помеѓу модерната на куќа во Штутгарт, Германија, проектиран и вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ
архитектура и социолошките процеси кои се изведен од архитектонско биро од Скопје. дипл.град.инж.
создаваат во урбаното ткиво во периодот по Во рубриката Технологии прашуваме што ново Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ
дипл.шум.инж.
земјотресот во Скопје, релација која се појавува носи концептот Индустрија 5.0? Според Европската
во контекст на постсоцијалистичкиот град и Унија, овој концепт обезбедува визија за индустријата Управител:
Раде ЈАНКОВ,
создава тенденции за урбана трансформација надвор од ефикасноста и продуктивноста како
во контекст на глобалните процеси. единствени цели, и ги зајакнува улогата и придонесот Издавач:
Убавината во архитектурата не претставува луксуз, на индустријата во општеството како целина. „Биропрес“ ДОО Скопје
Aдреса на издавачот и редакцијата:
таа е неопходност, пишува нашата соработничка Нашиот соработник и вљубеник во „Биропрес“ ДОО Скопје
и смета дека едно нешто што не можеме да го Галичник низ своја призма за визурите и Ул. Васил Ѓоргов број 21,
произведуваме масовно, е убавата архитектура. погледите во селото што духовно исполнуваат влез 2, локал 7, 1000 Скопје
Куќа лоцирана во новооформена викенд- и се најблиску до небото и до облаците. Тел: 3109 311
населба на Велешкото Езеро „Младост“, дело Основниот принцип на бонсаи техниката е да e-mail: porta3@porta3.com.mk
www.porta3.com.mk
на тим млади архитекти изненадува со својата се одгледуваат минијатурни стебла кои ги имаат
чистина во изразот и е стремеж за воздигнување сите карактеристики што ги има истото растение во Печати:
ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72,
на функцијата и нејзиниот естетски израз. својата природна големина. Но прочитајте зошто 2300 Кочани
Втора награда на архитектонски конкурс за за обликување и одгледување бонсаи потребно е
градска населба во Љубљана, дело на тим архитекти многу повеќе од само хортикултурна вештина. Маркетинг:
info@porta3.com.mk
во кој е и архитект од Македонија. Новопроектираните biroproekt@biroproekt.com.mk
урбани блокови претставуваат современ превод ОД РЕДАКЦИЈАТА Тел: 071 252 641

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден.


ПОРТА
ГРАДЕЖНИШТВО
319
AВГУСТ 2022

Како земјотресот го промени Скопје: модерната и


постземјотресните импликации врз урбаното
за физички лица: 800 ден.
жиро сметка: 300000001995035 во
АРХИТЕКТУРА
Комерцијална банка АД Скопје
Што е Индустрија 5.0, и кои радикални промени ќе ги донесе?
ЕКОЛОГИЈА
Современа вила на Велешко Езеро

ЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3


излезе на 29.12.2004 година

Датум на печатење: 30.08.2022


Насловна страница ПРОЕКТАНТСКО БИРО Број на примероци: 700
ВИЛА НА ВЕЛЕШКО АРХИТЕКТУРА НОВА
ЕЗЕРО Редакцијата на Порта3, не
се согласува со сите ставови
ФОТО објавени во списанието.
БОРИС ЈУРМОВСКИ

90 ДЕНАРИ
инфо

Никој не верува дека „Треска“


„само“ се расчистува
радоначалникот на Општина Центар,

Г Горан Герасимовски, се пофали дека се


расчистува поранешната фабрика
„Треска“ и побара поскоро донесување на регу-
лациски план и ДУП само за овој простор. Тој
изјави дека до општината пристигнале 36 ба-
рања за издавање решенија за отстранување, од
кои 13 се одобрени. Според него, просторот на
фабриката, особено по опожарувањето пред
пет месеци, освен што преставува извор на за-
раза за жителите кои живеат во околината, пре-
тставува и нелегална депонија во срцето на
општина. Чистењето кај „Треска“ ќе трае две не-
дели, ќе се одвива плански и во неколку фази.
Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад,
40.000 метри квадратни азбестен кров, потоа ќе
се срушат дотраените објекти, па ќе се отстра-
нува кабастиот отпад. На крај, на целиот про-
стор ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и
дератизација. „Отстранувањето на објектите и
чистењето на целиот простор ќе го вршат са- дежно архитектонско - урбанистичко веш- винителство се водат два предмети за фабри-
мите сопственици, кои претходно до општината тачење. „По доставување на вештиот наод и ката „Треска“. Додека тие не завршат не смеат
доставија барања за отстранување на објектите мислење од Бирото за судски вештачења, над- да започнат градежни работи на оваа локација“,
и начинот како истите ќе бидат отстранети“, лежниот обвинител ќе донесе одлука за поната- децидна е Ивановска.
рече Герасимовски. мошниот тек на постапката. Со оглед дека „Сите замижуваат пред проблемот, но никој
предистражната постапка е тајна во моментов не дава одговор на клучни прашања: зошто
ЗА „ТРЕСКА“ СЕ УШТЕ СЕ АКТИВНИ ДВЕ не можеме да споделиме повеќе детали“, велат падна мораториумот за градба, зошто градона-
ПОСТАПКИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО од Обвинителството за борба против организи- чалникот на Центар не го објавува конкурсното
Расчистувањето на теренот започна иако за ран криминал. решение за „Треска“, каде се делата од конкур-
„Треска“ се уште се активни две постапки во Об- сот кој беше распишан...?“, прашуваат антико-
винителството. Едната е истрагата за пожарот, ПРОБЛЕМИТЕ НАСТАНАА ОТКАКО рупционерите.
која што не е завршена. Од Обвинителството УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА Проблемите настанаа откако во март 2021 го-
велат дека вештачењето изготвено по наредба МОРАТОРИУМОТ дина Уставниот суд го укина мораториумот за
на јавен обвинител покажало дека станува збор Се додека Обвинителството не го каже ко- градба во Центар, со што се отвори простор за
за човечко невнимание. Во тек е и преди- нечниот збор, првата антикорупционерка повторна градежна инвазија во градот. Инвести-
стражна постапка за „можни незаконитости при Билјана Ивановска очекува да се почитуваат торите сега бараат да градат според Деталниот
денационализацијата на фабриката“, која што нивните препораки дека нови градби не смеат урбанистички план (ДУП) донесен во време на
била иницирана од Државното правобранител- да се градат. ВМРО-ДПМНЕ, кој изминативе години ниту
ство. За овој предмет е дадена наредба за гра- „Како што сме информирани, во Јавното об- СДСМ не успеа да го промени. Герасимовски
вчера тврдеше дека Општината прави напори
да се донесе нов ДУП, само за делот на фабри-
ката „Треска“, со цел да се направи подобра ур-
банизација. Но, досега веќе се поднесени
четири барања за градба и 15 барања за до-
оформување на градежни парцели, според важ-
ечкиот план.
„Во моментов има важечки ДУП, имавме три го-
дини мораториум чија цел беше да се изменат
ДУП, за жал, не се успеа, но правиме напори
преку регулација да се одвои овој дел и да се на-
правиме подобар план. Не зависи од Општината
Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја
направиме измената на ДУП“, рече Герасимовски.
Со сегашниот ДУП нема никаква пречка да се
издаваат одобренија за градење за една од
ПОРТА
најатрактивните локации во градот. Но, првата
антикорупционерка Билјана Ивановска не се www.liting.mk
согласува со тоа и вели: „Во моментов има важ-
ечки, но противзаконски Детален урбанистички Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Архитектонска подготовка и изведба
план. Поради тоа се поставува прашањето дали Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;
е легитимно да се даваат одобренија за гра- Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака; +389 2 3114 360
дење според еден ваков противзаконски ДУП“.

„ШАНСА ЗА ЦЕНТАР“: ОДЛУКАТА


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОСТОЈАНО
ОДБИВА ДА ЈА СПРОВЕДЕ
Според граѓанската иницијатива „Шанса за
Центар“, расчистувањето на „Треска“ е нужно,
но подеднакво е важно што ќе следи потоа.
Од „Шанса за Центар“ велат дека одвојува-
њето на „Треска“ како посебно подрачје веќе е
донесено од претходниот општински Совет и
одлуката градоначалникот постојано одбива да
ја спроведе. Потсетуваат дека е завршен и Кон-
курс за локацијата, па стравуваат дека наместо
тој да се спроведе, се одложува за сметка на
„решението“ за продажба на државното
земјиште и профит на приватници. „Знаете, се
спроведе и Конкурс за идејно решение како да
се уреди подрачјето. Општината доби три
идејни решенија, од кое едното од стручната ко-
мисија е многу позитивно оценето и препора-
ката е да продолжи да се разработува кон
урбанистички план. Општината со овој градона-
чалник одбива да ги презентира идејните реше-
нија од Конкурсот, бидејќи тој ги оценил како
неспроведливи, иако урбанистите и сите кои го
оценуваa Конкурсот – имаа спроставени ста-
вови. Односно дека ќе обезбедат похумано ре-
шение, подобар квалитет на живот, подобро
уредување на тоа земјиште, затоа што ќе обез-
бедат и јавни услуги и јавни простори, како и
градинка, зеленило итн“, велат од „Шанса за
Центар“и додаваат: „Сопствениците на имот,
кои се големи градежни компании, односно
соптственици на повеќе од 50 отсто од целата
‘Треска’, бараат да се спроведе планот кој по-
веќе им одговара – во смисла на повеќе профит.
Затоа, сметаме дека клучот е сега, за се што ќе
се случува во иднина со земјиштето. Колку по-
веќе се одовлекува, толку повеќе ќе се спрове-
дуваат постапките за откуп на земјиште и ќе се
притиска за ‘актуелното решение’. Градоначал-
никот и луѓето што не сакаат промена го имену-
ваат како ‘важечки план’, иако тој ‘важечки план’
и од страна на општината во претходниот со-
став, и од општинската служба, е анализиран и
е заклучено дека во многу параметри ги надми-
нува ограничувањата од ГУП-от“.
Според иницијативата, процесот се одло-
жува, па наместо да се разработува идејното
решение од Конкурсот, би имало продажба на
државно земјиште. Приватниците добиваат она
што им го овозможуваат оние оспорувани пра-
вилници за урбанистичко планирање, врз ос-
нова на „стекнати права“ со тоа што го
поседуваат земјиштето. n
ПОРТА
региони

Спортската сала во ООУ


„Димката Ангелов Габерот“ с. Ваташа
осле многу години

П село Ваташа доби


современа спортска
сала . Салата се изгради за
помалку од една година и
од оваа учебна година
учениците ќе имаат
можност наставата по
физичко образование да ја
изведуваат во овој објект.
За оваа инвестиција
Општина Кавадарци издвои
19 милиони денари од
својот буџет. Спортската
сала се протега на
површина од 400 квадратни
метри, градоначалникот на
општината свечено ја
пушти во употреба на 28
јули.

Промовирана студија за хидрогеолошките


карактеристики на Белчишко Блато
о Општина Дебрца промовирана сту- е Здружението за екологија и туризам „ЕКО- која блатото е хидрографски објект од стра-

В дијата за хидрогеолошките каракте-


ристики на Белчишко Блато (Сини
Вирој). Оваа студија е прва од ваков вид за
ТУРИЗАМ 2016“, Охрид.
Градоначалникот Зоран Ногачески, за-
едно со претставниците од „Екотуризам“ го
тешко значење за општината и поширокиот
регион.
Во услови кога светот се бори со климат-
овој локалитет и околниот регион, а издавач нагласија значењето на оваа студија, според ски промени и кризи за вода, Белчишко
Блато има постојана издашност од 2-3
m3/вода, што теоретски е доволно за водо-
снабдување на град со околу 400.000 жи-
тели.
Студијата ги дефинира хидрогеолошките
карактеристики на теренот на поширокиот
простор на блатото со вкупна површина од
околу 100 km2. Taa дава предлог за воспо-
ставување мониторинг на квантитативни и
квалитативни карактеристики на подземните
и површинските води. Исто така изработени
се и карта на ранливост на подземни води и
карта на ризик од загадување на подземни
води, кои треба да се земат во предвид во
идниот развој и просторно планирање на ре-
гионот.
Извршени се бројни научни и едукативни
активности, а процесот ќе биде крунисан
со добивање статус на блатото заштитено
подрачје со категорија – Парк на приро-
дата.
8 ПОРТА 31 август 2022
ПОРТА
ин мемориам

Сестран архитект кој остави видливи


траги во архитектонското проектирање
етар Муличковски е роден во избран за редовен асистент на Техничкиот Беркли, Калифорнија, специјализира ре-

П 1929 година во Прилеп. Дип-


ломирал на Факултетот за ар-
хитектура, градежништво и
геодезија во Љубљана во 1957
година на тема „Архитектонско и урбани-
стичко планирање“ во класата на профе-
сор Едвард Равникар. Во 1959 година е
факултет во Скопје, во 1967 година за до-
цент, а во 1978 за редовен професор на
Архитектонскиот факултет по предметот
Урбанизам, каде што и ја завршува својата
професионална кариера во 1989 година.
Во периодот меѓу 1964 и 1965 година
престојува во САД. На Универзитетот во
гионално и просторно планирање. Кратко
време се усовршувал и на Универзитетот во
Харвард, во Студиото на Френк Лојд Рајт
во Талесиен Вест во Аризона и во Школата
на Мис ван дер Рое, Институтот за Техноло-
гија во Илиноис, Чикаго, а потоа и во Сту-
диото на Чарлс Имс во Чикаго.

Административниот комплекс на ЦК КПМ (денес Влада на Република Македонија,


преобликувана) – Скопје, 1970 г.

10 ПОРТА 31 август 2022


ПЕТАР МУЛИЧКОВСКИ (1929 – 2022)

Во своето творештво се јавува како


сестран архитект кој остави видливи
траги како во архитектонското проекти-
рање, така и на полето на научнообра-
зовната публицистичка активност.
Активно учествува со свои есеи, статии
и коментари во печатот и бил често
присутен со актуелни теми од областа
на архитектонското и урбанистичко тво-
рештво на радиото и телевизијата. Во Спомен-костурница во Кавадарци, 1974 г.
2000-тите напишал серија книги „Духот
на македонската куќа“, „Духот на маке-
донското градење“ и „Духот на маке-
донската престолнина“, славејќи ја
уникатноста и важноста на македон-
ската архитектура.
Во слободно време се занимавал со
со графичко изразување – илустрации,
плакати и цртежи, како и со обликување
модели.
Интересите на Муличкоски се на-
сочени во негување уникатен македон-
ски стил на модернистичка архитектура
која ги спои традиционалните аспекти
на македонското наследство со новите
трендови на минималистички и рацио-
нализиран дизајн кои беа популаризи-
рани во текот на 1960-тите. Тој бил
заинтересиран да користи современи
материјали: стакло, бетон, метал, тула,
но да ги користи на начин со кои ја из- Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 1971 г.
ложува нивната природна боја, струк-
тура и текстура. Во делата на ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ
Муличкоски забележителна е неговата Административниот комплекс на ЦК КПМ (денес Влада на Република Македонија,
поврзаност со традицијата и со гради- преобликувана) – Скопје, 1970 г.
телското културно наследство, со очиг- Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 1971 г.
ледна инспирација на авторот од Банка во Кавадарци, 1974 г.
традиционалното наследство, пре- Спомен-костурница во Кавадарци, 1974 г.
точено во оригинални решенија, со Деловна зграда на „Симпо“ во Врање – Р Србија, 1975 г.
прочистен современ израз и со трајни Новиот центар на Кавадарци, 1978 г.
вредности. Сопствена куќа за одмор во Маврово, 1980 г.
Забележително е неговото учество на
архитектонски конкурси на кои добил НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
две први награди, шест пати бил прво- Спомен-плакета на Собранието на Град Скопје, 1958 г.
пласиран во Македонија, а добитник е и Борбина плакета за зградата на ЦК КПМ, 1970 г.
на четири први награди во другите Југо- 11 Октомври за зградата на ЦК КПМ, 1970 г.
словенски Републики. Повелба од Собранието на Град Скопје, 1973 г.
Во 1995 година ја добива наградата Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“, 1995 г.
за животно дело „Андреја Дамјанов“ со 13 Ноември за придонес во архитектурата и урбанизмот, 1999 г.
што станува и член на Академијата на
архитектите на Македонија при ААМ. n
31 август 2022 ПОРТА 11
став

Како земјотресот го промени Скопје:


модерната и постземјотресните
импликации врз урбаното
Градот се престори во политички полигон и бојно поле на социјалната нееднаквост.
Дали може да ја искористиме дефиницијата на Соја за она што навистина се
случува денес со урбаноста на Скопје, процес кој може да го следиме уште од
парадигмите на модерната и функционализмот, низ кршење на традиционалните
врски, па сè до агресивната политизација на урбаното ткиво?

12 ПОРТА 31 август 2022


ГРАД ЗА ЛУѓЕ, НАСПРОТИ ЛУѓЕ ЗА ГРАД

м-р Иван МИРКОВСКИ, (партнер во градот каде дистанцата не е проблемот туку


архитектонско студио брзината со која таа дистанца треба да се
SUPERBLOCK.mk од Скопје) преброди. Линеарните градови на Мата
Фото: приватна архива на Мирковски целосно го редефинираа ткивото на
современиот град, брзо и бескомпромисно,
елацијата помеѓу модерната не само просторно туку и социолошки. Но

Р архитектура и социолошките
процеси кои се создаваат во
урбаното ткиво во периодот по
земјотресот од 1963 посочува
кон создавање нови контексти и поинакви
гледишта врз урбаното. Оваа релација се
појавува во контекст на постсоцијалистичкиот
токму во тој контекст, Доксијадис ги
толкуваше тенденциите на Сориа како
експеримент кој се контекстуализира само
како сегмент од град или пак на регион, не
земајќи ги предвид социолошките
импликации кои би настанале од провокација
на веќе етаблираното [социолошко] ткиво
град и создава тенденции за урбана (Doxiadis, 1967). Она што на почетокот на
трансформација во контекст на глобалните дваесеттиот век Сориа го постави како
процеси на урбаното реконфигурирање. социоекономски експеримент и со тоа го
Урбаната морфологија се јавува како клучен започна модернизирањето на Мадрид (иако
метод кој го отвора ова прашање. Техничко- Доксијадис не го третираше како мастер-
технолошките процеси од средината на план, туку како интервенција во постојна
дваесеттиот век се јавуваат како суштествени градска текстура) инспирираше ред други
за процесите кои агресивно ја менуваат негови современици кои ги поставија
градската текстура, а со тоа наметнуваат и темелите на линеарниот град на иднината,
прекројување на етаблираните социолошки францускиот архитект Тони Гарние и солидарноста, Скопје започна едно сосема
шеми. Понатаму низ текстот ќе се обидам неговиот концепт за индустрискиот град ново талкање низ балканска terra incognita.
некои од тие процеси да ги (Velazquez & Barajas, 2015) или екстензиите за Новите размислувања за градот на
контекстуализирам во склоп на Сталинград (денес Волгоград) на Николај почетокот на дваесеттиот век како
постземјотресно Скопје. Миљутин (Doxiadis, 1967). концептите на Доксијадис, Мата, Гарние и
Целата оваа синергија: постсоцијалистички Токму тие чинители се провлекуваат и Корбизије, кои во постиндустриската доба се
град наспроти агресивните промени во архитектонски се читаат во обидуваа да создадат урбана матрица
урбаниот контекст по земјотресот, создава реконтекстуализација на новото урбано ткиво дизајнирана за брзини од 90 километри на
своевиден социолошки проблем кој, овој на Скопје. Преку тие урбанистички час (Kay, 1997) се преточуваа низ сите
текст се обидува да заклучи, е производ на предизвици, линеарните екстензии кои урбанистички дискурси во тоа време.
нова типологија на промени, односно (очекувано) се појавија во мастер-планот на Квалитетот на градот прерасна токму во она
тектонски поместувања во физиолошкиот Доксијадис, кој меѓународниот консултативен што Мата го претскажа: во мерна единица за
простор на градот. Притоа се создадоа одбор во 1964 го посочи како главниот брзината на комуникација помеѓу местата на
комплексни морфолошки феномени кои не двигател на идното планирање на градот на интерес. Како контрапункт на сето ова, може
кореспондираат со локалниот контекст.
Латентни релации од времето на
модерната, фрагментарно се провлекуваат
во урбаното ткиво:
Архитектонските парадигми од средината
на дваесеттиот век кои преку постулатите на
CIAM (Congrès Internationaux d'Architecture
Moderne) се втемелуваат во текстурата и
социологијата на градот (Mumford, 2002), на
чело со Ле Корбизије поставуваат нови
функционалистички обрасци на градот на
иднината. Токму тие парадигми на модерниот
град кои започнуваат со урбанистичките
експерименти на Сориа И. Мата за Мадрид,
социоутопистичките градови-градини на
Ебенецер Хауард и Рајмонд Унвин (Steiner et
al., 2002), а прогресираат низ технократските
теории на Корбизје, Коста, Нимаер, Гидеон,
Доксијадис, Миљутин и други, го ставаат
градот над сè. Градот одненадеж прерасна во
ултимативна социополитичка машина која
преку top-down методот на планирање
брзопотезно се наметна и суптилно ги разби
етаблираните социокултуролошки чинители.
Артуро Сориа И. Мата со својот експеримент
во вистинско време го претскажа новиот град,
31 август 2022 ПОРТА 13
СкицизаСкопје- КензоТанге

да го толкуваме австрискиот урбан планер внатрешна деструкција на урбаното се случаи се успешни, но пак во други погубни.
Камило Зите кој уште во 1889 година манифестира(ше) и врз граѓаните, кои се Каде се денес врските со нашата
напишал: секојдневни сведоци на тие пуристички и непосредна околина?
„Мали кривини, искривени улички и рационални трансформации. Зите бил Индустриската револуција, која го
неправилности треба да бидат вештачки приемчив на ставот за практичност и придвижи функционализмот го доведе градот
вклучени во планирање на градот – да се рационализација, но исто така бил поборник под знак прашање со неговата
форсира спонтаноста, намерните незгоди во на ставот за дозволување изненадувања и трансформација во суперструктура која
планирањето. Но дали може незгодите на девијации во контекст на историски имаше за цел да воведе ред во органските
историјата низ столетијата да бидат оправдани потези. Во пишувањата на Зите процеси (оние кои останаа) на Камило Зите и
измислени и конструирани ex-novo во планот? доаѓаме до заклучоци кои го поистоветуваат на неговите следбеници. Социолошките
Дали некој и воопшто може вистински да естаблишментот и системот со досада и импликации кои настанаа од тие
ужива во вештачката природа на нештата и хибернација. Од тој контекст нарушување на трансформации беа предвесник за новото
наивноста? Сигурно не!“ системот би значело стимул, сè додека тоа не постмодерно време, повторното
Уметничките принципи на Камило Зите за е вештачки наметнато и создадено. Градската размислување на процесите кои од
создавањето јавен градски простор од крајот сценографија треба да е ултимативниот функционални имаа тенденција да се вратат
на деветнаесеттиот век и афирмирањето на простор во кој човекот, корисникот, се на своите органски корени, за кои Џакобс
италијанската средновековна плаза, останаа дефинира самиот себе како индивидуа. (Jacobs, 2004) и Сасен (Sassen, 1996) беа толку
само како ехо на новата планерска утопија Богдан Богдановиќ своевремено во едно вокални.
(Sitte, 1986). Камило Зите не беше романтичар интервју ќе каже: „Градот е сценографија на Во претходниот век, односно кон крајот на
туку вистински реалист. Во контекст на која секој граѓанин има право“. Ако ги третата урбана револуција која Едвард Соја
дивизија на парцелите и катастарот на градот, доведеме во релација принципите на Хаусер суптилно ја нарече состојба на колективна
предложил да се избегне механичката за развојот на индивидуалните свесност за модерната (Soja, 2000), градот се
апликација на праволинискиот и карактеристики (Hauser, 1982), преку врските престори во политички полигон и бојно поле
рационалниот систем со што би се земале кои ги градиме со другите индивидуи, тезата на социјалната нееднаквост. Дали може да
предвид постоечките поделби. Токму она што на Зите ја продолжува и надополнува оваа ја искористиме дефиницијата на Соја за она
на Скопје можеби и му недостасува и остана хипотеза со врските кои ги создаваме со што навистина се случува денес со урбаноста
како недоследност при неговото планирање нашата непосредна околина. Врските со на Скопје, процес кој може да го следиме
во шеесеттите. Регуларноста и градот треба да се изградат, но исто така уште од парадигмите на модерната и на
рационализацијата на поделбата на треба да се зачуваат, возобноват и развиваат. функционализмот, низ кршење на
земјиштето беше пред сè базирано на Секое пресекување на врските со градот традиционалните врски, па сè до агресивната
економските фактори на новите планови, но доведува до урбана tabula rasa и игнорирање политизација на урбаното ткиво?
придонесе до уништување на природната на особеностите, го остава градот ранлив на Градот отсекогаш бил привилегирана
естетика на градот. Во исто време, таа секаков тип експерименти кои во некои фигура на модерното општество, највисока

14 ПОРТА 31 август 2022


СкицизаСкопје-КензоТанге

форма на економијата и естетиката. Градот ренесансна игра како градот Сфорцинда на дискурс? Тргнувајќи од тој дуализам во
стана неприкосновен модел на економскиот и Филарет (Антонио Аверлино) и неговиот контекст на денешната пост-2014-состојба во
социјалниот развој, метафора за модерноста, трактат Trattato d’Architettura (Hub, 2012). која Скопје трага по сопствениот идентитет,
метафизичка реалност. Градот отсекогаш Размерот на градот се менува, релацијата политиката агресивно го презема и менува
претставувал мит, сказна, преку која го човек – град е сосема поинаква, можеби и наративот на архитектот филозоф. Овој
лоцираме нашето битисување во модерниот самата ренесанса со откривањето на витрувијанско-онтолошки пристап кон
свет. Во него пронаоѓаме нови божества и перспективата го начна тој еволутивен развој градското ткиво ги пропагира функционално-
нови митови, се спознаваме самите себе си на градската текстура. И токму кога човекот есенцијалните механизми, наспроти
на еден сосема поинаков начин, во заедница, создаде алатки за читање на својата тенденцијата на современите европски
учиме да се огледуваме во другите. Градот од непосредна околина, ја преведе во читлива и градови (Musterd & Ostendorf, 2008) да ја
друга страна претставува алегорија на препознатлива синтакса, односно во трансформираат архитектурата (и градот) во
кризата на модерноста толку јасна во физиолошки простор, доживеа припадност и социолошки и културолошки апарат, односно
речениците на Бодлиар, Бенџамин и Кафка. состојба на непосредност кон градот. Ја да создадат град за луѓе (Gehl, 2010),
Гебел во 1998 ќе напише: „Таква симулација создаде релацијата архитектура – град – наспроти луѓе за град. Филмот „Име без
на културолошката историја, која Бенџамин ја човек. Методолошки се поврза однесувањето град“ (Мирковски, 2008), социолошко-
поистоветува со молчеливото прифаќање на на луѓето со создавањето (и уништувањето) на урбанистичкиот наратив за реизградбата на
нихилизмот, понижувачките местото и просторот. Морфолошките Скопје по земјотресот од 1963 година,
сентименталности и баналности [и воедно] пристапи во контекст на преиспитување на работен врз текст на македонскиот современ
изразуваат просторно-халуцинаторни социолошките процеси на изградената писател и професор Ермис Лафазанофски
амбиенти во контекст на самотничкиот живот структура беа токму оној предвесник на вели:
на буржоазијата“ (Goebel, 1998). Оттука кохерентноста на архитектонската мисла. „Добро, ама каков град ќе изградиме?“ - се
градот не е само трогателeн наратив, Според Хегел, создавањето игра кардинална прашале градителите. Додека гледале ту кон
апокалиптичeн и полн сo носталгија, градот е улога. Идејата, односно апсолутното го исток, ту кон запад, ту кон север, ту југ, ту кон
место на туѓи и минати истории, јазици како создава светот додека пак природата го реката Вардар, ту кон планината Водно. Дали
и заборавени ментални мапи кои се создава човекот (Lefebvre, 1991). низок или пак висок, дали стокмен или
преклопуваат и рекомбинираат во поривот да Ова е лош урбанизам! растокмен, дали по мерка на луѓето што
отворат нови хоризонти, да запишат нови Кога го набљудуваме пристапот кон останаа под скиснатите платна или по мерка
ментални мапи. таканаречениот современ град во Македонија на градителите?“
Урбаната морфологија како метод се судираме со елементарна објективизација Распарчувањето на традиционалниот град
Силната урбана морфологија која остава на просторната генеза; Од каде? Како? Дали преку тенденциите на глобалните идеологии
отпечатоци врз историските текстури, од урбанизмот е продукт, дело создадено од од средината на дваесеттиот век, силно
третата урбана револуција па наваму, не е раката на занаетчијата или пак е состојба на влијаат врз интелектуалните парадигми и
повеќе наивна архитектонско-обликовна умот, метаформа, односно чист филозофски концепти преку кои дотогаш градот бил

31 август 2022 ПОРТА 15


СкицизаСкопје- КензоТанге

негуван. Дали градот е по мерка на луѓето е просторна артикулација во социолошки Рушењето на овие два мастодонтски
прашањето кое одекнува низ социолошките контекст се престорува во неуспешна (failed) станбени комплекси само неколку декади по
дискурси, кои градот се обидува да ги архитектура. Кој е тој катализатор на нивната изградба, поради неуспешноста на
наметне. Менувањето на функциите промени, кои од функционализмот на CIAM социоурбанистичкиот експеримент и
придонесе односно создаде состојби на создадоа социјално безредие во втората иднината на градот, архитектура која во
урбанистички празнини, создаде неместа во половина на дваесеттиот век? Како пример своето време била примена со восхит и
социопросторниот пејзаж (Augé, 1995). може да ги земеме архитектонските врвни награди го истакнува токму она за кое
Но човекот не сака да биде подучуван на достигнувања од педесеттите години на Мартин Хајдегер вели дека домувањето е
есенцијални работи, тоа низ декади дваесеттиот век: станбениот комплекс Прут есенцијална природна човекова активност
предизвикувало револт и незадоволство. Ајгое во Сент Луис, САД како и станбениот (Heidegger et al., 1971). Град за човек, не
Оттаму и архитектурата од функционално комплекс Кабрини Грин во Чикаго. човек за град! А човекот е битие кое
Во 1972 година Чарлс Џенкс во својот навистина тешко се подучува!
СкицизаСкопје- КензоТанге манифест ќе каже: Тука се судираме со еден вид просторна
„Имаме среќа дека може да го трансгресија која со себе носи сплет од
определиме точниот датум на смртта на други информации и особини, различни од
модерната архитектура. Не како смртта на оние на кои сме навикнати и на кои сме
една личност која претставува комплексен адаптирани. Токму таа трансгресија ја
однос помеѓу интеракцијата на срцето со гледаме како фактор кон неуспехот на
мозочните бранови, смртта на модерната модерната архитектура каде top-down
архитектура настапи со силен тресок! урбанизмот се наметна врз етаблираните
Фактот останува непроменет иако никој не е социолошки шеми. Грубо и апсурдно. Градот
виден да тагува или пак не многу луѓе беше (е) дел и носител на социолошката
насетија дека тоа се случило. Иако фелата структура, еден без друг тие не може да
сè уште се обидува да го администрира постојат, тие се неделиви конституенти на
таканаречениот бакнеж на живот, не значи една поголема форма на заедништво.
дека таа чудесно ќе ја воскресне. Скопје во 63-та беше разрушен за миг!
[Модерната архитектура] конечно исчезна Беше поставен пред една сосема поинаков
во 1972 [15 јули] по десет години остри tabula rasa процес, празен лист хартија, но
критики од страна на Џејн Џакобс.“ (Jencks, преполн очекувања и идеологии за кои
1977). градот на солидарноста требаше да биде
ПОРТА
отворен да ги прими на голема врата.
Случувањата во урбаниот дизајн од
средината на минатиот век нè потсетуваат и
се еден вид ехо на сето она за кое Скопје
сведочеше, теоретски, практично, но и
урбанио во целост. Се променија повеќе
наративи, некои од нив сосема поинакви од
мемориите кои беа запишани во текстурите
на изграденото. Беа аплицирани ad hoc без
притоа да се земат предвид импликациите
кои со себе ги носеа. Скопје беше еден вид
полигон на современите урбани планери и
остави плејада неодговорени прашања за
состојбите во кои ние го наследивме.
„Модерното буржоаско општество,
општество кое создаде гигантска продукција
и размена е исто како волшебник кој не
може повеќе да ја контролира својата моќ.“
(Marx & Engels, 2018) - ќе напишат Маркс и
Енгелс во својот манифест од 1848 година предупреди дека со разурнувањето на залекуваат своите рани.
каде агресивно ги препознаваме комплексот Прут Ајгое во 1972 година Најверојатно и Скопје во шеесеттите со
фаустовските потези на модернизмот историјата ја запечати модерната метаболистите во преден план, а
повлечени низ браздите на технолошката архитектура како завршена, експеримент кој Доксијадис како двигател ги предвиде
револуција. Ја отворија пандорината кутија нанесе огромни последици кои текот во политичките наративи кои допрва требаше
која така суптилно Парк ја начна, а Џакобс ја последната декада од новиот век, градовите да бидат дел од контекстуализацијата на
опеа во своите градски трактати (Jacobs, носители на техничко-технолошките процеси новиот балкански наратив.
1993) (Park, 1915). Не бадијала Џенкс нè како Манчестер и Детроит почнаа едвај да ги Како понатаму? n

ЛИТЕРАТУРА Take It Back. University of California Press.


Koolhaas, R. (1994). Delirious New York : a retroactive manifesto for Manhattan. The Monacelli
Augé, M. (1995). Non-Places - Introduction to an Anthropology of Supermodernity. Verso. Press.
Berman, M. (1988). All That ls Solid Melts into Air: The Experience of Modernity. Lefebvre, H. (1991). The Production of Space. Blackwell Publishers.
Birkhamshaw, A. J., & Whitehand, J. W. R. (2012). Conzenian urban morphology and the Lefebvre, H. (2003). The Urban Revolution. University of Minnesota Press.
character areas of planners and residents. Urban Design International, 17(1), 4–17. Lepetit, B. (1996). The city: framework, object, subject. Twenty years of french research in urban
Conzen, M. R. G. (1998). Apropos a sounder philosophical basis for urban morphology. Urban history. Archives of the Journal Investigation, 4/1996(city of social sciences), 11–34.
Morphology, 2(2), 113–114. Mach, E. (1976). Knowledge and Error - Sketches on the Psychology of Enquiry. In E. N. Hiebert
Corbusier, L. (1987). The City of To-morrow and Its Planning. In Kemampuan Koneksi Matematis (Ed.), Knowledge and Error. D. REIDEL PUBLISHING COMPANY.
(Tinjauan Terhadap Pendekatan Pembelajaran Savi) (Vol. 53, Issue 9). Dover Publications. Marx, K., & Engels, F. (2018). The Communist Manifesto (Y. Varoufakis (ed.)). Vintage.
Damien Mugavin. (1999). A philosophical Base For Urban Morphology. Urban Morphology, Mumford, E. (2002). CIAM and the Postwar World, 1939-19. In The CIAM Discourse on
3(2), 95–99. Urbanism, 1928-1960. MIT Press.
Dear, M. J. (1986). Postmodernism and planning. Environment Oncf Planning, 4(1), 367–384. Musterd, S., & Ostendorf, W. (2008). Integrated urban renewal in the Netherlands: A critical
Doxiadis, C. A. (1967). On Linear Cities. The Town Planning Review, 38(1), 35–42. appraisal. Urban Research and Practice, 1(1), 78–92.
Durkheim, E. (2013). The Rules of Sociological Method and Selected Texts on Sociology and its Noizet, H. (2009). Fabrique urbaine : a new concept in urban history and morphology (Vol. 13,
Method (S. Lukes (ed.); Second Edi). Palgrave Macmillan. Issue 1). Urban Morphology.
Gehl, J. (2010). Cities for people. Island Press. Norberg-Schulz, C. (1979). Genius Loci - Towards a phenomenology of architecture. Rizzoli.
Giedion, S. (1959). Space, time and architecture. In Charles Eliot Norton lectures 1938. Panofsky, I. (1993). Perspective as symbolic form. Zone Books.
Goebel, R. J. (1998). Paris, Capital of Modernity: Kafka and Benjamin. Monatshefte, 90(4), 445– Park, R. E. (1915). The Citiy: Suggestions for the Investigation of Human Behavior in the City
464. Environment. The American Journal of Sociology, XX(5), 577–612.
Hauser, A. (1982). The Sociology of Art. In The Cambridge Handbook of Sociology (Vol. 2). Rapoport, A. (1990). The meaning of the built environment. The University of Arizona Press.
Routledge. Sassen, S. (1996). Losing control?: Sovereignty in an age of globalization Cited by me. Columbia
Heidegger, M., Reichert, H. W., & Hofstadter, A. (1971). Poetry, Language, Thought. University Press.
HarperCollins Publishers Inc. /citations?view_op=view_citation&continue=/scholar%3Fhl%3Den%26start%3D160%26as_sdt
Howard, J. a. (2014). A Social Cognitive Conception of Social Structure. Social Psychology %3D0,5%26scilib%3D1&citilm=1&citation_for_view=UbJ61ZMAAAAJ:Xl6nMSl579sC&hl=
Quarterly, 57(3), 210–227. en&oi=p
Hub, B. (2012). Founding an ideal city in filarete’s libro architettonico (C. 1460). Intersections, Sitte, C. (1986). The Birth of Modern City Planning. Rizzoli.
22(January 2012), 17–57. Soja, E. W. (2000). Postmetropolis. Critical Studies of Cities and Regions. 230.
Jacobs, J. (1993). The Death and Life of Great American Cities. New York, 71, 458. Steiner, F. R., Thompson, G. F., Parsons, K. C., & Schuyler, D. (2002). From Garden City to green
Jacobs, J. (2004). Dark age ahead. In Public Administration Review (Vol. 66). L JACO City - The Legacy of Ebenezer Howard. The Johns Hopkins University Press.
Jencks, C. (1977). The language of post-modern architecture. Rizzoli. Velazquez, M. R., & Barajas, D. (2015). Ludwig Hilberseimer. Radical urbanism. Statewide
Kay, J. H. (1997). Asphalt Nation - How the Automobile Took Over America and How We Can Agricultural Land Use Baseline, 170–205.

ПОРТА
став

Убавина (во архитектурата) -


Едно нешто, кое не можеме да го произведуваме масовно, е убавата архитектура
(гледаме дека убави жени може масовно да се произведат). Како резултат на тоа,
убавата архитектура е многу преплатена и нагрната од туристи, а неколкуте
пријатни улици што останаа се поскапи отколку што биле во екот на
аристократската ера. Ја демократизиравме удобноста, а убавината ја направивме
ужасно ексклузивна

Невена ГЕОРГИЕВСКА, дипл. инж. арх. плочи над прозорците или скулптурални цвеќиња над вратата, се
обидувале да создадат симетрија на предната фасада или
erriam-Webster ја дефинира убавината како

M
прозорците да ги предвидат пропорционално помали на секој кат.
„квалитет на некој или на нешто, што им дава Дури и функцијата на објектот да била од практична природа, како
задоволство на сетилата или пријатно го аквадукт или фабрика, архитектите се стремеле да му дадат
воздигнува умот или духот“. Stendhal, пак, напишал: максимално пријатен изглед. Римјаните сфатиле дека системот за
„Убавината е ветување за среќа“. А среќата е една иригација може да биде убав како храм, рановикторијанците сметале
од нашите основни човечки потреби. дека дури и фабрика може да има некои од естетските својства на
Кога Alex Ferguson во 2002 изјави дека го тренира најдобриот елегантните куќи, а миланците знаеле дека шопинг-галеријата може
фудбалски тим на светот (Manchester United), Arsène Wenger, тренерот да носи некои од амбициите на катедралите.
на Арсенал одговори: „Сите мислат дека ја имаат најубавата сопруга На почетокот ова личело многу освежувачки. Но, во 19-тиот век се
дома“. И покрај неговиот мачо став, менаџерот на Арсенал го посочува изградиле толку многу декорирани градби што импулсот на
парадоксот во срцето на секоја колективна идеја за убавина. разубавување достигнал декадентен стадиум. А многу рани
Убавината, како и свеста, тешко се дефинира. Но, како и свеста, модернистички згради, особено оние за богатите, биле посебно
таа има две карактеристики за кои повеќето, ако не и сите, се
согласни: прво, сите луѓе се способни да ја доживеат и второ,
искуството од тоа доживување е многу субјективно. Последново е
особено интересно, па дури има и една стара поговорка од римско
време: De gustibus non est disputandum (за вкусот не се расправа).
Таа корисна мала поговорка, од една страна служи да ја задуши
секоја дискусија по прашањата на вкусот, а од друга делува како штит
на сите оние кои свесно или несвесно ја жртвуваат убавината за
други цели. Особено оние кои не се способни да примат критика.

ВОЈНА ПРОТИВ „УБАВИНАТА“


Со почетоците на градежништвото, било јасно дека задачата на
архитектот не е само да го направи објектот функционален, туку и
убав. Во име на убавината, архитектите додавале ленти од обоени Аквадукт – Скопје
18 ПОРТА 31 август 2022
АРхИТЕКТИТЕ ТРЕБА ДА НАМЕТНУВААТ ВКУС НАМЕСТО ДА СЕ ПОТПИРААТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ жЕЛБИ

Не, не е луксуз, туку неопходност!


елегантни. Во нив се чувствувало нешто ново, прочистувачки - како А инвеститорите? Поради зборовите на мајсторите на модерната,
јадење киви после големи порции чоколадна торта. Се чинеше дека очигледно ништо не можело да се стори за да бидат обвинети за
прогласот: „формата треба да ја следи функцијата“, ќе лансира низ прекршување на нивната работа. Концептот за убавина бил
светот еден исклучително атрактивен нов вид архитектура. претставен како старомоден, мирисал елитистички, волнено. Никој
За жал, сонот брзо станал горчлив. Инвеститорите се израдувале кога повеќе не можел да се жали дека убавината му недостасува на светот,
разбрале дека уметничката авангарда промовира концепт на а тоа да не звучи меко. Модерната стана грда затоа што заборави да
функционализам. Со високо издигнати веѓи им биле одобрени долови дека убавината му е исто толку потребна на еден објект, колку
најзлобните мотиви. Прекрасно! Немало повеќе потреба да трошат пари и функционалниот покрив.
за ништо поврзано со убавина. И сето тоа што е можно побрзо, поевтино За социјалистите во 20 век, абдицирањето на декоративните
(и погрдо). За кратко време, она што почнало како интересна идеја, елементи и традиционалните форми изгледало како природен
станало оправдување за изградба на огромни предградија и бизнис- производ на револуционерниот дух на едноставност, солидарност и
квартови, без и најмал привид на шарм. Конечно, тоа го советувале и пожртвуваност. Но, на сметка на социјалистите, се испоставило дека
многу големи умови на архитектурата. Но, тие не беа сосема искрени. оваа опседнатост со минимализмот е исто така уникатно
Можеби декларираа дека сè што ги интересира е „функција“, но во компатибилна со мизерниот култ на капитализмот, ефикасноста,
реалноста, големите, како Le Corbusier или Mies van der Rohe, се мачеа за односно, секој долар потрошен на накитени столбови или витражи од
секој елемент од нивната зграда. Тие, тајно, беа заинтересирани за рози требало да донесе поврат на инвестицијата. И бидејќи може да
визуелниот шарм, како и нивните претходници. Сакаа да предизвикаат се гарантира дека во таквите разубавувања речиси и да нема поврат
возбуда, претставувајќи се како чисти, ригорозни, инженерски типови, а на инвестицијата, тие морале да заминат во историјата.
тие, цело време, останаа уметници. Кажете ми дека нема убавина (само Историски, религиозната архитектура најмногу се занимавала со
функција) во хотелот Punta Tragara, на островот Капри во Италија! убавината заради убавина: колку повеќе време се троши за елегантно
„Сместена во волшебниот дел од островот, каде џагорот од Piazzetta-та украсување на катедралата, толку повеќе таа ја извршува замислената
ѝ се предава на тивката убавина на природата, вилата речиси се издига функција за славење на Бога, додека колку повеќе се троши за
од самата карпа како „архитектонски цвет“. Со овие зборови Le Corbusier украсување деловен објект, толку помалку пари остануваат за
опишува една од иконите на модернистичката архитектура - вилата инвеститорот. Но, настрана Божјата слава, што е со најобичната
Vismara, која ја создал во 1920 година за ломбардискиот инженер Emilio човечка среќа? Според анкетите, луѓето повеќе ги претпочитаат
Errico Vismara на спектакуларниот гребен Пунта Трагара. постарите згради отколку повоените. Многу малку повоени градби
влегуваат во листата на убави згради.
Да можат нашите предци од пред 250 години да ги видат нашите
денешни градови, сигурно ќе се изненадат од денешната технологија,
ќе бидат импресионирани од нашето богатство, вџашени од нашиот
медицински напредок и шокирани од ужасите што успеавме да ги
изградиме. Светот, кој во многу аспекти е многу понапреден од оној
од минатото, успеа, за жал, да создаде урбани средини многу
повознемирувачки, похаотични и поневкусни од сè што човештвото
некогаш знаело. Невиден ПАРАДОКС!

И ОНАКА НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО Е УБАВО


„Грдоста“ на современиот свет почива и на друга интелектуална
грешка: идејата дека никој не знае што е привлечно во архитектурата.
Во предмодерниот свет, нашироко се претпоставувало дека
постојат прецизни правила за тоа што ги прави зградите убави. На
Запад, тие правила биле кодифицирани во доктрина, позната како
„класицизам“. Креиран од Грците, проширен од Римјаните,
класицизмот дефинирал како треба да изгледаат елегантните згради
повеќе од 1.500 години. Препознатливите класични форми биле
присутни низ целиот Запад.
Но, постепено избило еден вид учтиво несогласување и некои луѓе
почнале да прават објекти и во други стилови, на пример готски.
Други внесувале детали од исламската архитектура или поддржувале
кинески или тајландски стилови. Разновидни објекти почнале да се
појавуваат, и заедно со нив и дебати за тоа како е најдобро да се
гради.
Со текот на времето, дебатите биле решени на интелектуално,
исклучително респектабилен начин и тоа предизвикало одредени,
исклучително лоши практични последици. Било одлучено дека, во
однос на визуелниот вкус, никој навистина не може да победи во
Хотел Punta Tragara, Capri – Италија расправијата. Сите вкусови заслужуваат слух, нема такво нешто како
31 август 2022 ПОРТА 19
објективен стандард. Атрактивноста во архитектурата се дефинирала го користат етаблираните архитекти денес, збор за кој Alexander
како повеќеслојна и субјективна појава. Уште еднаш музика за ушите верува дека го отелотворува природниот поредок на нештата.
на инвеститорите. Одеднаш, никој не смеел да опише зграда како Alexander ги поврзува наодите од еволутивната биологија со
„грда“. Впрочем, вкусот е субјективен. Вам и на вашите пријатели архитектурата, преку дискусија за неопходност од убавина во
можеби не ви се допаѓа новата населба (дури и на демократското биосферата: „Еволутивниот развој ни овозможи да преживееме и да
мнозинство би можело да му се гади), но тоа е само лична проценка, а напредуваме токму со усвојување специфична склоност кон убави
не некој вид важен закон, што треба да се почитува. нешта. Ова денес се препознава во развојната дисциплина
Градовите станувале сè погрди, но никој не смеел да каже дека „биофилија“ или љубов кон живите суштества и нивните структури.“
постои нешто „грдо“. На крајот на краиштата, не ли е вкусот за Едно од фасцинантните откритија коишто ги споделуваат
убавина само лична работа? биолозите и истражувачите на мозокот е сознанието дека местата и
специфичните карактеристики на околината придонесуваат за
ЕВОЛУЦИЈА И УБАВИНА развојот на „естетските“ особини на организмот. Можеби затоа се
верува дека Италијанците се мајстори за дизајн - затоа што живеат во
убави градови, во околина која ги вдахнува да го развијат чувството за
убавина.

За оние кои ја следат науката, зборот убавина многу често се


појавува кај еволутивните биолози. Се чини дека птиците, жабите и
другите организми имаат вградено естетско чувство, кое го олеснува Alberobello - Италија
размножувањето. Како животните можат да имаат чувство за
„естетика“? Орнитологот од Yale, David Prum, верува дека
суштествата, како што се машките птици, ги привлекуваат женките со
разработен ритуал на парење, во кои тие ги користат нивните
блескаво обоени пердуви. Како и многу набљудувачи на птици и Prum
е маѓепсан од убавината. Но, за каква цел служи таа убавина? Според
Prum, таа, горе-долу, служи за заведување на женката. Наместо
порака за физичката кондиција и „добрите гени“ на мажјакот, овaa
убавина постои за да ја задоволи женката. Она што на женските
птици им е допадливо, тие тоа и го избираат. Prum тврди дека постои
еволутивна историја на индиции коишто ни покажуваат дека овие
птици сакаат убави нешта. Нивното субјективно чувство е она што го
води нивниот избор на партнер.
Обидот да се разберат последиците од сетилните светови на
животните, всушност е предизвик за науката повеќе од еден век да се
разбере постоењето и влијанието на убавината и убавото во
секојдневниот живот. Постои интензивен интерес за она што се Рим - Италија
нарекува „невроестетика“ во полето на когнитивната наука. Долги
години, уметноста, музиката и архитектурата добиваат внимание од МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
невронаучниците при испитувањето на капацитетот на мозокот да го Дали убавината во архитектурата може да го храни емотивниот дел
разбере светот преку сетилата, користејќи ја околината како дел од на човечкиот мозок? Semir Zeki, професор по невроестетика на
процесот на размислување. Некои веруваат, како што тоа го прави Универзитетскиот колеџ во Лондон тврди дека ДА. И понатаму,
Prum, дека убавината на околината и меѓу луѓето е неопходна за сугерира дека убавината треба да биде квалитет на сите згради и
опстанокот и здравјето на хомо сапиенсот, исто како и кај другите дека човештвото има способност да ја препознае оваа убавина.
членови на животинското царство. Згора на тоа, естетското ценење Почитувањето на убавината, без разлика каде ќе ja најдеме, е
на убавината е цврсто поврзано во нашиот мозок, а не со окото, како вградена во нашиот мозок. Естетското уживање, искуството од
што нè учеа. убавината, обезбедува важна функција за мозокот сама по себе.
Во Неапол постои архитектонско училиште наречено „Градење Semir Zeki вели дека перцепцијата на убавина во околината „не е
убавина“, водено од ученици Christopher Alexander, поранешен луксуз, туку суштинска состојка во негување на емоционалниот
професор не Беркли. Името намерно се повикува на збор што ретко мозок.“ Овие феномени, според Зеки, се вкоренети во еволуцијата на
20 ПОРТА 31 август 2022
нашиот мозок: „Математичките принципи на симетрија, хармонија и квалитетот на средината: видот на ѕидовите, столовите, зградите и
пропорција... се дел од когнитивниот апарат на сите мозоци“ и овие улиците со кои сме опкружени. А сепак грижата за архитектурата и
принципи „треба да се почитуваат“ со цел структурата, како што е на дизајнот најчесто се опишува како несериозна, дури и самопопустлива.
пример зградата или човечкото лице, да биде сфатена како убава. Местото каде што се наоѓаме силно влијае на тоа кои можеме да бидеме.
А ние заборавивме да реагираме дека грижата за визуелното Задача на архитектурата е да стои како елоквентен потсетник за нашиот
царство не е елитна забава: таа му припаѓа на менталното здравје на целосен потенцијал.“ Зградите на кои им се восхитуваме се, конечно
сите, зашто местата во кои живееме одредуваат каков вид на луѓе оние, кои на различен начин ги возвишуваат вредностите за кои мислиме
можеме да бидеме. Во деградирана средина, колку и да се безбедни дека навистина вредат – кои, без разлика дали преку материјали, форми
и богати нашите материјални животи, нашиот дух ќе потоне. Ние го или бои, се однесуваат на легендарните позитивни квалитети како
преземаме она за што „зборуваат“ зградите околу нас. Ако зборуваат пријателство, љубезност, суптилност, сила и интелигенција. Нашето
за благодат и шарм, љубезност и светлина, нашето расположение ќе чувство за убавина и нашето разбирање за добар живот се
биде раздвижено. Ако нè загрозуваат и заплашуваат, ќе се испреплетени“. (De Botton, Alain, The Architecture of Happiness)
чувствуваме понижени и омаловажени. Убавината на градот e Германскиот психолог Rudolf Arnheim побарал од студентите да
поврзанa со создавањето среќен град. нацртаат добар и лош брак користејќи само линии. Еден цртеж со мазни
Порано, охрабрувачка претпоставка беше дека, парите на крајот ќе облини отсликува мирен тек на љубовната заедница, а друг, со насилни
обезбедат убавина за сите, со понизно извинување, но не може да ја вртливи шпицови прикажува саркастично помирување и треснати врати.
обвинуваме сиромаштијата за грдиот свет што го изградивме. А Во ренесансата, архитектите се сметале за арбитри на убавината.
имавме мрачна лекција дека она што создава добра архитектура се Денес, јавноста често ги доведува во прашање концептите за убавина
разумните идеи и дека ние изградивме грд свет од глупост, а не од на архитектите и дизајнерите. Во времето на Платон, убавината се
недостаток на ресурси. Тоа е глупост за која плаќаме многу скапо. сметала за објективна и постоеле правила и наредби што ја
Глупата книга може да се стави на полица и да не вознемирува уредувале. Дури и Le Corbusier зборувал за класичниот поим за
никого. Но, глупата зграда ќе ја обезличи земјата и ќе ги вознемирува убавина. „Архитектот, со неговите аранжмани на разни форми,
сите што ќе мора да ја гледаат следните 300 години. Архитектурата е, создава стил кој е чиста креација на неговиот дух. Преку формите и
само врз основа на ова, најважната уметност (за да се наметне облиците, тој влијае на нашите сетила до степен на акутност и
проблемот понатаму), онаа за која никогаш ништо не сме учеле во предизвикува пластични емоции. Креирајќи релации, тој во нас
училиште. Во недостиг на образование, ние не бараме одговорност создава длабоко ехо, ни презентира мерка на еден ред за кој ние
од нашите влади. Не знаеме како политички да ја артикулираме чувствуваме дека е во согласност со нашиот свет, ги одредува
нашата одвратност кон грдотијата. Научени сме како да кажеме дека различните движења на нашето срце и нашето разбирање. Тогаш
сакаме побогат свет, поправеден свет, дури и позелен свет. Но, сè доживуваме чувство на убавина“.
уште се сопнуваме да кажеме дека ние, очајно, сакаме и поубав свет, Вообичаените маркери за среќа се колоквијално познати како
во вистинска смисла на зборот. „големата седумка“: богатство (особено во споредба со оние околу
Ветувањето на модерната беше дека ќе ги направи најважните вас), семејни односи, кариера, пријатели, здравје, слобода и лични
работи достапни, евтини за сите: прекрасната храна или облека, вредности. Но, според студијата на Abraham Goldberg, професор на
празниците или лековите повеќе немаше да бидат привилегија на Универзитетот во Јужна Каролина и неговиот тим, спроведена со
богатите. Индустриската технологија требаше да отвори квалитет за статистичка анализа на среќата во Њујорк, Лондон, Париз, Торонто и
секого. Но, парадоксално, една клучна состојка по која сите Берлин, сепак, она што ги прави луѓето среќни не е ни во големата
копнееме стана поексклузивна од кога и да е преку нашата седумка. Наместо тоа, среќата најлесно се постигнува со живеење во
неспособност да размислуваме јасно. Едно нешто, кое не можеме да естетски убав град. Работите со кои луѓето постојано се опкружени -
го произведуваме масовно, е убавата архитектура (гледаме дека прекрасна архитектура, историја, зелени површини, улици со калдрма,
убави жени може масовно да се произведат). Како резултат на тоа, имаат најголем ефект врз нивната среќа. Кумулативните позитивни
убавата архитектура е многу преплатена и нагрната од туристи, а ефекти на секојдневната убавина делуваат суптилно, но силно.
неколкуте пријатни улици што останаа се поскапи отколку што биле
во екот на аристократската ера. Ја демократизиравме удобноста, а ДАЛИ Е УБАВИНАТА УНИВЕРЗАЛНА?
убавината ја направивме ужасно ексклузивна. Различни култури имаат различни поими за убавина. Реално, ваби-
саби нуди сосема поинаков поим за убавина од арапските
УБАВИНАТА И СРЕќАТА геометриски обрасци. (Wikipedia: Во традиционалната јапонска
За градбата да биде добра, мора да е убава. Зошто? Затоа што естетика, ваби-саби 侘寂 ... естетиката се опишува како почитување
убавината во архитектурата ни носи радост и среќа. Една од на убавина која е несовршена, непостојана и нецелосна по природа.
најголемите, но често неспомнати причини, и за среќа и за мизерија, е Тоа е концепт изведен од будистичкото учење. – Слободен превод)

Bond Street - Лондон Ryonaji Temple – Јапонија

ПОРТА
А многу од уметноста и архитектурата низ целиот свет обезбедува Невробиолошкиот одговор на прашањето на Bell покажува дека
универзална привлечност. На пример, во катедралата Notre Dame естетското расудување навистина може да се квантифицира. Новите
лесно може да се заљуби хиндуско семејство, без воопшто да биде наоди се однесуваат и на долгогодишните прашања во филозофијата
запознаено со нејзиното културно или религиозно значење. Taj Mahal на естетиката, како што се: Дали искуството на убавината е културно
и статуата на David зрачат со голема возвишеност кај луѓе од сите детерминирано или нешто ѝ должи и на биологијата? Зошто
сфери на животот. Што е тоа во уметноста и архитектурата што вообичаено инвестираме во убави луѓе со морални квалитети (што не
предизвикува такво задоволство и популарност? значи дека тие ги поседуваат)? За што воопшто служи убавината?
Французите имаат израз: chacun à son goût, што значи: секој по
својот вкус. Ова може да се однесува на разни работи, од облека и
автомобили до избор на интимни пријатели и служи како изводлив
начин да се отфрли разликата во мислењата.
Дали субјективното искуство од убавина што води до желба, може
да се поврзе со одредена област на мозокот? Во говорот
„Невробиологија на убавината“ на TED Talk, Semir Zeki, ги презентира
наодите добиени од експерименти кои користат различни визуелни
стимули („Grande Odalisque“ на Jean-Auguste-Dominique Ingres и
„Benefits Supervisor Sleeping“ на Lucian Freud), во неговата потрага да
најде единствена, основна карактеристика на искуството од
убавината, онаа која е независна од културата, образованието и
етничкото потекло.
Museum of the Future - Дубаи

Grande Odalisque - Jean-Auguste- Benefits Supervisor Sleeping -


Dominique Ingres Lucian Freud

„Ако ги прашате луѓето за сликите на Ingres и Freud, тие би рекле


дека едната е убава, а другата грда. Ако прашате експерт за уметност
или уметник, тие би рекле дека и двајцата имаат мајсторски сликарски
Alhambra – Шпанија квалитети. Но, прашањето што го поставуваме не е за уметност.
Прашањето е за искуството од убавината.“ …„Во нашите студии,
Нашите вкусови и дефиниции за убавина се менуваат и како одговор откривме дека секогаш кога субјектите ја доживуваат убавината, без
на влијанијата од други култури, но и со текот на времето, како одговор разлика дали тоа е од музички или од визуелен извор, искуството е во
на промените во нашето сопствено општество. Според историчарот корелација со активноста во mOFC (медијален орбитофронтален
Wilhelm Worringer, во текот на човечката историја, општествата кортекс). Во таа смисла, квалитетот на убавината не мора да биде
осцилирале помеѓу претпочитањето на апстрактна и реалистична поврзан со некој конкретен медиум. Ако искусите лице или вазна како
уметност и тие приоритети се менувале според тоа што им недостигало убаво, ќе добиете активност во mOFC“. Фактот дека нашиот мозок е
на самите општества. Апстрактната уметност, проткаена со хармонија, суштински „поврзан за убавината“ е важен, за да ни покаже дека
тишина и ритам, им се допаѓа главно на општествата кои копнеат по доживувањето убавина во нашите животи не само што не е
смиреност. Во општества во кои законот и редот се измешани, се несериозно, туку навистина е важно и всушност може да ни помогне
менуваат идеологии, и чувството на физичка опасност е надополнето со да се излечиме од која било слабост. Ако сте нерасположени и ви
морална и духовна конфузија. Наспроти турбулентната заднина, недостига наплив на допамин? Грабнете пријател, излезете,
жителите се вртат кон она што Worringer го нарече „огромна потреба за прошетајте, одете во музеј, галерија или концерт! Дајте си убавина!
спокојство“ и така, поимот за убаво сочинува апстрактни кубуси со
правилни обрасци или минимализам. Во дваесет и првиот век, во ерата ЗБОРОТ НА „У“
на инстант комуникација, политички превирања и климатски катастрофи, Зборот „убав“ го користиме секојдневно за да го опишеме она што
оваа потреба за спокојство и опуштеност, се чини уште поважна. го сакаме, а тоа важи и за архитектите. Можеби вие не мислите така, но
секој архитект се стреми да направи нешто убаво, да создаде некаков
НЕВРОБИОЛОГИЈА НА УБАВИНАТА вид визуелно задоволство во својата работа. Ако не уживате во некој
Во својата книга „Уметност“ (1914), англискиот ликовен критичар објект, тоа не е затоа што архитектот е злобен и не сака да направи
Clive Bell, прашува: Што е заедничко за сѐ она што буди естетската нешто добро, туку затоа што тој поинаку гледа на убавината од вас.
емоција? Ниту тој, ниту неговите наследници не дадоа одговор, но Архитектурата е единствената вистинска јавна форма на уметност.
прашањето е доволно инспиративно за истражувања кај Сите други видови на уметност постојат во наменет простор. Сликите
невробиолозите. Нивниот одговор е дека искуството од убавината, ги красат ѕидовите во галериите, во кои можеме да избереме да
без оглед на нејзиниот извор (т.е. дали е визуелно, музичко, морално влеземе или не, исто како што можеме да избереме да носиме
или математички) е во корелација со активност во дел од емотивниот реплики дома со нас; музиката не е константна, таа мора да се свири
мозок. И, интензитетот на таа активност е пропорционален на за да биде ценета и, од почит кон другите, го ограничуваме
декларираниот интензитет на искуството од убавината. уживањето во нашата музика на нашите простори, било да е тоа во
22 ПОРТА 31 август 2022
заедница на концерт или сами во нашите спални соби; телевизијата и важност е како човечкото тело го ангажира просторот. Човечкото тело се
филмот се многу слични, а театарските претстави уште повеќе. движи, гледа, мириса, допира, слуша, па дури и го вкусува во просторот,
Peter Eisenman (американски архитект) сугерира дека ако се потпреме бидејќи така архитектурата оживува. Доказ за ова е нашиот постојан порив
на јавниот вкус за музика, сите ќе го слушаме Mantovani наместо Beethoven за патувања во „убави места“, „убави градови“.
и го користи ова како доказ дека архитектите треба да наметнуваат вкус
наместо да се потпираат на демократските желби. Зошто верувањето дека Den Blå Planet, Danish National Aquarium
уметноста треба да биде „демократска“ го носи феноменот на Thomas
Kinkade (американски сликар, кој својата слава ја стекна со мас-продукција
на печатени репродукции). Ако го споредиме јавниот вкус со обемот на
продажба, Kinkade би бил најголемиот уметник во светот, Taylor Swift би
била најдобриот музичар, а серијата Transformers најдоброто од кино-
продукцијата. (Тука ќе застанам и нема да земам примери од нашето
поднебје, заради почит кон убавината.)
А има и друга вистина: дека интелектуалците премногу брзо ја
отпишуваат јавноста како глупава и неспособна да одлучува за работите
сама. Има многу случаи, кога ќе се појави нешто навистина големо јавноста
има совршена способност да го препознае. Драмите на Shakespeare, на
пример, постојано се неверојатно популарни и покрај тоа што се сложени
и интелектуални дела. Доволно се достапни за да бидат сакани и ценети
нашироко, но и доволно длабоки за да понудат храна за вековни
размислувања и анализи. На ист начин, на масите им се допаѓаат, на
пример, готските катедрали и персиските џамии, кои се неверојатно
сложени уметнички дела.
Но, луѓето кои го мразат Beethoven не се обврзани да го слушаат од 9
до 5 часот секој работен ден, луѓето кои ги мразат Transformers-ите не
Nyhavn canal
мора да ги гледаат секоја вечер. Aрхитектурата, пак, е различна од другите
форми на уметност. Кога станува збор за архитектура, речиси е
невозможно луѓето едноставно да ги избегнуваат работите што ги мразат и
да ги бараат работите што им се допаѓаат. Физичката средина во која
живееме и работиме е сеприсутна и неизбежна. Архитектурата постои
насекаде околу нас цело време. Кога одиме по улица, опкружени сме со
архитектура. Всушност, самото постоење на улица е креација на
архитектурата. Последователно, кога ги гледаме зградите, сакаме тие да
нѐ натераат да се чувствуваме добредојдени. Зградите едноставно се тука,
Opera House - Копенхаген, Данска
и ако на пример домот сме го одбрале според наш вкус, тогаш мораме,
одејќи накај работа, да поминеме покрај зградите што не ни се допаѓаат, Копенхаген постојано е именуван како еден од најодржливите,
па често го менуваме и патот, опишувајќи го како „неубав“ или најпогодни за живеење и најсреќните градови на планетата. Синоним за
престојуваме 8 часа на работа, во објект кој е едноставно „грд“. прекрасна архитектура и модел на урбан дизајн ориентиран кон луѓето.
Архитектурата се доживува, сакале ние или не. Околинaтa со коja сме Професионалците кои го обликуваат Копенхаген се барани низ светот.
опкружени има моќ да ги обликува нашите мисли и емоции. Луѓето, кои се Од елегантната архитектура на пристаништето, до приоритет на
опколени од сите страни со грдост, често се несреќни без да знаат зошто. велосипедите пред автомобилите, Копенхаген нуди прагматични, но
Ако живеете или работите во место кое е отсечено од светлина, природа, сепак шик решенија за урбаните предизвици од 21 век. Скандинавскиот
боја и можност за редовна комуникација со други луѓе, лесно ќе станете дизајн се фокусира на едноставни линии и светли простори, без неред.
очајни, осамени и депресивни. Тој се карактеризира со минимален, чист пристап кој ја комбинира
Среќата најлесно се постигнува со живеење во естетски убав град. функционалноста со убавината.
Работите со кои луѓето постојано се опкружени: прекрасната архитектура, Во објавата за ТОП 10 НАЈУБАВИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ за 2022 се
историјата, зелените површини, улиците со калдрма, имаат најголем ефект вели: „Ви треба инспирација за патување? Не можете да одлучите каде
врз среќата на луѓето. да одите? Што велите за еден од најубавите градови во светот? Ако
Искусувањето убавина е фундаментално за она што сите нас нè прави барате дестинација со урбани задоволства, но и со природна и
луѓе. Можеме да најдеме убавина во различни работи во различно време. вештачка убавина, размислете за еден од градовите подолу. Тие нудат
Сепак, радоста која се наоѓа во околината, во архитектонскиот простор и комбинација на прекрасна архитектура и глетки што го одземаат здивот,
форма, е универзална. Ако искусувањето убавина го зголемува здравјето уметност и природа во совршена хармонија. Ако сакате да направите
на луѓето и последователно и благосостојбата на општеството, тогаш листа на топ места што треба да ги видите пред да умрете, започнете со
УБАВИНАТА НЕ Е ЛУКСУЗ, туку суштинска состојка во негувањето на овие прекрасни градови: Венеција, Париз, Прага, Лисабон, Рио де
емоционалниот мозок. Жанеиро, Амстердам, Фиренца, Рим, Будимпешта, Бриж.“
Убавината во архитектурата е повеќеслојна. Да се ограничи убавината Убавината не е политичка или идеолошка. Таа е поврзана со нашиот
на визуелна привлечност е потрага без визија и просторот ќе испорача развој како вид и секогаш ќе биде витална грижа за оние кои сакаат
неуспех. Нашата улога како архитекти е да ја откриеме убавината на нашето општество да биде праведно, еднакво и вистинољубиво, што,
просторот. Да го истражиме. Да го врамиме, обвиеме. Да го подобриме. Да ДА, е убаво да се доживее. John Keats и Friedrich Schiller (англиски
го поправиме ако е срушен. И да го зачуваме ако е загрозен. Архитектот романтичари) не згрешиле пишувајќи за неопходната врска меѓу
мора да дејствува како композитор кој, преку сетилата, го оркестрира работите за кои веруваме дека се основни за нашето човештво, а една
просторот со синхронизација на функција и убавина. А од примарна од нив започнува со „У“. n
31 август 2022 ПОРТА 23
архитектура СОВРЕМЕНА ВИЛА НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО

Чистина во изразот

Главен принцип при


проектирањето е
создавање близок
контакт со
надворешноста, дворот и
зеленилото. Ова е
постигнато со одлуката
објектот да лежи
директно на котата на
теренот, па на овој спој,
големи стаклени платна
формираат
транспарентна визуелна
граница помеѓу
ентериерот и екстериерот
24 ПОРТА 31 август 2022
Марија ДИМИТРИЕВСКА, дипл. инж. арх

а се дејствува и гради во веќе

Д изграден контекст претставува


одговор и реакција на
околината, стремеж за
воздигнување на функцијата и
нејзиниот естетски израз.
Во таа смисла, проектирањето на овој објект
за индивидуално домување претставуваше
процес каде потребите и барањата на
корисникот беа апстрахирани во
архитектонска визија на јасна идеја која
интерпретира варијанта на современа вила во
природа.
Лоцирана во новооформена викенд-населба
на Велешкото Езеро „Младост“, оваа вила е
реализирана како долга (инфра)структура
поставена на северниот дел од раскошна
зелена парцела.
Овој приземен објект е составен од
различни волумени кои создаваат посебен
однос како со теренот, така и помеѓу себе. На
овој начин се постигнува динамика во
композицијата, но и различни амбиенти во
внатрешниот простор.
Хоризонталната диспозиција овозможува
нижење на програмата во секвенци, целосно
обмислена според потребите на корисникот.
Главен принцип при проектирањето е
создавање близок контакт со надворешноста,
дворот и зеленилото. Ова е постигнато со
одлуката објектот да лежи директно на котата
на теренот, па на овој спој, големи стаклени
платна формираат транспарентна визуелна
граница помеѓу ентериерот и екстериерот.

ПОРТА
Проектантско биро: Архитектура нова
Година: 2020 - 2022
Површина: 425 m2
Автори: Марија Димитриевска, дипл.
инж. арх. , Елена Пазарџиевска, дипл.
инж. арх.
Локација: Населба на Велешко Езеро
Инвеститор: Приватен
Фотографии: Борис Јурмовски,
дипл. инж. арх.

ПОРТА
„Патувањето“ низ објектот се случува низ
подолжен „коридор“,правец, кој нè носи во
различни сегменти. Главниот, формален влез
на објектот е дискретно поставен на источната
фасада, оформен како тенок, а висок шлиц од
црна (дематеријализирана) врата со тенко
стаклено платно за визуелна комуникација. На
северната фасада се организирани
помошните простории, додека кон југ се
сместени главните простори за одмор и дневен
престој. Оваа поставеност се чита и преку
обликувањето на фасадите, па така, јужната
фасада кон дворот е скоро целосно
застаклена, додека северната фасада кон
улицата е полна и тивка. Источниот волумен ја
содржи главната спална соба со засебна
бања, како и сите потребни помошни
простории организирани околу влезот во
објектот. Главниот, највисок волумен е простор
каде се случува дневниот престој. Овој простор
има своја екстензија кон надворешноста, каде
се оформува платформа која завршува со
долгнавест базен. Базенот е дизајниран како
интегрален дел од објектот, конструктивно и
програмски. Во централниот волумен фокална
точка претставува каминот, поставен слободно
во просторот на позиција која овозможува да
се одвои посебен дел за рекреација каде е
поставена маса за билјард. На северната
страна е организирана кујната како отворен
концепт со централен остров, понатаму
библиотека и бар, сауна и мала вежбална како
продолжение на рекреативната зона.
Волуменот на западниот крај е физички
одвоен со продор (прекин) во целината,
наткриен со бетонски перголи. Овој волумен

ПОРТА
содржи два апартмани, исполнети со опрема
која овозможува нивно функционирање како
независни целини.
Гаражата со помошни простории е
обликувана како засебен објект, физички
одвоена од куќата и поставена на поголема
оддалеченост, оставајќи простор за „ритуално“
влегување преку цветна градина.
Конструктивно, објектот е обмислен во
безгредов систем од столбови и хоризонтални
рамнини. Специфични елементи се подвоените
бетонски столбови кои се решени
скулптурално, со намера да се одземе дел од
нивната маса за да добијат прозрачност и
леснотија.
Ентериерното обликување и
материјализацијата во објектот ја отсликува
архитектурата, па преовладува израз со чисти
линии и природни материјали. Мебелот е
конструиран од елементи со дабова
завршница. Природен гранит е употребен за
хоризонталните површини на елементите во
бањите, тоалетите , кујната, делови од мебелот
како и завршна обработка на каминот и
внатрешните скали. Бели плакари и простори
за остава се дизајнирани на начин да бидат
составен дел од ѕидовите. Едноставноста на
материјалите и дизајнираните линии во
ентериерот ѝ оставаат простор на светлината
да биде главниот креатор на амбиентот и
доживувањето. Чистината во изразот на
објектот се стреми да претставува неутрална,
но раскошна заднина за современото
секојдневие на корисникот. n
ПОРТА
ПОРТА
архитектура

Ѓердан од домови

Ѓерданот, однадвор

Овие замислени личности се движеа поблиску и подалеку од нас во нашите


перспективни цртежи, дозволувајќи ни нам и на читателите да го набљудуваме
проектот, не како надворешни оценувачи, кои гледаат апстрактна композиција на
волумени, туку како жители кои може да почувствуваат еден дијаграмски поглед на
проектираната ситуација, како рендген слика на духот на ова архитектонско ткаење
Викторија БОГДАНОВА , дипл. инж. арх. Дополнително, во невидливите агли на
Конкурсен труд:
решението, требаше да се предвиди и смести
Втора награда
ПРЕОБМИСЛУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ Центар за управување со отпад, без да се наруши
Улица „Повшетова“,
АРхИТЕКТОНСКИ БИТИЈА квалитетот на местото како извонредна локација
Љубљана 2021
Територијата на сегашниот центар за за градско живеење.
Автори: Роберт Потокар,
рециклажа, составен од линиски објекти со Редефинирањето на постојната сервисна
Ајдин Бајрович, Викторија
индустриска намена, требаше да се преобмисли функција во нова населба за домување
Богданова
во современа населба за домување. претставува суштинска промена во доживувањето
П
30 ПОРТА 31 август 2022
ВТОРА НАГРАДА НА АРхИТЕКТОНСКИ КОНКУРС ЗА ГРАДСКА НАСЕЛБА ВО ЉУБЉАНА

произлезени од локалните начини на


Метаморфоза, од сервисни во животни прашања живеење, домување и дружење во рамки на
градот.

ГРАДСКАТА ПРОМЕНАДА – ПОМЕѓУ


АРхИТЕКТОНСКОТО И ГРАДСКОТО
Додека ганкот – небесната колективна улица -
е присутен како централна тема во
внатрешноста на станбените единици,
препознаена и преземена од лекциите на стара
Љубљана, променадата се манифестира на
различни начини низ и помеѓу објектите на
целата територија.
Теренот е во пад, што овозможува поделба
на оваа ценета територија, овој пат наменета нова неортодоксна мрежа на градско на површината на висок (зелен, јужен) и низок
да им служи на граѓаните кои ќе го населат ткаење: динамична ортагоналност чија дел (поплочен, северен), одвоени со
својот нов дом на Градскиот плоштад неправилност го воедначува мешовитиот денивелациски прекин, означен со централната
„Повшетова“. контекст на суптилен и ненаметлив начин. лонгитудинално поставена променада на
Блиската околина на парцелата е соседството.
ограничена од фрагменти на индивидуално ЗОШТО АТРИУМСКА ТИПОЛОГИЈА? ⦁ Во високата зелена половина, трите атриуми
домување – куќи спрема југ, два студентски Новопроектираните урбани блокови – 6 се пониски, поотворени и наликуваат на вили
дома и Средна школа спрема запад, атриуми – претставуваат современ превод на ориентирани кон зелените парковски
Установа за отслужување затворска казна архитектонскиот јазик на домување во површини кои изобилуваат со безбедни
кон север (близу реката Љубљаница) и повеќестанбените објекти во центарот на детски игралишта. Приземните делови се
повеќесемејно домување кон исток. Љубљана. Постојат неколку култни објекти, предвидени за колективно домување.
Морфолошката структура на урбаниот јазик нанижани во подножјето на ридот под ⦁ Во ниската поплочена површина, трите
на околината е хетерогена и се појавува во Љубљанскиот замок, чиј внатрешен двор е атриуми се повисоки и наликуваат на кули, а
различни размери. Новопроектираните искуствено нагласен со присуството на ганк просторите помеѓу нив се поплочени
станбени блокови целат кон едно (gank): елемент на традиционалната плоштади со јавна функција во приземјето:
урамнотежување на различните околни словенечка архитектура, страничен отворен ателјеа, изложбени простории, угостителски
правци на движење и изграденост: ја следат коридор кој го издолжува живеењето надвор објекти.
единствено северната улица „Повшетова“. од рамките на домот, од одвоеното кон На источниот и западниот агол од
Сите останати правци се подредени на заедничкото. лонгитудиналната променада, се случува
внатрешната структура и на органското Ганкот во новите урбани блокови може да исклучок. Кон запад, променадата истекува како
разместување на станбените единици. го разбереме како еден отворен, просторен инка кон северниот огранок на реката
Со други зборови, присуството на ѓердан на заедничко домување, околу кој се Љубљаница, создавајќи амфитеатрален пад,
разиграните атриуми воспоставува една нанижани варијациите на станбени единици, рамка-плоштад. Кон исток, променадата

Просторно воедначување на околниот градски јазик Ситуација, раздвижена ортогоналност


ПОРТА 31
Променадата, Вилите со зеленило и Плоштадите со јавно приземје

завршува во изложбениот павилјон на збирниот


центар, кој е замислен како едукативен
застаклен фрагмент од Центарот за управување
со отпад, кој е целосно пристапен од источната
улица на опфатот, но е сокриен и вкопан за да
спречи звучни вознемирувањa на жителите на
населбата.
Сите единици на домување се двострано
ориентирани: кон внатрешниот двор и
внатрешната небесна улица, и кон
надворешните дворови и плоштади.
Поставеноста во рамките на една атриумска
структура е кон југ, исток или запад, додека
северниот дел е доделен на скалишните јадра.
Двостраната ориентација нуди двоен начин на
издолжено домување надвор од домот, со
прекрасни погледи кон околината, и природно
осветлување и проветрување на становите, и
бескрајни варијации на можни сретнувања
помеѓу соседите во и надвор од рамките на
домот, блокот и населбата.

КАКО Е ПОСТИГНАТА НЕПРАВИЛНАТА


МРЕжА НА УРБАНО ТКАЕЊЕ?
Геометријата на населбата е ортогонална, но
се случуваат просторни поместувања во самата
станбена единица. Длабочината на балконот во
едниот дел на единицата е балансирана од
Поместување, раздвижена ортогоналност длабочината на (прет)просторот за складирање.
Не постои подрум за складирање; подземните
нивоа се решени како паркинг. Складирањето
се третира како дел од живеењето кој е близок
до домувањето. Поместените балкони имаат
додатна функција да го препречуваат

Ганк, небесна улица. Процесуална монтажа Концептуална скица на небесната улица


32 ПОРТА 31 август 2022
Овие замислени личности се движеа
поблиску и подалеку од нас во нашите
перспективни цртежи, дозволувајќи ни нам и на
читателите да го набљудуваме проектот, не како
надворешни оценувачи, кои гледаат апстрактна
композиција на волумени, туку како жители кои
може да почувствуваат еден дијаграмски поглед
на проектираната ситуација, како рендген слика
на духот на ова архитектонско ткаење.
Викторија Богданова (PhD) е уметница и
архитектка, посветена на поемоцртањето како
процесен и аналитички инструмент на
истражување-низ-проектирање на
архитектурата и градот. Ја изложува својата
работа на настани за уметничко и
архитектонско истражување во Љубљана, Архус,
Лисабон, Берлин, Гент и Трондхајм. Од 2014, ја
развива и својата педагошка пракса во
институционални рамки на Факултетот во
Скопје и во Љубљана, а од 2020 работи како
Концептуална скица на станбената единица и на небесната улица, одвнатре самостоен проектант и ментор за цртање и
директниот поглед помеѓу балконите на визуелното претставување на предностите на пишување архитектура. Таа е соосновач на
соседите, а се целосно отворени кон нашиот проект. образовната платформа Archi | Contemplatives
игралиштата и отворените колективни Наративите на замислените актери ги за изучување и истражување на книжевни,
простори. Кон внатрешниот атриум, сместивме и во детал-пресеците. На цртежот цртачки и контенмплативни пракси на
поместувањата на просторите за складирање може да забележите приказна која се развива архитектонско творење. n
создаваат нежно нагласени влезови на секој на кујнскиот прозорец како момент на
поединечен стан, со едно чувство на интимност сретнување помеѓу мајката која готви и детето www.archicontemplatives.com
и дом пред прагот и пред кујнскиот прозорец. кое си игра на небесната улица. hello@archicontemplatives.com

НАСЕЛУВАЊЕ НА ПЕРСПЕКТИВАТА НА
ЗАМИСЛЕНИТЕ ГРАѓАНИ
Додека ја мапиравме и реформулиравме
врската помеѓу постојната урбана матрица и
нашата проектантска интервенција,
истовремено го редефиниравме начинот на
живеење во соседството. Овде, на сликата, се
прикажани неколку од приказните кои подоцна
беа имплементирани во визуелните наративи на
проектот, не како финални продукти, туку како
истражувачки експерименти во различни фази
на проектантскиот процес.
Овој увид во човековото искуство ни дозволи
да согледаме и да подобриме некои
карактеристики на просторните елементи во Фотографија од макета, целина
атмосфери, кои човек не може да ги доживее
гледајќи „од горе“. Градењето на замислените
актери на оваа урбана драма ни помогна и во

Замислените карактери во ново-


Средба на кујнскиот прозорец проектираното урбано ткаење
ПОРТА 33
архитектура

Во Јапонија постои музеј кој е


посветен на архитектонски макети
Во Јапонија, земјата која има најголем број добитници на наградата Прицкер,
архитектите и понатаму прават модели. И тоа не само како приказ на објектот,
туку и како студиски модел кој ги доловува транзициите на производствениот
процес на проектирањето. Јапонските архитекти се стремат да постигнат
похуманистичка просторна презентација. Тие користат архитектонски модели
како алатка за дизајн вкоренети во сетилното размислување

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. се земе предвид дека биле направени од комплекс на владетелот или на некој друг
дрво, може да се заклучи дека тоа е налогодавач. Меѓутоа такви модели не се
причината што до денес не се зачувани сочувани, па се останува во доменот на
азвојот на макети на објекти е

Р
речиси никакви модели од минатото. претпоставки.
прилично непознат, така што не
Можеме да претпоставиме дека од Една од првите зачувани макети на некој
може со сигурност да се утврди
Стариот Египет до Стариот Рим постоела објект, која е наменски направена за да ја
кога започнало наменското
пракса на изработка на дрвени макети, за претстави идејата на архитектот, е моделот
создавање на архитектонските
градителот (архитектот), за да го му прикаже на куполата на катедралата во Фиренца, на
модели и дали тие се правени од самите
конечниот изглед на некоја градба или архитектот Филипо Бруналески. Знаеме
архитекти или им помогнале занаетчии. Ако
34 ПОРТА 31 август 2022
МУЗЕЈОТ Archi-Depot ВО ТОКИО

колку била тешка задачата на овој архитект


да изгради монументална купола над
недовршената катедрала, но и да ги следи
сложените работи на изведбата, па за
потребите на презентацијата и следење на
работата направена е дрвена макета која сè
уште се чува во музејот на катедралата.

МАКЕТАТА И ПОНАТАМУ ОСТАНУВА


НЕЗАМЕНЛИВА
Подоцна макетите станале сеприсутни во
архитектонската пракса, како еден од
најверните начини на прикажување на
проектираните содржини.
Пред развојот на компјутерските
програми, архитектите правеа модели од
леснодостапни материјали како дрво,
картон, стиропор, пластика. Со текот на
времето и со развојот на технологијата, оваа
традиција постепено е заменета со 3Д
визуализации. Иако денешните компјутерски
програми овозможуваат многу реалистично
прикажување на идејата, во однос на
формата, материјалите, локацијата и
амбиентот, во светот на сериозната
архитектура, моделите сепак заземаат важно во реален простор не може да се замени со технологиите, можно е да се остане верен
место во процесот на создавање. Макетата и никаква 3Д презентација на компјутер или на макетите, бидејќи тие се всушност
понатаму останува незаменлив медиум за проектор. Од тие причини, архитектонските најдобриот начин да се види просторот.
презентирање на архитектонските решенија, факултети треба да продолжат да го Макетата му дава опипливост на дизајнот.
што го практикуваат речиси сите значајни поттикнуваат моделирањето, бидејќи тоа сè Детален модел на финален проект може да
инвеститорски компании, кои држат до себе. уште има перспектива во градежно- биде непроценлива форма на комуникација
Едноставното согледување на едно решение архитектонската професија. помеѓу колегите, како и клиентите. Како при
А денес уште повеќе, благодарение на 3Д развојот на концептот, така и при

ПОРТА
Прицкер, архитектите и понатаму прават
модели. И тоа не само како приказ на
објектот, туку и како студиски модел кој ги
доловува транзициите на производствениот
процес на проектирањето. Јапонските
архитекти се стремат да постигнат
похуманистичка просторна презентација.
Тие користат архитектонски макети и како
алатка за дизајн вкоренети во сетилното
размислување.
Па така во Јапонија постои музеј кој е во
потполност посветен на архитектонските
макети, со цел да се зачуваат и архивираат
минијатурните прототипови на градби на
јапонските архитекти, од кои дел се
распространети ширум светот.
Сместен во големо токиско складиште во
четвртта Шинагава, музејот Archi-Depot во
својата колекција содржи макети на ценети
архитекти вклучувајќи ги Арата Исозаки,
добитник на Прицкер; Кенго Кума, одбран да
го работи проектот на стадионот за
Олимписките игри во Токио 2020; Рикен
Јамамото, професор на архитектонски
школи и мошне наградуван архитект и
Шигеру Бан, познат по своето внимание кон
еколошките детали. Меѓу експонатите има
сè, од тродимензионални прелиминарни
студии до финални модели, што нудат
визуелна временска рамка за изградбата на
објектот, што ретко се гледа во јавноста,
особено на едно место.
„Во последно време, архитектонските
макети се третираат и вреднуваат како
презентацијата пред инвеститорот, макетата подобро да го познава објектот од значајни архиви кои ја пренесуваат
овозможува реална визуализација на проектантот. Архитектот правејќи макета на јапонската архитектонска култура на
волуменот и отвора нови можности во својот објект подобро го осознава следната генерација, а исто така и како
процесот на размислување за објектот. просторот, полесно ги разрешува уметнички дела“, се вели во соопштението на
3Д печатениот модел покажува на проектантските дилеми и придонесува за музејот.
едноставен начин нешто што би изгледало негово подобрување. Музејот Archi-Depot основан е од
многу покомплицирано на техничките Warehouse TERRADA, компанија за
цртежи и скици, особено за неархитектите, а ВО ЈАПОНИЈА ПОСТОИ МУЗЕЈ КОЈ Е ВО складирање, која обично складира ликовна
не е доволно истакнато на рендерите. ПОТПОЛНОСТ ПОСВЕТЕН НА уметност и вина. Ова е прв музеј во Јапонија
Но, поради експанзијата на 3Д печатачите АРхИТЕКТОНСКИТЕ МОДЕЛИ со колекција на макети на современа
во последно време, архитектите сè поретко Меѓутоа во Јапонија, земјата која има архитектура. Archi-Depot ги прикажува
сами си ги прават макети. А никој не може најголем број добитници на наградата предметите на уреден, утилитарен начин.

ПОРТА
Простор од 450 квадратни метри со висина така добиваат можност нивното дело да
на плафон од 5,2 метри опремен е со 116 биде изложено и во музејот и онлајн, а и
полици посветени на изложба на можност да биде продадено. 80 отсто од
архитектонски макети. Основниот концепт е парите од продажбата на макетата се за
простор за складирање, каде може архитектот.
слободно да се шета околу изложените Складиштето е објект во кој се чуваат и
предмети и да се дознае повеќе за објектот изложуваат повеќе од 600 макети доверени
и за проектантот. Секој минијатурен објект е од повеќе од 30 архитекти и проектантски
придружен и со сопствен QR-код, кој, по бироа.
скенирањето, ги наведува посетителите до „Архитектонските модели се вредни
фотографии и цртежи на делото, како и до материјали кои ни даваат поглед на идеите и
повеќе информации за другите проекти на на размислувањата на архитектите и
архитектот. Покрај изложбата на својата проектантите, како и на процесот на архитектонските модели, преку изложби“,
постојана колекција, Archi-Depot е домаќин градење зграда. Исто така се високоценети велат од Archi-Depot.
и на специјални изложби и на едукативни како уметничко дело со висок степен на Аrchi-Depot беше отворен за јавноста во
настани. совршенство. Културната вредност на јуни 2016 година. Проектот е дел од
Во Archi-Depot има и складиште, достапна макетите на моментално активните обемната реконструкција на магацинската
е и услуга за складирање, која чини 500 јени архитекти и проектантски бироа, како и на област на брегот во центар за креативни
месечно. Услугата комбинира складирање, материјалите од модерната архитектура кои индустрии.
изложување, и купување и продавање веќе привлекуваат внимание, ќе продолжи Ова не е единствениот музеј кој чувува и
макети. Ова им се нуди на сите оние кои не да се зголемува. Проектот Archi-Depot, изложува архитектонски макети. RIBA ја чува
сакаат да ги занемарат своите макети на кои покрај оперативното складирање макети, ја својата колекција во музејот Викторија и
потрошиле многу време и енергија, а немаат пренесува привлечноста и вредноста на Алберт во Лондон, а познат е и музејот
простор и соодветни услови за чување. Исто архитектонската култура, вклучувајќи ги и Ричард Мајер во Њу Џерси. n

ПОРТА
архитектура „РАЗМИСЛУВАЈ ГЛОБАЛНО, ДЕЛУВАЈ ЛОКАЛНО“

Кампанополис: неофицијалната
престолнина на одржливата
архитектура без архитекти
Изградбата на Кампанополис, колку и да е невообичаена, дала свој придонес не
само кон зачувување на елементите на градителското наследство на Буенос Аирес
и Аргентина, и изградба на село од бајките и визиите на Кампана, туку и, осмислен
или не, пример за тоа како преку повторна употреба на градежните материјали
може дополнително да се придонесе кон заштита на животната средина

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх активист Сер Патрик Гедес (1854 - 1932) и „Пријателите на Земјата“ Дејвид Рос Бровер,
покрај тоа што таа не се јавува директно во добитникот на Пулицеровата награда Рене Жил
пштопознатата фраза рамките на неговата книга од 1915 година Дубос, претседавачот на конференцијата

38
О „Размислувај глобално, делувај
локално“ се препишува на
шкотскиот биолог, социолог,
географ, филантроп,
иновативен градски планер и социјален
ПОРТА 31 август 2022
„Градовите во еволуција.“ За разлика од ова се
чини дека има повеќе претенденти за тоа кој ја
има спомнато прв истата во контекст на
заштитата на човековата околина во 1970-тите
години, како на пример, основачот на
„Размислувајќи глобално, делувајќи локално“
Фран Фетхер и францускиот филозоф и
социолог Жак Елул.
Приближно во истиот период со
започнувањето на користењето на
фразата „Размислувај глобално, делувај
локално“ во контекстот на заштитата на
животната средина се има јавено и една
личност која преку својата активност
веројатно има дадено исклучителен
придонес во оваа сфера и покрај тоа што
можеби ова не била оригинална
мотивација или цел.

АЛБЕРТО КАМПАНА
Приказната почнува во втората половина
на 1970-тите години кога Алберто Кампана
бил успешен деловник лоциран во Мендоза,
винарската „престолнина“ на Аргентина. Тој
бил самосоздаден милионер преку ланецот
на супермаркети и производството на
конзервирана храна со кои раководел.
Неговиот живот ненадејно се сменил кога во
1976 година му бил дијагностициран
терминален рак на грлото/крајниците и
прогноза дека му остануваат само уште
неколку години да живее. Како резултат на
ова, тој направил драстичен чекор и ги
продал своите бизниси за со парите од
продажбата во 1977 година да купи 200
хектари земја ви близина на градот Гонзалес
Катан, Матанза, кој се наоѓа околу 32
километри југозападно од Буенос Аирес, а
со желба да создаде викендичка и фарма.
Земјиштето се состоело од полиња, шуми,
рекички и езерца.
За жал неговата желба во мир и спокој да
ги помине преостанатите денови на својот
живот не се реализирале со оглед дека
непосредно по купувањето на земјиштето во
период на политичка нестабилност и
превривања во земјата, воената хунта која
дошла на власт му го одзела имотот за на
истиот да создаде депонија за отпад. По
долгогодишни судски процеси и враќање на
демократијата во земјата, тој конечно го
добил назад својот имот во 1986 година, но
со мал „подарок“ – два милиони кубни метри
отпад. По ова тој се концентрирал на
враќање на својот имот во подобра состојба.
Така по расчистувањето на отпадот од
неговата земја тој посадил над 100 илјади
дрвја на истиот.

КАМПАНОПОЛИС, РЕЗУЛТАТ НА
НЕРАЗЈАСНЕТАТА ВИЗИЈА
За неговиот следен чекор се „кршат
копјата“ затоа што само може да се нагаѓа
дали тоа бил резултат на размислувањето на
визионер, генијалец или пак на лице со
нарушено ментално здравје. Како и да е
исходот го има ставено него и неговото дело
на листата на туристички атракции во
околината на Буенос Аирес. Станува збор за
Кампанополис, резултатот на неразјаснетата
визија на Алберто Кампана. Без никакво
градежно искуство или обука тој на својот

ПОРТА
имот го создал ова, како вообиачено го мешавина на објекти како од бајките, но поставени во надворешна градина.
нарекуваат, средновековно село, кое изградени од повторно употребени Плафонот на еден од објектите е
органски се развивало врз основа на градежни елементи. Така голем дел од обработен со поединечните кристали од
приливот на градежни материјали и столбовите и капиите потекнуваат од раскошни лустери, а ѕид со стари метални
елементи собрани од депонии за отпад, оригиналниот трговски центар Галериас ковани пари - пезоси. Покрај црква и
сочувани од стари објекти или пак купени од Пацифико, седиштата од оригиналното ветерница, во рамките на селото се наоѓа и
објекти кои сакале да се ослободат од кино Гимс биле вградени во група од 12 куќички инспирирани од бајките
материјали. новоизградените објекти на Кампанополис за Ивица и Марица.
Периодот во кој бил создаван со што на одреден начин биле сочувани за Правилата на Алберто Кампана
Кампанополис се совпаѓа со периодот на идните генерации и покрај тоа што ова забраниле кој било кој да спие во кој било
интензивни градежни активности во било сторено и на помалку бизарен начин. од објектите и како резултат на ова ниту
Аргентина во текот на кој голем дел од Некои го сметаат резултатот како Алберто, ниту член на неговото семејство
историските објекти биле срушени за да се екстремен колекционерски рај или пак како никогаш не живееле или преноќиле во
заменат со посовремени нови. Дел од своевиден увид во неразбирливиот Камапанополис и покрај просторот кој им
постојните објекти биле внимателно мисловен тек на Алберто Кампана, со оглед стоел на располагање. Изгорените вагони
демонтирани за да може да се пренесат и на потребата да се заборави за логичното на пругата која требало да го поврзе
повторно да се состават во САД или во размислување и прифати невообичаеното. Кампанополис со светот биле жртва на
Европа, а дел завршиле како градежни Инаку, како да се објаснат пумпите за вода подметнат пожар и започнатите, но
материјали за изградба на неговото село. поставени на врвот од столбовите за улично незавршени објекти се одраз на смртта на
Тој голем дел од своето време го поминал осветлување, капии коишто висат на Алберто Кампана во 2008 година со што
по градежни депонии или пак на аукции за ѕидовите, група на расипани машини за неговата не многу јасна и разбирлива и
продажба на материјали, што му чукање поставени во соба или пак низа на помалку бизарна визија никогаш не била
овозможило да создаде еклектична метални скали кои не водат никаде, а се целосно завршена.

ПОРТА
овозможила на својот творец со децении да надминување на капацитетот на планетата
РАСЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДОТ И САДЕЊЕ го продолжи својот живот наспроти Земја беше 28.7.2022, наспроти 30.7.2021.
НА НАД 100 ИЛЈАДИ ДРВЈА неколкугодишниот период на преживување Овогодинешниот резултат е еднаков на оној
Во овој случај се чини дека првобитната предвиден по терминалната дијагноза од од 2018 година врз основа на што веројатно
желба да се поминат последните денови на 1976 година. Дополнително, на сите нам ни е може да се заклучи дека веројатно едно се
живот во природа во рамките на својата дадена можност преку оваа туристичка зборува, а дека веројатно нешто сосема
фарма била заменета со ноќна мора и атракција да се запознаеме со друго се прави во реалноста, со оглед дека
долгогодишна борба, првин да се врати Кампанополис, веројатно престолнината на на жителите на планетата Земја сè уште им
одземениот имот, а потоа да се расчистат архитектурата без архитекти, и исклучително се потребни 1,75 планети „Земји“ наместо
„подарените“ два милиони кубни метри пригодната локација за промовирање на постојната една. За жал и оваа година
отпад, пред да се пристапи кон садењето на првата епизода на „Играта на троновите“ за резултатите за Северна Македонија
над 100 илјади дрвја и изградбата на Латинска Америка во 2011 година. покажуваат дека сè уште не можеме да ги
Кампанополис. Самиот чин на расчистување достигнеме ни лошите резултати на
на отпадот и садењето на над 100 илјади ГЛОБАЛНИОТ ДЕН ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА глобално ниво со оглед дека Земјата го
дрвја како резултат на активностите на едно КАПАЦИТЕТОТ НА ПЛАНЕТАТА надмина капацитетот 22 дена порано на
лице претставуваат исклучителен придонес Ваквите исклучителни, случајни или 6.7.2022. А последиците од ваквите состојби
кон определбите за заштитата на животната намерни, примери на „Размислувај глобално, сите ние може секојдневно да ги видиме во
средина. Изградбата на Кампанополис, делувај локално“ само придонесуваат за медиумите. Според некои истражувачи она
колку и да е невообичаена, дала свој намалување на последиците од глобалните што ни се случува годинава, претставува
придонес не само кон зачувување на климатски промени, кои и оваа година добра илустрација за она што редовно ќе ни
елементите на градителското наследство на продолжуваат во непосакуваната насока со се случува во 2050 година доколку
Буенос Аирес и Аргентина, и изградба на оглед дека и годинава глобалниот ден за продолжиме како досега.. n
село од бајките и визиите на Кампана, туку и,
осмислен или не, пример за тоа како преку
повторна употреба на градежните
материјали може дополнително да се
придонесе кон заштита на животната
средина.
Се чини дека опкружувањето на
Кампанополис ја искажува контраверзноста
и комплексноста на современото општество
во кое живееме. Патот од градот Гонзалес
Катан кон Кампанополис води низ дива
населба во предградието на градот, а на кои
делото на Алберто Кампан, Кампанополис,
со своите над 100 илјади посадени дрвја
веројатно во голема мерка им ги дава и
потребните „бели дробови“ и долгорочно го
подобрува квалитетот на животната средина.
На лично ниво, „мисијата“ Кампанополис, му
ПОРТА
урбанизам КОНТИНУИТЕТОТ И РЕЦИПРОЦИТЕТОТ ПОМЕѓУ ИНДИВИДУАТА И СРЕДИНАТА

Социјални феномени како


резултат на несоодветни
урбани практики

Архитектурата како мерка за урбана стимулативност

Бојана ПАЛИФРОВСКА, дипл. инж. арх. волумени и празнини. Бидејќи повеќето поврзување
активности на корисниците се случуваат во • пристапност до јавни услуги, работа,
зградената средина е аспект

И
текот на денот, а не во нивното слободно локална храна и други услуги
на животната средина на кој време, оттука квалитетите на изградената • безбедност и сигурност
сè повеќе му се посветува средина имаат значајна улога во • отворен и зелен простор
истражувачко внимание. олеснувањето на проактивниот начин на • достапно и енергетски ефикасно домување
Изградената средина се живот преку намалување на бариерите и • квалитет на воздухот
дефинира како дел од физичката средина, создавање можности за физичка активност. • отпорност на екстремни временски настани
конструирана или модифицирана од Карактеристиките на изградената средина и климатски промени
човековата активност. Таа во себе ги кои имаат влијание врз степенот на • интеракција со заедницата
инкорпорира начините на користење на нејзината функционалност вклучуваат: •транспорт
земјиштето, транспортните системи, • локација, густина и мешовитост во Изградената средина е тесно поврзана
урбаниот дизајн, зелените површини, намената на земјиштето со здравствените нееднаквости, при што
накратко урбаното ткаење составено од • класификации на инфраструктурно посиромашните луѓе егзистираат во
42 ПОРТА 31 август 2022
ТИПОЛОГИЈА

ФУНКЦИОНАЛНА СРЕДИНА 
Степенот до кој изградената средина е
пријателска за присуството на луѓе кои
живеат, посетуваат или поминуваат време на
единица простор се нарекува степен на
„проодност“ (walkability). Спротивно на тоа,
големата урбана распространетост се
карактеризира со мала густина на користење
на земјиштето, отсуство на центар на градот и
помала поврзаност со улиците, па затоа
пешачењето и возењето велосипед се
непрактични при голема урбана
распространетост и како такви се поврзани
со седентарен начин на живот.

КАРАКТЕРИСТИКИ
• Разновидноста во начинот на користење на
земјиштето се однесува на нивото на
интеграција во областа на различни
видови на намени за физички простор.
• Уличната поврзаност се однесува на
леснотијата на патување помеѓу две
точки што е директно поврзано со
карактеристиките на уличниот дизајн. 
• Пристапноста се однесува на леснотијата
со која може да се дојде до посакуваните
места или активности и се однесува на
системот за користење на земјиштето и
транспортниот систем.
Проектирањето и одржувањето на
населбите, улиците, парковите и перцепцијата
на луѓето за тие места врз основа на
квалитети како што се естетска
привлечност и перцептивна
безбедност може да влијаат на физичката
активност кај населението. На слободното
одење, визуелната привлечност и
безбедноста од криминал и густ сообраќај
може да влијаат дестимулативно на желбата
за пешачење.
Рекреативните и транспортните системи
кои ја креираат физичката активност се
најмногу под влијание на изградената
средина. Доброповрзаните улични мрежи
создаваат рути кои се пократки до
дестинации кои го олеснуваат пешачењето од
средини со лош квалитет на воздухот, со локалната економија и социјална место до место, па затоа нивното
речиси оневозможен пристап до зелените интеракција во заедницата. Единствениот проектирање  потребно е да се стреми кон
површини, и се едни од најчестите жртви начин на кој би се постигнале зголемени чести вкрстувања и ортогонална геометрија.
со фатален исход во сообраќајот. нивоа на физичка активност е преку Конечно, изградената средина која е
Тенденцијата на иницирање промени во промените во урбаната форма, физичкиот безбедна, атрактивна, промовира лесен
урбаните ткива може да ги намали овие состав и рационалната употреба на пристап до здрава храна и различни
нееднаквости преку создавање и изградените ткива. Вградувањето на можности да се биде физички активен
одржување на изграденото опкружување физичката активност во дневните рутини секојдневно, се смета за погодна за
кое ќе биде погодно за физичка бара низа активности кои заедно ги усвојување здрави начини на живот.     
активност. Големиот број на општествени, прават активното патување, одморот и
економски и еколошки придобивки, случајните активности во дневните рутини НЕФУНКЦИОНАЛНА СРЕДИНА
вклучуваат адаптација и ублажување на на корисниците, најлесни, најевтини и Нефункционалното опкружување, пак е
климатските промени, намален најпривлечни опции. Таа може да биде место каде што поединецот не се чувствува
сообраќаен метеж, ревитализација на функционална и нефункционална. поддржан на кој било начин, ниту пак
31 август 2022 ПОРТА 43
физичка активност (дезинтегрирана урбана
матрица), кога зоната за домување е на
голема далечина од економската зона, што
го стимулира користењето автомобил
Eпидемијата на дебелина e резултат на
недостатокот на инфраструктура на градско
ниво што поддржува физичка активност,
Урбани конфигурации кои поттикнуваат физичка активност активни животни стилови и правичност во
пристапот до здрава храна. Покрај тоа,
културата на потрошувачка и погодност
поврзани со прекумерната употреба на
автомобилите од страна на нацијата како
превозно средство игра важна улога во оваа
епидемија. Сè повеќе луѓе, поминуваат време
во своите автомобили возејќи до работа,
училиште, што несомнено остава малку
простор за редовна физичка активност.
Според статистиките во 2006, повеќе од 66
проценти од возрасното население имало
прекумерна тежина, што е повеќе од 47 отсто
во доцните 1970-ти. Понатаму, се
почитуван поради она што е. Ова е средина немаат свест за штетните влијанија на кои се забележуваат разлики во физичката
што ја принудува личноста постојано да ги изложени, било тоа да се физички или активност и пристапот до здрава храна
преиспитува своите вредности и себе си, ментални.  помеѓу луѓето од различна припадност, па
преку хиперпродукција на негативни така маргинализираните групи имаат 2,6 пати
размислувања кои се случуваат без причина Причина за дебелина на населението поголеми шанси да заболат од дијабетес тип
или предупредување. Дисфункционалната • Голем избор и пристапни цени 2 отколку останатите во истата возрасна
средина е средина каде однесувањето и • Пораст на рестораните за брза храна, група, соодветно. Овие статистички податоци
ефектите од тоа однесување остануваат лесна достапност (лоцирање на примарна откриваат мрачна иднина за модерниот
незабележани, каде луѓето се поттикнуваат улична мрежа) човек, особено ако не се преземат чекори за
на пасивност и летаргија, до оној степен да • Урбано ширење и намалено ниво на подобро разбирање на влијанието што

Дисфункционални средини, урбани средини кои продуцираат социјални нееднаквости


ПОРТА
зонирањето и планирањето го имаат врз направат доволен број корисници од (б)  активно вклучување во процесите – на
економијата и одржувањето на населбите кои нивното соседство. Пример (социјален поединецот кон околината.
во ваков контекст имаат штетни ефекти врз тренд, ширење Додека адаптацијата се однесува на
јавното здравје. Оттука, се иницира декадентни појави, нарушувања во обидите на луѓето, да се справат со
потребата од дефинирање на терминот исхраната) кога индивидуалните постоечките услови на животната средина,
социјална пандемија (social contagion) како карактеристики на единица простор, се оптимизацијата вклучува планиран процес со
феномен за да ја потенцира важноста на пресликуваат во околината и се усвојуваат кој поединците одлучуваат да го одржуваат
опкружувањето,  кое со своите физички и како општоприфатени, независно дали се или менуваат своето гледиште во согласност
социјални карактеристики значително влијае позитивни или негативни.  со степенот на развој на
врз здравјето на загрозените групи на Па така, доколку се земе предвид урбаното градовите. Континуитетот и реципроцитетот
граѓани.   ткаење на една заедница, како своевидно помеѓу индивидуата и средината се можни
Социјалната пандемија вклучува пресликување на општествените, социјалните единствено доколку истите се функционални
однесување, емоции или состојби кои и бихевиоралните поставки на нејзините и ја поттикнуваат нивната активност и
спонтано се шират низ група или мрежа. припадници, тогаш како би знаеле да ги благосостојба. Во спротивно, корисникот
Општо земено, се подразбира дека таа е окарактеризираме општоприфатените преминува во пасивна адаптација, бидејќи
одвоена од колективното однесување кое тенденции, како развој или декаденција на самостојно не ги поседува механизмите да ја
произлегува од директен обид да се изврши урбаната форма? промени, па затоа и нејзината оптимизација е
општествено влијание. Лаички е да се констатира дека неможна. 
Две широки поделби на социјална мултиплицирањето во кој било поглед, на Поради тоа тенденцијата на
пандемија се бихевиоралната и одредена урбана типологија значи развој, и урбанистичкото планирање треба да се
емоционалната. Додека главно исто толку неблагодарно е да се одреди насочи кон контролирано адаптирање и
истражувањата во 20 век обично се степенот на функционалност во даден оптимизирано мултиплицирање средини
фокусирале на негативни ефекти од плански опфат, без да се земе предвид кои се безбедни, атрактивни, промовираат
насилното однесување на толпата, можноста за адаптација и оптимизација на лесен пристап до природните ресурси и
тенденцијата сега, честопати се однесува на стандардот на корисниците. Професорот различни можности погодни за усвојување
релативно неутрални социјални Стоколс, социјален екологист, во 1978 здрави начини на живот единствено преку
епидемиолошки појави, како што е година овој реципроцитет ќе го проучува низ градење мостови помеѓу повеќе дисциплини
влијанието врз изборот за купување, па дури два сегменти; како што се социологијата, демографијата,
и на позитивните ефекти како тенденцијата (а) континуираната размена и урбанизмот и здравството што би помогнало
луѓето да преземаат акции во однос на реципроцитет што го карактеризира да се поттикне здрав урбан развој на
климатските промени штом тоа ќе го односот на поединецот со околината; заедницата. n

Социјален култ кон брзата храна, производ на декадентните тенденции на заедницата


ПОРТА
ентериер

Лесен и проѕирен ентериер со

46 ПОРТА 31 август 2022


КУќА ВО ШТУТГАРТ, ГЕРМАНИЈА

современи дизајнерски парчиња

Едноставноста на линиите кои се среќаваат во


ентериерот ја „вознемирува“ само текстурата која може
да се најде и почувствува во подот, на места на ѕидовите
и понекаде разбиена со поедини детали и мебел
Ирена ДИМОВИЌ-ДАНИЛОВСКА, дипл. инж. арх. прецизност и точност во милиметри немаше
простор за грешка и враќање назад во
а се прошетаме низ ентериер производство. За успешната реализација

Д на куќа во Штутгарт,
Германија, проектиран и
изведен од архитектонското
биро „Конструкта“ од Скопје,
во период на пандемија, кога не беше можно
да се посети објектот, директно да се
контактира со инвеститорите, да се види во
придонесе и умешноста на нашите искусни
мајстори и посветеноста на целиот тим.

ЈАСНО ДЕФИНИРАН ПРОСТОР


Куќата на три нивоа е едноставно
функционално решение и јасно дефиниран
простор. На приземјето се сместени: гаража,
живо и да се сними и почувствува просторот. хоби соба и машинска просторија, топла
Дополнителен предизвик и одговорност за врска со првото ниво каде се дневниот
мене како проектант, беше и времето за престој, кујната, трпезаријата, гостинската
реализација, така што истовремено со соба, тоалет и утилити. На второто ниво преку
изведбата на објектот, се изработуваше и галерија се пристапува до приватниот дел,
мебелот по мерка. Комплетната изработка на детските соби и родителска спална со walk in
опремата се реализираше во Македонија. гардеробер и бања.
Одличната соработка инвеститор - проектант Едноставноста во архитектонскиот израз на
- изведувач, резултираше со беспрекорно објектот се одразува и во ентериерното
завршен објект. Со оглед на далечината и уредување.
неможноста да се посети просторот, кај Дневниот простор е отворен, удобен и
многу специфични позиции кои бараа простран со дискретна визуелна преграда од
31 август 2022 ПОРТА 47
метал одвоена од трпезаријата. Преградата е
дизајнирана за телевизор кој ротира 360
степени и е ориентиран и кон трпезаријата и
кон кујната. Акцентот е на библиотеката која
е исто така дизајнирана со лесна метална
конструкција и нагласени хоризонтални
полици во неутрална беж боја и жлебан
медијапан. Карактеристичен тон што
отскокнува и ја нагласува заднината на
библиотеката е ѕид во петролеј акрилна сатен
боја. Истиот тон се повторува и на бојата на
килимот, на кој е поставена стаклена,
целосно транспарентна клуб маса.

НОВ И ИНОВАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ


За кујната е предвиден доволно голем
простор за да се овозможи овој значаен
простор за семејството да биде добро
организиран, добро опремен и
функционален. Работниот дел од кујната е
сместен на централно поставен остров со
вградна техника, со што не се нарушува
минималистичкиот дизајн. Плотната е
изработена од Florim Stone грес порцелан со
димензија 300 на 100 сантиметри, како и од
нов и иновативен материјал кој сè повеќе се
користи во дизајнот на мебел, не само за
кујнски плотни туку и за фронтови.
Организацијата на просторот на кујнскиот
остров значи директно поврзување на
модерниот живот и чувството на враќање на
старите навики – дека семејството секогаш се
собира околу огништето. Сите останати
елементи се високи ормари со нагласени,
дискретно осветлени вертикални елементи.
ПОРТА
Боите на ѕидовите се бели, подот во целост е
обработен со плочки во нијанси на темна,
топло сива боја, а мебелот е во песок сива
нијанса.
Изборот на неутрални нијанси остава
простор за избор на контрасни акценти во
структурата или бојата, како обработката на
лицето на пултот во вертикално жлебан
медијапан или петролеј боја во дневниот
простор.
Во исти тонови е дизајнирана и гостинската
бања, нагласен е ѕидот со плочки во голем
формат и земјени бои на мермер, како
заднина на мијалникот и на чешмата во инокс
финиш.
Осветлувањето како важен елемент во
ентериерот е ненаметливо, со неколку
декоративни парчиња, што придонесуваат на
комплетно обмислената слика.

ПРИВАТЕН ДЕЛ
До второто ниво се пристапува преку скали
изработени од метална конструкција и
газишта од масив даб, дискретно издвоени со
транспарентна преграда од профили.
Галеријата, која е отворена по цела висина до
кровната конструкција, ги поврзува спалните
соби.
Родителската спална е пространа со queen
брачен кревет, тоалетна маса и гардероба
преку која се влегува во родителската бања.
Уредувањето на бањата е особено важно,
тоа е простор каде сме сами и ги
спроведуваме своите ритуали за хигиена и
нега, каде треба да се обезбеди позитивна и
смирувачка енергија. Акцентот е на ѕидот кај
двата мијалника, дизајн на Џулио Капелини, а
обработен во керамика во голем формат
дизајнирана од Франко Гуерцони со
инспирација од археологијата и од некое
минато време.
Детската бања пак е колоритна, со ѕид во
терацо дизајн комбинација од камчиња во
боја, мијалници во необична форма, антрацит внатрешниот сегмент акцентиран со петролеј во ентериерот ја „вознемирува“ само
галантерија и дизајниран мебел. боја, може да се забележи дека овој ентериер текстурата која може да се најде и
Делот за туширање во бањите е одделен со е всушност светол. Лесен и проѕирен со почувствува во подот, на места на ѕидовите и
современи дизајнерски парчиња со потпис. понекаде разбиена со поедини детали и
мебел. n
лесни, транспарентни стаклени прегради.
Покрај богатата палета на природни бои и Едноставноста на линиите кои се среќаваат

ПОРТА
технологии

Што е Индустрија 5.0, и кои


радикални промени ќе ги донесе?

Доколку индустрискиот развој


не направил значителен исчекор од
парадигмата заснована на профит и
исцрпување природни ресурси, а последиците кои ги
чувствуваме укажуваат дека ваквата констатација е прилично
точна, тогаш многумина експерти се сомневаат во десетгодишниот
период кој се потроши на развојот на Индустријата 4.0, констатирајќи дека тој
концепт нема доволен капацитет за да ја направи потребната трасформација

Даниела МЛАДЕНОВСКА претходните индустриски револуции траеле производство) се врзани со парадигмата на


многу подолго), дали релевантните политики производството и енергенсите, односно
амо десетина години се воопшто имаше простор да се спроведат во енергетските трансформации. Се разбира

С поминати од почетокот на т.н.


Четврта индустриска револуција
(Индустрија 4.0). Експертите сè
уште усвојуваат нови знаења во
областа, јавноста сè уште се информира што
значи тој концепт, а Европската комисија
веќе лансира нова иницијатива – Индустрија
пракса или пак станува збор за нешто трето?

ЕВОЛУТИВНИ ФАЗИ ВО
ИНДУСТРИСКИОТ РАЗВОЈ
Но, пред да се елаборираат овие
прашања, само краток осврт на досегашните
револуционерни промени во развојот на
парната машина и електричната енергија се
главните двигатели на овие концепти.
Појавата на електрониката и информациско-
комуникациските технологии е следната
надградба, означена како Трета индустриска
револуција, во втората половина на 20 век.
Нивното значење е огромно, бидејќи овој
5.0. Покрај новините кои се содржани во т.н. човештвото, односно досегашните вид на технологии овозможува дисперзија на
двојна транзиција – зелена и дигитална, еволутивни фази во индустрискиот развој. знаењата, што е особено значајно за
новата индустриска стратегија носи уште Појавата на индустријата ја предизвикува постоењето на индустриската култура.
еден приоритет – холистички пристап кон најдинамичната воопшто дотогаш
индустрискиот развој со фокус на забележана промена во општеството, ОДРжЛИВОСТ, ОТПОРНОСТ И
севкупниот индустриски екосистем. Се односно сè што постоело дотогаш станало ФОКУСИРАНОСТ НА ЧОВЕКОТ
наметнуваат прашањата како е можно една неспоредливо со првите фабрики и парни Индустријата 4.0, за многу компании сè
ера во индустрискиот развој да заврши за машини (18 век). И првата и втората уште е „следното важно нешто“ на кое треба
толку краток период (знаејќи дека индустриска револуција (сериско да се фокусираат, а клучните елементи ги

50 ПОРТА 31 август 2022


КОМПАНИИТЕ СТАНУВААТ ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО, НАМЕСТО ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМОТ

вклучуваат: автоматизацијата, роботиката,


виртуелна реалност, вештачка
интелигенција, машинско учење и интернет
на нештата. Што ново носи концептот
Индустрија 5.0? Според Европската Унија,
овој концепт обезбедува визија за
индустријата надвор од ефикасноста и
продуктивноста како единствени цели, и ги
зајакнува улогата и придонесот на
индустријата во општеството како целина.
Ја поставува „благостојбата на работникот
во центарот на работниот процес, а преку
користењето на новите технологии
обезбедува раст почитувајќи ги
лимитираните ресурси на планетата“.
Според тоа, ја надоградува Индустрија 4.0,
ставајќи ги развојот и иновациите во служба
на транзицијата кон одржлива, фокусирана
на човекот и отпорна индустрија.
Но, мора да се истакне дека идејата за
Индустрија 5.0, не е лимитирана само на
индустријата како сектор. Се применува во
секој сектор и во секоја организација. Тоа
значи дека нејзината применливост е
значително поширока отколку онаа на
Индустрија 4.0. Европската комисија
истакнува дека Индустријата 5.0 има три
столба: одржливост, отпорност и
фокусираност на човекот.
Фокусираноста на човекот, промовира
„талент, различност и зајакнување“.
Генерално, асоцира на транзиција од
концептот „луѓе кои им служат на
организациите“, кон концептот
„организации кои им служат на луѓето“. Ова
е многу порадикално отколку што изгледа
на прв поглед, и е во линија со
моменталните состојби на пазарот на
трудот. Имено, во многу индустрии и земји,
пронаоѓањето, но и задржувањето на
таленти стануваат многу поголем предизвик,
отколку пронаоѓањето и задржувањето на
клиентите. Ако овој тренд продолжи, мора
да се развие и соодветна бизнис-стратегија, стекнувањето на конкурентска предност на во однос на глобалното снабдување со
а токму тоа го нуди Индустрија 5.0. Притоа, компаниите. стоки и услуги, а сега веќе и кризата во
создавањето на додадена вредност за Што се однесува до отпорноста, сите Украина, јасно потврдуваат дека отпорноста
работниците е од особена важност во проблеми кои ги донесе КОВИД-19 кризата е клучот и за сегашниот и за идниот развој.

31 август 2022 ПОРТА 51


И во овој сегмент промените се многу
порадикални отколку што може да се
претпостави. И покрај тоа што агилноста и
флексибилноста веќе долго се присутни
во корпоративните агенди, тие не секогаш
водат до поголема отпорност. Ако
отпорноста навистина се етаблира како
еден од столбовите на Индустрија 5.0, тоа
значи дека примарниот фокус повеќе
нема да биде на раст, профит и
ефикасност, туку на создавање
организации кои ќе бидат помалку
ранливи, односно кои ќе бидат способни
да предвидат драматични промени и да
реагираат навремено на секоја криза, а со
тоа да обезбедат стабилни и одржливи
перформанси.
Заканите кои ги носат климатските
промени, ја поставуваат одржливоста
високо на листата на приоритети. Затоа,
организациите треба да бидат посветени
кон исполнувањето на сите 17 цели за
одржлив развој на ОН. Овој столб исто така
носи радикални промени. Досега,
корпоративните напори во однос на
одржливоста беа насочени кон намалување
на штетата, односно намалување на
негативното влијание на компанијата врз
животната средина. Сега, намерата е да се
зголеми позитивното влијание. Со други
зборови, Индустријата 5.0 значи дека
компаниите стануваат дел од решението,
наместо дел од проблемот.

ПОРТА
НОВА РАЗВОЈНА ПАРАДИГМА НА ЕВРОПА
Според тоа, Индустрија 5.0 се нуди како
нова развојна парадигма на Европа, која е
соочена со троен императив: заштита,
подготовка и трансформација во своето
трагање по подобар модел за напредок, но и
во конечно пронаоѓање функционално
решение за климатските промени и за
загубата на биодиверзитетот. Предизвикот е
огромен, но сепак тој во својата суштина е
општествен, бидејќи значи бегство од
постоечкиот индустриски концепт кон нов
модел на одржливо живеење на луѓето, кои
се веќе сериозно ограничени од природните
ресурси.
Но, доколку индустрискиот развој не
направил значителен исчекор од
парадигмата заснована на профит и
исцрпување на природните ресурси, а
последиците кои ги чувствуваме укажуваат
дека ваквата констатација е прилично точна,
тогаш многумина експерти се сомневаат во
десетгодишниот период кој се потроши на
развојот на Индустријата 4.0, констатирајќи
дека тој концепт нема доволен капацитет за
да ја направи потребната трансформација.
Тие додаваат дека Индустријата 4.0 само
придонела за оптимизација и
автоматизација на бизнис-моделите кои се
причина за проблемите и заканите со кои
денес се соочуваме. Покрај тоа, мора да се
спомене и критиката дека сегашната
економија базирана на winner-takes-all
деловниот модел, продуцира технолошки
монополи и огромни социјални
нееднаквости.
Факт е дека остануваме без фосилни
горива и суровини, а ја разоривме и
контаминиравме животната средина до
размери на сериозни нарушувања.
Индустријата 5.0, според своите стратешки
определби е всушност уште еден обид да се
пронајде патот за излез од алармантната
состојба. Нова парадигма со која се напушта
партикуларноста на Индустријата 4.0
базирана на дигитализацијата, односно се
надградува со вклучување на холистички
пристап.
Прогнозите во врска со исходот одат во
две насоки – оптимистичка и песимистичка.
И двете се крајно спротивставени. Првата е
дека радикална позитивна промена
навистина ќе се случи и ќе влеземе во нов
период на развој со позитивни влијанија врз
животната средина и човекот. Втората
алтернатива е сценарио на задржување на
постоечките неодржливи модели, распад на
индустриската економија и враќање во
прединдустриската култура. Конечниот
исход зависи од политичките одлуки и од
сериозноста со која тие ќе бидат
имплементирани. n
31 август 2022 ПОРТА 53
репортажа

Галичник - најблиску
до небото и до облаците
Секој момент, секој час, секој ден и година од иста позиција во Галичник
доживувате и гледате најразлични визури и погледи. Тие во себе содржат
фотографски и духовен предизвик, исполнети со динамика, со треперења, со
емоции и со непредвидливост

Косто ГРАОРКОСКИ, дипл. инж. арх. Ја доживував, ја проучував историјата на Галичник, поднебјето, ја
споредував со други села и градови. Љубопитството ме тераше на
ште од мојата најрана младост бев маѓепсан од

У
една помисла. Сакав да најдам совршен одговор на едно, за мене
Галичник, од моите роднокрајци, од прекрасните суштинско прашање. Од каде ја црпеле духовната енергија и
архитектонски зданија, но, пред сè, од врвните, инспирација моите галичани? Дефинитивно по многу години, морам
културни, национални, економски идеи и остварувања на да признаам дека одговорот лежи во воодушевеноста од чудесните,
сите полиња од страна на ретко надарените галичани. неповторливите визури и погледи кои се доживуваат во поблиската и
54 ПОРТА 31 август 2022
ВИЗУРИТЕ И ПОГЛЕДИТЕ ДУхОВНО ИСПОЛНУВААТ

во подалечната околина и локација каде што е создаден Галичник.


Да, точно, визурите и погледите, да не беа тие вакви како што ги
доживува секој што престојува во Галичник и околината, немаше да
биде на таков начин создадена ретка архитектонска населба со
големо, со богато и со разновидно културно наследство. Амбиентот е
посебно инспиративен, преубав, визурите пленуваат и одушевуваат.
Тие се бескрајни, исполнети со многу бои, музикални се. Секој
момент, секој час, секој ден и година од иста позиција во Галичник
доживувате и гледате најразлични визури и погледи. Тие во себе
содржат фотографски и духовен предизвик, исполнети со динамика,
со треперења, со емоции и со непредвидливост. Треба да се појде и
да се прошета низ Галичник и низ неговата околина, да се доживеат
и да се преживеат визурите, погледите и недогледите. Визурата се
претвора во визија, погледот во недоглед. Галичник еден, единствен
и неповторлив. Овде како никаде на друго место визурите и
погледите се најблиску до небото и до облаците, до Сонцето, до
Месечината и до ѕвездите. Визурите ја спојуваат чудесната структура
на дрвото, на камењата и на водите, со само еден поглед се доловува
играта на многубројните ридови и планини. Во Галичник визурите и
31 август 2022 ПОРТА 55
погледите духовно исполнуваат, ти ги држат очите отворени нас е раздвижен, проникнува, движи и расте во погледот и во
постојано, те исполнуваат со светлина и со пластичност. Мислата и видокругот и затоа творците повторно ќе создаваат ретки дела.
чувството на секој поглед е органската врска на творецот и на Какви сè визури има во самиот Галичник? Визури за секое маало,
творбите, на создателот и на зданието. за секоја палата, за секоја црква, за секоја патека, тие визури ги
Визурите и погледите се менуваат во Галичник како на филмска прават конфигурацијата на теренот и релјефот. Колку пати и да сте
лента. Овде сè е променливо, гледаме низ Сонце, низ магла, низ биле во Галичник секогаш има нови визури и погледи, висти... А
проѕирна полнотија. Визурите и погледите од иста точка се погледите кон него се посебна приказна, тоа е убавина за приказ.
најразлични, иста визура не може да се повтори, за еден објект, за Какви погледи има од Говедарник, какви од Старците, од Скала, од
еден предел може да има безброј визури и погледи. Во македонскиот Кофилковица, од Вели Врв, од Тони Вода, од Фрчец, од Јанечки
Тибет нема двапати иста панорама, ист ритам, иста боја, ист волумен Ливаѓе, од Ѓурѓево Брдо, од Гаришта...
или простор. Сè е различно и прекрасно, ретко инспиративно, Всушност, визурите и погледите во Галичник и во неговата околина
впрочем, затоа е таков Галичник, а и да не остане ниту еден камен од го предизвикуваат секој творечки инстинкт, тие се бајковидни раскази
Галичник со визурите и со погледите на локацијата, тој повторно во за каменот, за дрвото, за водата, за светлоста и за сенката... n

ПОРТА
ПОРТА
хортикултура

Како награда носи мир на умот


Грижата за бонсаи дрво
вклучува часови, недели,
па дури и месеци на
внимание. Поради ова,
одгледувањето растение
со техника на бонсаи
може да има терапевтски
ефект

ПОРТА 3 многуте легенди вели дека дебелиот сè повеќе. Пењинг бил мошне ценет за време
владетел го сметал патувањето заморно, па на владеењето на Сонг династијата (960 -
онсаи, јапонски збор што во наредил да се изгради минијатурна копија од 1279), кога се развивал според

Б буквален превод значи


„стебленце во сад“ е мало дрво
кое расте во саксија. Се верува
дека за неговото одгледување,
освен градинарски вештини, потребен е и
уметнички талент. Уметноста на одгледување
бонсаи дрвја започнала околу 200 години пр.
неговата империја во дворот на палатата, за
да може да го види целото свое царство од
прозорецот на својата спална соба. Сакајќи
да ја зачува својата единственост, царот
наредил секој што ќе се обиде да направи
нешто слично да биде погубен како
предавник. На овој начин е создаден првиот
пософистицирана уметничка форма. Тогаш
почнува и одгледување поединечни стебла во
бонсаи сад. Првите вакви примероци имале
стебла изрезбарени да личат на змејови и на
други животни и се викале пун-саи.
Во 11 и во 12 век Кина извршила значајно
културно влијание на околните земји,
н. е. во Кина. Тоа е период на владеење на минијатурен пејзаж. Без разлика дали таа особено на Јапонија, преку уметност и
династијата Хан. Создаден е нов концепт – приказна е вистинита или не, едно е сигурно: филозофија. За пренесување на бонсаито во
креирање минијатурни природни пејзажи во поседувањето минијатурни пејзажи Јапонија и ширење меѓу јапанската
садови, наречени пењинг. Една од претставувало статусен симбол и се развивал аристократија и самураи, најзаслужни се зен
58 ПОРТА 31 август 2022
БОНСАИ

свештениците. За нив бонсаи претставувал


религиозен објект, „зелени скали што водат
кон небото“, односно спој меѓу луѓето и Бог.
Во центарот на одгледување бонсаи
воспоставена е рамнотежа помеѓу човекот и
природата. Одгледувачот се посветува на
бонсаи, негува во себе креативност, па
секоја година од почеток преку овие мали
растенија го проживува ритамот на смената
на годишните времиња. Самото одгледување
бонсаи бара многу нега и внимание, но како
награда носи мир на умот, чувство на
освежување и внатрешна смиреност.
Понатамошниот тек на бонсаи уметноста
оди во повеќе правци - кинескиот ја задржал
традицијата на сурова и едноставна
уметност без прекумерно разубавување на
дрвото, отсликувајќи ја чистата и вистинска
природа, додека јапонскиот стил се
карактеризира со префинета форма која се
стреми кон перфекционизам. И двата стила
имаат свој шарм, тајни на одгледување и
голем број обожаватели.
За обликување и одгледување бонсаи
потребно е многу повеќе од само
хортикултурна вештина. Основниот принцип
е да се одгледува минијатурно стебло кое ќе
ги има сите карактеристики на тој
растителен вид во „нормална“ големина во
природата.
Бонсаи преку Јапонија стигнал во Европа
и оттаму го освоил светот. Првите изложби
на бонсаи се организирани во Париз и
Лондон кон крајот на 19 век, а денес бонсаи
е добропозната и високоценета
хортикултурна уметност низ светот.

КОИ РАСТЕНИЈА СЕ ПОГОДНИ ЗА


БОНСАИ ТЕхНИКА
Основниот принцип на бонсаи техниката е
да се одгледуваат минијатурни стебла кои ги
имаат сите карактеристики што ги има
истото растение во својата природна
големина.
Сите растенија со силно стебло со
правилна нега и кроење може да станат
бонсаи. Сепак, постојат некои видови кои
полесно се приспособуваат на мала саксија,
а нивните листови брзо се намалуваат, па
овие растенија најчесто се препорачуваат за
бонсаи почетници. Во овие видови спаѓаат:
јавор, бор, фикус, бука, брест, костен и даб.
Од друга страна, некои видови потешко се
приспособуваат на овие услови на растење,
па затоа не се препорачуваат. Ваков пример е
оревот, чии листови природно се многу
големи, па не може да се намалат до саканата
големина со помош на техниката бонсаи.
Добрите примероци на бонсаи обично се
издржливи видови кои може да се чуваат на
отворено во текот на целата година каде што
зимите се благи. Повремено може да се
31 август 2022 ПОРТА 59
ФОРМИРАЊЕ НА ОБЛИКОТ НА БОНСАИ
Постојат големи и мали примероци на
бонсаи дрвја. Големото дрво бонсаи обично е
високо околу 45 до 46 сантиметри, додека
малото е високо под 13 сантиметри. Бонсаи
дрвото може да биде и поголемо, во
зависност од тоа што сака да постигне
одгледувачот.
Иако категоризациите на бонсаи
значително се разликуваат, минијатурните
бонсаи општо се познати како shohin.
Најмалите од нив (keishi и shito) се со висина
од пет до седум сантиметри, почнувајќи од
семиња или стебленца, потребни се од три до
пет години за да дојдат до фаза на квалитет, а
може да живеат неколку децении. Малите
бонсаи (mame), се од седум до 15 сантиметри
во висина, а потребни се од пет до 10 или
внесат во куќата поради почитување и препорачува за почетници. Исто така дрвото повеќе години за да се обликуваат. Средните
уживање. Во Јапонија вообичаено се може да се купи во расадник, потребно е да бонсаи обично се движат од 20 до 40
изложени во ниша или на мали маси во има цврсто стебло, и со кроење и сантиметри висина, но може да бидат високи
дневната соба, а подоцна се враќаат на обликување да се одгледува бонсаи. Но до околу 60 сантиметри и може да се
нивните полици за бонсаи на отворено. најпрецизно ќе се управува со неговото произведуваат за само три години. Големите
Постојат повеќе начини на одгледување растење ако се одгледува од семе. (dai) бонсаи може да бидат високи до дури 120
бонсаи. Можно е да се најде во планина Растењето од семе е секако сантиметри и бараат двајца или повеќе луѓе да
природно закржлавено дрво, но за тоа е најдолготрајниот метод. Првите резултати се ги преместат.
потребна голема среќа. Дрвото треба да се видливи дури по десет години. Најдобро Режењето на бонсаи се прави со алат кој е
извади многу внимателно, техника која не се време за негово садење е есен. мошне скап.

ПОРТА
Во уметноста на бонсаи важен елемент е
изборот на саксијата. Садовите за бонсаи
најчесто се земјени, може да бидат кружни,
овални, квадратни, правоаголни октагонални
и имаат една или повеќе дренажни дупки на
дното. Саксиите внимателно се бираат за со
бојата и пропорцијата да бидат во склад со
дрвото. Ако садот е правоаголен или овален,
дрвото е засадено малку понастрана од
средината, според ширењето на гранките.
Во квадратна или кружна саксија дрвото е
поставено подалеку од центарот, освен за
каскадните типови, кои се засадени кон
спротивната страна на садот од кој се
надвиснуваат. Бонсаите се формираат на
начин да има предна или страна за гледање,
ориентирана кон набљудувачот кога се на
изложба.
Бонсаи мора да се пресадува на секои една
до пет години, во зависност од видот и
степенот на раст на коренот. Постепеното
кастрење на коренот за време на
пресадувањето во следните години ја
намалува големината на почвата, така што
дрвото на крајот може да оди во посакуваниот
мал и плиток сад.
Грижата за бонсаи дрво вклучува часови,
недели, па дури и месеци на внимание. Поради
ова, одгледувањето растение со техника на
бонсаи може да има терапевтски ефект.
Со добра грижа и нега бонсаи живее
најмалку 100 години. Бонсаи е растение кое
се пренесува од генерација на генерација. Во
Јапонија постојат видови кои се стари преку
150 години.
Најстарото бонсаи на светот Ficus retusa
Linn Bonsai, наводно старо повеќе од 1.000
години се наоѓа во Crespi Bonsai Museum во
Италија. Високо е 310, а широко 280
сантиметри. Купено е и испорачано во Италија
во 1986 година од Луиџи Креспи, по
неколкугодишни преговори. Дрвото го
обликувале многу генерации кинески
мајстори, а потоа прославениот јапонски
мајстор Shotaro Kawahara. Еден бор исто така
има ознака најстар на светот, околу 800
години. Во моментов е во сопственост на
Kobayashi, еден од најугледните бонсаи
професионалци на светот. Следниот
примерок е јапонски бор кој го преживеал
ударот на атомската бомба во 1945 година.
Денес ова бонсаи, старо преку 400 години е Најстарото бонсаи на
донирано на Националниот бонсаи и пењинг
музеј во Вашингтон.. n
светот Ficus retusa Linn Bonsai,
старо повеќе од 1.000 години се наоѓа
во Crespi Bonsai Museum во Италија
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА

You might also like