You are on page 1of 3

Што се задоволува со методот на конечни

разлики?
Во методот на конечни разлики се
задоволува диференцијалната равенка на
задачата во одреден конечен број на точки
, од областа D и граничните услови , исто
така се задоволуваат во одреден конечен
број точки од контурата G. На ваков начин
наместо да се решава диференцијалната р-
ка или систем диференцијални равенки со
задоволување на граничните услови,
задачата се сведува на решавање систем
од алгебарски равенки.

Што се подразбира според јакоста на


материјалите , а што по теорија на високи
носачи?
Според теорија на јакост на материјалите
се претпоставува линеарна распределба на
нормалните напони σх и се добиваат рабни
напони +- р. По теоријата на високите
носачи оваа распределба е нелинеарна и
се добиваат значително поголеми рабни
напони на затегнување, а помали напони
на притисок.

Плочи општо?
Под поимот плоча се подразбира
површински носач товарен со товари
нормални на неговата рамнина . Плочите
претставуваат призматични тела кај кои
дебелината е мала во одлос на двете
димензии во основата.

Што е средна рамнина?Што е


уклон(угиб)?
Рамнината која во секоја точка ја
преполовува дебелината на плочата се
вика средна рамнина . Поместувањата на
точките од средната рамнина по нејзината
нормала се викаат уклони.

Според односот на дебелината на плочата


и помалата димензија какви плочи
разликуваме?
-тенки плочи : (1/8-1/100)<h/b<(1/5-1/8)
-сосема тенки плочи(мембрани):h/b<(1/8-
1/100)
-дебели плочи: h/b>(1/8-1/100)

Објаснете го со скици, изрази и текст


феноменот на подигање на аглите
слободно потпрена плоча товарена со
вертикален товар надолу?

(сили на аглите на плочата)

-Ако контурата на плочата е натоварена,


тогаш во прекршната точка од контурата ,а
како резултат од замената на торзионите
моменти со приведени трансверзални
сили, ке се јави остаточна конц. Сила:
P=Mut(2)-Mut(1)
-во овој случај треба да се додаде
граничниот момент:
Mut(2)-Mut(1)=0
Кај правоаголна плоча товарена со
вертикален товар надолу аглите на плочата
тежат да се подигнат бидејки силата Р има
насока нагоре, па граничниот услов дека
Р=0 ке се исполни ако со конструктивни
мерки се прими оваа сила, односно, ако
аглите на плочата се анкеруваат.
Основни поими и теории во теоријата на
лушпите?
Лушпа е тело ограничено со две
криволиниски површини меѓу кои
растојанието е многу мало (дебелината) во
однос на другите две димензии.
Во теорија на лушпите се претпоставува
дека материјалотна лушпата е изотропен и
го следи законот на еластичност(Хуков
закон), а поместувањата на точките од
лушпата се мали во одност на нејзината
дебелина. Според овие претпоставки
лушпите може да се разгледуваат по
линеарна теорија.

Која особина ја имаат главните линии на


кривината кај една крива површина? Што
претставува Гаусова кривина на
површината?
Која и да било тошка од кривата површина
може да се разгледува како пресек на две
линии α1 и α2, односно положбата на која
и да било точка од површината е
определена со два параметри α1=const и
α2=const, кои се викаат криволиниски или
гаусови координати на кривата површина .
Нека се α1 и α2 глевните линии на
кривината то точката М со надворешна
нормала n , на една крива површина
.Тангентите на главните линии на
кривината α1 и α2 со точката М склопуваат
прав агол. .R1 и R2 се викаат главни
радиуси на кривината .Главните кривини
во оваа точка се: k1=1/R1 ; k2=1/R2
k=k1*k2-гаусова кривина –производ на
главните кривини.

Како се делат лушпите(површините)


според вредноста на гаусовата кривина?
Објасни со скици?
-к>0-површина со позитивна гаусова
кривина (сите тошки се елиптични)

-к=0-површини со нулта гаусова кривина


(сите точки се параолистички)

-к<0-површини со негативна гаусова


кривина(сите точки се хиперболистички)

Скицирај ги внатрешните сили во


нормалните пресеци кај дна лушпа со
нивните позитивни насоки и наведи во
која група спаѓаат(мембранска или
моментна)
Дефинирај ги со текст или скица условите
кои треба да бидат задоволени со
постоење на мембранска напонска
состојба кај една лушпа?
1) лушпата треба да има благо променлива
, непрекината средна површина , односно,
средната површина на лушпата треба да
биде непрекината функција на
координатите
2) дебелината на лушпата треба да биде
константна или континуално променлива ,
односно, да биде непрекината функција на
координатите
3)товарите што дејствуваат на лушпата
треба да се континуално променливи и
непрекинати.
4)потпирањето на лушпата треба да биде
такво, да е овозможено слободно
поместување на крајот на лушпата во
правец нормален на средната површина.
5)силите што дејствуваат на рабовите на
лушпата треба да лежат во
тангенцијалните рамнини на средната
површина.

За лушпата товарена со рамномерно


распределен товар, со користење на
соодветната равенка за рамнотежа,
изведи го изразот за внатрешната сила Nq
во произволњн пресек ϕ

За лушпите на скиците , напиши ги


изразите за силите во прстените со
соодветниот знак( за притисок или
затегнување)?

Поради неиспонување на кој услов се


јавува нарушување на мембранската
напонска состојва на крајот од лушпата ?
Скицирај карактеристичен дијаграм на
внатрешна сила од моментната група кај
една лушпа?
-Поради неисполнување на условите 4 и 5
4) потпирањето на лушпата треба да биде
такво, да е овозможено слободно
поместување на крајот на лушпата во
правец нормален на средната површина
5) силите што дејствуваат на рабовите на
лушпата треба да лежат во
тангенцијалните рамнини на средната
површина
Оваа појава во теорија на лушпите е
позната под името ефект на краевите

You might also like