You are on page 1of 1

Двете дела се вонвременски и наднационални во отслукувањето на

патријалхарниот начин на живот даде според спецификите на едно време.


Патријархатот во овие драмски дела е возобличен во едни лиови Теодос и Јордан кои
се носители на трагедија и несреќа и тоа не поради тешкиот карактер кој го поседуваат
туку поради животните неприлики кои им ги создаваат на оние кои по логичен след на
нештата треба да им бидат блиски – зетот, ќерката во Печалбари и потесното семејство
во Чорбаџи Теодос. Во овие дела, како некој намерно да го довел патријархатот до
својот екстрем, за да како последица на неправидте кои ќе ги донесат ликовите кои
него го застапуваат, ја најават потребата за демократичност во едно семејство.
За да не бидат традиционално-културолошки ослабнати овие дела, авторите ги
вметнуваат обичаите во содржините на драмските дејствија. Наиме, практикувањето
на обичаите е начин наживот на кои требало на луѓето во минаотот да им го олеснат
живеењето т.е. да живеат според некои правила. Но, и тогаш она што се сметало за
правило било земено како изговор, како инструмент да се постигнат сопстгвените цели
(пари, наместо љубов помеѓу двајцата млади) и да се задоволат сопствените каприци,
егоизам, самобендисаност.
Односот дете-родител е илузија дека воопшто постои некој однос кој би можел
како таков да егзистира во модерно општество. Подобро е да се напомене дека однос
воопшто и нема туку дека се е сведено на следење на правилата, начинот на живот и
задоволување на егоистичките потреби на таткото-старател. Во драмите не постои
донасочна комуникација помѓу родетелот и детето. Гледајќи од денешен аспект, може
да сметаме дека овие драмите го постигнале својот успех денес, гледајќи го
дијалектичкиот развој на македонското семејство низ годините. Бидејќи го исмеваат и
го ставаат во негатвна конотација патријархалното однесување на таковиците во
семејството, денес тој концепт на семејство е речиси во целост искоренет.

СТАВИ НЕШТО МАЛЦЕ ЗА ПОЧЕТЕН И ЗАВРШЕН ДЕЛ ЕДНА РЕЧЕНИЦА.

You might also like