Professional Documents
Culture Documents
Масажа на глава
Масажа на глава
1. Анатомски карактеристики
Масажата на глава има два дела врз основа на анатомските карактеристики при
што се дели на масажа на лице и масажа на скалп (косматиот дел од главата).
Кожата на лицето е мека, тенка, нежна, чувствителна богато васкуларизирана со
крвни и со лимфни садови и богата со лојни и потни жлезди. На неа лесно
настануват брчки. Поткожното сврзно ткиво содржи и мускули, нерви и крвни
садови. Ова сврзно ткиво е лесно подвижно, освен во пределот на брадата, каде
што потешко се придвижува.Кожата на скалпот е влакнеста, подебела, цврста
оптегната преку коскениот череп и исто така е богато васкуларизирана. Насоката
на венскиот и на лимфниот тек се фактори од кои зависи насоката на масажните
фатови.
Нерви кои што излегуваат на површината на лицето се:
- n. supraorbitalis
- n. infraorbitalis
- n. mentalis
- n. occipitalis major
- n. facialis
- n. trigeminus
3. Масажа на лице
Мазнењето на лицето може да биде општо и детално. Општото мазнење е
почетен фат со кој го нанесуваме средството за масажа. Дланките се поставуваат
на средната линија на лицето и оттаму се шират хоризонтално кон ушите и тоа
така што прво се мазни челото, па образите и на крај брадата. Деталното
мазнење се изведува со јагодниците на 2, 3 или 4 прста. Редоследот на мазнење
е следен: се почнува од челото, па веѓите, па очните капаци, па образите,
брадата и на крај долната вилица.По мазнење се започнува со триење на лицето,
кое се изведува по истиот редослед. Тоа се изведува со кружни или со цик-цак
движења со повторување од 3 до 5 пати.Гмечењето на лицето се изведува во вид
на стегање, притискање и лесно штипкање без растегање освен во пределот на
образите.Тропкањето се изведува со јагодниците на вториот и третиот прст кое
предизвикува опуштање на мускулите на лицето.Вибрациите се изведуваат со
јагодниците на прстите со брзи неизменични движења во рачниот зглоб кои се
пренесуваат на посебни точки.
- насоки на движења на
фатофите при масажа
4. Масажа на скалп
При масажа на скалпот движењата треба да ја следат насоката на растот на
косата и изводните канали на жлездите. Доколку се изведува во спротивна насока,
може да дојде до запушување на истите. Масажата се започнува со мазнење со
двете шаки од двете страни на главата со прстите кои се повлекуваат како чешел.
Движењата се од челниот и тилниот кон средината на главата и постепено се
зголемува притисокот.Триењето се изведува на истата површина само со кружни
движења. Гмечењето се врши со едната дланка на темето, а другата на косматиот
дел од челото, во вид на затегање и растегање.Тропкањето се изведува со
врвовите на јагодниците кое предизвикува опуштање. Вибрациите се изведуваат
со јагодниците на прстите за намалување на болката.
- масажа на скалп