You are on page 1of 5

Име и Презиме

____________________________Диме Игески______________

Број на Индекс

_____________________________1882025_____________

Датум на полагање

_________________________25.11.2020г._________________

Доц.Д-р.Живко Митревски

Асс.М-р.Ерика Пешкоска

Прашања за испит по предметот СЕМЕЈНО ПРАВО

1. Поим, форма и постапка на склучување брак!


2. Врз кои начини престанува полноважниот брак, и објасни ги истите?!
3. Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за старател?!
4. Кога престанува правото на издржување?
5. Што претставува посвојувањето, кои се видовите и условите за посвојување?
*Вкупен износ на поени80

Одговори:

1. Поим, форма и постапка за склучување брак

Законот за семејство на Р. Македонија го дефинира бракот како со закон уредена заедница


на живот на маж и жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејство
и општество. Бракот претставува институција од посебен општествен интерес за чие
склучување законот предвидел точно определени услови. Притоа бракот може да се
склучи само во форма која што е определена во законот доколку се исполнети условите за
склучување и за полноважност на бракот. Во законот за семејство предвидени се два вида
услови: постоење на суштествени услови без кои бракот неможе да биде склучен;
непостоење на околности, таканаречени брачни пречки,за да може склучениот брак да
биде полноважен. Во првата категорија, суштествени услови, законот ги предвидува
следните: постоење на две лица од различен пол, согласна изјава дека сакаат да склучат
брак, согласната изјава да биде дадена пред надлежниот орган на начин определен со овој
закон. Во втората категорија, брачни пречки односно околности при чие постоење не
може да се склучи полноважен брак, законот ги предвидува следните:
малолетство,брачност, манифестна форма на душевно заболување и неспособност за
расудување и заостанатост во менталниот развој, недостатоци на волја, сродство.
Претходната постапка ги опфаќа дејствијата кои се преземаат пред самото склучување на
бракот, значи му претходат на чинот на склучување на бракот. Така лицата кои имаат
намера да стапат во брак, поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење
на матичните книги на венчани, притоа пријавата може да се даде било писмено, било
усно на записник. Покрај пријавата идните брачни другари, според законот се должни да
приложат и извод од матичната книга на родени, а кога е потребно и други документи,
како што е решение со кое е дозволено склучување на брак, судска пресуда со која
претходниот брак престанал, полномошно кога едниот од брачните другари претставен
преку полномошник. Матичарот е должен во оваа претходна фаза да провери дали
постојат околности кои укажуваат на постоење на брачни пречки. Тоа ќе го стори
првенствено врз основа на изјавите на идните брачни другари, но по потреба и на друг
начин. Ако матичарот утврди дека подносителите на пријавата ги исполниле сите услови
предвидени во законот, вклучувајќи го и фактото дека нема основа за постоење на брачни
пречки тој во договор со лицата кои сакаат да склучат брак го утврдува денот и часот за
склучување на брак.
Склучување на брак(венчавање)
Чинот на венчавање го означува моментот на склучување на брак и притоа е неопходно
тоа да се изврши на свечен начин. Законот за семејство предвидува дека склучувањето на
брак се врши на свечен начин и во посебна за тоа определена службена просторија (место
за склучување). Законот предвидува дека бракот се склучува во присуство на лицата кој
сакаат да склучат брак, советникот во собранието на општината што тоа ќе го определи,
двајца сведоци и матичарот. Притоа како сведок може да се појави секое лице кое
поседува деловна способност. Чинот на склучување на брак започнува со извештајот од
страна на матичарот дека идните брачни другари се присутни и дека врз основа на
исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците е утврдено дека не постојат
пречки за склучување на брак. Советникот откако ќе констатира дека нема приговори на
извештајот започнува со самиот чин на венчавање.Откако брачните другари ќе дадат
потврдна изјава дека се согласни да склучат брак со идниот брачен другар матичарот ќе ја
запише во матичната книга на венчани во која се потпишуваат идните брачни другари,
советникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни
другари ќе се потпишат во матичната книга на венчани.
2. Врз кои начини престанува полноважниот брак, и објасни ги истите?!

Полноважниот брак може да престане со смрт на брачен другар, со прогласување на


исчезнатиот брачен другар за исчезнат и развод. Смртта на брачниот другар како
природен факт како своја последица го има престанокот на бракот. Со моментот на смртта
престануваат сите функции на брачната заедица меѓу мажот и жената,затоа со смртта на
брачниот другар бракот престанува по сила на закон.По своето дејство врз престанок на
бракот со смртта се изедначчува и прогласувањето на исчезнат брачен другар за умрен.
Прогласувањето а исчезнато лице за умрено не интересира од аспект на утврдувањето на
моемнтот на престанок на бракот и од аспект на последиците вез бракот доколку се случи
брачниот другар кој што е прогласен за умрен да се јави по извесно време или на друг
начин да се утврди дека е жив. За разлика од смртта при прогласувањето на едно лице за
умрено многу е потешко да се утврди фактот дали навистина е исчезнатото лице е умрено
како и моментот кога настапила смртта. Зато при определвањето се тргнува од
претпоставка. Според тоа денот кој што ќе биде определен во правосилното решение за
прогласување на исчезнатото лице за умрено како ден за неговата смрт ќе претставува и
момент кога престанал бракот.Разводот претставува начин на рпестанок на полноважен
брак. Притоа причините за развод настануваат откако тој ќе биде склучен. Причините што
ќе настанат во текот на брачната заеница доведуваат до престанување на заедничкиот
живот. Разводот претставува најчест начин на престанок на брак. Дека бракот не е само
приватен однос меѓу брачните другари докажува и фактот дека тој може да се разведе
само со одлука на надлежен државен орган односно судот во постапка пропишана со
закон.

3.Што претставува старателството, кои се неговите видови и објасни за


старател?!

Старателството е институт чија основа цел е заштита а лицата на ко таа им е еопходна а


тоа е на прво место се малолетните деца кои било од која причина се лишени од
родителската грижа. Но старателството опфаќа и полнолетни лица кои заради својата
здравствена состојба имаат потреба од грижа и од заштита на своите права и интереси.
Старателството опфаќа и други категории на полнолетни лица кои од најразлични
причини не се во состојба сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и
интереси. Старателското право го сочинуваат нормите со кои се уредува организираната
опшествена заштита на сите категории на лица на кои таа им е потребна односно на
лицата ставени под старателство. Старателството е стара ошествена и правна
институција . Во римското право таа се појавува во два вида: туторство и кураторство. Во
новата концепција која започна да се изградува по војната појдовната точка беа
категориите лица на кои треба да им се пружи старателска заштита односно на кои таа им
е потребна на околостите кои ја наметнале потребата тие лица да се ставаат под
старателство. Се разграничуваат трите вида на старателство: старателство врз малолетни
лица, старателство вез лишените од деловна спосопбност, старателство за посебни слчаи.
Кога под старателство се става малолетно лице тогаш целта на старателството се
постигнува со згрижување на малолетно дете со неговото воспитување и образование со
што се обезбедуваат услови за правилен развој на еговата личност и оспособување а
самостоен живот. Кај полнолетите лица лишени од деловна способност кои ставаат под
старателство целта на старателството е на прво место грижа за нивната личност бидејчи
тоа се лица кои заради здравтсвени недостатоци ја изгубиле деловната способност. Целта
на старателството во сите други случаи се сведува на заштита на одредени права и
интереси на лицата кои не се во состојба тоа сами да го направата, било да стаува збор за
определено правно дело или пак потребата од таквата заштита да е аметната од
определена правна ситуација. Вториот вид во кој се изведува старателската функција е со
поставување на старател а тоа лице кое непосредно се грижи за личноста и имотните
рпава и интереси на лицето ставено под старателство. Законот за семејството определува
кои својства треба да ги поседува лицето и кои услови треба да бидат исполнети за тоа
лице да може да биде старател. Неопходно е лицето да поседува лични својства и
способности за вршење а должноста старател. Ставот а нашето законодавство е дека
првенствено право имаат најлиските роднини на лицето под старателство, се разбира
доколку ги исполнат сите потребни услови за таа функција. Нашиот закон изречно ги
наведува лицата кои неможат да бидат старатели и тоа: на лице кое му одземено вршеето
на родителско право, на кој му е одземена или ограничена деловна способност, чии
интереси се во спротивност на интересите на лицата под старателство, односно кое не
дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го воспита, од кој до оглед на
старателство и неговите родители не може да се очекува дека правилно ќе ја врши
старателската функција.

4. Кога престанува правото на издржување?

Правото на издржување на поранешниот брачен другар престанува во следните случаи:


кога ќе престанат претпоставките односно условите кои ги предвидува законот за
остварување на правото на издржување (брачниот другар да нма доволно средства за
издржување и да е неспособен за работа или е без работа не по своја вина; кога ќе истече
времето за кое е досудено издржувањето; кога поранешниот брачен другар кој добива
издржување, ќе склучи нов брак, или ќе стапи во вонбрачна заедница. Значи што
брачниот другар ќе биде во состојба да создава средства за живот, се оспособи за работа и
се вработ или пак остане без работа не по своја вина, не постои основ за остварување на
правото на издржување. Времетраењето на правото на издржување може да трае најмногу
пет години, но дека зависно од околностите на конкретниот случај судот може да одлучи
за подолг или пократок период од наведениот. Со истекувањето на определениот рок во
судската одлука доаѓа до престанок на правото на издржување. Со стапувањето во нов
брак или вонбрачна заедница, поранешниот брачен другар е упатен на дргу начин да ги
обезбедува потребните средства за живот со што исто така доаѓа до престанок на правото
на зидржување. Треба да се води сметка вонбрачата заедница да траела најмалку една
година за да може таа да произведе исти правни дејства како и брачната заедница,
впрочем и при одлучувањето за издржување, односно за остварување на правото за
издржување на лица кои живеат во вонбрачна заедница треба да се води сметка за
исполнување на овој услов: фактичката заедница на живот во вонбрачната заедница да
траела најмалку една година.

5.Што преставува посвојувањето, кои се видовите и условите за посвојување?

Посвојувањето претставува правна и општествена институција со која меѓу посвоителите


и посвоеното дете се засноваат роднински односи, кои зависно од видот на посвојувањето
се идентични со природниот родителски однос. За разлика од природниот родителски
однос, посвојувањето се заснова со правен акт, значи по вештачки а не по природен пат
како крвното сродство. Со посвојувањето се создава посебен облик на семејство и со тоа
се овозможува семејноправна заштита на децата, па поради тоа посвојувањето претставува
институција од посебно општествено значење. Како правен институт посвојувањето се
заснова со правен акт со кој што се воспоставува роднински однос и тоа родителски однос
меѓу посвоителот којшто е полнолетно деловно способно лице и посвоеникот којшто е
туѓо малолетно дете. Од моментот на засновање на родителскит однос по пат на
посвојување, започнуваат да се остваруваат сите права и должности меѓу посвоителот и
посвоеникот кои што постојат меѓу родителите и децата. Во зависнот од содржината на
односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста на тие односи, посвојувањето
се јавува во два вида: потполно и непотполно посвојување. Потполно посвојување е начин
на засновање на родителски однос во кој меѓу посвоителот и неговото семејство и
посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу
крвни роднини. Односите што се создаваат со потполното посвојување се од траен
карактер, бидејќи правата и должностите се изедначени на оние кои постојат меѓу крвни
роднини, па така еднаш востановениот родителски однос, не може да престане.
Непотполно посвојување претставува востановување на роднински однос, во кој меѓу
посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Бидејќи
непотполното посвојување не претставува дефинитивно раскинување на односите на
посвоеното дете со неговото поранешно семејство, ниту пак со него се воспоставува
целосен родителски однос, непотполното посвојување може да се раскине. За засновање
на посвојувањето потребно е да бидат определени услови од суштествен карактери тоа:
учество на определени лица ( посвоител, посвоеник, родителите или старателот на
посвоеникот), согласна изјава на овие лица за засновање на посвојувањето, учество на
надлежен државен орган(центарот за социјална работа), засновање на посвојувањето во
форма предвидена со закон.

You might also like