Ана Каренина е централен лик во истоимениот роман од рускиот писателот Лав
Толстој. Преку ликот на Ана Каренина дознаваме за љубовта, болката, страдањето и борбата. Силата на љубовта ја гледаме преку врската на Ана со Вронски. Но таа љубов ги доведува и двајцата до работ на психата и моралот. Нејзината љубов е толку голема и силна , но сепак грижата на совеста е голема. Таа целосно предавајќи и се на љубовта не може да се грижи својот сопруг, за своето дете и својот дом . Ги нарушува сите општествени морални норми и семејните вредности. Има сопруг , а бремена е од својот љубовник. Нејзиниот маж се грижи само за моралните обврски и за срамот кога ќе дознаат другите луѓе. Од тука дознаваме за неговиот ладен однос кон својата сопруга кој можеби е причина за постапките на Ана. Таа само се труди да ја потполни големата емотивна празнина предизвикана од рамнодушноста на својот сопруг. Тој е човек кој го почитува моралот и христијанските закони кои ги наметнува општеството , па поради тоа не сака развод. Со тоа расте стравот и љубомората кај Ана , да не го изгуби својот љубовник Вронски и да не остане сама. Не успева да се избори во својата болка и страдање и го наоѓа решението во смртта со самоубиство под возот на станицата. Сепак таа остава слика на една хероина која и покрај се има храброст да сака со цело свое срце и цела своја душа. Сите нејзини постапки се водени од љубовта . Таа за својата индивидуална среќа се откажува од бракот, од материјалната сигурност, од своето минато и иднина во високото општество. Од друга страна нејзината љубов, е љубов заробена во синџирите на општеството, моралот и нарушените семејни односи. Хероината не успева да се ослободи, нејзината борба против општеството и благородништвото кое одлучува кој ќе биде на добар глас, завршува фатално. Ликот на Ана Каренина е доказ дека општеството казнува ако сопствената среќа се бара надвор од границите на моралот.