You are on page 1of 3

Идолите на младите луѓе во современиот свет

„Што ќе бидеш кога ќе пораснеш?“- сите се сеќаваме на ова прашање во текот на


нашето растење. Да, тоа е тоа познато прашање со кое нашите родители и постарите нѐ
поттикнувале да ѕирнеме во нивниот свет на возрасни и да ја „предвидиме“ својата
иднина. Кога пред неколку децении ова прашање ќе било поставено на младите, нивниот
одговор најчесто бил учителка, доктор, пилот, глумица... И денес се поставува ова
прашање на новите генерации, но одговорите се променети. Тоа е нормално затоа што
времињата се менуваат, а секоја генерација со себе носи поинаков дух и поглед на светот.
Денешниот поглед на светот е предводен од современите трендови кои со себе носат
нови идоли кои се тука да влијаат врз формирањето на личноста на младите. Пред неколку
децени младите за свои идоли ги земале своите професори, најдобрите ученици од
одделението и слично. Тие знаеле која е вистината и биле насочени кон „живи“ примери и
вистински професии. Од познатите личности како идоли секогаш се земале луѓето кои ја
ценат науката, образованието, културата, моралните вредности и секако доброто
однесување. А, тогаш нешто се сменило. Се појави виртуелната стварност. Новите
генерации се повеќе се насочени кон интернетот и социјалните мрежи, кои стануваат
места каде се бараат нови работи, но и нови идоли. Семејството, училиштето и
опкружувањето полека, но сигурно го губат влијанието на животот на младите. Нивната
улога ја земаат личностите од малите екрани. Па така, во деведесетите години на
минатиот век најпознати меѓу младите стануваат странските и домашните музички ѕвезди.
Понатаму со годините истиот тренд продолжува, но на листата се додаваат и водители,
манекенки, фото-модели, учесници на реално шоу и слично. Сето ова носи едно ново
гледиште, а тоа е да се биде виден, познат и богат. Несомнено е дека интелегенцијата и
образованието се сеуште присутни, но целото внимание е насочено кон славата, моќта,
парите и атратктивниот изглед. Убаво е да се каже дека во последните години спортистите
стануваат еден дел од идолите на младите во денешниот свет. Но, кога ќе се прашаат
младите зошто Стојанче Стоилов или Горан Пандев е нивен идол, прашањето е дека затоа
што е успешен, богат и славен. Очигледно е дека младите денес повеќе го ценат
материјалниот живот со чест на исклучоци. За успех се смета раскошниот живот до кој се
доаѓа лесно, без труд, учење и макотрпна работа. Новите технологии, пронајдоци,
социјални мрежи го прават тоа да биде преку ноќ. Доволно е да се појавиме на екранот и
нашиот живот од соништата почнува.
Но, не е се така црно како што изгледа. Сеуште постојат млади кои веруваат во успех
со сопствена работа. Млади кои своите идоли ги одбрале врз темелот на добрите и
морални вредности. Доброто се цени, трудот се цени и секако начинот на кој што е
остварен успехот. Да не бидеме млади кои живеат во виртуелна стварност и веруваат во
нешто имагинарно, да ја покажеме реалноста каква што е и да бидеме пример младина.
Како и што нашиот другар Тито рекол: „Држава со ваква младина не треба да се плаши за
својата иднина“. Да бидеме таа младина!

You might also like