Роман

You might also like

You are on page 1of 3

Р оманот 

„ Странецот “ го сочинуваат два дела во кои е прикажано современото отуѓување на човекот од


општеството. Тој е полифоничен роман во кој се дава перспективата на општествената стварност и
стварноста на поединецот.
Мерсо е човек на новото време, отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по
убедување. Тој е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во сфаќањето на таа
слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него. Смета дека човековиот живот е
безвреден и дека е сеедно како ќе се живее зашто и така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види
за последен пат мртвата мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест,
дали ќе се ожени со Марија или не. Сè му е сеедно. Деновите ги минува незинтересирано, а кога му се
пружа можност да оди во Париз и да напредува, тој одбива. Не сака да промени ништо во својот безначаен
живот. Од здодевност го прифаќа и пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со
законот. Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се замеша во тепачката
иако тоа него не го засега. И на крајот таа незаинтересираност ќе го доведе во ситуација да убие човек. Но,
тој и понатаму е рамнодушен. Не се вознемирува заради убиствито, не се покајува, не зажалува, па дури и
не размислува за тоа. Како ништо да не се случило.
И во текот на судскиот процес е рамнодушен, не го сфаќа сериозно, не се потрудува да каже што било во
своја одбрана. Тоа што го кажува е неприфатливо за останатите луѓе — дека заради сонцето и
неподносливата горештина — убил.
Само на крајот, кога ја добива смртната пресуда, во него почнува да се буди нешто. Се крева револтот кај
него заради неможноста од избор. Пресудата е дефинитивна и конечна. Смртта е конечна. Тогаш за првпат
не му е сеедно што нема да поживее уште дваесет години, бидејќи секогаш има шанси за нов почеток и за
поинакво сфаќање на работите. Затоа, бидејќи извршувањето на смртната казна е неизбежна, тој
помирувајќи се со тоа, сепак посакува барем тогаш околу него да има многу луѓе. Да не биде сам и осамен,
како што бил целиот негов живот.
Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство.
Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето
додека се чека нешто што нема да дојде.
Ако животот на Мерсо од „Странецот“ на Ками е бесмислен и апсурден, тогаш животот и ликовите во оваа
драма се супербесмислени и суперапсурдни
Во оваа драма сè е релативно. Времето, местото, па и ликовите. Времето е денес, утре и вчера, а можеби и
не е. Самите ликови не знаат дали чекале вчера или некогаш порано, а и утре можеби ќе чекаат, ако
стигнат на време. Местото е покрај некое дрво, кое можеби е грмушка. Апсурдот на релативизирањето оди
до таму што не е сигурно дали е тоа вистинското место каде што се договориле да се чекаат и дали и вчера
биле тука или првпат доаѓаат.

Карактеристично за драмското творештво на Бекет е што ликовите се јавуваат во двојки. Едната двојка се
Естрагон и Владимир, скитници и неразделни другари, а втората Поцо и Среќко кои се во однос надреден и
потчинет.
Ликовите се надополнуваат еден со друг и во своите карактери не се сосема издифиренцирани. Тие се
тажни кловнови, чиј живот е сосема бесмислен, бесцелен, исполнет само со празнина и чекање. Чекање на
излезот и на спасот.
Естрагон и Владимир речиси не се разликуваат. Естрагон е малку поемотивен, а Владимир поразумен и
порационален, Естрагон повеќе заборава, а Владимир малку помалку, на Владимир му смрди здивот, на
Естрагон нозете. Тие не можат еден без друг, си помагаат, се чуваат. Неразделни се, иако за време на ноќта
се разделуваат, но веќе следниот ден тие повторно се наоѓаат привлекувајќи се како магнет. Кога Естрагон
ќе го слушне Владимир дека пее додека е сам, тој љубоморно ќе заклучи дека е среќен без него. Всушност,
двајцата биле задоволни што ноќта ја минале сами, но потоа некоја сила ги влече повторно да се доближат.
Тие иако се двајца, се чувствуваат како еден и се чувствуваат осамено. Затоа кога ќе се појават Поцо и
Среќко, Владимир е среќен што побрзо ќе им помине времето,
Во своето дело „Процес“, Франц Кафка ја опишува судбината на една
обвинета личност во светот на институциите и нејзината агонија при
талкањето низ лавиринтот наречен бирократија. Извонредна алегорија за
апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во
машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја
разградат личноста. Наметнување на вина за случај базиран на сплет од
околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран
хаос. Преку најразлични психолошки методи, со обвинувања и
заплашувања, се создава слика на безизлезна состојба во која некој мора да
ја превземе одговорноста. Влијанието на насоченото јавно мислење
станува фатален при пресметката на таа одговорност.
Преку овој алегоричен роман, Кафка kритикува бирократијата на Австро-
унгарската власт, која била имуна на сѐ што е човечко и човекот го
поистоветувала со формулар. Тој сметал дека тогашните судови биле
премногу исполитизирани за да му овозможат да поединецот да се брани,
па аналогно на тоа таквите институции не носеле правилни одлуки. Дел од
литературните експерти ја поврзуваат пораката на „Процес“ со еврејското
прашање, односно прашањето за вина е одредено според припадноста на
поединецот во определена групација, нација или класа. Преку карактерот
на Јозеф К. се согледува дека луѓето спротивно на своето достоинство им
се додворуваат на властите како би ја придобиле нивната наклонетост.

Модернизмот ( модерната ) е веројатно најголемиот потрес во областа на


литературата , на уметноста и на културната комуникација воопшто . На преминот
од XIX во XX век , па се до почетокот на Втората светска војна , се јавуваат :
симболизам , импресионизам , футуризам , дадаизам , надреализам , итн . Во својата
потрага по нов уметнички јазик , што му одговара на сензибилитетот и на ритамот на
новото пресвртно и револуционерно време , модернизмот радикално раскинува со
дотогашните конвенции во литературата , сликарството , театарот и музиката . Дел од
модернистите , својата револуција на културен и на уметнички план ја приопштуваат
кон општествената .

Симболизмот , го означува почетокот на модерната , а како правец во литературата и


во уметноста се формулира во 1880 – та година . Основниот учинок што симболистите
сакаат да го постигнат е да сугерираат , да навестуваат , да го оприсутнат постоењето
на невидливото , далечното и отсутното во светот на појавноста . Суштината на
симболот се состои токму во неговата моќ да ги довика овие асоцијации на
насетувањето .

Основите на симболизмот всушност , се веќе поставени од неговите претходници :


Шарл Бодлер , Артур Рембо и пол Верлер . Бодлеровиот принцип на созвучјата , Рембо
натаму го развива во прочуениот сонет „Самогласки“ во кој покажува како на секоја
самогласка и одговара одредена боја .Верлен во песната „Поетската уметност“
посочува како музиката и зборот се спојуваат во „обоен звук“ .

Симболизмот се шири во и вон Европа ( САД ) , и во секоја нова средина се здобива со


особени карактеристики . Во руската литература негоби значајни претставници
се Блок и Бели , во Шпанија Унамуно , во Германија Штефан Горг . Во областа на
драмата Метерлинк е најзначајниот претставник . Симболизмот има особен одек и во
балканските литератури : Коста Паламас ( Грција ) , Владислав Петковиќ – Дис ( Србија
) , Тин Ујевиќ ( Хрватска ) .

Импресионизмот , најпрвин се јавува во сликарството , од каде е пренесен и бо


литературата . Се развива паралелно со симболизмот и натурализмот , кон крајот
на XIX век . Во неговото инсистирање на густината на боите , звуците и мирисите
честопати и не се разликува од симболизмот . Во импресионизмот , меѓутоа , отсуствува
духовната и мистична заднина , којашто е основна одлика на симболизмот . Притоа ,
импресионизмот инсистира на самата сетилност ( искуственост ) , по што му е сроден
на натурализмот , но од него го разликува отсуството на наичниот експеримент .
Инсистира на детаљот , на неговото сетилно богатство , за чиешто изразување
најпогодни се малите форми : лирската песна , кусиот расказ , едночинките .

Деветнаесеттиот век е одбележан со појавата на два важни стилски периоди во литературата и


уметноста: романтизмот и реализмот. Со нив почнува модерната литература.

Модернизам – збирно име за серија книжевни стилови кои се јавуваат кон крајот на 19 и почеток
на 20 век. Под модернизам се подразбираат: симболизмот, импресионизмот, експресионизмот,
надреализмот, футуризмот.

Симболизмот и импресионизмот во литературата настојуваат противречноста меѓу животот и


уметноста да ја надминат со тоа што не веруваат во бегството од цивилизавијата, во прегратките
на природата како што тоа беше во романтизмот

Изразит модернистички правец според кој творбите треба да се создаваат со слики по пат на
симболи.Претставниците на симболизмот се нашле збунети пред противречностите во тогашното
општество и покажале незаинтересираност кон актуелните општествени проблеми.На животот тие
гледале како на апсурд, здодевност, чмаење, па затоа своите погледи ги насочиле кон себе, кон
сопствениот живот.Тоа било причина во нивната поезија да преовладуваат мрачни и
песимистички мотиви.

You might also like