You are on page 1of 12

Универзитет ‘’ Св.

Климент Охридски ‘’ – Битола

Факултет за биотехнички науки

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ПРОИЗВОДСТВО НА


СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО

ТЕМА : ЖИТНИ РАСТЕНИЈА И ЖИТАРИЦИ

Изработил : Ментор :
Михаил Вучкоски проф. Живко Јанкулоски
2314

Битола, 2020

1
Вовед

Житата (житарици) се едногодишни растенија од фамилијата


треви (лат. Gramineae). Нивните зрнести плодови се користат во
човековата исхрана, прехранбената индустрија, а сеното за добиточна
исхрана и постилка. Житариците,жита или цералии (според Римскиот бог
Церос ) се зрели плодови на култивирани растенија во кои спаѓаат
пченицата, рж, јачмен, ориз, пченка и многу други.
Најмногу луѓе во светот се хранат со ориз, на второ место е
пченицата, од јачменот се прави пиво, од ржта се прави ржан леб. Во
составот на житариците протеините сочинуваат 8-16%, маснотиите 2-
7%, а околу 2% неоргански, и тоа минерални материи ( калциум,
фосфор, железо, бакар и др.), како и витамини од Б групата, Е и Д.

2
1. ЖИТНИ РАСТЕНИЈА И ЖИТАРИЦИ

Иако кога се зборува за житариците повеќе се мисли на


нивната содржина на скробот, тие се значаен додаток на
протеинската содржина на храната. Протеините од житариците не
содржат доволно од двете важни аминокиселини ( лизин и
триптофан).
Корисноста на житариците зависи токму од тоа кој дел од зрното
се употребува.Откако се отстрани плевата која го штити зрното за
време на неговиот развој, остатокот од надворешната обвивка-
лушпите прави отприлика 3% од зрното. Тоа е делот во кој се
наоѓа целулозата (влакно), многуте минерали и некои витамини.
Под надворешниот слој на лушпите се наоѓа слојот-алеурон
(алеурински слој), кој е богат со протеини, фосфор и тиамин.
Големиот централен дел од зрното познат е како едносперм и
содржи скроб и многу протеини.

3
2. Видови на житарици

Пченица
Пченка
'Рж
Јачмен
Ориз
Овес

а исто така се вбројуваат и

Просо
и
Сирак.

4
2.1. Пченица

Пченицата е најважна житна култура. Со преработка во


мелниците од неа се добива брашно, од кое се прават леб и разни
печива. Со неа се исхранува 40 од населението во светот. Пченицата
најдобро успева во умерените топлински појаси и тоа во низините,
котлините, речните долини и на други места. Најголеми светски
производители на пченица се: Русија, Кина, Канада, САД, Аргентина,
Австралија и др. Главни извозници на пченица се: САД, Канада и
Австралија, а најголеми увозници се Јапонија и Индија.

Слика 1.

5
2.2. Пченка

Пченката е значајна житна култура од семејството Poceae (или


Gramineae) потекнува од новиот свет(н.е.), од каде се проширила низ
целиот свет.
Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како
за индустриска обработка.Иако е главна храна во повеќе земји,
инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки.
Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за
хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за
правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи.

Слика 2.
6
2.3. Јачмен

Јачменот е едногодишна билка од фамилијата на тревите. Се


дели на три подврсти:
1. Второкласен: Кој најчесто се користи за произведување на
пиво;
2. Повеќекласен;
3. Прелазен;
Јачменот се смета за еден од најстарите житарици во Европа.
Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет,
Месопотамија и во подрачјето на Европа.
Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век
пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за
производство на леб, пиво, кафе, сточна храна и др. Јачмен е
житарица која успева во ладните предели.

7
2.4. Ориз

Оризот (латински: Oryza) е втора по значење житна култура


(после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во
светот. Освен за исхрана, оризот се користи за правење алкохолен
пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.
Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу
вода и топлина.

Слика 3.

8
2.5. Просо

Просото е една од најстарите житарки што се употребувале во


исхраната на човекот. Оваа култура содржи 14 проценти растителни
протеини, надминувајќи го во тој поглед оризот, а според содржината на
масти, просото е пред сите житарки, освен овесот. Просото содржи околу
60 проценти јаглегидрати, но и голем број витамини и минерални соли,
аминокиселини и микроелементи.

Слика 4.

9
2.6. Овес - здрава житарица

Овесот (avena sativa) е билка која се вбројува во фамилијата


треви. Оваа житарица содржи високовредни материи, кои му се
неопходни на организмот. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор,
магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни
витамини...Ова, во превод на јазикот на секојдневниот живот значи:
овесот треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува
здравјето на организмот, ги зајакнува неговите природни одбрамбени
механизми.

Слика 5.

10
2.7. Сирак

Сирак е име за род на монокотиледонски растенија од


фамилијата на треви (Poaceae), каја опфаќа окоолу 20 видови.
Некои од овие видови нив се одгледауваат како житарици за
исхрана на човекот, а некои на на пасиштата за испаша на домашните
животни.

Слика 6.

11
Заклучок

Традиционално, храната се добива преку земјоделството.


Зголемената загриженост на агробизнисот за мултинационланите
корпорации кои го држат светското производство на храна преку
патенти за генетски модифицирана храна отвора растечки тренд кон
одржливи земјоделски практики.
Всушност, поголемиот дел од храната кој се конзумира од
луѓето е храна која потекнува од семе. Овде се вклучени и житните
култури(пченка, пченица, ориз итн.), мешунки (грав, грашок, леќа
итн.) и јаткастити плодови.
Семето на растенијата е добар извор на храна за животните,
но и за човекот, затоа што тие содржат хранливи материи како што се
Омега мастите, кои се неопходни за почеток на раст на растенијата.
Семињата се обично богати со високо незаситени масла, а во
умерена количина се сметаат за здрава храна, иако не сите семиња се
за јадење.

12

You might also like