You are on page 1of 15

Јохан Волфганг Гете

“Страдањата на младиот Вертер”


Јохан Волфганг Гете бил роден 1749 во Франкфурт. Тој е претставник на германскиот ран романтизам
(предромантизам).
Потекнувал од богато буржоаско семејство.
Татко му бил правник, кралски советник, кој му ги пренел дисциплината и организираноста, а мајка му, пак,
повлијаела со ведрината на духот, бујната фантазија и смислата за раскажување во градењето на неговата
личност.
Го школувал татко му и приватни учители. Ги учел: латинскиот, грчкиот, францускиот, англискиот и хебрејскиот
јазик. Учел цртање и музика, но најмногу се заинтересирал за литературата и театарот.
По стапките на татка си, студирал правни науки, но љубовта кон уметноста не запрела.
На студии во Стразбур, се запознал со Хердер, кој бил против просветителството и неговите ограничувања. Од
него ги прифатил романтичарските идеи: љубовта кон природата и традицијата, оригиналноста,
индивидуалноста итн.
Следните години (1772 – 1774), Гете патувал од град во град, запознавал нови луѓе и пријатели, се вљубувал и се
инспирирал да го напише својот прв и најпознат роман „Страдањата на младиот Вертер“.
Прво, бил чест гостин во куќата на мажената Максимилијана, на која ѝ ги читал своите песни. Потоа се вљубил во
Шарлота (Лота) Буф, која била тајно верена за неговиот пријател Кестнер. Сакајќи да заборави и да се
оддалечи од своите љубовни пориви, се преселил во гратчето Вајмар каде ќе живее до крајот на животот.
Таму ќе продолжи да ѝ пишува писма на Шарлота, но и ќе дознае за самоубиството на еден негов пријател.
Сето ова, но и многу повеќе, тој ќе го вткае во романот.
Важен дел од животот на Гете било пријателството со познатиот германски поет и драмски писател Фридрих
Шилер, со кого често се допишувале, другарувале и разменувале книжевни размислувања.
Во Вајмар, Гете живеел долго време во вонбрачна врска со Кристијана, со која имале неколку деца што умреле
уште како мали. По 18 години, тој се оженил со неа. Само синот Август (1789–1830), од таа врска, успеал да
создаде семејство, но и тој починал релативно млад, на 41 година. Августовата жена, веќе вдовица, Оти, се
грижела за Гете до неговата смрт, 1832 година.
 
Сиже •
На почетокот, во првата книга од романот, од писмата на Вертер дознаваме дека тој
отпатувал од родниот крај и дека сега се наоѓа во некое мало место, каде што го
поминува времето на имотот на некој велепоседник. Дознаваме и дека главниот лик
има сликарски способности и дека е уметник, романтичар, речиси безделник.
Дознаваме и дека неговата мајка, исто како и пријателот кому тој му пишува
(Вилхелм) инсистираат на тоа тој, како учен човек (најверојатно правник) да се
вработи и да најде трајна служба, макар и како писар.
Во прекрасниот В., Вертер набргу ја запознава својата фатална љубов - Шарлота С.
Таа има татко (управител на имотот) и шест брака и сестри. Meѓy неа и Вертер се
paѓa љубов на прв поглед уште при првата средба во куќата на таткото. Сепак,
вистинското познанство и наклонетост меѓy нив се случува на една игранка, на која
Вертер и Шарлота играат валцер, заборавајКи на светот околу нив. При самиот
танц, една жена ја опоменува со гест (нишајКи со прстот) Шарлота, потсетувајКи ја
на некој Алберт. Младиот Вертер прашува кој е Алберт, и од тој миг почнуваат
неговите страдања: Лота му признава на Вертер дека Алберт е нејзиниот свршеник
кој моментално не е тука, но дека тие Ке се венчаат кога тој Ке се врати, затоа што
таа му е ветена и дала збор. Игранката е прекината од ненадејна летна луња, со
молњи и грмотевици и пороен дожд: овој елемент на сижето јасно укажува на
стратегијата на романтичарите да го користат пејсажот како слика на душевната
состојба на своите ликови. Јасно е дека таа ненадејна луња не е само метеоролошки
податок во романот, туку слика на душевната состојба на Вертер: во неговата душа,
како жестока луња, се јавува жестока љубов кон Шарлота, забранетата жена!
Деновите минуваат, младиот Вертер речиси е секојдневен гостин во домот на Лота и е драг
пријател на нејзиниот татко. Тој' сё повеќе се зближува со Лота, а и таа не останува ладнокрвна
кон неговиот жив и бурен дух. Тие се сродни души: претпочитаат долги прошетки по пејсажот
(тука се препознава романтичарскиот култ кон убавините на природата), музика (Лота свири на
пијано, а Вертер на виолончело) и книги (и Лота и Вертер се пасионирани читатели на вредни
книги: Хомер, Осијан' поезија). Вертер не може да дознае ништо за Алберт, освен дека е
сериозен, добар, стабилен и деловен човек. Неговите страдања се зголемуваат кога Лота
говори за својот свршениК со почит: “па сепак, кога таа говори за својот свршеник, со толкава
топлина, со толкава љубов за него говори - тогаш се чувствувам како некој кого го лишиле од
сите почести и достоинства, па сега му го одземаат и мечот” (писмо од 11 јули).
Конечно, на имотот стигнува и Алберт. Тоа е стабилен човек, без страсти, за разлика од
Вертер: ”Неговиот спокоен изглед силно отстапува од вознемиреноста на мојот карактер, која
не може да се сокрие". Што е најинтересно, Вертер забележува дека тој негов соперник
воопшто не е лош човек, иако не е воопшто сензитивен (не е романтичен) како што е самиот
тој: ”Навистина Алберт е најдобриот човек под небесата. Вчера со него доживеав чудесна
сцена” (писмо од 12 август). Сцената се состои во тоа што Вертер сакал да одјава во планина,
но немал оружје; побарал два пиштола од Алберт и овој веднаш му ги отстапил, како да се
стари добри пријатели со години. Подоцна овој детаљ со пиштолите Ке добие симболично
значење, затоа што со истите тие пиштоли, на крајот од романот Вертер Ке си го одземе
животот! За Вертер набргу животот во пријатното место Ке стане неподнослив. Тој не може да
се помири некој друг да ја има Лота, а најмалку тоа да биде Алберт, кој кон него воопшто не
одгледува непријателски чувства. Затоа, воден од моралните норми и грижата на совеста,
решава да го напушти местото (без да се поздрави со Лота и Алберт) и заминува во друг град.
Така завршува првата книга.
Во вториот дел од романот, насловен како ”Втора книга”, од писмата на Вертер до Вилхелм (и по
исклучок, до Лота) дознаваме дека тој, откако доживеал пораз во љубовната врска со Лота, решил да го
најде својот пат во општеството, односно да ги послуша советите на својата мајка и својот пријател
Вилхелм. Нашол добро платено вработување, и конечно, решил да проба да ”стане човек”, каква што е
претставата на мајка му. Во овој дел од романот тој само еднаш й пишува на Лота, и целосно е обземен
со својата кариера. Меѓутоа, и општеството, како и приватниот живот (аферата со Лота) набргу Ке го
покаже своето сурово лице за нашиот јунак: тој е разочаран од лицемерието кое раководи со
општеството и со унапредувањата во кариерата. Иако ќе запознае едно мило женско суштество,
госпоѓицата Фон Б., тој сепак, никогаш нема да ја почувствува истата онаа страст кон Лота и кон
природата како во малиот В. Освен тоа, него страшно Ке го повредат односите на хиерархија во
општеството: во тие односи воопшто не е важно колку вреди индивидуата, туку е важно само нејзиното
потекло. Ако си роден како син на некој познат благородник (што значи - ако имаш родосоловие и тапија
за “сина крв”), ти без никакви напори ќе бидеш рангиран во највисоките општествени кругови; ако
имаш обично потекло (како што има нашиот Вертер), без разлика на способностите и на величината на
духот, нема да го надминеш рангот на обичен службеник, односно слуга на тие благородници. Тоа
Вертер ќе го искуси на своја кожа. Општеството ќе го понижи, и тоа на драстичен начин: тој, на покана
на грофот Ц. ќе биде гостин на една вечера кај него, и откако вечерата ќе заврши, ќе биде културно
замолен од самиот гроф да го напушти местото, со извинување дека иако тој него високо го цени како
ум, сепак, друштвото на насобраните благородници негодува што и тој, низок службеник е поканет
таму! Вертер никогаш нема да му го прости овој гест на дискриминиција на општеството: набргу потоа,
и покрај одлично платената служба, ќе понуди отказ од работното место. Иако лично ќе биде замолен од
грофот Ц., па дури и од принцот да не го напушта работното место, тој цврсто ќе опстои на својата
одлука, и сваќајќи дека единката не може да биде среКна ни во општеството (кое ја цени според
потеклото, а не според способноста), ќе донесе одлука да се врати во местото во кое ја сретна својата
фатална љубов - Лота.
Така, нашиот јунак повторно се решава на - преселба. Тоа е уште еден
омилен романтичарски мотив: мотивот на скитникот, оној кој е прогонет и
од општеството и од личната среќа. Таквиот јунак не може единствено да
побегне од законите на своето срце и само него го слуша, затоа што:
”среќата наша зависи исклучиво од срцето наше” (писмо од 10 август) и
“Кнезот се однесува кон мене најдобро што може, а сепак, некако како да
не сум свој човек. Всушност, ние немаме ништо заедничко. Тој е човек на
разумот, но сосема обичен разум. Контактите со него не ми пружаат
поголемо задоволство одошто читањето на некоја добро напишана книга.”
(писмото од 13 јули) Како што се гледа, овде е јасно отсликан конфликтот
меѓу разумот и срцето, а како што е познато, романтичарите јасно го увидоа
тој конфликт и гласаа за срцето, пред разумот. Токму затоа, и нашиот јунак,
во потрага по среќата, како вечен номад, во писмото од 16 јули, како да ќе
го испише својот епитаф: ”Точно, јас сум само скитник-патник, гостин и
дојденец на овој свет. А зарем вие сте нешто повеќе од тоа?”
Конечно, враќањето на Вертер во малото, идилично гратче во кое живее Лота, наместо
спасение, ќе донесе нови страдања за младиот Вертер. Тој таму ќе запознае и еден луд
човек и ќе дознае дека тој полудел од невозвратената љубов кон Лота. Алберт ке станува
се постуден (иако учтиво љубезен) кон него, насетувајќи ја љубота меѓу Вертер и Лота.
Вертер пак, ќе почне се повеке да чувствува грижа на совост дека растура еден фин и
стабален граѓански брак, така што ќе биде распнат меѓу својата секојдневна желба да ја
види Лота и моралните обзири кои велат дека човек не треба да заведува свршена жена,
Сепак. страстите на Вертер се посилни од моралните и општествени норми- Во едно
писмо, тој вака ќе запише за Алберт: 'Да, признаван. тој е добар и непорочен•, но тој мене
ми ја јаде утробата и јас не можам да бидам праведен. Во такви услови, наближува
Божик; Алберт ја замолува Лота да ги оретчи поканите за Вертер, односно ја моли таа да
го оддалечи него од нивната куќа. Вели дека дури и околината веќе почнува да ткае разни
приказни за неа и за него. Лота, како традиционално и морално класично воспитана
личност, тоа и го прави: му вели на Вертер да не ги посетува пред Божик. Тоа Вертер, во
својата веќе целосно раздразнета личност ќе го прими како ужасен удар, и веќе
помислувајќи на самоубиство, сепак ќе се појави во домот на Лота (за среќа, Алберт е
излезен по некоја работа). Притоа ќе се случи најдраматичната средба меѓу Вертер и
Лота, во која тој отворено Ке й ја изјави својата љубов: таа на еден директен начин ќе му
каже да се откаже од неа, оти таа е способна само да го сожалува. Лота вели: “Зошто
токму мене, туѓа своина? Се плашам дека единствено тоа што не можете да ме имате ја
прави вашата желба толку немерлива!".
Пред Божиќ, Вертер уште еднаш ќе ја посети Лота. Притоа, тој
ќе й чита поезија, и првпат меѓу нив ќе се роди и телесен
контакт: неколку страсни бакнежи. Веднаш потоа, откако
Лота ќе се соземе и ќе почне да се кае за таа непредвидена
блискост, Вертер ќе замине дома. Следниот ден, спроти
Божиќ, ќе ги позајми пиштолите од Алберт, под изговор
дека ќе оди на подалечен пат, и конечно, точно на полноќ,
додека во домот на Лота и Алберт трае божиќното славје,
ќе си истрела куршум во главата. Потем, сё е раскажано во
две-три страници: на неговото мртво тело, жалоста на
Лота, страдањето на Алберт, и конечно, неговиот закоп, без
поп, како што тоа се прави со оние кои решиле да си го
одземат најголемиот Господов дар - животот.
• ЛИКОВИ •
Три лика доминираат во делото: Вертер, Алберт и Лота. Станува збор за таканаречен
љубовен триаголник, во кој двајца мажи се борат за наклонетоста на една жена.
Ликовите на Вертер и Алберт најдобро се согледуваат ако се прикажат како контрастни,
спротивставени. Таа нивна спротивставеност најдобро се гледа од разговорот што го водат
на самиот почеток од нивното познанство, на тема - самоубиство.
Алберт е разумен, но не е страствен. Еве што вели тој за страста: “кога човек ќе го занесе
страста, тој губи секаква свест за своите постапки, па го сметаат за пијан, за безумен!”
Вертер е страствен и не го цени многу разумот, иако го има во својата глава, оти е несомнен
интелект. За него среќата е во срцето, не во разумот. Еве што одговара тој на таа реплика:
“Ах, вие умни умници! Страст! Пијанство! Лудило! А вие, демек, стоите на страна спокојни,
без учество, вие, разумните луѓе! Го карате пијаниот, ви се гади од безумниот, минувате крај
нив како свештеник и како фарисеи му благодарите на Бога што ве создал да не личите на
нив! Сум се опил во животот повеќпати, моите страсти секогаш биле близу до лудило, но јас
не се каам ниту за едното ниту за другото... кажете ми, зошто отсекогаш за пијани и луди
биле прогласувани оние извонредни кои го остварувале она што се чинело големо и навидум
неизводливо?”. На тоа Алберт му вели дека самоубиството не може да биде големо дело,
макар се толкувало и како дело на страста: “Оти, секако, полесно е да се умре, одошто да се
поднесува храбро макотрпниот живот”, вели Алберт.
Овде треба да се истакне дека по романот на Гете, во
европските земји во кои е преведен тој доживува
незапомнета слава. Се јавува и еден вид мода,
таканаречен - вертеризам. Луѓето почнуваат да се
облекуваат како ликот на Гете (во син фрак и жолт
елек), да говорат како него, да чувствуваат како него.
За жал, се јавува и бран самоубиства од љубовни
причини. Треба да се каже дека Гете не бил
воодушевен од сето тоа и дека во неколку прилики
изјавил дека не ги брани ставовите на Вертер за
самоубиството, иако генерално е на негова страна, во
тврдењето дека среќата доаѓа кога срцето, а не разумот
е задоволен. Токму затоа, во горниот дијалог мегу
Алберт и Вертер тој не одбира страна, и аргументите
на Алберт звучат подеднакво строго и убедливо колку
и оние на Вертер.
Дека Гете со право се лутел што неговиот Вертер бил сфатен како самоубиец ”за
пример”, најдобро покажува и следниов извадок, во кој Вертер, напротив брани
ставови против самоубиството, и го прославува животот, без разлика колку тој бил
макотрпен:”Но , оној кој во својата потиштеност е свесен каде сето тоа оди, оној кој
знае да го цени граѓанинот кој толку прекрасно знае од својата градина да искрои и
да искастри вистински рај, и кој знае да го цени несреќникот кој иако стенка под
своето бреме, сепак знае истрајно да продолжи да си го оди својот пат; и оној кој
увидел дека на сите им е важно макар уште една минута да ја гледаат оваа сончева
виделина - да, тој е мирен, тој го создава светот од себе самиот, и среќен е што и тој
е човек.“
Всушност, може да се каже дека во ликовите на Вертер (срце, индивидуа) и Алберт
(разум, општество) Гете го отсликал конфликтот Meѓy романтизмот и класицизмот.
Ликот на Лота пак, е идеализиран до крајни граници. Таа е опишана како силна,
достоинствена, духовита и преубава жена, која се грижи за целото семејство по
смртта на мајка й. Таа е и домаќинка, и мајка, и верна жена, и жена посветена на
уметностите и продуховена. Романтизмот создаде тип на женски лик во кој се
слеваат сите можни доблести. Ликот на Лота ќе го запомниме по првата, воведна
слика, кога таа е насликана како хранителка на своите шест брака и сестри: како
околу некое сонце, околу неа се вртат децата, а таа им дарува по едно парче црн леб.
Физички прекрасна, духовно совршена, таа е романтичарска реализација на трите
принципи на женскиот лик во кои веруваа романтичарите: мајка-жена-татковина.
Романтичарски белези
Според стилот, Страдањата на младиот Вертер е типичен
романтичарски роман. Јунакот е страствен, сензитивен
преку мера, и лесно поминува од сентименталности во
бура од страсти: ”Драг мој пријателе, зарем има потреба
тебе ова да ти го кажувам, тебе кој толку често мораше
да поднесуваш вистински маки гледајки ме како
поминувам од тага во разузденост, од слатка
сентименталност во разорна страст”.
Веке ja спомнавме омилената романтичарска постапка:
пејсажот и настаните во природата (особено бурните
настани: луњи, грмотевици) да служат како симбол за
душевната состојба на ликот (сцената на игранката, кога
страста што се pafa во душата на Вертер е проследена со
ненадејна летна луња.
Се разбира, туке е омилениот романтичарски мотив на скитникот кој никаде
не нaoѓa свој дом, и кој постојано сака да патува, освојувајќи нови и
непознати простори. Еве како на едно место размислува Вертер на оваа тема:
”Таму се устремив, од онде се вратив, но аман - не најдов ништо на што се
надевав... Кога ќе јурнеме таму и кога таму ќе ни стане овде, сё е како пред
малку, и повторно се наоѓаме во нашата сиромаштија, во нашата теснотија, и
душата наша повторно мечтае за нов мелем!“
Ликот на Лота, како што се кажа, е исто така идеализиран. Таа е мајка на
своите сестри и браќа, идеална домаќинка, жена што наспроти тоа свири
пијано, чита книги и има свое мислење за нив, жена која со поглед лекува
(сцената со нејзината пријателка болна од смртоносна болест) и со поглед
разболува (колку само страда Вертер доколку нејзиниот поглед не покажува
наклонетост кон него).
Во романот го наоѓаме и типичниот романтичарски белег воспевањето на
природата, речиси нејзино обожување, проследено со чувство на сила, среќа
и исполнетост: ”Никогаш не сум бил посреќен, никогаш до сега чувството за
природа (се до најситното камче, до онаа најдробна тревка) не ми било
поцелосно и толку сесрдно...", вели на едно место ликот.
И, се разбира, последниот романтичарски белег: пресметката со логиката
и разумот, во име на чувствата. Еве еден фрагмент кој добро го покажува
тој став: ”На овој свет ретко нештата се сведуваат на ”или-или”;
чувствата и дејствата толку разнолично се прелеваат, колку што има и
премини Mefy орловското и напрченото носе“.
Освен тоа, стилот на романот е исклучително емотивен; речениците на
писмата се ”преплавени” со воскликнувања, извици, извичници,
емотивни споеви. Сиот тој емотивно “зовриен" јазик го постава
Страдањата на младиот Вертер во редот на најчисто напишаните дела на
романтизмот!
Ви благодарам на
вниманието!

You might also like