You are on page 1of 2

MELANOMA MALIGNUM

За консултација доставен е еден калап и едно саткло со број 16427 на име Хисније Кичи.

Хистолошката анализа покажа наод на малидна епителна неоплазма градена од епителовиден


тип на клетки со полигонална форма, везикуларно јадро со проминентен нуклеолус,
аранжирани во туморски лобулуси или неправилни туморски плажи. Дел од туморските клетки
локализирани суперфицијално содржат интрацитопалзматски меланински пигмент. Стромата
е умерено инфилтрирана со лимфоцити, а се наоѓаат и доста меланофаги. Неоплазмата го
инфилтрира и улцерира епидермис , а во длабочина инфилтрира во длабок дермис.
Најголемата измерена дебелина на лезијата изнесува 8 мм. Направени се дополнителни
имунохистохемиски анализи при што туморските клетки покажаа позитивитет на Meln A,
HMB45 и S100 и висок пролиферативниот индекс Ki67.

Периферните ивици, како и длабоката ресекцинона маргина се наоѓаат во здраво ткиво.

Наодот одговара за малигнен меланом според UJCC 2018

pTNM: pT4b,pNx,pMx,pLo, pVo, R0, Stage IIC

Микроскопски видлив е туморски пролиферат градено од округли, овални и долгнавести


клетки со назначена нуклеарна и целуларна атипија со наод на атипични митози.
Цитоплазмата е бледо еозинофилна, а во дел истата е оскудна и целуларноста е погуста.
Клетките се аранжирани во лобуларно нодуларни структури, а на места истите се во дифузен
распоред и видлива е инфилтрација во околоно врзно колагено ткиво. Во стромата се наоѓа
умерен, а на места и поназначен фокален лимфоцитен инфилтрат. Туморот инфилтрира во
површен дермис . Најголемата дебелина на туморот изнесува 15 мм. Лезијата на површината е
препокриена со истенчен епидермис, а во околината на опишаната меланоцитна лезија се
наоѓа lentigo maligna melanoma.

Периферните ивици, како и длабоката ресекцинона маргина се наоѓаат во здраво ткиво.

Според опишаната морфологија наодот одговара за малигни меланом (нодуларна форма).

(UJCC 2018) pTNM: pT2а,pNx,pMx,pLo, pVo, R0, Stage IB

Микроскопската анализа на примероците од најмалиот миоматозен јазол покажа дека истиот


е сочинет од паралелно и вртложно аранжирани мазно- мускулни клетки, без знаци за атипија,
во дел со фокуси на хијалинизација. Примероците од останатите два макроскопски опишани
јазли покажаа морфологија на атипичен леомиом граден доминантно од фузиформни клетки
со фасцикуларен аранжман. Туморото е богато целуларен. Мултифокално се наоѓаат атипични
клетки со белези за умерена или ретко за тешка атипија, сочинети од крупни хиперхромни или
везикуларни јадра со проминентни еозинофилни јадренца. Митотските фигури се ретки, една
митоза на десет видни полиња на големо зголемување.

Наодот во доставениот материјал одговара за атипични леомиоми на телото на матката.

Микроскопската анализа на примероците од телото на матката покажа интрамурален


леомиом граден од мазномускулни клетки во сноповиден и вртложен аранжман, со
мултифокална нуклеарна атипија. На поголемо зголемување клетките во овие зони имаат
зголемени и плеоморфни јадра со грутчест хроматин. Присутни се до 3 митози на 10 HPF. Се
гледаат и подрачја на едем и хијалина дегенерација. Ендометриумот е со неадекватни
секреторни карактеристики. Прегледот на примероците од цервиксот покажа егзоцервикален
сквамозен епител со лесна базална хиперплазија, ендоцервикалната лигавица е лесно
папиларно пролиферирана, обложена со мукопродуктивен епител и оскуден хроничен
воспалителен инфилтрат во стромата. Ендоцервикалните жлезди се обложени со регуларен
цилиндричен мукопродуктивен епител во дел цистично дилатирани.

Наодот одговара за атипичен леомиом на телото на матката и хронично воспаление на грлото


на матката.

You might also like