You are on page 1of 2

СТОИЦИЗАМ И СКЕПТИЦИЗАМ

Основач на стоичката школа е Зенон (336 – 264 г. н.е.) од Кипар. Во 301 г. основал школа во
тремот на една градба во центарот на Атина. Школата го добила името по насликаниот трем (стоа
поикиле). Бил сериозен, скромен и достоинствен, уживал голем углед. Покрај Зенон,
претставници на Стоичката философија т.н Стара Стоа се Клеант и Хризип, а стоичарите кои
делувале во Рим во рамки на т. н Нова Стоа се Сенека, Епиктет и царот Марко Аврелиј.
Философијата ја делеле на три дела: Физика, Логика и Етика. Аристотел е творец на
логиката , но стоичарите ѝ го дале името и особено ја развиле. За Хризип велеле, кога боговите би
имале дијалектика, таа би можела да биде само онаа на Хризип.
Основата на с# е материјална. Во Хераклитовски дух битието го прогласуваат за вечно жив
оган од кој с# настанува. Логосни се неговите основи. Огнот е здив кој с# проникнува. Тоа е сила
која ја нарекуваат божество, разум и судбина. Севкупното движење на светот е вечно враќање на
нештата и настаните исти какви што се сега. Кружното историско движење се повторува многу
пати. И се случува по строга законитост наречена судбина. Мудрецот е оној оној кој живее
согласно природата. Тој ја познава нејзината законитост и знае дека мора да ја прифати.
Следствено тој живее согласно разумот, а тоа е услов за среќен и блажен живот исполнет со мир и
спокојство. За постигнување на добродетелта и страстите пречат афектите, страстите, јанѕите,
насладата, копнежите, а тие се извор на бол, болест, страдање и несреќа. Оттаму философот е оној
кој остварува состојба на бестрастие – апатија, состојба на немање силни негативни страсти.
Стоичарите создале цела низа етички определби кои човекот е должен да ги почитува за
да оствари среќен живот. Може да се констатира дека Епикурејската философија на духот
соодветствува на стоичката доктрина. Додека стоичарот прокламира „живот во согласност со
природата“, а тоа е оној што сократовски во интелектуална смисла им е посветен на доблестите,
Епикур, пак, Стоичката синтагма ја парафразира во „живот во согласност со задоволствата“. Сепак,
задоволството се јавува како цел само ако уживањето е резултат на философијата. И Сенека
стоичарот ја забележува блискоста, „Истиот оној закон кој ние го нарекуваме доблест, тие го
прогласуваат за задоволство“. Животот на стоичарите не се разликува од оној на епикурејците,
зашто она што стоичарите го нарекуваат закон , за епикурејците е задоволство.
Стоичкиот мудрец е слика на одлична и совршена личност. Ги олицетворува вистинските
етички барања, во себе ги негува сите доблести. „Мудреците не се само слободни, тие се кралеви,
зашто кралството е власт која никому не треба да му дава сметка“. Животот на мудрецот е полн
со блаженство, нему ништо не му пречи, тој ништо не бара и нема потреба од ништо. Достигнува
високи морални начела. Овој идеал е тешко да се реализира. Во тоа успеале Сократ и Диоген
остварувајќи духовна и морална слобода. Живот во кој не се плашиш од ништо.
Себеси се гледале како космополити (жители на светот). Според нив, природната
поврзаност на луѓето се однесува на целиот свет, а тоа до денес е основа за изградба на
Универзалната етика.
Тие се длабоки хуманисти. Укажувале дека луѓето се разликуваат само според квалитетите и
доблестите. Роб се станува не со купување , туку ако не си слободен во мислата и во чувствата. Тоа
е всушност и суштината на славната мислата на Гоце Делчев – „Робот треба првин во себе да се
ослободи“.

СКЕПТИЦИЗАМ

Скептицизмот е философска позиција на сомневање во секој критериум на вистината. Не


станува збор за сомнеж заради сомнеж, туку за неможност да се најде макар еден сигурен извор
на познание. Сетилата мамат, разумот запаѓа во противречности, мноштвото се несогласни во
определбата на вистината за една ствар. Оттаму, треба да се воздржуваме од искажување на
каков било став. Тоа е позицијата на првиот меѓу скептичарите- Пирон . Доследниот скептичар би
пребивал во молк, зашто и укажувањето на тезата – во се треба да се сомневаме, претставува
исказ кој поседува вредност на вистинитост. Тврдење во кое можеме да се сомневаме.
Сомневање во самото сомневање. Бидејќи неможе да се дознае што само по себе е добро, треба
да се воздржуваме од теориска активност, да се ограничиме само на животното дејствување кое
н# води во атараксија, состојба на духовна невозбуденост, внатрешно смирение и спокојство.
Скептицизмот се проширил и во Академијата во рамки на учењата на Аркесилај и Карнеад.

You might also like