You are on page 1of 2

Френсис Бекон

Френсис Бекон (1561-1626) е една од најистакнатите личности на англиската ренесанса.


Современик на кралицата Елизабета. Студирал во Кембриџ и во Париз. Бил чувар на државниот
печат (министер за правда) и Лорд – канцелар (премиер). Имал извонредни таленти. Некои
сметаат дека тој ги напишал Шекспировите дела.

Се стремел да направи Голема обнова на науките , но објавил само неколку дела од тој
систем „Нов Органон“, „За достоинството и за зголемувањето на науките“, „Класификација на
науките“, напишал и „Есеи – или политички и морални совети“ и „Нова Атлантида“, еден вид
утопија и научнофантастична расправа. IV2

Учење за идолите

Пред да се започне со проучување на природата, човековиот разум треба да се ослободи


од предрасусите, заблудите, лажните поими т.н. идоли. Има четири вида идоли

- Идоли на племето . Овие заблуди се својствени за сите луѓе. Произлегуваат од самата


човекова природа, од брзоплетото заклучување, претераното обопштување,
некритичкото повикување на сетилата.
- Идоли на пештерата. Овие заблуди се индивидуални. Произлегуваат од воспитанието,
средината, образованието. „Секој човек светот го гледа од своја пештера“.
- Идоли на плоштадот (пазарот). Овие заблуди настануваат од двосмисленоста и
нејасноста на терминологијата и поимите.
- Идоли на театарот. Произлегуваат од традицијата, од почитувањето на авторитетите,
од некритичкиот однос кон философските учења.

Индукцијата – вистински метод на познание

Основниот проблем на Беконовата философија е пронаоѓањето на нов научен метод,


објавен во списот Нов Органон, кој претставува директна спротивставеност на Аристотеловиот
„Органон“. Во делото говори за индукцијата како метод кој ќе не поведе кон сигурни знаења.
Индукцијата тргнува од поединечното кон општото. Се служи со набљудување , набројување,
експеримент, анализа.

Бекон разработува цел систем на индукцијата со цел да се откријат причините на појавите.


Постојат четири индуктивни постапки.

- Таблица на присуството. Се набројуваат случаите во кои се јавува појавата


- Таблица на отсуство – се набројуваат случаите слични на првите , но во кои ја нема
испитуваната појава
- Таблица на споредувањето – се испитува степенот на појавата во различни случаи
- Таблица на остатокот – Кога преостанува она што се истражува , а тоа е причина на
појавата, законитоста на она што се истражува.

Според Бекон постојат три вида на луѓе. Емпиристи, оние кои се како „мравки“ , кои само
собираат од искуството; догматици, кои потсетуваат на „пајаците“ бидејќи од себе ги
конструираат мислите независно од искуството, слично како пајаците кои од себе ги плетат
мрежите; и луѓето кои се како пчелите кои собираат од искуството и сето тоа го
преработуваат давајќи преубав производ.

You might also like