You are on page 1of 2

Под поимот современа философија се подразбира философијата по Хегел.

Од
средината на 19 век до денес. Еден од правците во современата философија е
волунтаризмот.

Артур Шопенхауер (1788 – 1906)

Германскиот философ Артур Шопенхауер е една од најинтересните личности на


своето време. Бил духовит писател кој прв во Германија пишува јасно и разбирливо.
Познат е како мизантроп, песимист, женомрзец. Очекувал слава и признание а доживеал
неуспех во универзитетската кариера како професор. Дури во староста станал славен а
неговите дела извршиле големо влијание во сите области на човековиот дух.

Шопенхауер е творец на волунтаризмот (voluntas – волја). Волунтаризмот


претставува философски правец кој учи дека волјата е суштина и основа на светот и
човекот. Своето учење го изложил во делото “Светот како волја и претстава„. Делото
започнува со ставот: светот е моја претстава. Со ова се спротивставува на Хегел , а на
Кант му се спротивставува во однос на стварта по себе. Имено, нашиот умствен
познавателен капацитет нè води до светот како претстава и до крајниот Кантов заклучок
дека светот можеме да го знаеме само како феномен а не и како суштина. За Шопенхауер
светот го знаеме на два начина, го знаеме како претстава, но го знаеме и како волја. И тоа
го знаеме низ една внатрешна непосредна интуиција на самите себеси. Имено нашето тело
ни се покажува како претстава а истовремено и како волја. Со задлабочено зерцање
целиот свет ни се покажува потполно исто, како претстава но и како волја. На тој начин се
доаѓа до поставката дека волјата е суштина на сето битие, на сè што постои. Сето е
инкарнација, објективација на волјата. Таа е основно, првично, неменливо и трајно
начело. Таа е немотивиран, безобзирен слеп нагон, незадржлив стремеж, кој кај човекот го
доживува својот врв. Под волја Шопенхауер ја подразбира волјата за живот, волјата за
постоење, за суштествување. Да се биде по која било цена, без оглед на условите и
средствата.

Шопенхауер е философ на песимизмот, а неговиот песимизам е изразен во


тврдењето: Овој свет е најлош можен свет. Светот како инкарнација на волјата е свет на
зло, болка, маки, страдања. Тој е пекол, огромна кланица во која единствен позитивен
факт е болката. Постои немилосрдна борба, свет во кој човекот е полош од животните. Да
се биде значи да се трпи. Шопенхауер вели дека секоја поединечна волја е ограничена со
некоја друга волја, и тоа ограничување се чувствува како болка. Волјата како единствено
апсолутно и метафизичко начело се манифестира како мноштво волји во просторот и
времето, всушност, тие се принципите на индивидуација на волјата. Вистински постои
само една единствена волја а нашиот познавателн капацитет со кантвовите
трансцендентални форми ја дроби волјата во простор и време како мноштво единечни
волји. Така, волјата се манифестира како безброј потреби, желби, барања кои изискуваат
да бидат задоволени. Но потребите никогаш не можат да бидат задоволени, и на едни
потреби и стремежи се јавуваат нови и така во бесконечност. Задоволството е релативно и
краткотрајно. Задоволството постои само во форма на одсутност на болка.

Ако животот е зло и болка тогаш највреден животен став е негација на волјата за живот.
Но тоа не е самоубивството, оти да се изврши самоубиство значи најмногу да се
потчиниш на волјата која со тебе изиграла игра и ја завршила играта со тоа што те
натерала да се самоубиеш. Самоубиството за Шопенхауер е најголема потврда на волјата а
не нејзина негација. Негацијата е возможна само како аскеза. Неговиот идеал е
постанувањето аскет, доаѓање до целосна рамнодушност кон сè, потиснување на нагоните,
афектите и страстите. Воздржување од половите страсти, живеење во целибат. Така може
да се достигне нирвана, блаженство, вежен мир кој е од онаа страна на светот. Во етиката
врз Шопенхауер влијаел будизмот . Покрак аскезата постои и друг начин на отсекување на
волјата а тоа е уметничката и естетска контемплаци. Низ уметноста уметникот и оние што
ја перципираат уметноста можат за момент да се отргнат од каузалитетот на волјата и
нејзиниот свет.

„Постојат два вида на луѓе, избегнувајте ги и двата“ – Шопенхауер

„Тој род со низок раст, тесни рамења, широки колкови и кратки нозе, можело да го нарече
убав само со сексуален нагон заслепениот човечки интелект: во тој нагон се содржи сета
мегова убавина. Со многу повеќе право, би можело да се нарече неестетичен наместо
убав. Во суштина, жените немаат смисла ниту осет, ниту за музика, ниту за поезија, ниту
за сликарската уметност, а ако се занимаваат со тоа, тоа е поради чисти мајмунлаци или од
желба да му се допаднат на мажот“

„Кога на жените им се дадени исти права со мажите, требало да им дадат и ист разум“

„Да се ожениш, значи правата да си ги преполовиш, а долзностите да си ги удвоиш“


Вистинската европска дама е битие кое воопшто не би требало ни да постои

You might also like