You are on page 1of 2

Кодекс на однесување

Дејноста лични услуги е поврзана со директен контакт на стручното лице и странката. Успехот во
работата на стручното лице и стекнување поголем број странки, во голема мерка зависи од начинот на
неговото однесување. Покрај теоретското и практиќното знаење исто така важно е како стручното лице
(козметичарот) се оснесува со своите странки.

За да се стекне доверба кај странката многу треба да се внимава како ќе се настапи пред неа и како
ќе се постапува во текот на третманот. Непријатни се искуствата кога стручното лице некоректно се
однесува со странката, не ја почитува и не ги следи нејзините интереси. Ваквиот однос е потребно да се
коригира, а тоа зависи од самата личност и нејзината желба да го стори тоа.

Стручното лице треба да ги поседува следните особини:

 Да се однесува културно,
 Да има чувство за чистота и хигиена,
 Да има правилен однос кон работата, соработниците и странките.
 Односот меѓу соработниците мора да биде пријатен, искрен и пријателски, а тоа посебно е
важно за странките.

Во случај странката да му се доверува на стручното лице за свои приватни проблеми, стручното лице
не смее за тоа да зборува со други лица. Озборувањето е најлошата особина што може да ја поседува
стручното лице. Со тоа се покажува некултурата на стручното лице.

Најдобро е во салоните во кои се вршат лични услуги да се разговара за општи теми од областа на
модата, спортот, уметноста и актуелните збиднувања. Затоа стручното лице треба да ги следи новитетите
во тие области, бидејќи често се бара инегово мислење. Во некои случаи услуги бараат и странци, па затоа
неопходно еосновно познавање на странски јазик, заради разбирање со странката.

Важно за успехот во работата на козметичко-фризерскиот работник е неговиот однос кон работата,


која треба да му претставува задоволство, а не само обврска. Само со љубов кон своето занимање тој ќе
успее да ги надмине сите потешкотии што му се препречуваат во текот на работата.

Во текот на приемот на странката не треба ниту со најмал гест да се покаже нељубезност, надмено
однесување или иронија. Стручното лице треба да води пријатен разговор, но не треба да навлегува во
личните работи на странката.

Односот на стручното лице кон странката може да се прикаже на кратко со некои правила, дадени во
следната табела, во која е прикажано и како не треба да се однесува.
Странката е онаа што треба да ги искаже своите желби и потреби, а стручното лице или тимот треба
да пронајде начин да ги задоволи. Треба голема вештина и способност да се проценат странките, за да
може правилно да се постапи со нив. Тие се странки кои одењето на фризер и козметичар го прават со
уживање, па затоа се „потешки“ за исполнување на нивните барања.

Постојат различни типови на странки кои треба да се проценат од страна на стручното лице.
Најмногу може да се оцени дали странката е нервозна или смирена по начинот на одење, по говорот се
познава степенот на образование, по рацете се познава со каква работа се занимава, облеката го покажува
вкусот итн.

За да се пристапи правилно кон странката треба да се знае дека: не треба да се водат непотребни
разговори со тивките странки, да не се покажуваат знаци на досада кога странката е многу разговорлива,
да се воздржува и да се остане мирен со нервозни странки, да се дава совет на несигурните странки кои
тоа го очекуваат, да се обрне внимание на децата како странки, да се почитуваат скромните странки итн.

Приемот на странката е многу важен дел во односот на стручното лице. При влегување во салонот
странката треба гласно да се поздрави, а ако е позната да се поздрави по име. Странката треба љубезно
да се праша каква услуга сака. Кога ќе праша колку време треба да чека, треба точно да се извести за
времето на чекање. Љубезноста на стручното лице се поткрепува со некои ситници кои ги прави, како
придржување на палтото, додавање на стол и др. Странката во салонот треба да почувствува пријатна и
пријателска атмосфера, а за тоа може да придонесе една љубезна, ненаметлива насмевка.

Веќе спомнавме дека е важен разговорот со странката. Доколку разговорот е започнат треба да се
води секогаш воопштено, така што можат да се вклучат и другите странки. Никогаш не треба на странката
да и' се обрнува внимание на некои нејзини недостатоци во изгледот или да се разубедува во некоја
нејзина желба, која не е соодветна. Треба внимателно да се искажат ставовите кои можеби ќе ги прифати.
Доколку се разговара со непозната странка, треба да се настојува да се дознае нејзиното име и почесто да
се именува, за да не се чувствува како во непознат простор. Должност на стручното лице е да ги запознае
своите странки, особено оние што се постојани, за да може да ги советува и да ја изразува нивната личност
преку фризура или шминка.

Испраќањето на странката ќе го надополни впечатокот кој таа го добила во текот на третманот во


салонот. Приемот, однесувањето на стручното лице, квалитетот во работата, формираат комплетна слика
кај странката за салонот и како таква ја изнесува од таму. По завршување на услугата треба да се отстранат
евентуалните нечистотии од облеката на странката. Пожелно е да се помогне во облекувањето на
странката, нејзино испраќање од салонот и заблагодарување за посетата. Со тоа се потврдува љубезноста
и пристојното однесување, кое треба да го поседува секое стручно лице. Странката кога го напушта
салонот треба да има чувство дека повторно ќе биде добро примена и квалитетно услужена во тој салон

You might also like