Professional Documents
Culture Documents
Странецот од Ками
Странецот од Ками
Типично за Ками, главниот лик во неговиот прв роман го заснова својот живот врз
апсурдност, станувајќи случаен злосторник и осуденик на смрт кој практично
доживува неуспех во лавиринтот на туѓите морални вредности. Апсурдот влече
низа вечни морални дилеми околу дефинирањето на животот, откривањето на
неговата суштина и значење, прашањето на смртта, креирајќи
своевиден конфликт помеѓу ирационалноста и носталгијата по она логичното,
поентирајќи кон смислата.
Ликот на Мерсо од „Странецот“ на Ками, е човек на новото време. Тој е отуѓен од
општеството не прифаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување.
Мерсо е слободен човек, со можност за слободен избор. Неговиот проблем е во
сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува
околу него.
Според Мерсо, човековиот живот е безвреден и сеедно е како ќе се живее зашто и
така мора да се умре. За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата
мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека ѝ се оддава последна почест,
дали ќе се ожени со Марија или не. Сè му е сеедно.
Деновите ги минува незинтересирано, а кога му се пружа можност да оди во
Париз и да напредува, тој одбива.
Не сака да промени ништо во својот безначаен живот. Од здодевност го прифаќа
и пријателството на Ремон иако знае дека може да си има проблеми со законот.
Прифаќа да сведочи за него иако знае дека тоа не е вистина. Прифаќа да се
замеша во тепачката иако тоа него не го засега. И на крајот таа
незаинтересираност ќе го доведе во ситуација да убие човек. Но, тој и понатаму е
рамнодушен. Не се вознемирува заради убиствито, не се покајува, не зажалува,
па дури и не размислува за тоа. Како ништо да не се случило.
Токму во овие особини на Мерсо, Ками ја претставува во целост својата идеја за
алиенацијата, за човековото оттуѓување, за индиферентноста и нонншалантноста,
филозофијата на апсурдот на човековото постоење.Она што Мерсо го кажува и го
прави неприфатливо за останатите луѓе — дека заради сонцето и неподносливата
горештина — убил човек! Без притоа да чувствува ни трошка каење ни вина...