You are on page 1of 80

Жаби

Аристофан

ЖАБИ

1
Жаби

ЛИЦА:
КСАНТИЈА
ДИОНИС
ХЕРАКЛЕ
МРТОВЕЦ
ХАРОН
СПОРЕДЕН ХОР ОД ЖАБИ
ХОР ОД МИСТИ
АЈАК
СЛУГИНКА НА ПЕРСЕФОНА
ГОСТИЛНИЧАРКА
ПЛАТАНА
СЛУГА НА ПЛУТОН
ЕВРИПИД
АЈСХИЛ
ПЛУТОН

2
Жаби

ПРОЛОГ
(На сцената во позадина се гледа куќата на Херакле. Влегуваат Дионис и Ксантија;
Дионис оди пеш облечен во шафран-фустан, со котурни, наметнат со лавовска кожа и
со боздоган во раката; Ксантија пак, јава на магаре а на рамото има префрлен товар.)
КСАНТИЈА:
Може ли да кажам нешто мрсно,
публикава да ја насмеам како обично?
ДИОНИС:
Зевс нека знае, што ти душа сака, освен, „здрвен ми е“;
тоа прескокни го, премногу е гадно.
КСАНТИЈА:
А може ли нешто отмено, пристојно?
ДИОНИС:
Ако го изоставиш „како ме набива“.
КСАНТИЈА:
Што е? Топ-смешка сакаш ли да кажам?
ДИОНИС:
Жими Зевса, храброст имаш.
Само, гледај да не ти се испушти,
КСАНТИЈА:
Кое?
ДИОНИС:
Дека би можел да се испосереш, бовчата додека ја префрлаш.
КСАНТИЈА:
А може ли да кажам дека ќе се испрдам, ако некој
не ме ослободи од товаров што го носам?
ДИОНИС:
Никако, те молам, тоа кога ќе сакам да повраќам.
КСАНТИЈА:
И што сега, опремава сета треба да ја влечам,
а она што Фриних, Ликида и Амеипсија обично го прават,
јас не смеам ни за кратко.
А тие сешто пикаат во комедијата.

3
Жаби

ДИОНИС:
Па немој ни да правиш, ни сега ни после;
зашто кога сум во публика и видам ли мудрувања од тој вид,
коса ми побелува за миг.
КСАНТИЈА:
Еј три пати проклет да е вратов мој:
ме набива, а не засмејува.
ДИОНИС:
Добро, зар не е дрско и голем луксуз ова?
Јас, иако Дионис сум, на Бардакот син,
сам пеш одам, се мачам и овој го трпам
на магарево да седи и товар да не носи.
КСАНТИЈА:
Е како? Па зар не носам јас?
ДИОНИС:
А како тоа, кога овој влече?
КСАНТИЈА:
Носејќи овде горе.
ДИОНИС:
Како?
КСАНТИЈА:
Тешко претешко.
ДИОНИС:
Зарем магарево не го носи и она што ти го носиш?
КСАНТИЈА:
Е не е така, што си имам тоа и си носам, Зевс ми е сведок.
ДИОНИС:
Е како си носиш, кога ова само носи сè што е на него.
КСАНТИЈА:
Не знам како, ама грбов ми е здрвен.
ДИОНИС:
Не признаваш ли дека магарево ти помага,
замена направи, земи го па носи го.

4
Жаби

КСАНТИЈА:
О леле, кутриот јас; требаше да си одам на море, во бој.
Ќе те видев тогаш какви маки ќе тргаше.
ДИОНИС:
Слегувај, гаде. Близу до портава еве стигнав,
за почеток овде ќе свратам.
Момченце, момче, и уште еднаш, момче!
(Херакле излегува од куќата што се гледа во позадината на сцената. Претходно
Ксантија, имајќи го сè уште товарот на раме, се симнал од магарето и ова заминува од
сцената.)
ХЕРАКЛЕ:
Кој портата ја мавна? Така коњски
кој запна; кажи се, кој си?
ДИОНИС:
Дете!
КСАНТИЈА:
Што е?
ДИОНИС:
Зар не забележа?
КСАНТИЈА:
Што тоа?
ДИОНИС:
Колку силно се исплаши јас да...
КСАНТИЈА:
Да де, во занес да не паднеш.
ХЕРАКЛЕ:
О, слатка Деметро, не можам а да не се смеам;
и усни гризам, па пак се смеам.
ДИОНИС:
Еј, демоне, излези; ми требаш нешто.
ХЕРАКЛЕ:
Смеење да сопрам не можам
кога гледам лавче на фустанче.

5
Жаби

Што значи...? Зар стап и штикла се дружат?


Што земји си поминал?
ДИОНИС:
На Клистен се качив.
ХЕРАКЛЕ:
И водеше борба влажна, нели?
ДИОНИС:
Се разбира, дури и бродови потопивме
душмански дванаесет, тринаесет.
ХЕРАКЛЕ:
Вие двајца?
ДИОНИС:
Прашај го Аполон.
КСАНТИЈА:
И тоа беше сонот мој.
ДИОНИС:
Си ја читам јас така Андромеда на бродот,
одеднаш мерак снажен ме плесна, ме тресна,
срце ми проби. Знаеш како? Ме здроби.
ХЕРАКЛЕ:
Мерак, а? Со големина?
ДИОНИС:
Како Молон, малечок.
ХЕРАКЛЕ:
За жена ли?
ДИОНИС:
Ма неее...
ХЕРАКЛЕ:
А за момче?
ДИОНИС:
Никако.
ХЕРАКЛЕ:
За маж, а?

6
Жаби

ДИОНИС:
С краја да е.
ХЕРАКЛЕ:
Со Клистен ли се роди?
ДИОНИС:
Не ми се потсмевај, брате; немој, си имам мака;
таква страст ме мори, гони.
ХЕРАКЛЕ:
Каква бе брат?
ДИОНИС:
Не знам како да објаснам.
Ај со загатка да пробам.
Дали ти се случило одеднаш да ти се пријаде гравче?
ХЕРАКЛЕ:
Гравче? Мммм... мљац, мљац, сто пати, не еднаш.
ДИОНИС:
Дали е ова доволно јасно или „уште да објаснувам“?
ХЕРАКЛЕ:
За гравчето не треба, сè си знам.
ДИОНИС:
Епа токму таква страст ме разнесува
по Еврипида,
ХЕРАКЛЕ:
по мртовец, сакаш да кажеш.
ДИОНИС:
И никој жив не ќе ме убеди
кај него да не појдам.
ХЕРАКЛЕ:
Дури и во Хад долу?
ДИОНИС:
Жими Зевса, и подолу ако треба.
ХЕРАКЛЕ:
А при тоа бараш што?

7
Жаби

ДИОНИС:
Вешт поет ми треба.
„Некогаш имаше, ама испоумреа, а сегашниве не ги бива“.
ХЕРАКЛЕ:
Како? Па зар Иофонт не е жив?
ДИОНИС:
Е па, жими тој еден
остана од добрите, ама и за него не се знае баш.
Не сум сосем убеден дека е така.
ХЕРАКЛЕ:
Добро, а Софокле? Тој е пред Еврипид.
Зар не сакаш него да го извлечеш, ако веќе некого мораш?
ДИОНИС:
А не. Прво ќе го испробам Иофонта,
да видам што може да направи сам, без Софокла.
Друго, Еврипид, како што е итар,
раце ќе ми бацува само да избега од онде.
А кој си беше со мерка овде, и таму си е.
ХЕРАКЛЕ:
А Агатон, каде е?
ДИОНИС:
Ме напушти и избега,
инаку, добар поет и посакуван од пријателите.
ХЕРАКЛЕ:
А каде замина, кутриот?
ДИОНИС:
На гозба кај блажените.
ХЕРАКЛЕ:
А Ксенокле?
ДИОНИС:
Зевс да даде да пукне, да цркне.
ХЕРАКЛЕ:
А Питангел?

8
Жаби

КСАНТИЈА:
А мене, плеќи што сум настегал,
мене никој не ме спомнува.
ХЕРАКЛЕ:
Добро, нема ли овде момчиња путерчиња,
трагедии што знаат да намачкаат до илјада
и од Еврипид со јазик подолг за цел стадиј да бидат?
ДИОНИС:
Суви гранки и дрдорковци се тие,
„за ластовици музин дом“ и срам за уметноста.
Набрзо јалови стануваат,
еднаш ќе се истресат врз трагедијата и веднаш свршуваат.
А поет плоден, дури и да бараш, не ќе најдеш,
кој би згрмел отмено, возвишено.
ХЕРАКЛЕ:
Како плоден?
ДИОНИС:
Па така плоден, што ќе каже
нешто смело, необично;
како „воздух Зевсово куќиче“ или „чекорот на времето“,
или она „срце не се колне во свети работи,
а уста се двои и лажно се заколнува.“
ХЕРАКЛЕ:
Ова ли те задоволува?
ДИОНИС:
И повеќе од тоа, ме излудува.
ХЕРАКЛЕ:
Ама ова се глупости, нели и ти така мислиш.
ДИОНИС:
„Не вселувај се во умот мој“, си имаш дом ти свој.
ХЕРАКЛЕ:
Општо гледано, ептен се напорни.
ДИОНИС:
Давај ми часови за готвење, а не за глумење.

9
Жаби

КСАНТИЈА:
А јас не постојам.
ДИОНИС:
Но, за ова дојдов со лик како твојот
и натоварен, домаќините
да ми ги кажеш, ако затреба,
што те пречекаа по Кербера кога појде,
тоа кажи ми, пристаништа, фурни, јавни куќи,
одмаралишта, свратилишта, чешми, патишта,
градови, меани, анови,
стениците таму да се ретки.
КСАНТИЈА:
За мене ниту збор.
ХЕРАКЛЕ:
Добро, силниче. Ќе имаш ли храброст да појдеш?
ДИОНИС:
За тоа доста. Туку, дај кажи
по кој пат најбргу ќе стигнам во Ад долу;
некој ниту врел ниту премногу ладен да кажеш.
ХЕРАКЛЕ:
Ајде де, кој за почеток да ти го кажам? Кој?
Има еден низ ортома па преку столче,
да си се обесиш.
ДИОНИС:
Еј, чекај, загушлив ми предлагаш.
ХЕРАКЛЕ:
Друго, има патека кратка,
истолчена во аван.
ДИОНИС:
На кукута да не мислиш?
ХЕРАКЛЕ:
Точно.
ДИОНИС:
Ладен е и ладен;
колена веднаш ти обзема.

10
Жаби

ХЕРАКЛЕ:
Сакаш еден побрз ама стрмен?
ДИОНИС:
Дај, жити Зевса, само без пешачење.
ХЕРАКЛЕ:
Довлечкај се сега долу до Керамеик.
ДИОНИС:
И потоа што?
ХЕРАКЛЕ:
Откако ќе се искачиш на високата кула...
ДИОНИС:
да направам што?
ХЕРАКЛЕ:
На фрлениот факел пази,
па гледачите кога ќе викнат
„тргнуваат“, тогаш да тргнеш и ти.
ДИОНИС:
Каде?
ХЕРАКЛЕ:
Долу.
ДИОНИС:
Зар мозок да истурам?
Не би одел по патот тој.
ХЕРАКЛЕ:
Е па, по кој?
ДИОНИС:
По оној по кој и ти се симна.
ХЕРАКЛЕ:
Ама за пловење има многу.
Веднаш до езеро големо ќе стасаш,
речиси без дно.
ДИОНИС:
А како ќе го преминам?

11
Жаби

ХЕРАКЛЕ:
Со кајче мало старец, морнар еден,
за два обола превоз ќе ти даде.
ДИОНИС:
Тууу. Насекаде вредност си држат обола два.
А како стигнале таму?
ХЕРАКЛЕ:
Тесеј ги внесе.
Понатаму змии и ѕверови илјада ќе видиш
премногу страшни.
ДИОНИС:
Не ме збунуваш ниту ме плашиш;
нема да ме одвратиш.
ХЕРАКЛЕ:
Потоа кал до колена
и измет што постојано извира; во тоа лежи
и оној гостин што навредил,
и дете што превртил без да плати,
или мачел мајка, или таткова вилица
смачкал, или лажно се заколнал,
или, пак, некој што Морсимов стих препишал.
ДИОНИС:
Боговите да се вечни, меѓу овие требаше да се додаде
и некој што научил пирих од Кинесија.
ХЕРАКЛЕ:
Следно, далга од кавал ќе те гушне,
и светлина преубава ќе видиш, иста како овде,
и миртови градини, и дружини блажени
од мажи и жени, и плескање гласно.
ДИОНИС:
А тие кои се?
ХЕРАКЛЕ:
Посветените.
КСАНТИЈА:
Зевс ми е сведок, како магаре и јас мистерии си терам.
Но за ова не арчам ниту час.

12
Жаби

ХЕРАКЛЕ:
Овие ќе ти кажат сè што треба,
живеат покрај самиот пат
сосем близу до портите Плутонови.
Па, многу среќа, брате.
(Херакле излегува.)
ДИОНИС:
И тебе Зевс здравје да ти даде.
(На Ксантија.) А ти, бовчава брзо земај ја.
КСАНТИЈА:
Зар и пред да ја спуштам?
ДИОНИС:
Море и побрзо од тоа.
КСАНТИЈА:
Еј не, те молам. Туку изнајми си некој
од овие што ги изнесуваат, во ист правец што оди.
ДИОНИС:
А ако не најдам?
КСАНТИЈА:
Тогаш јас ќе влечам.
ДИОНИС:
Е баш добро.
(На сцена внесуваат на носилка мртовец подготвен за погребување.)
Глеј, мртовец еден изнесуваат.
Ти, тебе ти велам, тебе мртовецу;
или можеби си жив, ќе сакаш ли врзопчиња во Хад да понесеш?
МРТОВЕЦОТ:
Колку ги има?
ДИОНИС:
Еве овие.
МРТОВЕЦОТ:
Плаќаш ли две драхми за носење?
ДИОНИС:
О, Зевсе, ај намали за малку.

13
Жаби

МРТОВЕЦОТ:
(На оние што го носат.)
Вие, ај фаќајте го патот.
ДИОНИС:
Чекај, еј боголики, да се спогодиме.
МРТОВЕЦОТ:
Без две драхми нема договор.
ДИОНИС:
Ај за девет оболи.
МРТОВЕЦОТ:
Поарно да оживеам.
КСАНТИЈА:
Како се прави важен проклетников. Вечно ли ќе е среќен?
Јас ќе си одам пеш.
ДИОНИС:
Полезен си и господин човек, нема што.
Ај кајчето да го фатиме.
(Се менува сцената. Подземен свет. Влегува Харон.)
ХАРОН:
Оооп, застани, стој.
КСАНТИЈА:
Што е сега ова?
ДИОНИС:
Ова? Езеро, Зевс сведочи,
а и оној рече така. Еве и кајче гледам.
КСАНТИЈА:
Посејдоне боже, па Харон е овде.
ДИОНИС:
Здраво, еј Хароне! Здраво, еј Хароне! Здраво, еј Хароне!
ХАРОН:
Сака ли некој на одмор од несреќи и од работа?
Кој е за долината на Заборавот, а кој за Магаруново,
плови ли некој за Керберија, до Тенар, или за Никаде?

14
Жаби

ДИОНИС:
Јас.
ХАРОН:
Брзо рипај!
ДИОНИС:
А каде мислиш да одиш?
Зар навистина за Никаде?
ХАРОН:
Зевс ми е сведок, само поради тебе.
Ајде де, рипај!
ДИОНИС:
Дете, ваму!
ХАРОН:
Робови не возам,
штом не влегол во поморска битка за месо, не.
КСАНТИЈА:
Ама не можев, прашај го Зевс, имав гурелки во очите.
ХАРОН:
Ќе биде ли така љубезен да го претрча езерото во круг?
КСАНТИЈА:
А каде да чекам?
ХАРОН:
Кај карпата Суша,
до анот.
ДИОНИС:
Разбра?
КСАНТИЈА:
Сосема добро разбрав.
Оф леле, несреќник. Во што ли се вплеткав на излегување од дома?
ХАРОН:
Седнувај кај веслото. Ако има уште некој, нека побрза.
Еј ти, што правиш?

15
Жаби

ДИОНИС:
Што правам? Ништо поинакво од ова,
одам на веслото, баш како што побара?
ХАРОН:
Ќе бидеш ли така љубезен да седнеш овде, свињо дебела?
ДИОНИС:
Еве.
ХАРОН:
Ќе бидеш ли така љубезен да ги испружиш рацете и да запнеш?
ДИОНИС:
Еве.
ХАРОН:
А, ќе бидеш ли љубезен да престанеш со дрдорење
и наместо тоа сила да вложиш, па да запнеш?
ДИОНИС:
Па како ќе можам јас,
невешт, антиморепловец, антисаламиниец
весло да водам?
ХАРОН:
Многу лесно; штом ќе завеслаш
и песна ќе чуеш убава, преубава.
ДИОНИС:
Чија?
ХАРОН:
На жаби-лебеди, чудесна една.
ДИОНИС:
Ајде, викни ги, ај!
ХАРОН:
Еј хој, еј хој!
ЖАБИ: (Надвор од сцената.)
Брекекекекс, коакс коакс,
Брекекекекс, коакс коакс,
Чеда на бари и врутоци,
мелодичен на химна звук

16
Жаби

да пуштиме, слатката наша песна


да ја запееме,
коакс коакс,
како во чест на Нисејски
Дионис Зевсов
во Барите што правиме,
кога поворка испијанета
во време на Светите Грниња
танцува во дворот мој посветен.
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
А мене газот ме здоболе,
еј, коакс коакс;
а за тоа вас, веројатно, не ви е гајле.
ЖАБИ:
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
Еј да би пукнале од тој коакс;
ништо друго не знаете, само коакс, па коакс.
ЖАБИ:
Во право си, еј ти, напор што вложуваш многу;
но, во мене се вљубил Муси добролири и копитарот Пан,
на трската звукот што го развеселува;
а ми се радува и формингашот Аполон,
поради трската, за лири правење
во барите ја одгледувам.
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
А јас плускавци добив,
и газот ми се поти,
тој пак, глава да појави, веднаш ќе викне....
ЖАБИ:
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
Еј љубопевци, дечки
доста е.

17
Жаби

ЖАБИ:
Не, не е,
и погласно ќе е крекањето мое,
ако ден некој сончев, со сјај
скокање ми нуди во трева, во гај
и радост од песна
со нуркачки мелос богата,
а Зевс ако реши дожд да праќа
в длабочини одам не се враќам,
оро ќе вијам игриво,
со кломбурци озвучено.
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
Брекекекекс, коакс коакс.
Го превзедов од вас и јас.
ЖАБИ:
Значи, страшни нешта ќе искусиме.
ДИОНИС:
А јас и пострашни, од веслање
ако се распаднам.
ЖАБИ:
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
Само вие цимолете; ич не ми е гајле.
ЖАБИ:
Ама нема да престанеме,
ќе крекаме уште, глас додека
имаме и ден додека трае.
Брекекекекс, коакс коакс.
ДИОНИС:
Брекекекекс, коакс коакс.
Со ова нема да победите.
ЖАБИ:
Ама ни ти нас, биди сигурен.
ДИОНИС:
Е па ни вие мене

18
Жаби

никогаш; ќе крекам
цел ден, ако треба,
со коаксот ќе ве победам.
Брекекекекс, коакс коакс.
(Жабите замолчуваат.)
Знаев, и на коаксот еднаш му дојде крајот.
(Кајчето пристигнува на спротивниот брег.)
ХАРОН:
(На Дионис.)
Еј, застани, стој; спушти ги веслата.
Ај, сега излези и плати си го возењето.
ДИОНИС:
Еве ти ги двата обола.
(Харон заминува. Сцената се менува. Дворецот на Хад.)
Ксантија. Каде е Ксантија? Или, Ксантијо?
КСАНТИЈА:
(Надвор од сцената.)
Ој!
ДИОНИС:
Доаѓај ваму.
КСАНТИЈА: (Влегувајќи.)
Здраво, господару.
ДИОНИС:
Што има таму?
КСАНТИЈА:
Мрак и кал.
ДИОНИС:
Па, ги виде ли, таткоубијците
и лажнозаколнатите, оној што ги спомна?
КСАНТИЈА:
А ти не?
ДИОНИС:
Посејдон ми е сведок, јас и онде ги гледам. (Покажува на гледачите.)
Туку што правиме сега?

19
Жаби

КСАНТИЈА:
Најдобро е од овде да се бега,
местово е она ѕверови полно,
ни рече оној сосем сериозно.
ДИОНИС:
За што ќе зажали неизмерно.
Се перчеше, се фалаше, мене да ме исплаши сакаше,
а дека сум махер многу добро знаеше.
„Таков фалбаџија нема“ ко Херакле што е.
Јас пак молитва правам, средба барам,
на патувањево мое достоен мегдан да најдам.
КСАНТИЈА:
Зевс ми е сведок, нешто страшно слушнав.
ДИОНИС:
Каде? Каде?
КСАНТИЈА:
Од позади.
ДИОНИС:
Од позади сега појди.
КСАНТИЈА:
Ама од напред е.
ДИОНИС:
Па од напред сега оди.
КСАНТИЈА:
А гледам еве, Зевс е сведок, и едно ѕверче така поголемко.
ДИОНИС:
Какво?
КСАНТИЈА:
Страшно; во различни облици се престорува;
еднаш е бик, сега мазга, а потоа жена
некоја многу згодна.
ДИОНИС:
Каде е? Води ме, кај неа сакам да одам.

20
Жаби

КСАНТИЈА:
Ама не е веќе жена, туку куче.
ДИОНИС:
Емпуса е тоа значи.
КСАНТИЈА:
Во оган ѝ свети, сјае
лицето цело.
ДИОНИС:
И една бакарна нога има?
КСАНТИЈА:
Посејдон нека е сведок, а од лепешки друга,
јасно знај.
ДИОНИС:
Па тогаш каде да се свртам?
КСАНТИЈА:
А каде, пак, јас?
ДИОНИС:
Свештениче, сочувај ме, заедно да пиеме.
КСАНТИЈА:
Загинавме, еј Херакле војводо.
ДИОНИС:
Мене не ми се обраќај,
човече, те молам, име не ми спомнувај.
КСАНТИЈА:
Дионисе, е па тогаш.
ДИОНИС:
Тоа е полошо од она.
КСАНТИЈА:
Оди од каде што си дошол. Овде, ваму, еј, господару.
ДИОНИС:
Што е, пак, сега?
КСАНТИЈА:
Мирен биди, сè добро се заврши,

21
Жаби

испадна баш како Хегелох што вели;


„бурата појде, Мир-а на море дојде“.
Емпуса ја снема.
ДИОНИС:
Заколни се.
КСАНТИЈА:
Жими Зевса.
ДИОНИС:
Ај уште еднаш заколни се.
КСАНТИЈА:
Жими Зевса.
ДИОНИС:
Заколни се.
КСАНТИЈА:
Жими Зевса.
ДИОНИС:
Леле кутриот, како пребледев неа штом ја видов.
КСАНТИЈА:
А овој од страв ти поцрвене место тебе.
ДИОНИС:
О леле, макиве од каде ли ми стасаа?
Кај бог кој вина да барам вака што страдам?
Дали кај „воздухот Зевсово куќиче“ или кај „чекорот на времето“?
(Се слуша звук од кавал.)
КСАНТИЈА:
Ти таму.
ДИОНИС:
Што има?
КСАНТИЈА:
Зарем не слушна?
ДИОНИС:
Што?

22
Жаби

КСАНТИЈА:
Звук од кавал.
ДИОНИС:
Еј навистина, ама и од факели
реа некоја прилично мистично ме опфати.
Туку, полека да свиеме колена и да начулиме уши.
ХОР:
(Сè уште не се гледа, само од далечина се слуша.)
Јакхо, ој, Јакхо, ој,
Јакхо, ој, Јакхо, ој!
КСАНТИЈА:
Тоа е она, еј господару, посветените,
си танцуваат тие, како што кажа и тој.
Навистина Јакхе го пеат оној, ко низ плоштад да минат.
ДИОНИС:
И јас така мислам. А сега да се смириме
најдобро е, јасно за да видиме.

23
Жаби

ПАРОД
(Влегува хорот од мисти.)
ХОРОТ:
Јакхе, еј пречесен, местово е твое,
Јакхе, ој, Јакхе,
на ливада дојди, в оро појди
со дружина света,
тресејќи многуплоден
на главата венец, од мирта што тежи,
потскокнувајќи
во дива игра весела
љупкост што ја краси,
света, за мисти благословена
со месо добро посолена.
КСАНТИЈА:
О, госпоѓо пречесна на Деметра чедо,
како слатко ми замириса на месо.
ДИОНИС:
А колбас за мезе ќе стави ли на устата твоја резе?
ХОРОТ:
Станувај, рипај! факели со пламен носи, доаѓа, иде
Јакхо, еј Јакхо,
на вечерна слава светлоносна ѕвезда.
Од пламени свети ливада;
старци потскокнуваат; грижи симнуваат
и дамнешни времиња на изминати години,
низ почест и слава.
А ти со факел осветлувајќи,
напред одејќи, води ја на ливада цветна, барска,
младината, о, ти блажен, разиграна.
КОРИФЕЈОТ:
Побожно да молчи треба и надвор од светиот ни танц да биде,
неупатен во мистерии кој е, или нечист во мисла,
оној што ниту видел ниту, пак, правел богослужба на благородни Муси,
ниту, пак, на Кратин бикождерот, на стиховите негови ги познава мистериите,
оној на простачки шеги што се радува а време за тоа погрешно избира,
и оној непријателски судири што не решава и на граѓаните им штети,

24
Жаби

зашто подбуцнува и разгорува, за сопствена полза настојува,


или како крал на град во невоља лесно се поткупува,
оној тврдина ил’ брод што напушта, или забранета стока од Ајгина пропушта
како Торакион, даночникот проклет,
за Епидаур едра, јажиња и смола, пренесува
оној помош што заговара за непријателските лаѓи
или Хекатино светилиште кога погани и киклички песни пее,
оној што како ретор платата на поетите им ја крати,
зашто бил исмеан на свечености прадедовски, оние дионизиски;
овие ги опоменувам, по втор пат ги опоменувам и по трет пат ги опоменувам
настрана од мистичкото оро; а вие започнете песна
и вечерни ора наши, на слава како што личи.
(Хорот ја започнува процесијата.)
ХОРОТ:
Влегува сега секој снажно
во скутови цветни
на ливади, ни малку нежно,
боцка, исмејува,
си игра, се шегува.
Појадокот го заврши.
Туку, ај чекор направи
па на Спасителката песна дари ѝ
пристојна, смерна, во чест нејна;
земјата ја спасува, вели,
низ векови цели,
од Торакион вака се дели.
КОРИФЕЈОТ:
А сега викнете друг вид песна, плодородната кралица,
Деметра божицата со пресвети звуци да ја украсите.
ХОРОТ:
Деметро, на светите обреди
господарко, помогни
и спаси го орото свое;
а за мене прилика дај
цел ден во игра весела да минам.
Многу нешта на шега да кажам,
а други, пак, надвор од смешка,
на свеченоста твоја како што прилега
25
Жаби

откако играње завршам и шега довршам,


па победам, со панделки да се овенчам.
КОРИФЕЈОТ:
Ајде, ој
сега и богот млад викајте го овде
со песни, придружникот на овој танц.
ХОРОТ:
Јакхо пречесен, песна на свеченост
ти што смисли толку слатака,
овде, кон божицата да одиме,
а ти покажи како без мака
долгиот пат го минуваш сам така.
Јакхо, ој љубоорец, следи ме, поведи ме.
Дал’ од шега ил’ заради заштеда
сандалчево и оваа крпа ги раскина,
па така направи без загуба
да се игра и танцува.
Јакхо, ој љубоорец, следи ме, поведи ме.
Штом од страна погледнав
девојченце со убаво лице здогледав,
во поворката додека одеше
хитонот пукна
цицето ѝ рипна.
Јакхо, ој љубоорец, следи ме, поведи ме.
КСАНТИЈА:
Редовен љубител на придружба од секогаш сум бил
а сега баш би сакал со таа во оро забава да си направам.
ДИОНИС:
Сакам и јас.
ХОРОТ:
А ќе се придружите ли на забава ваква,
Архедем да го зајадуваме стапка по стапка?
Години седум имаше а граѓански заби сè уште немаше.
Сега, пак, демагог е прав
со мртвите горе управува,
во злодела со него никој не се справува.

26
Жаби

А оној на Клистена синот го гледам


на гробишта задникот
си го корне и образите ги кине.
Натртен се мава,
плаче и грака
Себина си го бара, оној од Анафлистија што е.
А и Калија го кажуваат
оној на Хипобин синот
со лавовска кожа опашан во вагина ил’ на море исто војувал.
ДИОНИС:
Би можел ли накој да ни каже,
Плутон, овде некаде има стан?
Странци сме, сега стигнавме.
ХОРОТ:
Потреба воопшто нема ниту од одење,
ниту од повторно прашување,
пред портата негова веќе стоиш.
ДИОНИС:
Би можел да се дигнеш повторно, ој дете.
КСАНТИЈА:
Ова ти го нарекуваш товар?
А што е со „Коринте Зевсов“? Дали скоро ќе си замине?
КОРИФЕЈОТ:
Напред
во светиот круг на божицата оро заиграјте,
во цветниот лаг додека се забавувате,
заедно со другите во богумилата свечаност учествувајте.
А јас со девојките одам и со жените,
каде што ноќна богослужба за божицата прават, свет факел ќе носам.
ХОРОТ:
Ајде да настапиме на ливади цветни
со рози преполни,
ние како што знаеме,
во оро прекрасно
разиграни, Мојри блажени
заедно го водат.

27
Жаби

Бидејќи за нас само сонцето


и светлината ведра е,
ние што сме посветени и
побожно што се однесуваме
и кон туѓинци
и кон незналци.

28
Жаби

ЕПИЗОДНИ СЦЕНИ
ДИОНИС:
Добро, а како сега портава да ја мавнам? Како?
Каков е обичајот овде доле?
КСАНТИЈА:
Да одложуваш нема, портава да се испроба треба,
и без трема, нели ликот од Херакле го зема.
ДИОНИС:
(Тропа на портата.)
Момче, момче!
АЈАК:
(Ѕирка.)
Кој е тоа?
ДИОНИС:
Херакле силниот.
(Ајак, слугата на Плутон и вратар во Хад, излегува.)
АЈАК:
А, тука ли си, ти гнасен, бесрамен, беден
антијунак, испоганет, за злобниците ѕвезда права.
Оној кучето наше, Кербера го истера,
го фрли давејќи го, па побегна и носејќи го си замина,
него го чував јас. А сега те имам тебе;
слично на ова, на Стигс карпата црно срце што носи,
и на Ахеронт гребенот секогаш крвав
како заложник ќе те држат, и на Кокит псите кругови што вртат,
и Ехидна стоглавата, таа утробата твоја
ќе ја распори, а градите ќе ти ги раскине
јагулата од Тарс; бубрезите, пак, твои
заедно со цревата во крв замастени
вкусен залак на Горгоните Титрасиски ќе им бидат,
кон нив јас чекорот го гонам в овој час.
(Ајак излегува.)
КСАНТИЈА:
Еј ти, што направи?

29
Жаби

ДИОНИС:
Се испоганив; викај некој бог.
КСАНТИЈА:
Е, баш си смешен, станувај бргу
да не те види некој странец?
ДИОНИС:
Ама лошо ми е.
Донеси ми сунгер за срцево мое.
КСАНТИЈА:
Држи, фаќај, ајде ставај! Каде!? О, богови златни.
Таму ли е срцето твое?
ДИОНИС:
Исплашено беше
па долу во утроба слезе.
КСАНТИЈА:
Еј плашливко еден, меѓу богови и луѓе најголем.
ДИОНИС:
Јас ли
се плашам? А кој сунгер ти побара тебе?
Друг не би направил такво дело.
КСАНТИЈА:
Туку?
ДИОНИС:
Усмрден би лежел, ако е плашлив.
Јас пак станав и се суредив.
КСАНТИЈА:
Епа, жими Посејдона, храброст најголема.
ДИОНИС:
Јас бар така мислам, Зевса го молам.
А зборувањето гласно и заканувањето страсно
зар не ти разбуди страв?
КСАНТИЈА:
Не, Зевс ми е сведок, ништо не чув.

30
Жаби

ДИОНИС:
Аде тогаш, штом храброст преголема имаш и сила,
ти биди јас, боздоган земи
и лавовска кожа, не се плашиш воопшто, нели;
јас пак носач ќе ти бидам во смени.
КСАНТИЈА:
Давај брзо; нема друго, да послушам треба секако;
(Се преоблекува.)
и гледај го сега Хераклоксантија,
дали плашливко ќе бидам штом храброст од тебе зедов.
ДИОНИС:
Жими Зевса, ист си како Мелитес мангупот.
ајде сега, да си ја земам јас бовчава.
(Од домот на Плутон излегува слугинката на Персефона.)
СЛУГИНКАТА:
О мил, зарем се врати, Херакле? Ајде, повели, влези.
Божицата за доаѓањето твое разбра, па веднаш
лебови пече, казани со грав вари,
две-три супи, вол цел на ражен стави,
палачинки пржи, ролати. Ама, ајде влегувај.
КСАНТИЈА:
(Понизно.)
Прекрасно, благодарен сум многу.
СЛУГИНКАТА:
Аполон ми е сведок, како заминуваш
јас нема да гледам, зашто и месо
од птици спреми и колачиња
испече и вино преслатко веќе постави.
Ајде де, внатре по мене дојди.
КСАНТИЈА:
(Сè уште понизно.)
Љубезна си многу.
СЛУГИНКАТА:
Се шегуваш само;
нема да те пуштам. На кавал девојка што свири
прекрасна в одаи те чека, па танчерки други
две или три.
31
Жаби

КСАНТИЈА:
Што велиш? Танчерки, а?
СЛУГИНКАТА:
Сега распупени, тазе искубани.
Ама влегувај, готвачот рибата веќе ја вади
на софра сака да ја стави.
КСАНТИЈА:
Оди сега, на танчерките порачај им
внатре нека бидат, јас по нив идам.
(Слугинката излегува, а Ксантија на Дионис му се обраќа.)
Дете, ај следи ме и од товаров одмени ме.
ДИОНИС:
Еј ти, скрати. Зарем сериозен беше
како Херакле кога се преправаше?
Ксантијо, шеги веќе нема да правиш,
туку товаров на рамо, па како што си беше порано.
КСАНТИЈА:
Што е? Можеби сакаш да го соблечам ова
што сега е мое?
ДИОНИС:
Не можеби, туку веќе го правам.
Кожата долу!
КСАНТИЈА:
За ова сведоци барам
на боговите предност им давам.
ДИОНИС:
На кои богови?
Безумно и ништожно не е ли сосем, ти роб и смртник
да мислиш син на Алкмена да бидеш?
КСАНТИЈА:
Добро, немај гајле; земи ги овие. Можеби некогаш,
ако богови дадат, ќе ти затребам тебе.
(Дионис и Ксантија си ги разменуваат реквизитите.)
ХОРОТ:
Тоа го прави маж
ум и разум што има,
32
Жаби

нашетан многу,
се тркала секогаш таму,
на поволната страна,
а не како кип изделкан
да стои во положба само една;
да се врти кон поблагата страна
тоа го има кај оној опитен што е
и Терамен во природата своја.
ДИОНИС:
Зарем не ќе беше смешно,
Ксантија како роб, на
Милетски прекривки
расположен танчерката
да ја бакнува и бокал да бара,
а јас, пак, додека гледам
грашачево да си го галам?
А итрецот ова кога ќе го види
вилицата со тупаница штом
ја удри, ќе ми ги истера
од хорот предните сите.
(Доаѓа една гостилничарка, а по неа и друга, Платана.)
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
Платано, Платано, ела ваму! Еве го измамникот,
во меана еднаш дојде
лебови шеснаесет сотре.
ПЛАТАНА:
Леле, жими Зевса,
навистина тој е.
КСАНТИЈА:
За некого ова зло е.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
И од месо парчиња дваесет стопи
од обол и половина секое.
КСАНТИЈА:
Некој сега ќе си плати.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
И лук едно чудо.
33
Жаби

ДИОНИС:
Бладаш, еј жено,
и не знаеш што зборуваш.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
Да не си помисли,
котурни кога стави, во непознат дека се преправи?
Што ти е? А за пушеното месо уште ни збор не кажав.
ПЛАТАНА:
Море, Зевс знае, ни за сирењето младо, проклет да е,
со сè кошници го изгрицка сето.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
А кога да си плати побарав,
луто ме погледна и рикна.
КСАНТИЈА:
Делото е навистина негова одлика, ја има во секоја прилика.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
И меч извлече, на полуден заличе.
ПЛАТАНА:
Зевсе боже, за жалење беше.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
Двете, пак, ние во страв откако паднавме
таванот во скок еден го нападнавме;
оној, пак, замина и рогозини си собра.
КСАНТИЈА:
Па и тоа е негово дело.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
Ама требаше нешто да се прави.
Појди и викни ми го Клеон заштитникот ми!
ПЛАТАНА:
А ти мене, ако го сретнеш, Хипербол.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
за да го сотреме овој. Еј, шкембару проклет,
со каква сласт заби би ти разбила
сета храна што ми ја здробија.

34
Жаби

КСАНТИЈА:
А јас во бездна би те кутнал.
ПЛАТАНА:
Јас, пак, ждрело би ти раскинала, меч штом земам,
со него зар цревцата ми ги собра сите.
ГОСТИЛНИЧАРКАТА:
Добро, отидов јас кај Клеон, тој уште денес
случајот ќе го реши на судење штом ќе го повика.
(Излегуваат гостилничарката и Платана.)
ДИОНИС:
Најстрашно да загинам, Ксантија ако не го љубам.
КСАНТИЈА:
Знам, умот ти го познавам; престани, зборови не аби.
Не, Херакле не станувам.
ДИОНИС:
Немој така,
еј, Ксантијо!
КСАНТИЈА:
Е како на Алкмена јас
син да станам, нели роб и смртен сум?
ДИОНИС:
Знам, знам дека се лутиш, имаш право;
ако ме удриш, не ти возвраќам.
А ако во иднина некогаш повторно те соблечам,
и мене и жена ми и децата, најстрашна смрт
да нè сотре, и Архедем со гурелавото око.
КСАНТИЈА:
Заклетвата ја примам, овие ќе ги земам.
(Ксантија и Дионис си ги заменуваат костимите.)
ХОРОТ:
Сега делото е твое,
оделото веќе носено
пак си го стави, па ко на почеток
да се подмладиш
и поглед страшен да пратиш

35
Жаби

богот на ум да го ставиш
сличен на него веќе се направи.
Ако пак, бидеш фатен како бладаш или
испуштиш нешто млако,
веднаш нужно ќе стане
да ја подигнеш опремата цела.
КСАНТИЈА:
Не советувате, о мажи, ништо лошо,
напротив, во мисли такви
и самиот се најдов.
Ако нешто поволно биде,
добро знам, ќе се обиде
тоа за себе да го добие.
На ова јас ќе покажам
храброст спремна
и поглед како зачинот што е лут.
Од ова потреба веќе има,
слушам на вратата врева.
(Влегува Ајак придружуван од неколку робови.)
АЈАК:
Врзете го бргу овој песот што ми го украде,
задоволство на правдата да ѝ даде; свршувај ајде.
ДИОНИС:
Некому злото му пристигна.
КСАНТИЈА:
Не е ли ова за никаде? А вие не идете близу!
АЈАК:
Така значи, се тепаш, а?
Дитиле и ти Скиблија и Пардока
дојдете ваму и соборете го овој.
ДИОНИС:
Зарем не е страшно ова, да се тепа оној
што украл туѓо?
АЈАК:
Мерка надминува секоја.

36
Жаби

ДИОНИС:
Навистина грдо и страшно.
КСАНТИЈА:
Зевс ми е сведок,
ако некогаш сум бил овде, да умрам посакувам,
или ако сум украл нешто вредно твое, и влакно само да е.
А за тебе имам активност една, сосема вредна;
испитај го момчево, а прво фати го,
а ако најдеш дека не сум во право, води ме, убиј ме.
АЈАК:
А како да испитам?
КСАНТИЈА:
На начини разни, на скали
заврзи го, обеси го, па бичувај, дери,
виткај и сукај, киселина на кожата налевај,
потоа тули нареди му и други разни нешта, внимавај
само да не удриш со праз или кромитче младо.
АЈАК:
Зборот ти е на место. Ако случајно претерам
па детево ти загине, сè ќе ти платам чесно.
КСАНТИЈА:
Не, ништо не треба. Само ти води го, испитај го.
АЈАК:
Баш на ова место, сакам во очи сè да ти каже.
(На Дионис.)
А ти товарот долу, да не кажеш нешто
неточно, лажно.
ДИОНИС:
Изјавувам јавно: да ме испитува некој
не дозволувам, бог сум јас вечен. А ако поинаку правиш
самиот на себе ќе си платиш.
АЈАК:
Да не рече нешто?
ДИОНИС:
Бог сум, велам, Дионис Зевсов,
овој е роб.

37
Жаби

АЈАК:
(На Ксантија.)
Го слушна ли ова?
КСАНТИЈА:
Мислам дека да.
Дотолку повеќе заслужува мавање;
ако е бог вистински ништо нема да му биде.
ДИОНИС:
И што сега? Ако велиш дека и ти си бог,
зошто ударите не ги споделиш мои?
КСАНТИЈА:
Ова не ти е лошо. (На Ајак.) А ти внимавај гледај,
кој од нас од ударот прв ќе заплаче или нешто ќе бара,
добро знај, бог не е тој.
АЈАК:
Не ќе беше вака да не си благороден маж;
бидејќи правдата ја бараш. Соблекувајте се.
КСАНТИЈА:
А како праведно ќе нè испиташ?
АЈАК:
Лесно;
секој со по еден удар.
КСАНТИЈА:
Умно говориш.
Ајде, гледај сега дали ќе се поместам.
АЈАК:
Дали те удрив?
КСАНТИЈА:
Не, Зевс ми е сведок, ниту на една страна.
АЈАК:
Одам оној да го удрам.
ДИОНИС:
Кога?

38
Жаби

АЈАК:
Па веќе удрив.
ДИОНИС:
А зошто не кивнав?
АЈАК:
Не знам; повторно ќе го испитувам оној.
КСАНТИЈА:
Зарем не заврши? О леле.
АЈАК:
Што ти значи тоа „о леле“?
Зарем не те боли?
КСАНТИЈА:
Не, жими Зевса, туку си замислив
кога се случуваат Хераклеите во Диомеја.
АЈАК:
Побожен човек. А сега кај оној треба да се оди.
ДИОНИС:
Ој, ој.
АЈАК:
Што е?
ДИОНИС:
Коњи гледам.
АЈАК:
Зошто тогаш плачеш?
ДИОНИС:
Кромид помирисав.
АЈАК:
Значи, ништо не те загрижува?
ДИОНИС:
За ништо не ми е гајле.
АЈАК:
Пак кај оној треба да одам.

39
Жаби

КСАНТИЈА:
Леле.
АЈАК:
Што е?
КСАНТИЈА:
Трнот извади го.
АЈАК:
Што е работава? Онде повторно да одам.
ДИОНИС:
Аполоне, ти што Делос или Пилос го држиш.
КСАНТИЈА:
Го здоболе; зар не слушна?
ДИОНИС:
Мене не, само
на јамб од Хипонакт се сетив.
КСАНТИЈА:
Ништо не правиш, туку слабината здроби му ја.
АЈАК:
Зевса го викам, ајде испрчи го стомаков.
ДИОНИС:
„Посејдоне,....
КСАНТИЈА:
Некого здоболе.
ДИОНИС:
..... ти брегови на Ајгеј и море што вардиш“
сиво и длабоко, далеку...
АЈАК:
Е не можам да сфатам, Деметра ми е сведок,
кој од вас е богот. Ај, влегувајте.
Господарот ќе ве препознае,
тој и Ферсефата, и двајцата се бози.
ДИОНИС:
Сега умно расудуваш; што не ти текна порано
пред ударите да ги пробам.

40
Жаби

(Глумците се повлекуваат, на сцената останува само хорот од мисти.)

41
Жаби

ПАРАБАСА
(Ода.)
ХОРОТ:
Музо, на свето оро фати се, во наслада придружи се
на песнава моја,
толпа од народ да видиш, мудрост кај
неброена седи,
честа повеќе ја љуби и од Клеофонта,
на зборлести усни негови страшно се расфрла
од Тракија ластовица,
на туѓ лист седи;
па цивка тажно славејот ко што прави, смрт ко да чека,
дури и ако победи.
(Епирема.)
КОРИФЕЈОТ:
На светиот хор должност му е во полезни нешта градот
да го упатува, добро да го советува. Прво, сметаме,
да се изедначат граѓаните и да се изгони стравот.
Па и ако некој згрешил заведен од итрините на Фриних,
да им се даде можност треба, велам, на оние што се лизнале
причината да си ја изнесат, од вината да се ослободат.
Понатаму велам, никој не треба во градов од правата свои лишен да биде.
И срамно е оние што само еднаш во поморска битка биле,
па веднаш од робови и Платејци господари станале.
И не би сакал тоа да кажам, ова дека не е добро,
напротив, го поддржувам. Сте направиле она што единствено има смисла.
Слично вие и на оние, коишто со вас
како и татковците нивни, се бореа во поморска битка и со кои сте во сродство,
простете им ја онаа единствена непријатност, штом молат.
Но гневот штом го совладаме, ој вие премногу мудри,
сите луѓе со задоволство како роднини да ги прифатиме,
со сите права и како граѓани, секој соборец на море што бил.
А ако за ова се возгордееме и се наперчиме,
сега кога градот „го имаме во скутот на брановите“,
подоцна, некогаш, не ќе ни се чини добро дека сме процениле.
(Антода.)

42
Жаби

ХОРОТ:
„Ако умеам животот да го видам, навиките да ги проценам
на човек“ што скоро ќе лелека,
тогаш мајмунон што досаѓа сега,
Клеаген малечкион,
најштетен од оние бањи што држат,
господари на прашини-мешавини од шалитра божемна
и место сода земја кимолијска,
за него време веќе ќе нема; и гледајќи го ова
мирот не го посакува, а за да не биде соголен
пијан без стап не оди.
(Антепирема.)
КОРИФЕЈОТ:
Често ни се чини дека Градот постапува
еднакво со добрите и со одличните граѓани,
како со старите пари и со новото злато.
Бидејќи со оние што не се фалсификувани,
и најдобри од сите, како што се чини, ковани пари,
и единствени прописно исковани и со чист звук
[и насекаде и меѓу Хелени и меѓу барбари]
не се служиме со такви, туку со овие тешки бакарни,
вчера или завчера исковани во премногу лош калап,
а од граѓаните оние што знаеме дека се од угледни фамилии,
мудри и праведни, убави и добри,
оние што израснаа во палестри, по хорови и со музика,
таквите ги потценуваме, а со бакарни, со странци и со робови
и со лоши и од лоши полоши, со нив за сè се служиме
со тукушто пристигнати, ваквите градот некогаш
ни за жртвување ни случајно не би ги зел.
Но затоа сега, еј луди, сменете навики,
земете полезни повторно; за оние што чесно прават
пофалба следи; а ако случајно се лизнете,
па и ако настрадате, ќе се чини дека заради мудри страдате.

43
Жаби

ВТОР ПРОЛОГ
(Влегуваат слугата на Плутон и Ксантија.)
СЛУГАТА:
Жими Зевса Спасителот, благороден маж
господарон твој.
КСАНТИЈА:
Како да не е благороден,
да пие само знае и со жени да спие.
СЛУГАТА:
А не те натепа кога спротивно се докажа,
роб си а велеше дека си господар.
КСАНТИЈА:
Ќе зажали, тврдам.
СЛУГАТА:
Е, ова баш како вистински роб
го направи, и јас се сладам така кога правам.
КСАНТИЈА:
Зар се сладиш, молам?
СЛУГАТА:
Море ми се чини ќе полетам,
господарот тајно кога ќе го проколнам.
КСАНТИЈА:
Што, зар после ќотек дрдориш
и кон портата јуриш?
СЛУГАТА:
И на тоа му се радувам.
КСАНТИЈА:
А како е кога сè и сешто правиш?
СЛУГАТА:
Како жими Зевса, јас ништо да не знам.
КСАНТИЈА:
Ој, Зевсе роднино, а како кога тајно на господарот
разговорот му го слушаш?

44
Жаби

СЛУГАТА:
Едноставно полудувам, себе се заборавам.
КСАНТИЈА:
А како кога крај портите се дереш?
СЛУГАТА:
Јас?
Зевс ми е сведок, од радост сиот бербат се правам.
КСАНТИЈА:
Фојбе Аполоне, дај си рака,
ела да те бакнам и ти мене....
(Се слуша врева од куќата на Плутон.)
..... па кажи,
жити Зевс, и тој ко нас за тепање плаче,
што е ова внатре, викање, цркање,
навредување?
СЛУГАТА:
Од Ајсхил и од Еврипид е тоа.
КСАНТИЈА:
А!
СЛУГАТА:
Е голема, многу голема работата стана
кај мртвите, се кренаа сите.
КСАНТИЈА:
А зошто?
СЛУГАТА:
Закон имаат еден таму поставен
за уметностите велики и вредни,
најдобриот во некоја вештина
да добива јадење во пританејот,
и до Плутон да седи,
КСАНТИЈА:
Сфаќам.
СЛУГАТА:
сè додека не пристигне поумен
некој од овој; тогаш треба да си замине.

45
Жаби

КСАНТИЈА:
А зошто тоа го вознемирува Ајсхила?
СЛУГАТА:
Тој го држеше тронот на трагедијата,
најмоќен беше во таа вештина.
КСАНТИЈА:
А сега кој е?
СЛУГАТА:
Штом слезе Еврипид овде, им се покажа
на крадците, на дрпачите,
на таткоубиците и на ѕидорушачите,
ги има во Хад цел куп, слушаа тие
говори, приговори, лаги, изговори
полудеа, за најмудар го прогласија;
а тој во занес падна, престолот го грабна,
Ајсхил таму си седеше.
КСАНТИЈА:
И не го соборија?
СЛУГАТА:
Ма не, Зевс е сведок, народ се дигна натпревар бара,
тој да покаже од двајцата помудар кој е.
КСАНТИЈА:
Зар оваа толпа, овие злобници?
СЛУГАТА:
Еве, Зевс е сведок, небото го пробија.
КСАНТИЈА:
Ајсхил нема зар соборци?
СЛУГАТА:
Малкумина полезни има, како и овде. (Гледа кон публиката.)
КСАНТИЈА:
Па што Плутон мисли да прави?
СЛУГАТА:
Натпревар да свика веднаш, сега
оценување, проценување на вештините нивни.

46
Жаби

КСАНТИЈА:
И што после,
зарем за престолот не се граба и Софокле?
СЛУГАТА:
Не е тој таков, Зевс си го знае, кога дојде овде
Ајсхила го бакна, раката му ја грабна,
овој, пак, од престолот стана;
сега ќе чека, Клејдемид така рече,
како трет во игра да влета; Ајсхил победа ако земе
ќе си остане на местото свое; ако не, за уметноста
во натпревар, рече, со Еврипид ќе влезе.
КСАНТИЈА:
Па значи навистина борба ќе има?
СЛУГАТА:
На Зевс верувај му, време уште малку има.
А потоа страшна мешаница ќе биде.
На кантар музика ќе се вага.
КСАНТИЈА:
Што? Зар трагедијата ќе ја мерат?
СЛУГАТА:
И лењири ќе изнесат и шестари за зборови,
и рамки на склопување...
КСАНТИЈА:
Тули за да прават?
СЛУГАТА:
И агломери и шајки. Еврипид вели
стих по стих трагедијата ќе ја мери.
КСАНТИЈА:
Колку ли тешко Ајсхил тоа го прима.
СЛУГАТА:
Наведна глава, со поглед ко бик свена.
КСАНТИЈА:
Кој судија ќе биде на таа работа?
СЛУГАТА:
Во тоа е маката.

47
Жаби

Се покажа недостаток од мудри мажи.


Со Атињани Ајсхил не се сложува,
КСАНТИЈА:
Можеби повеќето ги смета за ѕидодупачи.
СЛУГАТА:
И останатите ги смета за ѓубре, неспособни да судат
за суштината на поетите; па на господарот твој
му се свртеа, во уметноста искусен бил.
Туку да влеземе, ај; зашто господарите
сериозно нешто кога прават, ние плачеме.
(Глумците заминуваат, на сцена останува само хорот.)
(Ода.)
ХОРОТ:
Еј колку страшно громовникот сега ќе си го покаже гневот,
штом здогледа заби кај остри жестокиот на јазик
противник; е тогаш сосем ќе збесне,
со поглед ќе севне.
Вртишлеми кавги ќе има од зборови со коњска грива
и шајки и отсечоци, парчиња и исечоци
поетот кога ќе се брани од изјавите на коњ искачени
на оној од Ум само што е изграден.
Прво косата од рунтавата грива ќе ја накостреши долж вратот,
муртејќи се страшно, со рикање ќе истури
зборови врзани со резе, штица по штица разложувајќи
како џин збревтајќи.
И тогаш онаа неуморна уста стихови што испрашува,
мазна на јазик, одвиткувајќи и завидливи узди тргајќи,
изрази сецкајќи ќе дроби, ќе ситни
на градите голема мака ќе им стори.

48
Жаби

АГОН
(Се менува сцената. Плутос седи на стојот престол. Влегува Дионис со Ајсхил од едната
сстрана и со Еврипид од другата страна.)
ЕВРИПИД:
(Кон Дионис.)
Тронот не го испуштам, совети не давај.
Во уметноста снага имам поголема од овој.
ДИОНИС:
Ајсхиле, зошто молчиш? Сигурно слушна што рече оној.
ЕВРИПИД:
Прво ќе се дуе, така секогаш
во трагедиите заведува.
ДИОНИС:
Еј, ти бог меѓу луѓе, со зборовите не претерувај.
ЕВРИПИД:
Го знам јас добро, го пручував сосем темелно,
човек е недоделкано што твори, дрско збори,
без узда јазик има и без сила, со ширум отворени порти,
на слепо не оди, надуено и во сложенки говори.
АЈСХИЛ:
„Вистината зар ја кажа, еј чедо на божицата селска“?
Зар за мене така, еј ти на озборувања собирач
на просјаци создавач, на партаци крпач?
Радост да не видиш од зборувањето свое.
ДИОНИС:
Еј, сопри се, Ајсхиле,
немој во лутина душата со гнев да ја палиш.
АЈСХИЛ:
А не, прво да му покажам на овој јасно
сакати создава, а со фалба се нафрла.
ДИОНИС:
Јагне, црно јагне носете деца;
Тифон еве го иде, луња страшна се спрема.

49
Жаби

АЈСХИЛ:
О, Критски ти песни што збираш,
и бракови непосветени во уметноста воведуваш,
ДИОНИС:
Човеку, застани, еј пречесен Ајсхиле.
Од градов што истура, о Еврипиде страдалнику,
спаси глава, мудрост ако имаш,
слепоочница со зборови главни
во бес Телеф да не ти го сравни;
А ти, немој во гнев, Ајсхиле, туку со мерка
испрашувај, па биди испрашуван; навредувањето
не прилега на мажи поети, туку на жени лебови што прават.
А ти веднаш пиштиш ко бор во пламен.
ЕВРИПИД:
Јас сум си спремен и не отстапувам,
да гризам, или да ме гризе прво, како сака ,
за говорите, за песните, за трагедијата суштините,
жими Зевса, жими Пелеја и Ајола
и жими Мелеагра и, секако, Телефа.
ДИОНИС:
А ти, што мислиш да правиш? Зборувај, Ајсхил!
АЈСХИЛ:
Мислам да не учествувам во ова;
рамни не сме за борба.
ДИОНИС:
Како тоа?
АЈСХИЛ:
Па така, делото мое овде не слезе заедно со мене,
а оној со своето си слезе, па може сега да си го покаже.
Но добро, ако ти така мислиш, ова треба да се изврши.
ДИОНИС:
Ајде сега, темјан, оган да се носи,
молитва за надмудрувања да кажам,
натпреварот најмузикален да го судам;
(На хорот.)
А вие, ај на Муси химна запејте.

50
Жаби

ХОРОТ:
Еј, на Зевса чеда девет блажени
Муси, гледате мудреци, умници, во зборење вештици
мажи збороковачи, во кавга влегоа
со завиени, вешто сокриени измами се размавтаа,
елате, снага да согледате
на две усти страшни и да си набавите
изрази бројни и лушпи од зборови разни.
А сега, натпреварот во мудрост велик нека почне, работа нè чека.
ДИОНИС:
Молитва направете и вие, реч пред да упатите.
АЈСХИЛ:
Деметро, ти умот ми го крена,
ај, сега за мистериите твои направи ми припрема.
ДИОНИС:
(На Еврипид.)
Земи, стави и ти од темјанот овде.
ЕВРИПИД:
Арно;
ама на други богови јас молби им упатувам.
ДИОНИС:
Некои посебни си имаш, тазе исковани?
ЕВРИПИД:
И тоа како.
ДИОНИС:
Оди тогаш на тие посебните помоли се.
ЕВРИПИД:
Еј ти Воздух, храно моја, на јазикот стожер,
Свест моја и Ноздрви фино отворени,
спремно да одвратам во зборови ако ме заплетка.
(Ода.)
ХОРОТ:
И нам срце ни плаче
мудри мажи сака да чуе, да види
пат кој од зборови погубен ќе го фатите вие.
Јазикот ви збесна,
51
Жаби

и желбата без страв ви се крена,


а духот во движење веќе се стави.
Да очекуваме имаме право
едниот нешто отмено ќе каже,
нешто добро обработено,
а другиот со зборови паднатото
до корен ќе го разори
и песочникот од зборови сосем ќе го растури.
(Катакелеусмос.)
КОРИФЕЈОТ:
Туку, побрзо треба да се почне; и да се говори
пристојно, а не како обично и не како некои други што
прават.
(Епирема.)
ЕВРИПИД:
Каква ми е поезијата
ќе кажам подоцна, сега ќе го оцрнам овој,
каков фалбаџија, каков лажго беше, со што гледачите
ги мамеше, будалетинки какви ги зема од Фриних отхранети.
Во почетокот ќе седнеше некого претходно покриен,
Ахила или Ниоба, лицето не се гледа,
украс на трагедијата, глас ни случајно да пушти.
ДИОНИС:
Зевс е сведок, навистина не.
ЕВРИПИД:
А, хорот турка, по четири строфи
една до друга заедно ги тутка; а оние си молчат.
ДИОНИС:
Јас пак уживав во молчењето, тоа ме радуваше
не помалку од оние што сега само дрдорат.
ЕВРИПИД:
Будала си бил,
јасно знај.
ДИОНИС:
И мене ми се чини. Но, зошто тоа го прави овој?

52
Жаби

ЕВРИПИД:
Поради лажноста негова, за гледачот да очекува кога ќе седне,
Ниоба нешто да каже, а драмата да продолжи.
ДИОНИС:
Еј, гад беден, ме излажа и мене.
(На Ајсхил.)
Што се тегнеш, што си мрзлив?
ЕВРИПИД:
Јас дека го разоткривам.
И после, откако така ќе се изглупира, па драмата
дојде на среде, зборови како бикови ќе изблуе над десет,
обраснати цели, со поглед страшен ко бауч гнасен,
за гледачите дотогаш никогаш чуени.
АЈСХИЛ:
О леле, кутриот јас!
ДИОНИС:
Ти молчи!
ЕВРИПИД:
А јасно не кажа ниту збор,.......
ДИОНИС:
(На Ајсхил.)
Забите не ги стругај!
ЕВРИПИД:
..... туку, или Скамандри, или јами, или на штитоти искачени
грифоно-орли од бронза исковани, изрази високи здивот да ти се земе,
нив да ги сфатиш сиот ќе се испотиш.
ДИОНИС:
Имаш право, боговите знаат,
„еднаш цела ноќ бдеев и низ главата барав“
жолт коњопетел, каква ли птица е таа?
АЈСХИЛ:
Знак на бродовите, еј ти што многу знаеш, насликан.
ДИОНИС:
О, јас па си помислив дека е Ерикс, оној Филоксенов.

53
Жаби

ЕВРИПИД:
Па зар во трагедиите мораше и петли да влетуваат?
АЈСХИЛ:
А ти, на богови омразен, што сè не правеше?
ЕВРИПИД:
Сигурно не како тебе, коњопетли, Зевс ми е сведок, ниту козоелени,
по персиски килими какви што има;
туку штом уметноста ја превзедов од тебе
од изрази возвишени подуена, од зборови тешки набубрена,
веднаш ја исушив и тежината ѝ ја симнав прво;
стихчиња, прошетки кратки, блитвичка бела,
сокче од празни зборувања ѝ дава, од книгите тазе цеден;
потоа со соло песни ја ранев, Кефисофонта го додавав.
Понатаму непромислено не се однесував, што ќе ми падне не внесував,
туку оној што излегуваше прв, веднаш ми го кажуваше родословот на драмата.
ДИОНИС:
Зашто подобро тоа, о Зевсе боже, одошто потеклото твое.
ЕВРИПИД:
Потоа од самиот почеток, од првиот збор, ништо не оставав недовршено,
кај мене зборуваше и жена и роб, еднакво
и господар и девојка, па била таа и баба.
АЈСХИЛ:
Па добро,
не требаше ли тогаш да умреш заради смелоста своја?
ЕВРИПИД:
Да ми е жив Аполон;
демократски си работев.
ДИОНИС:
Тоа остави го, пријателе.
За тебе не е најдобро да се оддалечуваш од темата.
ЕВРИПИД:
(Покажува на публиката.)
Потоа ги научив овие да дрдорат....
АЈСХИЛ:
И јас така велам.
Е, да дадеше бог да се преполовиш пред лекцијата да ја дадеш.

54
Жаби

ЕВРИПИД:
..... и воведи со тенки правила и на зборовите агломерења,
да мислат, да гледаат, да сфаќаат, да љубат свртувања, да
превидуваат,
да се сомневаат, во измислувањето секогаш да претераат........
АЈСХИЛ:
И јас така велам.
ЕВРИПИД:
..... од дома теми кога си воведов, кои ги ползуваме, со кои се врзуваме,
на кои можат да ме оценуваат; познавачи се овие,
за уметноста можат да ми судат; ама јас не се расфрлам, не се фалам,
во расудување не ги спречувам, со измислици не ги престрашувам,
Кикни не правам, ниту Мемнони со-прапорци-на-оглави-коњи.
Ќе ги препознаеш учениците, едните се мои, други се негови.
Формисиј и Мегаинет или Манес ги има тој,
брадосани-копјо-трубачи и боро-свиткувачи-тело-растргнувачи,
а мој е Клеитофон и Терамен отмениот.
ДИОНИС:
Терамен зар? Мудар маж и страшен во сè,
во неволја ако падне веднаш близу ќе стане,
од маки еве веќе излегол, не е тој од Хиос туку од Кеос.
(Пнигос.)
ЕВРИПИД:
Така да размислуваат
јас ги упатив, пресметливост
во уметноста откако воведов
и распрашување, да забележуваат
секакви нешта и да разликуваат
некои други; домовите
подобро од порано да ги управуваат,
и да распрашуваат: „Какво е ова?“
„Каде ми е она?“ „Кој го зеде ова?“
ДИОНИС:
Боговите да се живи, сега стварно
од Атињаните секој дома влегува
на слугите им вика,
па прашува: „Каде е лончето?“
„Кој ја изел главата
55
Жаби

од рипчето?“ „Бокалчето,
она минатогодишното, зар го снема?“
„Каде е лукот, оној од вчера?“
„Од маслинката кој гризна?“
А сè до овој час за ништо не беа способни,
со зјапнати усти Маминисинови,
Мелитиди квакнати.
(Антода.)
ХОРОТ:
„Ова го гледаш, Ахиле светли,“
па, што ќе кажеш ти сега? Само
да не те обземе гневот
па да скршнеш од патот;
страшно зар те обвини оној.
Туку, благороднику, глеј
со лутина да не враќаш,
собери си ги едрата,
па со врвовите само послужи се,
лека полека води ја,
внимателен биди, па веќе смирен,
на ветре благо препушти се.
(Антикелеусмос.)
КОРИФЕЈОТ:
Еј, ти прв од Хелените што до небо ги издигна свечените говори
и ги дотера трагичките бесмислици, храбро врутокот го отвори.
(Антепирема.)
АЈСХИЛ:
Средбава ме лути, џигерот ми се кине,
на овој да му одговорам треба, може да рече „Зборот ти истече веќе“,
затоа кажи ми ти, зошто да воодушеви треба мажот поет?
ЕВРИПИД:
Поради умешноста и предупредувањето, така подобри
ги правиме граѓаните.
АЈСХИЛ:
А ти тоа бидејќи не го направи,
туку од одлични и чесни најлоши прикажа,
што ќе кажеш дека достојно заслужуваш?
56
Жаби

ДИОНИС:
Да умре; не прашувај го ти него.
АЈСХИЛ:
Глеј, сега какви од мене тој најнапред ги прими,
дали отмени сакаш, дали двометражи, а не забошоти граѓани,
и простаци, ниту бесрамници, како сега, ниту сплеткари, злобници,
туку за копје, за меч што дишат, и за белоопашни шлемови,
за капи и објали и со седмослојна, ко штит, жестина.
ЕВРИПИД:
Злото напредува, овој шлемови составува, мене ме ослабува.
ДИОНИС:
А ти што правеше отмени оние кога ги градеше?
Ајсхиле, кажи, но без надуено перчење, без лутење.
АЈСХИЛ:
Драма направив, со Арес ја наполнив.
ДИОНИС:
Која?
АЈСХИЛ:
„Седуммина против теба“;
Секој што ја видел, посакал воин да биде.
ДИОНИС:
Тоа лошо го сработи; Тебанците ги направи
похрабри во битка; и затоа си доби заушка.
АЈСХИЛ:
Па и вие да вежбате можевте, ама на тоа не се осврнавте.
Потоа „Персијци“ ги прикажав и како да сакаат им покажав
непријатели да победат, делото најубаво го средив.
ДИОНИС:
Имаш право, радост ме обли смртта на Дареј кога се откри,
а хорот веднаш со рацете плесна и вака вресна: еој.
АЈСХИЛ:
Точно, тоа поетите мажи треба да го прават. Глеј, од почетокот сам
колку полезни, колку благородни поети настанале.
Орфеј мистериите ни ги откри и од убиства нè сокри,
Мусај, пак, од болести лекови и пророштва ни кажа, а Хесиод
земјоделие, жетви, сеидби ни покажа; а божествен Хомер
57
Жаби

со што чест и слава здоби ако не со тоа што нè научи,


бојни редови, јунаштво и воени опреми?
ДИОНИС:
Но не и Пантакле,
него не го научи, смотаниот. Неодамна, во поворката кога
мина,
прво шлемот го наби, па отпосле перјаница посака да стави.
АЈСХИЛ:
Но и некои други многу добри, како што беше Ламах херојот;
од таму умот мој впечаток доби доблести многу створи.
Патрокловци, Теукровци со срца лавовски, граѓанин да дигнам
со овие мегдан да бие, трубата кога ќе завие.
А не, Зевс ми е сведок, Фајдри јас не градев, жени лесни, Стенебоји,
никогаш никој сознание немал дека вљубени жени јас сум правел.
ЕВРИПИД:
Точно, Зевс сведочи, ништо не си ни имал со Афродита.
АЈСХИЛ:
Камо и да немам.
Но затоа, пак, кај тебе и кај оние твоине баш си заседна,
а ти самиот сосем се мрдна.
ДИОНИС:
Жими Зевса, навистина тоа ти се случи.
Она што им го правеше на другите жени, тебе сега те следи.
ЕВРИПИД:
И каква штета на градот, о ти злобен меѓу луѓето, му прават моите Стенебоји?
АЈСХИЛ:
Благороднички и на благородни мажи сопруги ти натера
кукута да испијат, засрамени поради твоите Белерофонти.
ЕВРИПИД:
Зар јас ја оставив приказната за Фајдра, порано ја немаше, нели?
АЈСХИЛ:
Жими Зевса, да, ја имаше. Но, да го сокријат порочното поетите треба,
и да не го објават, ниту да го прикажат. Момченцата
учителот ги усмерува, а младичите поетите.
Само полезното треба да го изговориме.

58
Жаби

ЕВРИПИД:
Дали, ако спомнуваш Ликабети
и на Парнас височини, тоа е полезно говорење,
па нели треба човечки да збориме?
АЈСХИЛ:
Ама, злобнику, нужно е
возвишени мисли и замисли да имаат со иста мерка изрази.
И друго, на полубогови им прилегаат величенствени зборови;
па и облеката нивна премногу сјајна нас нè засенува.
Она што јас отмено го открив, ти со гнаса го покри.
ЕВРИПИД:
Зашто, направив што?
АЈСХИЛ:
Прво кралевите во партали ги завитка,
сожалување кај луѓето така предизвика.
ЕВРИПИД:
Со тоа каква штета постигнав?
АЈСХИЛ:
Никој од богатите бродови да опреми веќе не сака,
туку во партали свиткан плаче, на бедата се жали.
ДИОНИС:
А одоздола, Деметра е сведок, волнен хитон носи;
па ако успее така да измами, веднаш кај рибарите ќе се појави.
АЈСХИЛ:
Па повторно ги научи дрдорење, празно зборење,
ова ги испразни палестрите, им ги истри газовите
на момчињата устлести, и ги натера веслачите
непослушни да бидат. А тогаш, јас дур бев жив,
не знаеја друго освен каша да побараат и весело да свиркаат.
ДИОНИС:
Жими Аполон, знаеше тогаш некој и во уста да му прдне на веслачот до себе,
да го испрска тој на маса крај него што седи, да соголи некој;
а сега знаат да се противат и да пловат; таму, ваму, па пак онаму.
(Антипнигос.)
АЈСХИЛ:
Зар за злото виновен не е?
59
Жаби

Своднички не прикажа ли овој,


по храмови родилки,
со родени браќа во прегратка што паѓаат,
и за животот што тврдат дека живот не е?
Па затоа со писари никакви
градот ни се исполни,
со отпадници мајмуни народни,
измамници на народот постојани;
за носење факели веќе неспособни
од вежбалиштето сега зар се отсутни.
ДИОНИС:
Жими Зевса, се задушив
на Панатенеите од смеа,
човече едно бавно трчаше напрегнато,
бледо, набиено, до целта стигна без душа.
Тогаш жителите на Керамеик
на порти го начекаа, па го претепаа,
по стомак, по ребра, слабина и задница.
А овој ударите ги прими,
со прдење се поздрави,
факелот го изгасна,
веднаш побегна.
(Ода.)
ХОРОТ:
(Строфа.)
Работа голема, кавга обилна, војна жестока се најавува.
Тешко е да се пресуди,
кога едниот со сила напнува, запнува,
а другиот да се заврти може и да одбие мажевно.
Но, на тоа не останувајте;
има и други рачки, закачки за надмудрување многу важни.
Она за што сакате да спорите,
кажете го, нападнете го, одерете го,
и старото и новото,
и обид смел направете тоа одмерено, умно да го прикажете.
(Антистрофа.)
Ако случајно ова ве плаши, непознавање да не се јави
меѓу гледачите наши, од реченото
остроумноста да не ја сфатат,
60
Жаби

страв отфрлете; не е веќе така.


Во војска биле, добро се извежбале,
секој книга си има, од таму мудроста ја прима;
моќни природи се тоа,
а сега уште и наострени.
Страв немајте, говорење не пречете,
од мудрост не бегајте заради гледачите.
ЕВРИПИД:
А сега на пролозите твои ќе им се свртам,
како на прв дел од трагедијата
најнапред него ќе го оценам, величино поетска.
Нејасен ти беше при соопштувањето.
ДИОНИС:
На кое негово дело проценка ќе правиш?
ЕВРИПИД:
На многу, знај.
(На Ајсхил.)
Кажи ми го прво оној на Орестија.
ДИОНИС:
Секој нека молчи. А ти Ајсхиле, кажи!
АЈСХИЛ:
„Хермесу подземен, на татковата власт стражару верен,
спасител и сојузник биди мој, молба ти праќам.
Доаѓам зар во земјава и се враќам.“
ДИОНИС:
Имаш ли прекор за нешто од ова?
ЕВРИПИД:
Не еден.
АЈСХИЛ:
Зар за триве реда само?
ЕВРИПИД:
Секој по дваесет грешки има.
ДИОНИС:
Ајсхиле, ти препорачувам молчење; ако не прифатиш,
повеќе од триве јамби на себе ќе навлечеш.

61
Жаби

АЈСХИЛ:
Зар јас да му молчам на овој?
ДИОНИС:
Ако ме слушаш мене.
ЕВРИПИД:
Веднаш зар направи една, облаците ги достигна.
АЈСХИЛ:
Гледаш ли? Ти бладаш.
ЕВРИПИД:
За тоа не ми е гајле.
АЈСХИЛ:
Како, велиш, грешам?
ЕВРИПИД:
Ај, уште еднаш од почеток кажи!
АЈСХИЛ:
„Хермесу подземен, на татковата власт стражару верен,
ЕВРИПИД:
Зарем Орест ова не го кажува на гробот
кај татко му веќе умрен?
АЈСХИЛ:
Поинаку не кажувам.
ЕВРИПИД:
Зарем вели дека, кога татко му настрадал
насилно од женината рака со измама скришна,
Хермес на тоа стражарел место?
АЈСХИЛ:
Тој не вели баш така, туку Среќоносецот
Хермес подземен го нарекува, па покажува
дека тоа како таткова почест го стекнал.
ЕВРИПИД:
Па ти уште повеќе си погрешил одошто си мислев;
ако од татко ја добил подземната почест,
ДИОНИС:
Тогаш би бил на татко си гробокрадец.

62
Жаби

АЈСХИЛ:
Дионисе, не ти е баш слатко виното што го пиеш.
ДИОНИС:
Кажи го и останатото; а ти на штетата пази.
АЈСХИЛ:
„спасител и сојузник биди мој, молба ти праќам.
Доаѓам зар во земјава и се враќам.“
ЕВРИПИД:
Два пати исто кажуваш, мудар Ајсхиле.
ДИОНИС:
Како два пати?
ЕВРИПИД:
Пази на изразите; јас ќе ти докажам.
„Доаѓам зар во земјава“, вели, „и се враќам.“
„Доаѓам“ е исто со „се враќам“.
ДИОНИС:
Жими Зевса, баш исто ко на соседот да му кажеш,
„Леген на заем дај ми, или ако сакаш, корито.“
АЈСХИЛ:
Е не е баш така, еј ти да дробиш многу што сакаш
човече, напротив најдобар од стиховите ми е тој еден.
ЕВРИПИД:
Како? Зошто така велиш, ај кажи, докажи.
АЈСХИЛ:
Доаѓањето во земјата е за оној кој има татковина;
без некакви јадови и маки си доаѓа овој;
но, маж бегалец, тој си доаѓа и се враќа.
ДИОНИС:
Добро е ова, о Аполоне. А ти што ќе кажеш, Еврипиде?
ЕВРИПИД:
Не мислам дека Орест дома се врати;
скришно зар дојде, без стопаните да ги убеди.
ДИОНИС:
Добро, еј Хермесе; што кажуваш не разбирам.

63
Жаби

ЕВРИПИД:
(На Ајсхил.)
Продолжи сега, кажи друго.
ДИОНИС:
Ајде, продолжи,
Ајсхиле, доврши; а ти грешки кажи.
АЈСХИЛ:
„Од гробна хумка на татка му се јавувам
да слуша, да чуе.“
ЕВРИПИД:
Повторно исто по два пати кажуваш,
„да слуша, да чуе“ премногу јасно е.
АЈСХИЛ:
На мртовец му говори, блесав ли си,
овие ни по тројно обраќање не се достапни.
А ти како ги градиш пролозите свои?
ЕВРИПИД:
Ќе кажам.
Ако пак, два пати истото го речам, или полнетици видиш
надвор од зборот да течат, натепај ме, нема да те спречам.
ДИОНИС:
Оди, збори; да чујам нестрплив сум веќе
од пролозите твои најдоброто што е.
ЕВРИПИД:
„Беше Ојдип во почетокот среќен маж,.....“
АЈСХИЛ:
О Зевсе боже, не така, туку несреќен штом се роди,
зашто, и пред мајка му да зачне, Аполон рече
татко ќе убие – и пред да го породи!
Како овој во почетокот беше среќен маж?
ЕВРИПИД:
„.... потоа набрзо стана најнесреќен од смртните сите.“
АЈСХИЛ:
Зевсе боже, не, не е така, не престана да биде вака.
Зошто? Веднаш штом се роди
на ќерамитка го ставија, а зима беше,
64
Жаби

да не порасне, татко да не надрасне;


до Полиба се довлечка со отечени нозе;
потоа старица зеде за жена, а тој самиот младич сè уште беше,
таа, згора на ова, и мајка негова права;
затоа видов си го одзеде.
ДИОНИС:
Среќен навистина ќе беше
со Ерасинид ко војвода да заминеше.
ЕВРИПИД:
Бладаш; јас пролозите добро ги градам.
АЈСХИЛ:
Жими Зевса, од стиховите твои нема да гребам
збор по збор секој, туку со боговите мои
со бардаче едно ќе ги разнесам пролозите твои.
ЕВРИПИД:
Зар со бардаче ти моите?
АЈСХИЛ:
Со едно единствено.
Ги правиш ти така, да се закачи може,
и кожичка и бардаче и торбичка,
на јамбите твои. Ќе покажам вака.
ЕВРИПИД:
Глеј, зар ти?
АЈСХИЛ:
Веќе реков.
ДИОНИС:
(На Еврипид.)
Па, треба нешто да кажеш.
ЕВРИПИД:
„Ајгипт, премногу добро се знае,
со синови педесет на кајче широко
во Арг штом пристигна
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“

65
Жаби

ЕВРИПИД:
Од каде па сега бардаче? Ќе плачеш, да знаеш.
ДИОНИС:
Кажи му друг пролог, ајде, да видам уште еднаш.
ЕВРИПИД:
„Дионис, со тирс и со еленска кожа
опашан, меѓу елките на Парнас
оро додека виеше
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“
ДИОНИС:
О, леле, со бардачето сударот ме доболе.
ЕВРИПИД:
Нема да има прилика идна. На прологот што следи
бардаче да закачи нема да може.
„Нема таков во сè да е среќен маж;
или како благородник роден беден живот има,
или, пак, несреќно роден
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“
ДИОНИС:
Еврипиде,
ЕВРИПИД:
Што е?
ДИОНИС:
Да олабавиш малку, ми се чини, треба.
Со бардачево зар мало, ќе одлеташ и ти.
ЕВРИПИД:
Тоа, жими Деметра, во мисла воопшто не ме става;
после ова, да отстапи ќе мора.
ДИОНИС:
Ајде кажи уште еден, од бардачето биди безбеден.

66
Жаби

ЕВРИПИД:
„Сидона града Кадмо штом остави
На Агенор синот
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“
ДИОНИС:
О, богочовеку, дај, откупи го бардачево,
пролозите ќе ни ги собори.
ЕВРИПИД:
Што?
Јас да купам од овој?
ДИОНИС:
Ако сакаш да ме почуеш.
ЕВРИПИД:
Е нема, пролози ќе кажам бројни
бардачето да го закачи нема да може.
„Пелоп Танталов во Писа откако дојде
со брзи коњи
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“
ДИОНИС:
Виде, веднаш бардачето ти го закачи.
Но, добар човеку, повлечи се од вештината цела;
за обол еден ќе земеш ем добра ем фина.
ЕВРИПИД:
Жими Зевса, сè уште не; имам од овие доволно.
„Од нивата еднаш Ојнеј
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“
ЕВРИПИД:
Стихот цел да го кажам дозволи ми прво.
„Од нивата еднаш Ојнеј богат клас штом собра
додека за жртва го принесуваше
АЈСХИЛ:
бардачето си го разби.“

67
Жаби

ДИОНИС:
Зар сред жртва? Па кој го разби?
ЕВРИПИД:
Пушти го, бате, на ова нешто нека каже.
„Зевс, ко вистината што рече,“
ДИОНИС:
Ќе настрадаш; го слушам зар: „бардачето си го разби.“
Бардачето ова на пролозите твои
ко јачменче со око зарасна.
Туку на хоровите, жити боговите, наврти му се сега.
ЕВРИПИД:
Знам како, ќе му покажам лош дека е
лириката кога ја гради, истото го прави.
ХОРОТ:
Што ли ќе се случи пак сега?
Мислите ми се во спрега,
со каква ли вина ќе го натовари
мажот што многу и преубави
дури и за овие овде
песни ни срочи.
[Се чудам зар многу
што обвинение ќе подигне
против овој бакховски цар,
грижа за него ме мори, ме боли.]
ЕВРИПИД:
Песниве се сосем чудни; набрзина ќе покажам.
Во една зар сите ќе ги натоварам.
ДИОНИС:
А јас ќе бројам, ќе сметам, камчиња додека редам.
ЕВРИПИД:
„Ахилеју на Фтија ти чедо, за колежот људски штом разбра,
за ударот, оф, нема ли со помош да ни дојдеш?
Хермеса предокот си го честиме на езерото ние што сме родот,
за ударот, оф, нема ли со помош да ни дојдеш?“
ДИОНИС:
Два удари имаш, Ајсхиле, за сега.

68
Жаби

ЕВРИПИД:
„Најславен од Ахајците, надалеку што владееш Атреев сине, почуј ме
за ударот, оф, нема ли со помош да ни дојдеш?“
ДИОНИС:
Трет, Ајсхиле, ти беше ударот овој.
ЕВРИПИД:
„Молчете; Мелитите на Артемида храм да ѝ отворат близу се.
за ударот, оф, нема ли со помош да ни дојдеш?
Можност имам да објавам безбедно на јунаците патување,
за ударот, оф, нема ли со помош да ни дојдеш?“
ДИОНИС:
О, Зевсе царе, колкава ли потреба од удари има.
Јас пак, на бања ќе одам;
од ударите бубрезите ми настрадаа.
ЕВРИПИД:
Немој, слушни го прво и другиот од песни сплет,
со китариски потпевнувања вешто обработен.
ДИОНИС:
Ајде и со тоа заврши, удар без да залепиш.
ЕВРИПИД:
Кога двотрона власт на Ахајците, на хеленската младеж
тандара-мандара тандара-мандара
Сфинга, на несреќи принцеза, кучката испрати
тандара-мандара тандара-мандара
со копје и со исполнителна рака, таа птица граблива
тандара-мандара тандара-мандара
да налета сакајќи на кучки безочни, небесни
тандара-мандара тандара-мандара
и она што на Ајант се спружи
тандара-мандара тандара-мандара
ДИОНИС:
„Тандара-мандара“ што е пак сега ова? Од Маратон ли,
од каде песни насобра, од оној ли јажето што го мота?
АЈСХИЛ:
Ама јас од убаво место на убаво
си ги кренав, да не ме види со Фриних оној
на ливади Музини, свети додека ги берам.
69
Жаби

А тој од секаде збирал, од курвичиња,


од пијанчња, од Мелет, од Каријски кавал-напеви,
од тажачки, од танцови, набрзо сè ќе објави.
Нека ја донесе некој лирата. Или, зарем треба
лира за ова? Каде е онаа на ќерамиди
што мава? Ваму Музо Еврипидова,
за пеење вакво ти си сосем пригодна.
ДИОНИС:
Оваа Муза никогаш Лезбоски не живеела, не.
АЈСХИЛ:
„Алкиони, вие на морето постојано
разбранувано што си брборите,
наквасени со влажни на пердувестото
тело капки, наросени;
и вие под покриви во аглите
што вр-вр-вр-вр-вр-вртите
со прстите пајаци
исукана преѓа,
за совалката на поетот грижи,
каде љубопевец лебди делфин
околу клунови бродски мрачни
пророштва и стадии.
На лозови фиданки сјају, на лозница
од грозје спирала болка што гуши
подај, о дете, раце.
Гледаш ли овде некакви стапки?
ЕВРИПИД:
Гледам.
АЈСХИЛ:
Зар? Ова го гледаш ли?
ЕВРИПИД:
Го гледам.
АЈСХИЛ:
Тоа, значи, правиш ти,
се зафаќаш моите да ги исмеваш,
на дванаесет начини
ко Кирена, песни градејќи?
Тоа ти се песните твои; а сега сакам
70
Жаби

солопесните да ти ги претставам.
О, на Ноќта црно што сјаеш
темнино, каков ли несреќен сон
ми испраќаш од на безвиделен Ад
предворјето, душа
бездушна што има, на црната
Ноќ чедо, со страшен изглед,
со црна наметка за мртовци, крв, крв
гледајќи, долги канџи носејќи.
Туку, слуги мои, факел запалете
па со лејки од реките роса зафатете, вода стоплете,
сон божји да исплакнам, ој морски дајмоне.
Тоа е тоа; ој соседи,
погледајте го ова. Петелот ми го грабна, замина Глика.
Нимфи, чеда горски,
еј, Мана, прибери ја.
А јас кутрата зафатена
со работа случајно, волна полно вретено
со рацете пре-пре-предејќи,
клопчиња правејќи,
во зори неосветлени на пазар
за да ја однесам, таму да ја продадам;
а тој полета кон небото одлета со лесни на крилјата
замавнувања; мене пак бол, болка ми остави, и солзи
солзи од очи ми капат
капат, о, несреќна.
Туку, еј Критјани, на Ида чеда,
лакови земете на помош итајте,
колена раздвижете, во круг домот поминете.
А исто и на Дикта детето,
Артемида лична,
кученца што има, нека дојде во одаи како знае.
А ти, о Зевсово чедо, со два огна што носиш
факели премногу сјајни, во дланките
ти Хеката, осветли кон Глика,
па да ѝ пријдам и на дело да ја фатам.
ДИОНИС:
Со песниве, ајде, веќе престанете.
АЈСХИЛ:
И мене ми е доста.

71
Жаби

До вагата овој да го доведам сакам,


вештината да ни ја пресмета единствено таа;
тежината на изразите да ни ја измери.
ДИОНИС:
Тогаш, појдете сега, ако треба и тоа
уметноста на поети мажи ко сирење на пазар да ја носам.
(Внесуваат една голема вага; Ајсхил застанува на едниот тас, а Еврипид на другиот.)
ХОРОТ:
Неуморни се умните.
Еве уште едно чудо
најново, сосем изместено,
зар може друг некој вакво нешто да смисли?
Стварно, никогаш не би поверувал,
случајно некој да ми каже,
туку би помислил
за ова самиот дека блада.
ДИОНИС:
Ајде, на тасовите земете си место,
АЈСХИЛ и ЕВРИПИД:
Еве.
ДИОНИС:
Штом земавте сега стих еден секој од вас нека каже,
и нека не мрда, пред да ви кажам „куку“ и на двајцата.
АЈСХИЛ и ЕВРИПИД:
Се држиме.
ДИОНИС:
Стих сега кажете, секој на тасот свој.
ЕВРИПИД:
„Еј, на Арго да не полета коработ.“
АЈСХИЛ:
„Сперхеју реко и пасишта тревни.“
ДИОНИС:
Куку.

72
Жаби

АЈСХИЛ и ЕВРИПИД:
Пуштено е.
ДИОНИС:
И многу пониско
оди тасот на овој.
ЕВРИПИД:
А за тоа причината што е?
ДИОНИС:
Зашто стави река, како волнарите што прават
го намокри стихот како да е волна,
а ти пак, постави стих што може да лета.
ЕВРИПИД:
Па нека каже друго нешто и нека го спротивстави.
ДИОНИС:
Фатете сега повторно.
АЈСХИЛ и ЕВРИПИД:
Еве направивме.
ДИОНИС:
Кажи!
ЕВРИПИД:
„Убедувањето друг храм нема, освен зборот.“
АЈСХИЛ:
„Единствено смртта не бара од богови дарови.“
ДИОНИС:
Пуштајте!
АЈСХИЛ и ЕВРИПИД:
Пуштено е.
ДИОНИС:
Стихот на овој повторно тасот го налегна;
смртта ја стави, најтешкото од сите зла.
ЕВРИПИД:
А јас пак, Убедувањето, збор најмоќно искажан.

73
Жаби

ДИОНИС:
„Убедувањето не тежи многу и ум нема.“
Туку, ај нешто друго побарај, тежина да има,
нешто тасот твој што ќе го притисне, силно и големо.
ЕВРИПИД:
А од каде да го најдам? Од каде?
ДИОНИС:
Ќе ти кажам;
„Фрли Ахилеј две коцки, па и четири.“
Говорете, ај, уште ова ви остана мерење.
ЕВРИПИД:
„Со железо обложено зеде со десната рака дрво.“
АЈСХИЛ:
„Врз колесницата колесница и врз мртовецот мртов.“
ДИОНИС:
И сега, повторно те надмина.
ЕВРИПИД:
Како?
ДИОНИС:
Две колесници стави и мртовци два,
да го кренат ова не можат ни Еѓиптјани сто.
АЈСХИЛ:
И со зборови веќе не сакам, туку на тасот
самиот со жена и со деца и со Кефисофонт
нека седне и книгите со себе нека ги земе;
јас пак, само два стиха од моите да кажам.
(Ја изнесуваат вагата. Влегува Плутон.)
ДИОНИС:
Мажи мои мили, и јас не сум ви судија веќе.
Ни на едниот ни на другиот омразен не сакам да му станам.
Едниот го сметам за мудар, а во другиот уживање наоѓам.
ПЛУТОН:
Зар ништо не ќе направиш од она за коешто дојде?

74
Жаби

ДИОНИС:
А што ако изберам друг?
ПЛУТОН:
Ќе го земеш и ќе си заминеш,
оној кој ќе пресудиш, бадијала да не ти биде патот.
ДИОНИС:
Среќен да си. Ваму, чујте го ова.
Дојдов за поет.
ЕВРИПИД:
Зошто?
ДИОНИС:
Градот за да биде спасен, хорови за да води.
Оној којшто на градот совет ќе му даде,
полезен кој ќе биде, тој да го поведам мислам.
Прво, за Алкибијад какво мислење секој од вас
има; градот бидејќи страда, дете не се раѓа.
АЈСХИЛ:
Има ли за ова мислење некое свое?
ДИОНИС:
Мислење?
„И го посакува и го мрази, па сака да го има.“
Туку, што мислите вие за него, тоа кажете го.
ЕВРИПИД:
Мразам граѓанин, кога е од полза за татковината
бавен е, а кога ѝ штети, во тоа побрз е,
и за себе пронаоѓач прав, а за градот сосема невешт.
ДИОНИС:
Па добро, Посејдон да ми е вечен; а ти каков став имаш?
АЈСХИЛ:
Во град не треба да одгледуваш лавче младенче,
[Најдобро е во град да не раниш лав]
а кога си го одгледал веќе, навиките негови треба да ги прифатиш.
ДИОНИС:
О, Зевсе Спасителу, се двоумам;
едниот зборува мудро, а другиот јасно.

75
Жаби

Туку, ај уште по едно мислење секој нека искаже


на градот каков спас му нудите?
ЕВРИПИД:
Ако некој Клеокритон го покрие со Кинесија како со крила,
па на ветрец да го пушти врз морската шир,
ДИОНИС:
Смешно би било тоа, но што значи ова?
ЕВРИПИД:
Па ако има битка на вода, тогаш киселина
ќе им прснат на противниците в очи.
[Знам јас еден, сакам да го кажам.
ДИОНИС:
Ајде, кажи!
ЕВРИПИД:
Тоа што денес е неверно го сметаме за верно,
а она што е верно за неверно.
ДИОНИС:
Како? Не разбирам баш.
Кажи помалку учено, а појасно.
ЕВРИПИД:
Ако на граѓаните на кои што сега им веруваме,
довербата им ја скратиме, а оние кои сега не ги ползуваме,
со нив да се послужиме, еднакво ќе се спасиме.
Ако сега страдаме со овие, зошто
правејќи спротивно не би се спасиле?]
ДИОНИС:
Баш добро, еј Паламеде, ти премудро суштество.
Ова ти ли го откри или Кефисофонт?
ЕВРИПИД:
Лично јас; а киселината тој.
ДИОНИС:
А ти? Што велиш ти?
АЈСХИЛ:
Кажи ми прво, градот
со какви се служи; дали со најдобрите?

76
Жаби

ДИОНИС:
Од каде, пак, сега ова?
Ги мрази најмногу, злите ги обожава.
АЈСХИЛ:
Не, не е баш така, со нив се служи на сила.
Како може некој ваков град да спаси?
Којшто не е задоволен ниту со наметка фина ниту со кожуф ткаен?
ДИОНИС:
Испитај, жити Зевс, ако одиш горе, пак дома.
АЈСХИЛ:
Таму би можел да кажам; а овде не сакам.
ДИОНИС:
Немој така, туку одовде испрати нешто добро горе.
АЈСХИЛ:
Кога земјата на непријателот би ја сметале
за своја, а сопствената за непријателска,
флотата за добивка, а добивката за загуба.
ДИОНИС:
Добро е тоа, освен што судијата сам си ја испива цела.
ПЛУТОН:
Би можел да пресудиш.
ДИОНИС:
Ова ќе биде пресудата за нив.
Ќе го изберам оној кого душата го сака.
ЕВРИПИД:
Сети се на боговите во кои се заколна,
мене да ме одведеш дома, одбери пријатели.
ДИОНИС:
Устата се заколна, Ајсхила го одбрав.
ЕВРИПИД:
Што стори, о гнасен, поган човеку?
ДИОНИС:
Јас?
Пресудив, Ајсхил победи. А зошто да не?

77
Жаби

ЕВРИПИД:
Ме посрами страшно и во очи уште ме гледаш?
ДИОНИС:
Што е тука срамно, кога гледачите мислат така?
ЕВРИПИД:
Еј подлецу, зар ќе превидиш дека сум мртов?
ДИОНИС:
А кој знае дали живеењето не е умирање,
а дишењето јадење, а пак спиењето руно?
ПЛУТОН:
Пристапете сега, о Дионисе, ајде внатре.
ДИОНИС:
Зошто?
ПЛУТОН:
За да ве нагостам пред да отпловите.
ДИОНИС:
Добро велиш,
жими Зевса; немам ништо против.

78
Жаби

ЕКСОД
ХОРОТ:
Блажен ли е оној ум
што има, точен да е.
Многумина од него да учат.
Овој добро дека мисли покажа,
затоа дома повторно заминува
за добро на граѓаните,
за добро на роднините
свои и пријателите,
разборитост зашто знае.
Убаво е кај Сократа да не се дреме,
во дрдорења празни да мине време,
музика отфрлајќи,
од трагичката уметност
најмногу бегајќи.
А во надуени изрази
и во глупави ситничарења
да безбелничи,
на полуден само му личи.
ПЛУТОН:
Ајде, со радост Ајсхиле, заминувај.
и спаси ни го градот наш
со совети мудри, и воспитај ги
безумните; а многу ги има;
на Клеофонт дај му го ова,
и ова на даночниците,
на Мирмек и на Никомах исто,
а ова на Археном; и пренеси им
набрзо да дојдат кај мене овде
и да не одлагаат; а брзо
ако не дојдат, јас, жими Аполон,
жиг откако им ставам и стапала нивни во пранги
со Адејманта, оној на Леуколоф синот,
под земја брзо ќе ги пратам.
АЈСХИЛ:
Ова ќе го направам; а ти столицата
моја на Софокла предај му ја да ја гледа
и да ја чува, ако некогаш јас

79
Жаби

овде се вратам. Овој зар јас


според мудроста судам втор дека е.
Но, внимавај, итрецот маж,
лажливец со збор и отпадник
никогаш на моето седиште
дури ни на сила никогаш да не седи.
ПЛУТОН:
(На хорот.)
Светете му сега вие на овој
со факели свети и придружете го
со негови песни
и танци воздигнете го.
ХОРОТ:
(Ги придружува Дионис и Ајсхил со факели.)
Најнапред среќен и добар пат на поетот што заминува
и на виделина што се јавува дајте, о вие богови подземни,
а на градот од многуте добрини такви што само во мисли ги знаеме.
Истовремено зар од големи неволји можеме така да се ослободиме
и од маките на оружјето во судир. А Клеофонт нека војува
и друг кој сака од оние на татковите полиња.

КРАЈ

80

You might also like