Professional Documents
Culture Documents
Пустина
Пустина
Пустина
.
„Пустина“ е историско-психолошки роман.
Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското
востание, пролетта 1903.
Опишани се солунските атентатори — гемиџиите, поточно внатрешната
состојба на двајцата преживеани извршители на акциите — Арсо и Глигор.
Идејата во романот е дека секој на свој начин треба да го плати долгот кон
татковината.
.
Содржина на романот „Пустина“
1. Презир
„Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме
само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да
фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носеви
да го сетат лошиот мирис… Само тоа. Што можеме ние друго?“
2. Реалност
.
Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои владеат таму.
Авторот воведува нови ликови : Џемаил-ага, насилник и господар во
затворот, кој од сите зема пари за заштита, а оние кои немаат да му дадат,
ги убива. Тој може да избега од затворот, но не сака, бидејќи тука сите го
почитуваат и се плашат од него за разлика од надвор, каде е презрен. (Тој
имал многу жени, но по љубовта со нив, ги убивал и ги фрлал во море.)
Патрокле е една од неговите жртви во затворот. Тој бил имотен трговец, кој
за да си го зачува животот му дава пари на Џемаил-ага.
3. Распнување
4. Карпа
Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска љубов кон неа
и нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги задоволи за да не ја
врзе за себе. (Според Глигор, таа е една обична жена која сака да биде
задоволена и е навредена од односот на Арсо кон неа.)
5. Пак заедно
6. Жрепка
7. Во детството
.
Болниот Арсо оди уште подалеку во своите сеќавања — во своето детство.
Тој бил многу добар и примерен ученик, а на една приредба се покажал и
како многу надарен. Покрај тоа, му помагал на татка си во дуќанот, но
шивачкиот занает не го привлекувал, па го пратиле во Солун да учи.
8. Излез
Но, за Арсо нема бегање, неговиот излез е смртта — она што го ветил на
другарите пред атентатите.
Затоа на крајот Арсо се обесува оставајќи на ѕидот мал траг од себе: „Тука
згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор бега преку ископаниот тунел кон
француската граница и кон слободата.