You are on page 1of 7

Директни странски инвестиции и

Портфолио инвестиции во нашата


земја во 2020 година

Јована Стојчевска 3-1


Поим
Странските директни инвестиции (СДИ) не се современ феномен. Уште пред многу векови имало инвестиции
од едно место на светот во друго. Овие инвестиции биле резултат на импери јални осво јува ња или други
движења. Утврдено е дека од времето на Александар Велики имало трансфери на технологи ја од Европа во
Азија и обратно. Ова продолжило во времето на Римското Царство, Османлиската Импери ја и особено со
инвестициските вложувања што земјите од Западна Европа ги правеле на континентот Америка, веднаш по
неговото откритие. Сепак, во нивната знача јна форма, СДИ почнаа да се по јавуваат во модерното време на
глобализацијата. Во земјите од југоисточна Европа СДИ започнаа по големите демократски движе ња кои се
случуваа во Европа во осумдесеттите години, кои доби ја интензитет особено по демократските реформи во
периодот 1980 - 1986 год. во поранешниот Советски со јуз, познати како Перестро јка и Гласност, кои донеле
големи политички промени во поранешните комунистички зем ји од Југоисточна Европа ( ЈИЕ). Овие политички
настани кои започнале во 1988 година, а особено по падот на Берлинскиот зид во 1989 година, довеле до пад
на комунизмот и воспоставува ње демократи ја, отвора јќи го патот кон пазарна економи ја и либерализаци ја на
надворешната трговија на поранешните комунистички зем ји од ЈИЕ. Нови економски можности се по јави ја
како резултат на либерализацијата на пазарот и глобализацијата.
Еден од клучните инструменти за апсорбирање на економските можности како резултат на глобализаци јата и
либерализацијата на пазарот беа и останаа да бидат, странските директни инвестиции. СДИ се една од на јшироко
цитираните економски категории од страна на економските професионалци, политичари, деловниот свет, гра ѓанското
општество, новинарите, студентите, итн. Тргнува јќи од постоечките истражува ња и прегледот на литературата, како и
компаративната анализа на оваа литература, утврден е недостаток на теоретска литература за СДИ. Затоа, целта на
трудот е читателите да стекнат основно знае ње за СДИ, но и одредени и посложени теоретски об јаснува ња за истите.
Теоретските аспекти на СДИ се анализирани на многу едноставен и практичен начин, дава јќи детални об јаснува ња за
тоа што може да се смета како СДИ, во кои случаи една странска инвестици ја се смета за СДИ, видови на СДИ, режими
за влез на СДИ, компоненти на СДИ, кратка анализа на хоризонтални, вертикални СДИ и конгломерати и слично.
Портфолио инвестиции (КППИ)
Портфолио-инвестициите ги опфаќаат вложува њата
во странски сопственички капитал/сопственички
хартии од вредност и акции/удели во инвестициски
фондови каде што инвеститорот (резидент) поседу-
ва помалку од 10% од акционерскиот капитал, како
и вложувањата во странски должнички хартии од
вредност. Податоците за состојбата на портфолио-
инвестициите на страна на средствата се прикажани
вкрстено според: земјата на вложување и видот на
хартијата од вредност, земјата на вложува ње и
секторот на домашниот инвеститор и видот на
хартијата од вредност и оригиналната валута во ко ја
се издадени хартиите од вредност. 
Вложувањата во странски хартии од вредност кои
веќе се вклучени во податоците за официјални
девизни резерви не се вклучуваат во категоријата
портфолио инвестиции.
Најнови остварувања:
Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложува ња на резиденти
во странски хартии од вредност) на крајот од 2020 година изнесува 470,9 милиони евра, од
кои 435,8 милиони евра се вложувања во сопственички, додека 35,1 милион евра во
должнички хартии од вредност.
Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски
Држави во износ од 337,5 милион евра и Германија од 53,5 милиони евра.
Од аспект на оригиналната валута на вложува ње, на јголем дел од портфолио-инвестициите
се направени во САД долари и во евра (од 345 и 113,1 милион евра, соодветно).
Анализирано од аспект на секторот на домашниот инвеститор, осигурителните друштва и
пензиските фондови имаат доминантно учество, чи јашто состо јба на портфолио-
инвестиции изнесува 399,6 милиони евра, што претставува 84,9% од вкупните портфолио-
инвестиции,
на крајот од 2020 година.
Според секторот на нерезидентниот издавач, доминантно учество имаат вложува њата во
хартии од вредност издадени од останатите финансиски институции  (освен пензиски
фондови и осигурителни друштва и фондови на пазар на пари) и нефинансиските друштва
(од 331,6 и 81,2 милиони евра, соодветно).  
Ви благодарам на вниманието

You might also like