You are on page 1of 2

Просветителство во Англија

При крајот на XVII век, моќната буржоазија сакала што побрзо да го симне
феудализмот од опшествената сцена. Просветителството се јавува како
идеологија на буржоазијата која верувала дека за менување на општеството е
доволно да се смени сознанието на човекот.

Како најнапредна се јавува буржоазијата во Англија чии научници и


мислители ги шират новите идеи.Просветителството (рационализмот) на прво
место го става човековиот разум. Човекот не можел повеќе да се задоволи со
толкувањето на црквата за настанокот на светот и животот. Тој сакал сè да види и
сè да испита., а за да успее ова критичко гледање на стварноста, човекот морал
да биде просветен. За време на просветителството се сметаше дека со
човековото расудување може да открие вистини за светот, религијата и
политиката може да се искористат за подобрување на животот на човештвото.
Скептицизмот околу примената мудрост беше друга важна идеја; сè требаше да
биде подложено на тестирање и рационална анализа. Религиозната толеранција
и идејата дека поединците треба да бидат ослободени од присила во нивниот
личен живот и совеста беа исто така идеи за просветителството. Придвижувач на
идеите на просветителството е филозофот Џон Лок со делото „Теорија на
сознанието“. Тој вели дека сознанието не е вродено, туку се развива во текот на
животот. За него, детето кога ќе се роди е празна табла (табула раса) на која
животот, сознанијата и искуството ги испишуваат впечатоците. Според него, сè
што не може да се докаже со здравиот разум е невистина, лага, заблуда и
суеверие.Во ова време творат и двајца многу популарни писатели: Даниел Дефо
(„Робинзон Крусо“) и Џонатан Свифт („Гуливеровите патувања“).Од Англија,
правецот се шири и во Франција.Волтер, во своето дело „Кандид или за вербата“
ги исмева кралевите, свештениците, благородниците и воените лица со што
покажува дека тие немаат божествено потекло, односно дека не се определени од
Бога да владеат со народот. Жан Жак Русо, во делото „За општествениот
договор“ истакнува дека секој човек се раѓа слободен, па затоа потчинетоста на
луѓето е најголемо зло што треба да се искорени. Во духот на просветителството,
Дени Дидро, со многу соработници, најголемите мислители од тоа време, ја
составува првата „Енциклопедија“. Целта била, на едно место да се собере
целокупното човечко знаење и да се пренесе на следните генерации.

Француската револуција и Американската револуција беа скоро директни


резултати на просветителското размислување. Идејата дека општеството е
социјален договор меѓу владата и владеењето, произлегува и од
просветителството. Како резултат, настана и раширената едукација за деца и
основањето универзитети и библиотеки. Како и да е, постоеше контра-движење
што следуваше по просветителството во доцните 18-ти и средината на 19 век -
романтизам.

You might also like