You are on page 1of 18

Егзистенцијализмот и семејниот мотив во

драмите „Парите се отепувачка“ – Ристо Крле и


„Недоразбирање“ – Албер Ками

Ивона Мартиновска
Содржина

Вовед.................................................................................................................................1
Идејата и пораката..........................................................................................................2
Драмската фабула во двете дела..................................................................................4
Времето и просторот.......................................................................................................7
Ликовите...........................................................................................................................9
Заклучок..........................................................................................................................14
Библиографија...............................................................................................................16

1
Вовед

Денес како и во минатото, парите се неопходни за егзистенција и влијаат

врз многу сегменти од животот. И кога велам „многу сегменти“, не мислам само на

работите кои можеме односно не можеме да си ги дозволиме во однос на тоа

каква е нашата финансиска состојба, туку и на почитта од страна на другите,

угледот и моќта во која уживаат имотните луѓе. Различни автори заземале

различен став на прашањето дали парите значат среќа или пак со нив среќата не

можеш да ја купиш, дали парите ги решаваат или пак само создаваат нови

проблеми, но едно е сигурно, парите како неизоставен дел од секојдневието

инспирирале многу автори и затоа се чест мотив во многу литературни дела.

Мотивот на парите, човековата алчност и заслепеност поради истите е застапен

во двете делата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле и „Недоразбирање“ од

Албер Ками. И двете дела се драми и се поделени во чинови. „Парите се

отепувачка“ е македонска драма од меѓувоениот период кое ни дава јасна слика

за македонското општество во тоа време при што главен акцент се става на

проклетството на парите. Албер Ками како претставник на современата

литература, писател и мислител на апсурдот преку ова негово дело го пренесува

својот филозофски аспект за бесмисленоста на човековата егзистенција и

човековиот живот воопшто. Темата и во двете драми е иста, се зборува за синот

односно братот кој после многу години се враќа од печалба во својот роден крај,

во куќата во која израснал. И во двете дела печалбарот не е препознаен од

страна на најблиските поради што доаѓа до недоразбирање кое завршува

трагично- со нивна смрт.

2
Овие две дела иако навидум се многу слични поради истиот мотив кој го

обработуваат, мотивот на печалбарството, имаат многу разлики. Иако се работи

за иста тема, откако ќе го прочитаме делото на Ристо Крле размислуваме за

тешкиот живот на македонскиот селанец по Првата Светска војна, за

секојдневните предизвици со кои тој се соочувал додека пак „Недоразбирање“ не

поттикнува да размислуваме за суштината на постоење на човековото битие и

апсурдноста на егзистенцијализмот. Во овој есеј ќе разработам како авторите

користејќи ги елементите на драмата како литературен вид, успеваат да ја

експонираат својата идеја.

Идејата и пораката

За да можеме да ја разбереме идејата на делата, потребно е подлабоко да

навлеземе во мислите на авторите, да разгледаме во какви услови и околности

тие ги создале овие дела и која е пораката која сакале да му ја пренесат на

читателот.

Ристо Крле е еден од трите претставници на македонската драма во периодот

меѓу двете светски војни. Зборуваме за период кога Македонците немаат своја

држава и се угнетувани од страна на сите соседни народи, кога македонската

култура е непризнена и нејзиното постоење оспорувано а македонскиот јазик

забранет за употреба. Љубовта кон драмата кај Крле се јавува уште на млади

години. Одреден период тој се занимава со аматерска актерска дејност па кај него

3
се зародила желбата и тој да создаде драма. Но ќе поминат многу години додека

тој да ја реализира оваа своја желба.

Имено случката раскажана во оваа драма е вистинска потресна историја на

печалбар, која Крле ја слушнал за време на својот прстој во Подгорец, Албанија.

Парите се отепувачка, битово-социјална драма, е напишана во 1937 и изведена

на сцената на Скопскиот народен театар една година подоцна во 1938. И покрај

забелешките на многу критичари дека основна идеја на ова дело е опасноста од

играње со судбината, самиот автор за ова свое дело вели дека немал никаква

намера да пренесува дидактично-морални пораки. Целта на ова дело е преку

раскажување на оваа вистинска случка да ни го претстави тешкиот живот на

македонскиот селанец, притоа укажувајќи на проклетоста на парите. Од самата

драма може да заклучиме дека Крле многу повеќе ги вреднува семејството и

љубовта отколку материјалните добра.

Албер Ками е претставник на современата литература, писател и мислител на

апсурдот. Тој пишува и твори во времето по Втората светска војна, најнечовечен

период од историја на светот, време на масовни убивања, концентрациони

логори, злосторства и прогонства, геноцид. Ками во својата литература го

поретставува современиот човек, моралните проблеми со кој тој се соочива и на

го дава својот одговор на прашањето кое се наметнува после сето злосторство

кое е направено во тој период: која е суштината на човековиот живот и на

човековото постоење воопшто. Според Ками апсурдот настанува поради вечниот

јаз помеѓу човекот кој се стреми кон единство и совршентво и светот, кој е

раздробен и несовршен, полн со зло.

4
Ками во ова негово дело, исто како и во „Странецот“ ни го претставува профилот

на современиот човек од Западот, изнесувајќи го неговиот став за бесмисленоста

и апсурдноста на егзистенцијата воопшто. Идејата која може да ја извлечеме од

ова дело е дека нормите кои ги поставува општеството го тераат човекот секогаш

да се стреми да постигне повеќе, секогаш да сака да има повеќе затоа ги губи

моралните вредности, се губи самиот себеси и станува странец за себеси и

странец за општеството.

Драмската фабула во двете дела

Во драмите е можно но не е задолжително да имаме наратор. И во двете

наведени драми нараторот не е присутен. Основен белег на секоја драмата е

дијалогот, преку кој ни се пренесува драмското дејство, иако не толку често

ликовите може да зборуваат и сами со себе. Значи драмското дејство, кое е

клучен елемент на драмата, е низа на настани кои се прикажани преку постапките

на ликовите. Драмската ситуација е важен фабуличен елемент на драмата. Сите

драмските ситуации заедно ја сочинуваат фабулата, односно содржината на

драмата.

Како што веќе напоменав и двете дела ја обработуваат истата тема, односно

печалбарстовото, но сепак не може да кажеме дека фабулата е сосема

идентична. Во „Парите се отепувачка“ печалбарот Анѓеле единствено машко дете

во семејството е принуден да замине во Америка. Во оваа драми поголем акцент

се става на причините поради кои Анѓеле заминува, тешката материјална состојба

5
на семејството, со што авторот јасно ни ги прикажива проблемите со кое се

соочува едно македонско семејство во времето меѓу двете светски војни:

потчинети пред турските бегови, работејќи како аргати, живеејќи од денес за утре.

Исто така многу детатлно се опишани македонските обичаите за испраќање на

печалбарот. Преку разговорите и советите кои му ги даваат најблиските на Анѓеле

непосредно пред неговото тргнување може да ја воочиме нивната неукоста,

наивноста и суеверието. За разлика од Ристовата драма во драмата на Ками не

се обрнува внимание на период пред поаѓање на печалба, туку драмата

започнува со враќањето на синот Јан.

И во двете драми е изоставен делот кога печалбарите се во туѓина. По враќањето

Анѓеле оди во куќата на својата сестра и се претставува на нејзината ќерка, на

сестра му и на зетот. Тој е убаво угостен и вечерата поминува весело, пропратена

со песна на жетварките. Ангеле е радосен што повторно е меѓу своите блиски и

што повторно зборува на својот јазик и се надева дека набрзо ќе најде жена за

себе и ќе оформи семејство. Тој зборува за Америка и неговото искуство таму, за

деновите поминати во фабрика макотрпоно работејќи од утро до мрак. Тој се

упатува кон неговата родна куќа и по совет на сестра му не се претставува на

неговите родители за да види дали ќе го препознаат. За разлика од него пак Јан е

веќе женет, и неговата жена ја носи со него во неговото родно место, во хотелот

на неговата мајка. Тој е среќен и причина за неговото враќање е долгот кој го

чувствува спрема својата мајка.

Ниту Анѓеле е препознаен од својата мајка и својот татко, ниту Јан од својата

мајка и својата сестра. Сестрата на Јан го зема неговиот пасош за да ги запише

6
неговите генералии таа не го ни отвара за да го дознае неговото целосно име, со

што веднаш се би се разрешило. Јан одлучува да не откие кој е и се претставува

само како обичен турист, со цел да дознае дали мајка му и сестра му се доволно

добри за на нив да им ги даде сите пари што ги заработил и да дознае што ги

прави среќни. Тој сака да се разоткрие дури откако ќе ги дознае тие работи, а

Ангеле пак од друга страна сака да се разоткие наредното утро, откако ќе

преспие.

На мајката и сестрата на Јан ова не им е прво убиство, но е различно од другите

убиства бидејќи и двете се растревожени. Во драмата, иако е кратка, многупати

читателот има чувство дека се ќе се разреши среќно, дека ќе се разоткрие

вистинскиот идентитет на туристот, но тоа не се случува и Јан го пие отровниот

чај. Откако умира, сестрата и мајката го фрлаат неговото тело во реката. Откако

убиството е завршено домарот го наоѓа пасошот на Јан и го дава на сестрата. Таа

ја дознава вистината, но не ја трогнува ни најмалку, за разлика од нејзината мајка

која не можејки да го поднесе тоа единствен излез гледа во смртта и затоа решаа

самата да си го одземе животот. Жената на Јан, Марија, се враќа во хотелот и го

бара својот маж а Марта и кажува што се случило. Марија откако не може да

пронајде утеха во сестрата на нејзниот, сега веќе покоен маж, му се обраќа на

Господ со зборови:

„Ах, Господи, не можам да живеам во оваа пустина! Ти се обраќам за да ги

пронајдам своите зборови. Да, Тебе ти се обраќам. Смилувај се и сврти се кон

7
мене! Слушни ме и подај ми ја твојата рака! Смилувај се, Господи, на оние што се

сакаат а се разделени!“1

Во наредната сцена доаѓа старецот бидејќи помислил дека Марија него го вика.

Таа и него го моли за помош, но тој јасно и гласно ја одбива.

Во „Парите се отепувачка“ таткото е тој што го иницира убиството и неговата жена

не го подржува но не успева да го спречи. Таткото го убива туѓинецот, кој на кој

знае каков начин го заработил богатството што го носел со себе. Веднаш по

убиството тој се кае за својата постапка и за тоа како дозволил парите да го

заслепат, но веќе е предоцна, Анѓеле лежи мртов во другата соба. Непосредно по

разденувањето доаѓаат Ката, Софре и Ана и го бараат Анѓеле. Откако ќе дознае

дека го убиле својот син, Мара паѓа мрва. Драмата завршува со тажењето на

Ката:

„Ле-ле, брату: Ле-ле, татко;

ле-ле, златна мори мајко,

таман дојде да речете охо-хох . . .

затворивте куќа, офо-фоф!“2

Времето и просторот

Поради временската рамка и секако техничките ограничувања на сцената,

во драмите ни е претставен конкретен простор и одредено време. Доколку би

сакале преку драмата да го раскажеме односно претставиме целиот живот на


1
Албер, Ками, Недоразбирање, Македонска книга 2002 стр. 73
2
Ристо, Крле, Парите се отепувачка, Мисла 1974 страна 212

8
главниот лик, би биле потребни многу сцени и многу менувања на просторот и

драмата би траела премногу долго. Затоа во драмите никогаш не се раскажува

целиот животен пат на ликот, туку драмското дејство е сконцентрирано на

одреден период, настан и конфликт од неговиот живот. Па така и во овие две

драми ни е прикажан еден период од животот на главните ликови.

Дејстовото во драмата „Парите се отепувачка“ се случува во македонско

село во Западна Македонија, во дваестите години на ХХ век, непосредно по

завршивање на првата свестка војна. Во драмата пред почетокот на секој чин во

прологот, детално ни е опишан просторот. Прологот е од големо значење за

читателот бидејќи добива чувство за околностите во кои се случува дејството. На

пример, пред почеткот на првиот чин ни е опишана една соба од куќата на Митре

мошне скромно уредена, со истрошени килими, еден ковчег, икона на Св. Никола,

маса и триножни столчиња. Во четвртиот чин пак, по враќањето на Анѓеле од

печалба, дејството се случува во истата соба, но сега таа го нема изгледот на

соба во куќа на обичен селанец, туку „дава впечаток на прилично имашлија куќа“
3
со нови рогузи и ќилими.

Од друга страна пак во драмата „Недоразбирање“ не се обрнува воопшто

внимание на просторот, ниту просторот. Дејството се случува во запистениот

хотел на мајката на Јан, во кој многу ретко навратуваат гости. Подоцна во

драмата дознаваме дека Јан по потекло е од Чешка но тоа не е од никакво

3
Ристо, Крле, Парите се отепувачка, Мисла 1974 страна 179

9
значење. Прилогот пред чиновите е многу краток, една до две реченици кажувајќи

кој период од денот е, во каква соба се случува дејството, темна или светла.

Ликовите

Може да кажеме дека најголемата разлика меѓу двете драми се ликовите. Пред

се, бројот на ликови во „Парите се отепувачка“ значително го надминува бројот на

ликови во драмата „Недоразбирање“. Во првата драма има и ликови кој се

појавуваат само еднаш во текот на драмското дејство и не се многу значајни, како

што се жетварките, децата што ги носат вестите дека Анѓеле е вратен и децата на

Фроса. Други епизодни ликови кои се присутни само во првиот чин, пред

тргнувањето на Анѓеле се Коте, Депа, Фроса и Панде, но за нив не може да

кажеме дека се безначајни. Главни протагонисти во оваа драма се најблиските

членови на семејството таткото Митре, мајката Мара, сестрата Ката и самиот

Анѓеле. Спротивно на оваа обемна галерија ликови во втората драма имаме само

пет ликови. Старецот и Марија не се присутни во сите чинови а исто така и Јан,

бидејќи третиот чин ни говори за состојбата по злсторството, кога тој веќе е

отруен. Мајката се убива во првата сцена од третиот чин, значи единствен лик кој

е константно присутен е сестрата на Јан, Марта. Целото драмско дејство е

свртено кон Марта и нејзините соништа кои се и причина за злосторството, па

затоа несомнено може да кажеме дека Марта е главен протагонист во оваа

драма.

Анѓеле и Јан имаат иста судбина и двајцата се печалбари кои се враќаат во својот

роден крај кај своите најблиски со цел да си го исполнат ветувањето кое го дале

10
пред многу години, дека со себе ќе донесат доволно пари за да ги спасат своите

семејства од бедата и сиромаштијата. И на двата лика среќата им се насмевнала

и заработиле многу пари. Тие не го откриваат својот вистински идентитет, но од

сосема различни причини. Анѓеле не планирал долго време да држи во тајност кој

е, туку планирал веќе следното утро да се претстави. Причината за ова е малку

недоздеана и непромислена, тој сакал само да ги изненади својата мајка и татко.

Од друга страна пак Јан не се претставува со цел подобро да ги запознае

неговата сестра и мајка, да дознае што ги прави среќни и дали тие заслужуваат на

нив да им ги даде парите што ги заработил со макотрпна работа. Најголемата

разлика помеѓу овие два лика е начинот на кој тие го поминале времето во туѓина.

Јан си оформил семејство, и со себе ја носи и својата жена Марија. Тие се во

среќен брак исполнет со многу љубов. Јан не чувствувал никаква носталгија

додека бид далеку од својот роден крај, ниту пак чувствува среќа што повторно се

вратил на местото каде што израснал. Од друга страна пак, Анѓеле се враќа сам

исто како и што си отишол, надевајќи се дека ќе си најде жена од своето село. Тој

деновите во туѓина ги поминувал работејќи од утро па до мрак со цел да спечали

што повеќе, во секојдневна агонија и носталгија за родниот крај. По враќањето

Анѓеле е пресреќен што повторно е опкружен со своите најблиски, а доказ за тоа

дека тие му недостасувале и мислел на нив се и многубројните подароци кој тој

им ги носи. Многу му е битно неговиот татко да биде среќен и задоволен со него,

па наместо да донесе чек, тој носи куфер полн со пари. За сите години поминати

во туѓина Ангеле како се што правел, да правел за доброто на своето семејство.

11
Во двете дела злосторството е иницирано од различни членови на семејството, во

едното од страна на таткото Митре, а во второто од страна на сестрата Марта.

Митре бил некогаш сиромашен и беден селанец, но благодарејќи на парите кој

неговиот син му ги праќал од Америка, тој се издигнува од сиромаштијата и се

чувствува материјално добро ситуиран. Тој со копнеж го чека Анѓеле да се врати

од печалба и повторно да ручаат на иста трпеза. Откако открива колку е богато

ова момче, кај Митре се зародува злосторничка мисла од која тој самиот пробува

да се спаси. Психологијата и карактеристиките на овој добар и чесен селанец лик

не го наговестува самиот него како убиец, ниту пак како предубиец. Митре се мачи

да се ослободи од црните мисли но пробува да си се ги оправда самиот пред

себе, со измисленото злосторство кое гостинот го направил за да стигне до толку

многу пари, за толку краток временски период. Помислата дека неговиот син се

мачи во туѓина, а овој печалбар кој спие во соседната соба на многу полесен

начин дошол до пари е пресудна уште повеќе го раздразнува Митре и тој го убива

својот син. Веднаш по убиството кај него се јавува грижа на совест и каење дека

убил печалбар исто како што е и неговиот син, кого некој го чека со љубов и надеж

да се врати. Откако дознава дека всушност го убил својот син, Митре си пресудува

сам на себе и си забива нож во градите.

Како што и порано во есејот беше начнато, Марта е лик околу кој се врти целото

дејство во драмата. Марта е исклучително себична и бесчувствителна, грижејќи се

само за себеси и своите интереси. Нејзина цел и животен сон е да го напушти

роднит крај и да замине во некои потопли краишта, порај море. За да ја оствари

својата цел таа газејќи преку се, не почитувајќи го дури ни човековиот живот,

12
станува сериски убиец. Во еден момент од драмата, кога таа и Јан разговараат и

Јан и го опишува морето и животот таму од каде што доаѓа, кај читателот се буди

надеж дека можеби се ќе се среди и преку разговро ќе се открие вистинскиот

идентитетот на Јан или пак Марта ќе се освести дека тоа што го прави не е

правилно. Но надежта се губи со прекинувањето на разговрот од страна на Марта,

во истиот момент кога нејзиниот соговорник почнува да се интересира за

нејзината личност, за нејзината осаменост, нејзините стремежи и соништа. Таа е

сосема ладнокрвна за се што се случува околу нејзе. Ниту во еден момент не

поколебувајќи се, таа го послужува Јан со отровниот чај. За разлика од Митре, кој

длабоко се покајува за злосторството кое го направил, Марта се справува со тоа

на тој начин што не размислува ниту за злсотроството, ниту за казната само за

далечната земја каде што сака да замине. Не се ни обидува да ја спречи мајката

во намерата да се убие, дури и за ова убиство, за жедта за мајчинска љубов која

ја чувствувала таа го обвинува нејзиниот брат. На крајот на делото таа и вели на

Марија: „Зошто ви е тој возвишен повик, таа вознемирена душа? Зошто да се

страда по морето или по љубовта?“. 4Таа целиот свој живот сонувала за морето,

за топлите краишта, за љубовта и сега кога е свесна дека тоа никогаш нема да го

доживее се откажува и од животот и од самата себеси.

Мајката на Анѓеле -Мара е проста и селска жена, домаќинка која целиот свој

живот го посветува на своето семејство. Таа е многу религиозна и во многу

ситуации кога се чувствува беспомошна таа му се обраќа на Господ за помош. Од

друга страна пак мајката на Јан, е многу спротивна на Мара. Во текот на драмата
4
Албер, Ками, Недоразбирање, Македонска книга 2002 стр. 69

13
никогаш не е спомнат таткото на Јан, па затоа би очекувале од неа да биде столб

на семејството но таа никогаш не се ни обидела да го сочува единството на

семејството. Нејзиното име никаде не се спомнува, како писателот да не сака да и

даде големо значење. Мајката на Анѓеле многу тешко го поднесува неговото

заминување. Таа деновите кога Анѓеле е на печалба ги поминува во агонија и

надеж дека тој набрзо ќе се врати, пред се жив и здрав а секако и со спечалени

пари. Спротивно на ова мајката на Јан, никогаш не го ни спомнува нејзинот син,

никогаш не се потрудила да го задржи споменот за него кај Марта. Наместо тоа

таа Марта ја воспитала создавајќи од нејзе сосема бесчувствително и нечовечно

суштество. Мара е сведок на злсоторството. Таа пробува да го спречи нејзиниот

маж но не успева во своите намери. Од друга страна пак мајката на Јан е

директен сооучесник. Помагајќи и на својата ќерка таа самата станува злосторник.

Трагичното недоразбирање и убиството на нејзиниот син ја освестува и таа се

покајува за сите гревови и злосторства што ги сторила, но веќе е предоцна. Не

сакајќи да ја чека својата казна, таа самата се казнува и си го одзема животот.

Заклучок

14
Од целиот есеј и сите разработени точки, може да заклучиме дека делата иако се

навидум слични поради истата приказна која ја раскажуваат, начинот на кој е

раскажана приказната е различен. И покрај сличностите на двете драмски

фабули, идејните пораки пренесени преку овие две дела се ниту малку слични

една со друга.

Во овој дел се наметнува и прашањето: На кој начин обработувајќи ја истата тема,

двајцата автори ни пренесуваат различна порака?

Улогата на времето и просторот, како елементи на драмата, во едната и во

другата драма се мошне различни. Во „Парите се отепувачка“ без да ни биде

определено времето кога се случува дејството, во период после војна, и без да се

определи просторот, дека тоа се случува во Македонија не би можеле да го

разбереме тоа што авторот сакал да ни го прикаже со оваа драма и се би отишло

во сосема поинаков правец. Од друга страна пак во „Недоразбирање“ за времето

и просторот дознаваме од исклучително краткиот прилог. Самиот автор не

обрнува многу внимание ниту на времето ниту на просторот, па тие не се од

големо значење за текот на драмското дејство. Со тоа авторот сака да прикаже

дека ова дејство би можело да се случи секаде и секому.

Како што напоменав во есејот, во драмата ликовите се тие кои го пренесуваат

дејството и се од круцијално значење за драмското дејсво. Во драмата на Крле,

главни протагонсити се поблиските членови на семејството – не би можеле да

кажеме дека еден лик, е побитен од друг лик. Во драмата на Ками пак, Марта како

претставник на човековиот апсурд е главен носител на целото драмско дејство и

15
сите настани во драмата се поврзани со нејзините желби и соништа. Ликовите на

Крле претставуваат личности од секојдневниот живот во тој период, додека

ликовите на Ками се карактеризираат со поголема симболика изразена преку

нивниот карактер.

Различните идеи на двете дела се должат на различниот период во кои овие

автори пишувале и секако различните околонсти. Тие вешто користејќи ги

елементите на драмата успеваат да го доловат тоа што сакале да ни го прикажат

и пренесат. Во секој сличај, и двете дела претставуваат исклучителни приказни на

истиот мотив, кои се читаат во еден здив и се мошне интересни за гледање при

изведба на сцена.

Библиографија

16
1. Крле, Ристо, „Парите се отепувачка“, Мисла, Скопје 1974
2. Албер, Ками, Недоразбирање, Македонска книга, Скопје 2002
3. http://makedonskijazik.mk/2011/02/недоразбирање-албер-ками.html
Датум на пристап: 16.05.2015
4. http://makedonskijazik.mk/2011/02/ристо-крле-парите-се-отепувачка.html
Датум на пристап: 30.04.2015
5. http://www.mn.mk/kultura/8084-Istorijat-na-makedonskata-drama Датум на
пристап: 03.05.2015

17

You might also like